2. Вовед
• Компјутерската томографија (КТ) претставува современ начин на
визуелно навлегување во длабочината на човековите органи ,
прикажување на нивната функција во тродимензионалната слика со
употреба на рентгенски зраци. Со системот на компјутерска
томографија се добива прецизна медицинска дијагностика на
човековото тело по системи.
• Во 21-от век во медицината особено важно е да се предвидат
идните здравствени проблеми кај секој пациент на начин кој е
безболен и кој трае само неколку секунди. Токму тоа го овозможува
компјутерската томографија со помош на томограф кој дава детална
слика и овозможува да се види што се случува внатре во организмот
на пациентите давајќи тродимензионална слика на сите органи (срце,
бели дробови, органите во стомачната празнина итн ).
3. Компјутерска томографија (КТ – скен)
Компјутерската томографија (КТ) користи посебна опрема со рендген зраци за добивање на слики од
телото од различни агли. Податоците се анализираат и се обработуваат со помош на компјутер. Така се
добиваат дигитални слики кои прикажуваат пресеци на телото низ органите и ткивата. На тој начин се
овозможува тродимензионален детален приказ на надолжни и на напречни пресеци на сите ткива и органи. КТ
е најпрецизна дијагностичка метода.
КТ бара посебни просторни услови и посебно обучен кадар (радиолошки технолози и лекари – радиолози) и
се изведува во дијагностички или клинички медицински центри. Со помош на КТ скенот многу полесно се
дијагностицираат разни заболувања како: карциномите, кардиоваскуларните болести, инфективните болести,
повредите и болестите на мускулно-скелетниот систем.
КТ дава морфолошки изглед на туморот, овозможува да се измери неговата големина, да се утврди
прецизната локализација на туморот како и неговата проширеност во околните ткива и структури.
КТ се користи, покрај за дијагноза, и за планирање и за соодветно администрирање на радиотерапијата,
за што се користи т.н. КТ симулатор.
КТ се користи за прецизно водење на биопсијата и на другите минимално инвазивни процедури, како и за
планирање на хируршкиот третман и за утврдување на операбилноста на туморот.
Оваа дијагностичка процедура е безболна и не дава несакани ефекти.
4. • Како изгледа уредот за компјутреска томографија?
КТ е голема машина со облик на коцка, која има дупката во средина. Пациентот лежи на
кревет кој може да се движи горе или долу и кој се движи во центарот на дупката при
прегледот. Во машината е вградена рентгенска цевка која ротира околу телото на
пациентот и дава слики од различни агли на телото. Иако радиолошкиот технолог може да
му зборува и да го гледа пациентот во текот на прегледот, пациентот лежи сам во
просторијата во која е КТ апаратот.Многу мали, контролирани количини на рентген
зрачење поминува низ телото и различни ткива апсорбираат различни количини од
зрачењето. Кај обичните рентген снимања, сликата од рентген се добива кога специјален
филм е изложен на рентген зраци.
Во КТ скенерот рентген цевката ротира а на спротивната страна се наоѓаат детекторите.
Секогаш кога рентген цевката ќе направи свртување од 360 степени, рентген зраците
поминуваат низ одреден дел од телото и се добива тенок пресек на телото (пресекот
обично изнесува неколку милиметри и во текот на прегледот се прават голем број на вакви
пресеци, надолжни или напречни на различни нивоа од делот од телотот кој се
испитува).За време на секоја поединечна ротација детекторот снима околу 1000 слики кои
потоа се обработуваат од компјутерски до добивање на дво и тро-димензионални слики. За
управување на целиот систем на КТ се користат компјутери и посебни софтверски
програми.
5. • Како се изведува прегледот на КТ уредот, дали е КТ скенот безбеден ?
