Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

Roditelska noemvri 2014

316 views

Published on

za roditelska

Published in: Education
  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

Roditelska noemvri 2014

  1. 1. РОДИТЕЛСКА СРЕДБА НОЕМВРИ 2014 год.
  2. 2. ДНЕВЕН РЕД: 1. Информирање за успехот и поведението на учениците преку евидентни листови; 2. Информирање за проект ПМИО и за училишен клуб; 3. Информирање за проект „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“; 4. Информирање за училишен спортски клуб; 5. Информирање за дополнителна настава, советување на родителите, додатна настава и изостанување на ученикот од настава; 6. Секоја оценка е за ученици; и односот родител – тинејџер; 7. Разно.
  3. 3. Проект ПМИО Подржан е од МОН и оваа учебна година започна да се реализира во нашето училиште преку планирања и реализација на одредени активности, а се со цел за постигнување на успешна меѓуетничка интеграција. Проект „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ - проект на МОН и БРО со цел да се зајакне врската „родител - ученик - наставник“ преку која ќе се овозможи зајакнување на воспитната компонента во воспитно-образовниот процес.
  4. 4. Задолжителни активности за оваа учебна година се: - Родителот е наставник ( организирање на предавања од страна на родители стручни во одредена област – дентална хигиена, болести на зависност...); - Приредби ( планирање и подготвување на приредби од страна на тим од родители, наставници и ученици – музички дуети, драмски представи...) - Новогодишен базар – родителите, наставниците и учениците заеднички изработуваат сувенири, новогодишни честитки, ... кои би се продавале, а собраните средства би се искористиле за подобрување на условите за работа во училиштето; - Јас прочитав – прочитај и ти – организација на заеднички настан со родителите, наставниците и учениците на кој се врши размена на книги;
  5. 5. - Одиме во театар - заедничка посета на театарска претстава или пак училишна драмска секција изведува претстава за родителите и наставниците; - Одиме на излет - организирање на излет во неработен ден на кој родителите, наставниците и учениците би се дружеле; - Еко ден - организирање на заедничка еко - акција; - Отворена родителска средба - да се започне со род. средба со одд. раководител, а потоа да се продолжи со отворена средба со предметни наставници; - Отворен ден - во текот на еден ден во месец мај да се овозможи посета на училиштето на родители и деца кои треба да се запишат во училиштето
  6. 6. Училишен спортски клуб Согласно Измените и дополнувањата на Законот за основно образование ( Службен весник на РМ бр. 135/2014 ) во член 34-ти секое училиште мора да формира свој училишен спортски клуб. Во нашето училиште е формиран спортски клуб ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - 2014, со што се создадени услови за вклучување на нашиот спортски клуб во системот на училишните натпреварувања на ниво на РМ. Во оснивачкото собрание учествуват наставниците Петре Бошески, Светлана Димитрова, Васил Крстовски, Благој Илиев и Павлина Стојчева. Овој клуб ќе се финансира од донации на родителите, фирми, претпријатија, членарини и од средстава од општината. За нивните деца да учествуват на натпревари потребно е родителите да дават својата согласност.
  7. 7. Согласно со Законот за основно образование ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА се организира за учениците кои покажуват континуирано слаби резултати во учењето, особено ако имат слаби оценки по одредени наставни предмети или отсуствуваат од наставата или по барање на ученикот или неговиот родител, односно старател. Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмети со најмногу 4 наставни часови по наставен предмет. Доколку ученикот не ги посетува часовите по дополнителна настава добива неоправдан изостанок. За упатување на ученикот на дополнителна настава наставникот го известува родителот/старателот.
  8. 8. ДОДАТНА НАСТАВА се организира за учениците кои постигнуват значителни резултати по одредени наставни предмети. Наставникот е должен да ја понуди на учениците, а тие сами одлучуват дали ќе ја посетуват додатната настава. СОВЕТУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ се организира ако ученикот: - во текот на учебна година има три или повеќе слаби оценки; - има направено повеќе од 100 неоправдани изостаноци; - е недисциплиниран, го навредува наставникот или учествува во тепачки или други форми на насилство; - покажува асоцијално или антисоцијално однесување; - се однесува неморално или неетички; - во краток период му значително опадне успехот.
