2. КЛЕТОЧНА СТРУКТУРА НА
МИКРООРГАНИЗМИТЕ
• Во текот на еволуцијата се диференцирале две основни линии на
клетки од кои се изградени сите живи организми, еукариотски и
прокариотски.
• Eукариотските клетки (од грч. eu – вистинско и caryon – јадро) се
многу слични со клетките на растенијата и животните.
• Содржат јадро со јадрова мембрана, хромозомски апарат кој со
делење обезбедува еквивалентна репликација на две клетки ќерки.
• Јадрото претставува најважниот дел од секоја клетка и
без него ниту една клетка не може да живее.
• Тоа е управувач на сите животни функции на
клетката и има пресудна улога во наследувањето и пренесувањето на
особините на идните
генерации.
3. • Внатре во јадрото се наоѓа наследниот материјал, или
хромозомите, кои може да бидат изградени од
дезоксирибонуклеинска киселина (ДНК) или рибонуклеинска
киселина (РНК).
• Јадрото се наоѓа во цитоплазмата на клетката која претставува
воденикава, прозрачна и безбојна течност.
• Во цитоплазмата се наоѓаат ситни зрнца – рибозоми во кои се
врши биосинтезата на протеините, вакуоли, а од клеточните
органели се среќава ендоплазматски ретикулум, митохондрии,
Голџиеви тела, хлоропласти и др.
• Клетката однадвор е обвиткана со цитоплазматска мембрана, а
повеќето клетки имаат уште една обвивка наречена клеточен
ѕид.
• Клетките на некои микроорганизми над клеточниот ѕид имаат
уште една мошне цврста обвивка, наречена капсула или чаура.
• На површината на некои клетки се наоѓаат клеточни
израстоци (трепки или камшичиња) кои служат за движење.