Нови 3 мерки од областа на економијата: 1. ИНФРАСТУКТУРНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ: АВТОПАТИ, ЖЕЛЕЗНИЦА, КОЛУНАЛНА И ПАТНА ИНФРАСТУКТУРА Изградба на три автопати на три значајни патни правци во државата со паралелна подземна инфраструктура: - Автопат Велес - Прилеп – Битола - Автопат Штип - Кочани, а три ленти до Делчево - граничен премин Делчево и - Автопат Удово - Вељуса - Струмица - граничен премин Ново Село Ќе продолжиме со изградба на автопатите Кичево - Охрид и Скопје - Штип од таму до каде што ќе стигне сегашната Влада и целосно ќе ги доградиме. Доводен цевковод за вода до Прилеп како и гасоводни мрежи на патниот правец Велес - Прилеп – Битола и од Штип кон Кочани и Делчево. Изградба на железничка мрежа од Миравци - Удово - Струмица и поврзување со железницата во Петрич, Република Бугарија. 2. ГАСИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Целосна изградба на национална гасоводна мрежа до сите поголеми економски центри и поставување на систем на компресирање и декомпресирање на природен гас за помалите градови и општини. Ќе изградиме 5 големи компресорски станици за природен гас во Скопје, Битола, Штип, Гостивар и Неготино како и 18 декомпресорски станици за природен гас во 18 градови во државата со што ќе донесеме природен гас на целата територија на нашата земја. 3. ОТВОРАЊЕ НА 8 ГОЛЕМИ И 8 ПОМОШНИ БИЗНИС ИНКУБАТОРИ Ќе се финансираат по 40 бизнис идеи на млади луѓе по регион или вкупно 320 бизнис идеи годишно. Секоја од 320 те избрани бизнис идеи ќе биде финансирана со по 10.000 евра од буџетот на државата неповратни средства преку однапред дефинирани критериуми и процедури кои ќе гарантираат целосна реализацијата на бизнис идејата и отворање на нови работни места пред се за младите луѓе. Предност за младите кои ќе настапуваат тимски од најмалку 3 носители на идејата од кои најмалку еден ќе биде жител на друга земја или пак граѓанин на Македонија кој е повеќе од една година надвор од државата. Со тоа ќе овозможиме отпочнување на сопствен бизнис за најмалку 1000 млади луѓе годишно и отворање на преку 5000 нови работни места годишно. За бизнис инкубаторите државата ќе одвои по 800.000 евра годишно за плати и услови за работа на 80 најдобри студенти од регионите (по 5 во ин