  9. 9. ИЗОСТАНУВАЊЕ ОД НАСТАВА За секое изостанување на ученикот од настава родителот е должен да го извести одд. раководител за причините на изостанувањето. Ученикот може да изостанува од настава ако неговото изостанување родителот го најави однапред во училиштето, но не повеќе од 5 дена во наставната година. Ученикот од здравствени причини може да биде ослободен од учество во одделни активности во наставата, врз основа на потврда издадена од соодветна здравствена установа.
  10. 10. ПЕДАГОШКИ МЕРКИ - укор од одд. раководител; - усна опмена од одд. раководител; - писмена опомена од одд. раководител; - намалување на поведението ( Совет на наставниците на предлог на одд. раководител ); - преместување на ученикот во друга паралелка на предлог на одд. раководител; - преместување на ученикот во друго училиште на предлог на одд. раководител.
  11. 11. СЕКОЈА ОЦЕНКА Е ЗА УЧЕНИЦИ Резултатите на едно истражување покажуваат дека постои поврзаност меѓу начинот на воспитување и успехот во училиштето, како и влијанието на начинот на реагирање на оценките. Родителите кои реагират бесно, гневно, со лутина и кои наметнуваат страв поради слабите оценки им прават на своите деца најлошо што можат - оценките ќе бидат се полоши и полоши.
  12. 12. Воочени се 3 начини на реагирање кои за последици ќе имаат се поголем неуспех 1- претерано вознемирување на родителите проследено со пцовки, закани и непримерно казнување; 2- рамнодушност и незаинтересираност за оценките и понижување на способностите на детето; 3- наградување на добрите оценки според однапред постигнат договор. Доколку родителот го наградува детето за добрите оценки со давње пари, купување на она што детето го посакува, со тоа покажува дека сето тоа има поголема важност и вредност отколку образованието. Во тој случај учењето е само средство со кое постигнуваме некоја цел надвор од учењето. Ист е ефектот кога на детето му одземаме некои привилегии поради слаби оценки.
  13. 13. Наградите, пофалбите и казните можат да имаат позитивно влијание само ако детето чуствува задоволство заради стекнатото знаење и самопотврда. Една соодветна реакција на родителите е охрабрувањето. Докажано е дека учениците кои покажуват тренд на зголемување на успехот имаат родители кои ги пофалуваат добрите оценки, но кога станува збор за слаба оценка охрабруваат и нудат помош. Со тоа изразуваат доверба во способностите на детето, но во исто време дипломатски му кажуваат дека не се задоволни. Родителите треба да прават добро за детето, но за успехот во училиштето треба да е одговорно самото дете. А многу родители се идентификуваат со успехот или неуспехот на своето дете и затоа така најчесто бурно реагираат. Или пак се трудат да најдат било каков изговор или оправдување.
  14. 14. Постои и голема поврзаност помеѓу успехот во училиште и присуство на родителите во училиштето. Не е доволно родителите само со зборови, декларативно да ја нагласуваат важноста на образованието. Потребно е да, на пр. редовно доаѓат на родителски средби, се интересират за содржините што детето ги учи, му помагат во изработка на проекти,... БИТНО Во просек, најслаби оценки имаат ученици кои потекнуват од семејства во кои не постои усогласеност помеѓу родителите. Најдобри оценки имат ученици каде родители се усогласени, доследни и кои воспитуваат со авторитет и почит кон личноста на детето.
  15. 15. МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА СЕ БИДЕ РОДИТЕЛ НА ТИНЕЈЏЕР КОМУНИКАЦИЈА - добрата комуникација е основа за развиток и одржување на добрите односи помеѓу Вас и Вашиот тинејџер. Активно слушање на Вашиот тинејџер ќе го охрабри да се отвори кон Вас и со Вас да дискутира за се со што се соочува.Така тие ќе научат како да ги изразат своите чувства, не само убавите туку и таквие како што е лутина, од Вас едноставно посматрајќи Ве. Бидете отворени за разговор во секое време; Слушајте го/ја без да ги прекинувате; Бидете свесни и внимвајте на „говорот на Вашето тело“ - кога сте лути Вашето лице и тон на гласот зборуват многу, зборовите кои ги изговарате не се толку важни (изразот на лицето е 55%, тон на гласот 38%, а зборовите се 7% од комуникацијата). Трудете се да останете смирени.
  16. 16. КОНФЛИКТ - се случуваат во секое семејство, разликата во тоа како се справуваме со нив. Секој се понекогаш налути, но тоа не значи дека лутината треба да ја искажеме со агресивност. Игнорирајте ги небитните нешта и концентрирајте се на битното. Избери добар момент за разговор - кога сите се подготвени да слушаат. Биди доследен во своите одлуки. И двајцата родители треба да се здружени - можеби не се согласувате со својот сопруг/а, но тоа никако не го кажувајте пред детето. Во спротивно го доведувате во ситуација каде е или збунет или ќе се обиде да ја изманипулира ситуацијата.
