SlideShare a Scribd company logo
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ –СКОПЈЕ
МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ
ЛОГОПЕДИЈА
Тема:
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН
ПРИСТАП ВО ЛЕКУВАЊЕ НА
ДИСЛЕКСИЈА
-ДИПЛОМСКА РАБОТА-
Ментор: Кандидат:
Проф. Д-р Јане Нетковски Лидија Ноткова
Бр. на индекс: 633
СКОПЈЕ, 2023 година
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 2
СОДРЖИНА
1. Вовед.....................................................................................................................3
2. Дислексија............................................................................................................5
2.1 Историјат..................................................................................................5
2.2 Дефиниции...............................................................................................7
2.3 Причини...................................................................................................8
2.4 Поделба..................................................................................................10
2.5 Знаци и симптоми..................................................................................11
2.6 Дијагноза и проценка............................................................................13
3. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија..........................15
3.1 Улога на логопедот во третманот на дислексија................................17
3.2 Улога на специјалниот едукатор и рехабилитатор во третманот на
дислексија....................................................................................................21
3.3 Психолошка поддршка на лицата со дислексија................................23
3.4 Улога на персоналните асистенти.......................................................25
3.5 Поддршка од родителите и наставниците..........................................27
4. Заклучок..............................................................................................................29
5. Користена литература........................................................................................30
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 3
1. ВОВЕД
Читањето е една од основните вештини за размена на информации во општеството.
Најголем дел од информациите во нашето секојдневие ги добиваме преку пишаниот текст,
со читање. Тоа е основа на секој образовен систем, ни овоможува пристап до нови знаења,
и е особено важно во личниот напредок на индивидуата. За уредно усвојување на
читањето, потребни се многу јазични и други "нејазични" знаења и вештини.
Но, што претставува читањето?
Читањето е доста сложен когнитивен процес кој опфаќа декодирање на пишаните симболи
за да се дојде до нивното значење и да се разбере она што е напишано. Тоа е еден активен
психолошки процес на размислување насочен кон градење на значењето на зборовите.
Основната цел на читањето е да се разбере текстот. За време на оваа обработка на
информации, читателот користи стратегии за да разбере што чита, користи теми за да ги
организира идеите и користи текстуални индиции за да ги пронајде значењата на новите
зборови.
Читањето има фундаментално значење за развојот на критичкото и имагинативното
мислење кај децата, нивниот интелектуален и емоционален развој. Тоа не почнува да се
развива кога детето ќе тргне на училиште, туку корените на оваа вештина се стекнуваат
уште од предучилишна возраст кога детето ќе почне да разгледува сликовници и да ги
идентификува лицата и предметите од сликите. За развој на читањето значаен е активен
пристап, разговор за прочитаното, вклучување на детето во разни интересни активности и
пронаоѓање на соодветни шеми.
Со цел да станат компетентни читачи, децата треба да научат ефективни стратегии за
идентификување и разбирање на сите зборови. Инструкциите за писменост мора да
содржат експлицитно подучување и практики за децата да се оспособат да читаат
флуентно, со самодоверба и разбирање.
Кај децата со дислексија потребни се многу повеќе начини и стратегии за развој на
читањето. Поради различниот когнитивен стил овие деца треба да имаат и различни
патишта за учење на читањето.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 4
Кај овие деца процесот на учење на читање и пишување се одвива значително побавно
отколку кај другите деца, со многу повеќе напор, а со многу помалку успех.
Тешкотиите во читањето се однесуваат на брзината и прецизноста на читањето како и
нивото на разбирање на прочитаното. На децата со дислексија им треба долго време за да
прочитаат , ја задржуваат навиката за тивко изговарање на зборовите при читање, не
читаат течно. Ритамот и начинот на читање главно се одредуваат со повремени паузи
поради непрецизност во читањето, а точките на крајот од реченицата не ги доживуваат
како знаци за разграничување на две реченици. Слушајќи ги како читаат на глас овие деца
со сите здружени знаци, добиваме впечаток на едно неточно, лошо читање.
