Клучна цел на СДСМ е заедно со граѓаните: ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ СЛОБОДАТА И СИГУРНОСТА! ДА ЈА ВРАТИМЕ ДЕМОКРАТИЈАТА! САМОВОЛИЕТО НА ВЛАСТА ДА ГО ЗАМЕНИМЕ СО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО! Денеска најавуваме неколку мерки за воведување вистинска, а не фингирана отчетност и одговорност на власта. 1. Власта на СДСМ ќе биде транспарентна, отчетна и одговорна власт Власта на СДСМ ќе спроведува јавни дебати за сите значајни прашања, дебати на кои ќе се почитува принципот на слободен говор и вистинска размена на мислења со цел да се дојде до поквалитетни политики. Функционерите во владата на СДСМ ќе бидат отворени и достапни за учество во јавни дебати и нема да ги избегнуваат. За таа цел: - СДСМ ќе воведе обврска најмалку еднаш месечно по однапред утврден редослед, на јавниот радиодифузен сервис, министрите да учествуваат во дебата заедно со претставници на опозицијата. - Јавниот радиодифузен сервис ќе стане сервис на граѓаните кој ќе биде коректор на политиките на власта а не пропаганден билтен. 2. Трошењето на буџетски пари ќе биде транспарентно - Јавноста ќе има увид во трошењето на секоја ставка од буџетот и за секаков вид трошоци ќе се поднесува јавен отчет. - Пред донесување на Буџетот во Собранието, СДСМ ќе воведе обврска министерот за финансии да учествува во јавна дебата заедно со претставници предложени од опозицијата. 3. Ќе го вратиме дигнитетот на Собранието - Собранието ќе стане храм на демократијата а не продолжена рака на Владата - Власта на СДСМ ќе промовира правна сигурност и преку воведување на стабилен правен систем во кој законите ќе се носат врз основа на длабинска анализа и проценка на можностите и ефектите од нивната имплементација, со што ќе се превенира нивното често менување. - Бројот на закони што ќе се носат по скратена или итна постапка ќе се сведе на минимум, за секој закон да се обезбеди доволно време за дебата и вклучување на експертите и јавноста. - Заради воведување ефикасна контрола на Собранието над Владата ќе предвидиме зголемување на бројот на седници посветени за пратенички прашања од еднаш месечно на еднаш неделно. 4. Драстично ќе ја реформираме казнената политика и ќе ги нама