2. Се започнало во 1986 година кога мама Деса и тато Ацко решиле после 5 години после дада Драгица да имаат уште едно дете. Ко за беља тоа дете сум јас , се раѓам и правам "ршум" насекаде :) Шала!!! Уште од мала темпераментот се врежува во мојот карактер , и останува се до денес. Музиката е таа која отсекогаш ме исполнувала , покрај цртањето. Тука е поврзувањето на темпераментот и уметностите , темпераментот ми ја дава желбата за создавање , креирање... Талентот за музиката го носам од мајка ми која некогаш го поминала истиот пат кој го поминав и јас. На свои 16 години со својата сестра се пријавиле на слична аудиција како потрагата по звезди и победиле. Но тогашните неповолни услови за започнување на пејачка кариера ги навеле по неколку години да се откажат од пеењето. Ми се случи истото искуство , но упорноста не ми дозволува да се откажам , туку ова е само почеток од мене... Вистинскиот почеток е во 1992 година кога тргнав во забавиште и кога на една од претставите за родителите пеев една детска песничка заедно со едно од другарчињата. 1994 година е годината кога имав повеќе активности. Почнав да танцувам во КУД "Кочо Рацин" и на патрониот празник на моето училиште на претстава наречена "Млади имитатори" испеав една детска песничка. ELENA RISTESKA Biografija
3. Освен пеењето , цртањето и танцувањето повремено членував и во драмската секција. Во 1996 година го доживеав моето прво телевизиско појавување со настап во живо на тогашното "Мак-караоке шоу" на А1 ТВ со песничката "Фламенго" која ја препеав. Истата година имав повеке почетоци : почнав да го учам англискиот јазик на курс со што подоцна се покажа дека имам афинитети и кон јазиците , францускиот го усовршувам сега , а желба ми е шпанскиот ; почнав да пејам во училишниот хор ; се случи и мојата прва турнеја , во Бугарија , преку играорна која нема никогаш да ја заборавам. 1998 беше година на натпревари , дипломи и награди во цртање , на општински , градски , државни натпревари , и најпрестижната награда на интернационален натпревар каде освоив 1во место или златна плакета , па наредната година уште многу такви награди и 1ви и 2ри освоени места. Наредната 1999 година ги докажувам и моите поетски способности со прогласувањето на мојата песна како најдобра и објавување на истата во списанието "Наш свет". Сеуште ги чувам сите мои напишани текстови за песни и прозни текстови , и сеуште пишувам па може и некој да се најде на албумот склопен во некоја песна! ELENA RISTESKA Biografija
4. 2000 година освен танцувањето на играорна , почнав и да пејам. Со тоа следат и турнеите во Турција и Чешка (каде освоив 2ро место на интернационално ниво). Потоа следеа многу настапи во Дом на АРМ и еден во универзална сала на 50 годишнината од постоењето на КУД"Коцо Рацин".Со хорот имавме повеќе натпревари каде секогаш бевме први или втори по успех. Истата година одржав и мини концерт во Бугарија од 4 песни , а се случи и ликовна колонија во Струмица која ми остави позитивни траги. Толку за тоа што било и поминало и за работите од моето минато , но тоа се моите најубави и најбитни моменти кои ми се случиле , па драго ми е да ги дознаете и вие :) Од 2002 па до сега ги знаете моите случувања , па само ќе ве потсетам дека на 2 ноември се случи 1та аудиција и од 1200 пријавени влегов во 100 те полуфиналисти , на 18 ноември се случи и 2та аудиција кога мислев дека потрагата за мене заврши но за мое најголемо изненадување влегов во финалето во првите 10!!! 22 декември , недела , е денот кој вечно ќе го паметам и кога се случи мојот најголем сон-бев избрана за победник од публика и SMS гласањето , со што се означува и мое посериозно зачекорување во светот на музиката... ELENA RISTESKA Biografija
5. LI^NA KARTA Име и презиме : Елена Ристеска Прекар : Елена М2 или Елена Она другото Датум на раѓање : 27.04.1986 Место на раѓање : Скопје Висина : 1.64 cm Тежина : 52 kg Боја на коса : костенлива Боја на очи : темно кафеави Хороскопски знак : бик, подзнак девица Образование : 2 godina vo “Euro College” vo Kumanovo, 3 godina na Filolo{kiot Fakultet vo Skopje Странски јазици : англиски, француски italijanski Хоби : цртање , аеробик , учење англиски, peewe Позитивни особини : секогаш го исполнувам ветеното, комуникативна , весела Маани : Што секогаш и секаде доцнам , што им верувам на сите , што брзо се откажувам Што прави во слободното време : учам, цртам , зборувам по телефон , се дружам Најомилен спорт : аеробик и планинарење Омилен период во денот : од 20:50 до 22:50 Ден, месец, годишно време : петок , април , пролет Омилен цвет : јоргован Омилена боја : светло сина Животно : маче Буква : Е нормално и големо ракописно Т Број : 3, 23, 33 Стил / Имиџ : тинејџерски модерен Земја : Јамајка Град : Rio de Janeiro Странска група / пеач : Kristina Agilera и Jastin Timberlake, Xos Stoun Идол : Ketrin Zeta Jones, Madona Актер / актерка : Anjelina Joli , Tom Cruise Спортист / спортистка : Ana Kurnikova , David Beckam Филм : "Таа е вистинската", "Американска убавина" , "Глупавиот и поглупавиот" Пијалок : Бело топло чоколадо Јадење : зелена салата , риба и помфрит , руска салата, овошна салата Сакам : петки , парфеми, ситни работи но значајни , музика, искреност и верност Не сакам : дволичност , иронија , сирење , лекар , заболекар , пазар и зима Животно мото : самодовербата, желбата , упорноста , точноста и трпеливоста се најважни работи кои водат до исполнување на целта ELENA RISTESKA Biografija