До пред неколку години во нашето општество дислексијата беше непознат термин, а
малкумина знаеја како да ја детектираат и како да им помогнат на лицата со дислексија во
образовниот процес. Учениците со дислексија често се етикетирани како “мрзеливи,
глупави, незаинтересирани, помалку интелектуално способни, и како ученици што не се
трудат доволно”, без да се утврди дека децата имаат тешкотии во учењето и читањето.
Поради ваквите именувања во понатамошниот развој на учениците се создаваат услови за
посериозни психолошки промени што се манифестираат со фрустрации, губење
самодоверба, повлекување во себе, создавање лоша слика за себе, несоодветни социјални
врски и неретко депресија. Раната идентификација е од суштинско значење бидејќи
најефективниот начин да му се помогне на дислексичар, е решавањето на потешкотијата
во првите години од школувањето.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 5
2. ДИСЛЕКСИЈА
2.1 Историјат
Адолф Кусмаул 1877 година
Во 1877 година, од страна на германскиот невролог, Адолф
Кусмаул, дислексијата за прв пат била наречена „слепило на
зборови“ (целосно слепило на текст) иако моќта на видот,
интелектот и моќта на говорот биле недопрени.
Рудолф Берлин 1887 година
Една деценија подоцна, германскиот лекар - офталмолог Рудолф
Берлин прв го употребил терминот „дислексија“ за да ги опфати
предизвиците во читањето како резултат на попреченост. Берлин
прв го опишал синдромот „дислексија“ во своето дело „Eine
besondere Art der Wortblindheit (Дислексија)“ во 1887 година. Тој го
користел овој термин за да ги опише проблемите со читањето кои
не биле резултат на нарушен говор ниту на оштетувања на видот.
Семјуел Т. Ортон (1879-1948)
Др. Ортон бил невропсихијатар и патолог кој работел со возрасни
пациенти кои имале оштетување на мозокот поради повреда. Тој го
искористил знаењето што го стекнал работејќи со овие пациенти и
го применил на децата со очигледно недопрена невролошка
функција на мозокот, но со пречки во обработката на јазикот, кои
ќе бидат именувани како Дислексија.
Слика 1. Др. Адолф Кусмаул
Слика 2. Др. Рудолф Берлин
Слика 3. Др. Семјуел Ортон
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 6
Во 1925 година, д-р Ортон формирал 2-неделна студија во која ги оценувал учениците кои
„не успеваат во училиштето“ и открил дека имаат просечни, па дури и натпросечни
резултати на тестовите за коефициент на интелигенција, но се соочуваат со
стрефосимболија, што значи „извртени симболи“.
Од ова истражување, тој ја предложил и првата теорија за тоа како настануваат
тешкотиите при читањето, а тоа е дека десната хемисфера кај овие деца е доминантна во
однос на левата хемисфера од мозокот. Д-р Ортон го формулирал концептот на
„мултисензорна“ настава – со интегрирање на кинестетичкиот и тактилниот систем со што
при учење на читањето ќе бидат вклучени и двете мозочни хемисфери.
Подоцна тој заедно со психологот и едукатор Ана Гилингам во 1930-тите, верувајќи дека
на учениците со тешка дислексија им е потребен мултисензорен пристап, особено
употребата на аудитивни, визуелни и кинестетички стимулации, го развиле пристапот
Ортон-Гилингам за читање за учениците со дислексија. Нивниот пристап се засновал на
комбинирање директни, повеќесензорни стратегии. Мулти-сензорен пристап значи дека
учениците го учат јазикот со уво (слушање), уста (зборување), очи (гледање) и рака
(пишување). Процесот вклучува слушање звуци и кажување на звуците и имињата на
буквите додека ги пишуваме.
Раните 1960-ти години
Интересот за дислексија опаѓал неколку години, но се вратил во 1960-тите.