Радиолошкиот технолог го позиционира пациентот на креветот на КТ- скенот. Пациентот може да лежи на грб
или на стомак, во зависност од тоа кој дел од телото треба да се скенира. Откога правилно ќе се позиционира
пациентот, за што се кориси ситем на ласери, пациентот се внесува во отворот на на КТ уредот. Контрастниот
материјал, во зависност од испитувањето може да се испие (орално контрасно средство), а во некои случаи е
потребно да се даде и интравенско контрасното средство, во вид на инекција. Пред давање на контрастен
материјал потребно е да праша пациентот дали е алергичен на некои лекови, посебно на лекови кои содржат
јод. Исто така треба да се земе и детална анамнеза на пациентот во смисло на постоење на некои хронични
заболувања како на пример: шеќерна болест, астма, кардиоваскуларни заболувања или бубрежни и тироидни
болести. Овие состојби се поврзани со повисок ризик на реакција на пациентот кон контрастниот материјал како
и во поспора елиминација на контрастот по прегледот.КТ прегледот обично трае од неколку минути до половина
час. Кога прегледот ќе заврши, пациентот треба да почека за да се оцени дали се потребни уште некои
дополнителни снимања. КТ е безболна, неинвазивна метода. Таа е брза и едноставна метода и не е потребна
некоја посебна поготовка на пациентот. КТ доведува до изложеност на х-зраци, но корисноста од оваа
дијагностичка метода, како и нејзината голема точност во поставувањето на дијагнозата, во голема мера го
надминува ризикот од зрачењето. Зрачењето од КТ е контролирано и точно дозирано и одговара на
зрачењето на околината (телевизија и сл.) на кое сме изложени во период од три години. Сепак, жените треба
секогаш да го информираат лекарот доколку постои можност да се бремени. Доилките треба да го прекинат
доењето најмалку 24 часа по инјектирањето на инекција со контаст.
6. • Квантитативна компјутерска томографија (ККТ) неинвазивна
дијагностичка метода
Квантитативната компјутерска томографија е брза, неинвазивна метода за одредување на
густината на коскеното минерализирано ткиво, која користи компјутерска томографска (КТ)
технологија. Оваа метода е многу прецизна и се користи за рано откривање на
остеопорозата.
Квантитативната компјутерска томографија детектира намалена густина на коскено ткиво
и, исто така, со неа може да се следи ефектот од терапијата на остеопорозата.
За време на прегледот се испитуваат `рбетниот столб и карлицата за утврдување на
намалена густина на коскеното ткиво, односно остеопороза. ККТ е единствениот преглед
со кој е можен тродимензионален коскен преглед.
Со ККТ се одредува посебно густината на метаболно-активниот дел од коската-
трабекуларниот дел и посебно цврстиот, надворешен дел на коските.
Бидејќи „мекиот“ дел од коските е порано зафатен од остеопороза во однос на цврстиот
дел, ККТ овозможува поставување на дијагноза на остеопороза во најраните фази.
7. • Подготовка и изведба на преглед
• За изведување на прегледот не се потребни посебни
подготовки на пациентот. Потребно е пациентот да не носи
метални објекти при изведување на прегледот.
Пациентот лежи нормално облечен на маса, над која се
наоѓа апаратурата на ККТ. ККТ работи на принцип на рентген
зраци, но зрачењето е минимално. Коскената густина се
одредува и на рбетниот столб и на карлицата, бидејќи
коскената минерализација не е иста во сите коски во телото.
Така додека во некои коски, коскената густина е нормална, во
други делови може да има остеопороза и со тоа зголемена
склоност кон скршеници. ККТ прегледот трае околу 15 минути.
8. • Заклучок
• Компјутерската томографија (КТ) користи посебна опрема со рендген
зраци за добивање на слики од телото од различни агли. Податоците се
анализираат и се обработуваат со помош на компјутер. Така се добиваат
дигитални слики кои прикажуваат пресеци на телото низ органите и ткивата. На
тој начин се овозможува тродимензионален детален приказ на надолжни и на
напречни пресеци на сите ткива и органи. КТ е најпрецизна дијагностичка
метода. КТ скенот е посебно корисен бидејќи прикажува повеќе различни типови
на ткива - бели дробови, коскено ткиво, меко ткиво (мускули и сврзно ткиво) и
крвни садови и тоа со голема јасност. Со помош на КТ скенот многу полесно се
дијагностицираат разни заболувања како: карциномите, кардиоваскуларните
болести, инфективните болести, повредите и болестите на мускулно-скелетниот
систем. КТ се користи, покрај за дијагноза, и за планирање и за соодветно
администрирање на радиотерапијата, за што се користи т.н. КТ симулатор. КТ
се користи за прецизно водење на биопсијата и на другите минимално
инвазивни процедури, како и за планирање на хируршкиот третман и за
утврдување на операбилноста на туморот. Оваа дијагностичка процедура е
безболна и не дава несакани ефекти.
• За секоја активирана слика, рентген цевката ротира околу пациентот и рентген
зраците се движат во означена област при што се прават илјадници рентген
мерења.
• Компјутерот потоа ги процесира податоците, давајќи соодветни пресеци на
екранот .