  17. 17. ПРАВИЛА И ОГРАНИЧУВАЊА - на сите деца им се потребни јасно дефинирани правила, иако тинејџерите дефинитивно ќе се обидат да им се спротивставуваат. Да им се каже што да прават - не функционира! Подобро е ако има малку правила, доколку можете да пристанете на компромис, пристанете - тоа ќе го научи на флексибилност. Поставете јасни граници и јасно дефинирајте ги последиците ако границата се пречекори. Бидете доследни! Разговарајте!
  18. 18. ГРИЖИТЕ НА ТИНЕЈЏЕРИТЕ - им се случуваат многу промени и тие можат не само да ги вознемират туку и да направат да станат несигурни, ранливи. Некои од нивните грижи на Вас може да изгледаат како дури и смешни и тотално неважни, за нив се реални, битни - сфатете ги сериозно. Ова е период можеби најважен за изградба на самодоверба, социјални вештини, емпатија. Не бидете премногу критични. Одбегнувајте да правите смешки на нивна сметка, дури и добронамерни. Одвојте време за својот тинејџер, особено ако почуствувате дека заради нешто е загрижен. Разговарајте!
  19. 19. ПРИЈАТЕЛИ - тие имаат големо влијание на тинејџерите. Но, дури и да не го покажува тоа, на Вашиот тинејџер му е потребна Вашата подршка, одобрување, љубов и водство. Потребно им е да имаат некого со кого ќе си ги споделуваат тајните, ќе се дружат, покрај кого ќе си го изградат сопствениот индентитет. Имање на различни пријатели им помага да си ги изберат правите другари и да изградат трајни односи со оние кои ќе ги изберат. Запознајте ги пријателите на Вашето дете. Добро размислете пред да ги критикувате. Разговарајте за „притисокот на средината“. Одбегнувајте донесување пренаглени проценки. Дајте му/и доволно простор, но бидете сигурни дека е безбеден/а.
  20. 20. РИЗИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ - тоа можат да бидат многу нешта, од пушење до земање дроги, опивање, останување надвор до доцна, вандализам, несоодветно сексуално однесување... Кога се однесуват ризично, тоа може да е нивен начин на експериментирање или одговор на нешто што им се случило. Најчесто се краткотрајни, но ако на време не се преземе нешто, можат да доведат кон сериозни проблеми. Без оглед на се, на Вашиот тинејџер му е потребна Вашата поддршка, разбирање и пред се љубов, дури и ако сте разочарани од нивното однесување. Јасно одредете какво однесување е неприфатливо и бидете принципиелни. Разговарајте за опасностите кои се последици од таквото однесување - користете факти, не им држете декларативни лекции. Застанете до него и помогнете му да ја преземе одговорноста за своите постапки.
  21. 21. Охрабрете ги да зборуваат за тоа што го прават и зошто. Ако не можат или не сакаат да зборуваат со Вас, обидете се да им овозможите да зборуваат со некој друг. Без оглед на тоа колку тешко ќе Ве погодат работите, бидете до него и РАЗГОВАРАЈТЕ! НИКОГАШ НЕ ОТКАЖУВАЈТЕ СЕ ОД ВАШЕТО ДЕТЕ, ДУРИ И АКО ВИ ТРЕБА ПОМОШ ЗА ДА ПРОДОЛЖИТЕ ПОНАТАМУ!
  22. 22. ВЕШТИНИ И ПОТЕНЦИЈАЛ - секоја личност има свои единствени способности - некои се надарени за академско учење, други имаат особено добри социјални или пак спортски вештини. Охрабрете ги да учествуваат во повеќе активности. Тоа ќе им помогне да ги развијат своите интереси, да се стекнат со нови вештини, стекнат нови пријателства. А кога е во прашање кариерата - дозволете им самите да одлучат. ПОНЕКОГАШ Е МНОГУ ПРИМАМЛИВА ИДЕЈАТА ПРЕКУ ДЕЦАТА ДА ГИ ОСТВАРИМЕ НАШИТЕ СОНИШТА - НЕ ПРАВЕТЕ ИМ ГО ТОА!!!
  23. 23. Потрудете се Вашите очекувања да бидат во склад со способностите на Вашето дете. Прифатете дека сите се различни и никогаш не ги споредувајте со нивните браќа, сестри или врсници. Потенцирајте ги нивните јаки страни и никогаш не ги потценувајте нивните успеси, колку и да Ви се чинат незначителни. Запомтете, одличните оценки се добри, но и добрите и пролазните не се толку лоши. Помогнете им кога ќе треба да направат избор за идната професија - земете во предвид што е можно повеќе опции. Потрудете се да бидете информирани за нови смерови, што ги нудат училиштата...
  24. 24. LETTING GO - созревањето е бавен и напорен процес и не се одвива со исто темпо кај сите. Секој родител би сакал своите деца да ги држи под стаклено ѕвоно, безбедни. Тој заштитнички инстинкт никогаш нема да се изгуби, но МОРАТЕ да го контролирате и да им дозволите на Вашите деца да станат самоуверени, самостојни личности. И додека растат, нормално е во еден момент да се однесуваат како созреани, свесни личности, а во друг како малечки, разгалени дечишта. Со време, давајте им поголема контрола и одговорност за сопствените животи. Дозволете им да прават сопствени грешки - помогнете им да направат добар избор. Промените нека се постепени, така што, кога ќе дојде време да заминат од дома тоа не би било преголем шок, ниту за Вас ниту за него/неа.

×