Неврологот Мекдоналд Кричли и психологот Тим Мајлс го отвориле “Центарот за
слепило на зборови” во 1962 година. Центарот собрал многу истражувачи кои работеле со
дислексични поединци.
Подоцна Кричли објавил книга наречена „Дислексично дете“.
Првата консензусна дефиниција 1968 година
Во април 1968 година, на првиот состанок на Светската федерација за неврологија од
страна на истражувачите за развојна дислексија и светска неписменост кој се одржал во
шкотската болница за деца во Далас, Тексас е усвоена првата генерална и општо
признаена дефиниција за дислексијата.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 7
1970-тите
Во 1972 година, истражувачката Сандја Наиду објавила книга со наслов “Специфична
дислексија” која е една од првите поголеми студии за дислексијата.. Нејзината книга,
заедно со делото на Кричли, претставуваат пресвртница во раното истражување на
дислексијата.
2.2 Дефиниции
Зборот дислексија потекнува од грчкиот збор „dys“ што значи тешкотија (слаб, лош,
несоодветен) и „lexsis“ што значи јазик (збор). Дислексија претставува потешкотија во
совладување на читањето и покрај нормалната интелигенција, добриот вид, систематската
обука и други поволни едукативни, психолошки и социјални фактори. Таа е всушност
значајно несогласување помеѓу вистинското и очекуваното ниво на читање во однос на
менталната возраст.
Светска федерација за неврологија
Во 1968 СФН ја дефинира дислексијата како „Пореметување кое се
манифестира со тешкотии во читањето и покрај адекватните образовни
инструкции, соодветната интелигенција и социо-културните можности. Тоа
зависи од основните когнитивни попречености кои често имаат
конституциско потекло.”
Британска асоцијација за дислексија
“Дислексијата претставува тешкотија во учењето што првенствено
влијае на вештините за точно и течно читање и пишување.
Карактеристични обележја на дислексијата се тешкотиите во
фонолошката свест, вербалната меморија и брзината на вербалната
обработка.”
Слика 4. СФН Лого
Слика 5. БАД Лого
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 8
Интернационална асоцијација за дислексија
„Дислексијата е специфична попреченост во учењето која има
невробиолошко потекло. Се карактеризира со тешкотии во
прецизноста и/или течноста во препознавањето на зборовите и со
слабо спелување и декодирање.”
Европска асоцијација за дислексија
“Дислексијата се користи како термин за нарушување кое главно
се карактеризира со сериозни тешкотии во стекнувањето на
вештини за читање, спелување и пишување.”
2.3 Причини
Причините за дислексијата не се целосно јасно утврдени. Генерално, според
истражувањата може да се каже дека оваа состојба има невролошка и конституциска
основа, односно проблемот со читањето е предизвикан од генетска, наследна разлика во
начинот на кој мозокот го обработува јазикот.
Двете страни на мозокот, левата и десната хемисфера, изгледаат слично, но
функционираат сосема различно. Левата хемисфера кај лицата без дислексија е доминанта
и одговорна за читачките и јазичните задачи. Десната хемисфера се смета за интуитивна,
креативна, дел од мозокот кој се занимава со тродимензионални облици и прикази. Овој
дел од мозокот е способен да ги разбере сложените конфигурации и сртуктури.
Според Алберт Галабурд за време на бременоста доаѓа до послаб проток на крв во
мозокот и заостанување во развојот на левата хемисфера, па така говорно – јазичните
функции ги презема десната хемисфера и таа станува доминантна кај овие лица.
