Заедница на единиците на локалната самоуправа на Р епублика Македонија – ЗЕЛС ЗЕЛС И НЕГОВАТА УЛОГА ВО K РЕИРАЊЕТО НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Конференција за рурален развој 11 декември, 2008 г. х.„Холидеј Ин“ - Скопје
2.
ЗЕЛС - Комисијаза рурален развој Претседател: Стојан Лазарев-општина Конче Тони Коцески - општина Јегуновце Стојан Маневски - општина Чашка Љупчо Којчиновски - општина Дебарца Нузи Шахин - општина Центар Жупа Борис Гаврилов - општина Карбинци Власта Димковиќ - општина Старо Нагоричане Ќенан Алиу - општина Желино Лазар Котевски - општина Новаци Љупчо Мицковски - општина Сопиште
3.
ЗЕЛС – Активностина Комисија за рурален развој Состаноци, конференции, студиски патувања Анализа на процесот на децентрализација во руралните општини Расправа по прашањето за сопственоста врз земјоделското земјиште Разгледување на можностите за обезбедување на приходи по основ концесии и природни ресурси
4.
ЗЕЛС – Активностина Комисија за рурален развој Препорака до УО на ЗЕЛС за проширување на составот на УО со нови членови претставници од руралните општини (Сание Садику –општина Осломеј, Тони Коцевски – општина Јегуновце, Борис Гаврилов- општина Карбинци) Надминување на проблемите со Управата за јавни приходи во однос на трансферот на софтверот за администрирање на даноците
5.
ЗЕЛС – Активностина Комисија за рурален развој Извештај за мислења по : Законот за земјоделско земјиште, Законот за концесиите, Законот за минералните суровини, Законот за пасишта, Законот за шуми
6.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 1. Општините се заинтересирани за поседување на земјоделското земјиште, пасишта и шумитe, како за потребите на руралниот развој и развојот на земјоделието, така и за потенцијалните развојни области во градовите и населените места и неопходните области за јавна рекреација.
7.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 2) Промовирање на заштитата на високо квалитетното земјоделско земјиште од страна на општините, истовремено со проширувањето на урбаните области. 3) Потреба од нови регулативи за спречување на фрагментација на обработливото земјиште, пасиштата и шумите. 4) Поддршка на проектите за консолидација на ситуацијата кои би ги подобриле локалните состојби во земјоделството и шумарството.
8.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 5) Вклучување на општините во постапката на управувањето и распределбата со државното земјоделско земјиште, односно располагањето, давањето под закуп и други форми на управување со истото да биде извршено по претходно добиено мислење од страна на општината на чија територија се наоѓа соодветното земјиште. a. Да се предаде на управување на општините земјоделското земјиште кое е расцепкано до 2 хектари. Контролата и надзорот во овој случај би останале во надлежност на државата. Потребно е да се воспостават механизми преку кои општината би можела да иницира постапка за оценка на поведението на концесионерот што би довело до одземање на правото на користење на земјоделското земјиште. Оваа потреба се наметнува како висок приоритет поради евидентираната практика, голем дел од земјоделското земјиште и покрај воспоставениот концесионерски однос се уште останува необработено.
9.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој б. Увид на единиците на локалната самоуправа во податоците на издаденото државно земјоделско земјиште под закуп по општини: број на договор број на земјоделска парцела категорија на земјиште висина на закупот времетраење на закупувањето име на закупувачот в. Средствата добиени од закупнините на земјоделското земјиште да се распределат во сооднос 20/80 помеѓу државата и ЕЛС која издава под закуп;
10.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој г. Увид во податоците на земјиштето кое се уште не е дадено под закуп. Образложение: Од страна на ЗЕЛС посочуваме дека немањето на увид во парцелите кои од страна на државата се даваат под закуп без претходна консултација со општината за стратегиите кои таа ги има за развој во секој случај доведува до ситуација на неможност од опсежно планирање. Исто така, можноста, пренамена на земјоделско земјиште да се изврши само со дозвола од централните органи без претходна консултација со локалната самоуправа доведува до ситуации одредени градби да се појават надвор од опфатите на урбанистичкото планирање и неможност од нивно легално водење. Укажуваме и на појавата на така наречените „ловци на субвенции“ која исто така придонесува за влошување на состојбата во секторот земјоделство. Поради тоа сметаме дека е потребно да се прифати барањето на ЗЕЛС за доделување на управување на оние парцели кои не се интересни за државата и кои не се атрактивни, со цел добивање на поголем увид во целокупната состојба со земјиштето.
11.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 6) Разгледување на проблемот на руралните општини поврзани со правото на доделување на концесии: а. Од страна на Министерството за економија и Министерството за финансии во иднина точно да се назначуваат трезорските сметки каде се упатуваат средствата распределени од концесиите. б. Да се достави список до единиците на локалната самоуправа на сите концесионери, за која суровина имаат добиено концесија и на колкава количина со цел и единиците на локалната самоуправа овие средства да можат да ги планираат во сопствените буџети согласно законските обврски. в. Распределбата на приходите од земјиштето издадено под концесија да се врши во сооднос 20/80 помеѓу државата и ЕЛС.
