1. ШТО СЕ СЛУЧУВА?
дрвјата паѓаат од лисјата жолтите.
црвени Марика јаболка бере.
Разбра ли нешто?
Жолтите лисја паѓаат од дрвјата.
Марика бере црвени јаболка.
Зошто е потребен правилен ред на
зборовите во реченицата?
2. Жолтите дрвото паднаа од лисја.
Жолтите лисја паднаа од дрвото.
Дворот излегоа во Јане и Дамјан.
Јане и Дамјан излегоа во дворот.
- Имаме многу Дамјан! – рече работа.
- Имаме многу работа! – рече Дамјан.
- И ќе ги фрлиме во Дамјан – рече канта.
- И ќе ги фрлиме во канта – рече Дамјан.
Мама ќе се израдува, кога ќе го види чист
Јане – гордо заклучи дворот.
Мама ќе се израдува, кога ќе го види чист
дворот – гордо заклучи Јане.
Првин прочитај го текстот. Размисли, а
потоа исправи ги речениците една по една,
прво усно, а потоа писмено.