Според теоријата на Рон Дејвис, менталната функција која ja предизвикува дислексијата
може да биде дарба во вистинска смисла на зборот: природна способност, талент. Ова не
значи дека сите деца со дислексија ќе развијат таленти, но, сепак, сите тие имаат одредени
заеднички ментални функции како што ce: креативност, интуиција, размислување "out of
Слика 6. ИАД Лого
Слика 7. ЕАД Лого
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 9
box" и гледање на имагинарните слики како 3Д-проекции. Ова оди во прилог на теоријата
дека лицата со дислексија доминантно ja користат десната хемисфера од мозокот преку
која ce контролирани токму овие карактеристики. Учениците со дислексија, најчесто, ce
бистри и креативни, ja гледаат големата слика на нештата наспроти деталите. Неретко ce
случува ученик со дислексија со забележителни симптоми на тешкотии во читањето и
пишувањето да го знае одговорот на некое прашање или задача, a да не знае да објасни
како дошол до решението. Ова доаѓа од холистичкиот пристап што го имаат и кој е
карактеристичен за десната хемисфера од мозокот. Лицата со дислексија размислуваат
доминантно со слики, a не вербално, поради што ce соочуваат со дешифрирање на
пишаните зборови, кои не претставуваат слики туку симболи за некој предмет, појава,
активност, опис итн.
Некои од најсигурните методи за проучување на дислексијата се методите на
невровизуелизација, како што се МРИ (магнетна резонанца), ПЕТ (позитронска емисиона
томографија) итн. Со нивна помош, научниците успеале да докажат дека абнормалностите
се предизвикани од невробиолошки причини. Значи, кај луѓето со дислексија, областа на
задниот дел на левиот среден темпорален гирус е помалку активна. Покрај тоа, тие имаат
разлики од нормата во структурата на мозочното ткиво - во пределот на задниот дел на
средниот темпорален гирус лево има области со намалена густина.
Слика 8. Мозочни центри во двете хемисфери
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 10
Истражувањата покажале дека кога луѓето со дислексија се обидуваат да читаат, предниот
дел од мозокот е премногу стимулиран, додека клучните централни и задни делови се
недоволно стимулирани.
Покрај овие невробиолошки фактори кои предизвикуваат развој на дислексија, експертите
идентификуваат и други како што се: Нерамнотежа помеѓу хемисферите на мозокот;
Трауматска повреда на мозокот; Тешки инфекции како менингитис, енцефалитис;
Предвремено отфрлање на плацентата; Фетална асфиксија; Компликации за време на
бременоста поврзани со инфекции (сипаници, херпес, рубеола) или употреба на токсични
материи (дрога, алкохол, пушење)
Социјалните фактори и околината не можат да предизвикаат дислексија, но може да
влијаат на состојбата на дислексичното дете. Прекумерното оптоварување од наставникот
или педагошкото запоставување, нефункционалното опкружување, негрижата од
родителите, недостатокот на комуникација, лош говорен модел, синдромот на изолација,
можат значително да ја влошат состојбата на детето.
2.4 Поделба
Постојат главно 2 широки категории на дислексија:
-Здобиена која настанува кога едно лице добро чита, но губи дел од таа способност како
резултат на повреда на мозокот (мозочен удар или сообраќајна несреќа).
-Развојна настанува кога децата имаат проблем со читањето од самиот почеток. Оваа
дислексија најчесто е наследна или предизвикана во текот на бременоста.
Слика 9. стимулирани области на мозокот за време на читањето кај лица без и со дислексија
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 11
2.5 Знаци и симптоми
Дислексијата не ги погодува сите деца во иста мера. Присутна е голема разноликост и
затоа, симптомите можат да се разликуваат од дете до дете.
Главни показатели за дислексија се (Golubović, 2000):
- Тешкотии во поврзувањето на буквата и гласот;
- Замена на графички сличните букви (б-д, м-н, с-з, ш-т, добар – бодар, бебе – деде,
нема – мене);
- Додавање букви кои не постојат во зборовите;
- Погодување на зборовите;
- Структурни промени во зборот – преместување или вметнување на букви (врата – трева,
ниво – вино);
- Замена на фонетски слични букви (д-т, г-к, б-п, з-с, држи – тржи, бере –
пере, грее – крие);
- Замена на слогови (он – но, еј – је, ние – ине, до – од);
- Замена на зборови (мрачен – мачка, добар – обад);
- Додавање букви и слогови (брада – барада, мравка – марква);
- Повторување на делови од зборот (насмеанан, рамемења);
- Тешкотии во следењето на низите на буквите или бројките (слон – солон, 21 – 12);
- Тешкотии во следењето на насоката на читањето (горе – долу, лево – десно);
- Враќање на веќе прочитаниот ред;
- Изоставање на букви, зборови и цели редови;
- Читање на еден збор на неколку погрешни начини
- Бавност, различни блокади и паузи;
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 12
- Читање напамет и по прилика;
- Нејасна и површинска артикулација;
- Слабо разбирање на прочитаното.