12.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 7) Во однос на концесиите на пасиштата и шумите, барањата на ЗЕЛС, формулирани во форма на препораки се следните: а. Во постапката на издавање на концесиите, надлежниот орган треба да ги земе во предвид соодветните аспекти на влијание врз локалната самоуправа, односно во процесот на одлучување да утврди механизми на консултација со локалната самоуправа и граѓаните, како би се отстраниле евентуалните понатамошни негативни импликации врз општината (еколошки, урбанистички и сл.). Доколку општината утврди дека при експлоатација на природните ресурси настануваат вакви појави, да се воспостават механизми врз основа на закон, преку засновање на правото општината да покрене постапка пред надлежниот орган, а во насока на ефикасно спречување на истите. б. ЗЕЛС со свој претставник активно да се вклучи во работните групи при Владата во сите процеси на изготвување на законските решенија од областа на концесиите.
13.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 8) Потребна е посебна студија и планирање за изнаоѓање на оптимално решение за управување на земјоделското земјиште, пасиштата и шумите во земјата и за промовирање на приватизацијата на обработливото земјиште. Ваквиот проект бара соработка меѓу релевантните државни органи, општините и ЗЕЛС. Образложение: Во моментот, земјоделското земјиште, пасиштата и шумите кои се во сопственост на државата се управуваат неефикасно и без соодветна транспарентност. Според општински извори некои делови од државното земјоделско земјиште се бесправно окупирани. При ваквите случаи државата губи приходи и земјиштето не се користи оптимално. За тоа придонесува и непостоењето на достапни проверени бројки кои би ја претставиле моменталната ситуација. Исто така забележана е потребата од нов пристап кон локалното управување, трансферот и супервизијата на употребата на државното земјоделско земјиште, пасишта и шуми. Затоа сметаме дека една сериозна алтернатива е да се пренесат тие задачи врз општините и да се поделат зголемените приходи помеѓу државата и општините. Сепак, на подолг рок, најголемиот дел од обработливото земјиште треба да се приватизира.
14.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 9) Разгледување на можноста од отворање на дополнителни подрачни канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство -Веќе подолго време општините се соочуваат со одредени проблеми кои се јавуваат како кочничар на локалниот економски развој и неговото планирање, вклучувајќи го тука и планирањето на руралниот и регионалниот развој, поради немање на соодветна комуникација и недостатокот од информации кои би биле битни за планирањето на овој сектор. - Од страна на општините се бара Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да отвори вакви канцеларии во центрите и на останатите општини, со што во целост ќе биде олеснета комуникацијата со министерството, а воедно ќе биде покриена и потребата за контакт на граѓаните и општината со МЗШВ. -Предлог на самите општини е ваквите средби да се остваруваат најмалку еднаш неделно, за што истите се спремни да отстапат и простор каде во периодот кој дополнително ќе се договори со нив, лицата на подрачните единици би ги примале странките во овие простории и би одговарале на нивните прашања и барања.
15.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 10) Рамномерен регионален развој а. Да се утврди до каде е постапката со формирањето на центрите во планските региони и да се помогне во постапката за нивното формирање и започнување со работа. б. Да се направи напор помеѓу Министерството за локална самоуправа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се усогласат термините и методологиите кои се однесуваат на руралниот развој со цел да не дојде до забуна и проблеми кога ќе треба да се отпочне со реализација на ИПАРД програмата и практичната примена на Законот за регионален развој.
16.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 11) Разгледување на проблемите на руралните општини со образованието, со посебен акцент на прашањата поврзани со превозот на ученици и снабдувањето на училиштата со материјал за огрев: а. Надоместоците за превоз и огрев кои се префрлаат од централната на локалната власт, без оглед дали станува збор за наменски дотации или за блок дотации потребно е да се пресметуваат согласно настанатите покачувања на цените на средствата потребни за превоз и огрев. б. Да се рагледа прашањето поврзано со надоместоците за превоз на наставниците кога превозот е организиран од страна на општината. в. Решавање на отворените прашања за локалната самоуправа во врска со исплатата на средства на вработените во образованието во случај на боледување, испратнината во пензија или средства за исплата во случај на смрт.
17.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 12) Проблемите на руралните општини поради нередовно и недоволно снабдување со електрична енергија Да со покрене прашањето за поголеми инвестициони програми на ЕВН-ЕСМ точно во руралните општини. Пред ЕВН-ЕСМ да се изнесат барања за: надградба на мрежата во местата каде се регистрирани нови корисници; реконструкција на мрежата кон планинските села; идни инвестиции и програми за развој на електричната мрежа во руралните области. при идните интервенциите на ЕВН-ЕСМ за замена на столбови за пренос на електрична енергија, доколку на старите столбови има опрема за улично осветлување, старите столбови да не се отстрануваат или новите ЕВН-ЕСМ да ги опреми со опрема за јавно осветлување.
18.
Ставови на ЗЕЛСза рурален развој 13) Покренување на иницијатива за отварање на аптеки во руралните општини: Да се бара фармацевтите да добијат бенифиции за отварање на апотека во руралните средини слични како што се дадени бенифиции на матичните лекари. Предлог: да не биде обврска вработувањето на две лица (фармацевт и среднист) туку во овие аптеки, кои можат да бидат и дисперзирани објекти, да може да работи и само на едно лице, а тоа да може да биде и само лице со средно образование за издавање на лекови.