- Тешкотиите во читањето може да се поврзани и со дефицит на визуелна перцепција кај
децата со дилексија (визуелна дислексија)
- Неспособноста за аудитивна перцепција и диференцијацијата на фонемите (аудитивна
дислексија – глувост за фонеми),
Слика 10. Знаци на дислексија
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 13
Покрај тешкотиите во читањето со кои се соочуваат децата со дислексија, кај нив често
можат да бидат присутни и други пропратни знаци и симптоми како што се:
- Дисграфија (проблеми во пишувањето)
- Проблеми со броеви и математички операции (Дискалкулија)
- Проблеми со јазикот и говорот
- Проблеми при ориентација и моторни вештини
- Проблеми со меморирање (лоша и краткотрајна меморија)
- Слаба концентрација и внимание
Емоционални и социјални проблеми кај децата со дислексија
Детето кое има тешкотии во читањето и пишувањето, а не наидува на разбирање и помош
ниту во семејството ниту во училиштето често наоѓа решение во различни невролошки
реакции. Така невротските пречки стануваат придружни симптоми на дислексичните
симптоми, а понекогаш и доминантен проблем, кој доведува до социјални, емоционални и
едукативни проблеми, кои, од друга страна, ги зголемуваат дислексичните пречки.
Кај децата често се јавуваат ниска самодоверба, лоша слика за себе, гнев, анксиозност,
депресија, фрустрации итн..
2.6 Дијагноза и проценка
Пожелно е што побрзо да се открие дислексијата и брзо да се реагира. Колку побрзо се
дијагностицира дислексијата, толку подобри ќе бидат ефектите од терапијата. Затоа
будноста на родителите и наставниците е многу важна, бидејќи тие треба лесно да
разликуваат обична мрзеливост и дислексија.
На дете кое има дислексија, потребно е што поскоро да му се пружи стручна помош,
поддршка од родителите, училиштето и животната средина. Секое одложување и
задоцнување го отежнува отстранувањето на проблемот со што се создава се поголемо
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 14
заостанување во совладувањето на училишниот материјал. Дислексијата обично не се
дијагностицира пред крајот на второто или почетокот на третото одделение (околу 8-9
години).
Процената на дислексијата е сложена и се изведува на специфичен начин што опфаќа
обемна и детална проверка од страна на мултидисциплинарен тим. Воедно треба да се има
предвид дека наставникот ја игра една од клучните улоги во процесот. Имено,
наставникот најчесто е и првата личност која ќе идентификува дека детето не ги извршува
своите должности и активности на соодветен начин. Наставникот обично може да ги
забележи несовпаѓањата во постигнувањата на детето, особено меѓу усната и писмената
изведба и треба да ги упатат децата и родителите на понатамошни испитувања. Покрај
логопедскиот преглед кој вклучува голем број параметри поврзани со читањето и
пишувањето на личноста и јазичното функционирање, проценката треба да вклучи и
лична и семејна анамнеза, дефектолошка проценка, психолошки наоди, невролошка
проценка, наоди од офталмолог (за да се исклучат проблеми со видот), аудиолог, наоди за
социјалното однесување во одделението и надвор од него, како и наоди од други експерти.
Дијагнозата на способноста за читање треба да ги опфати брзината, точноста и
разбирањето при читањето. Потребна е комбинација од различни тестови за да се тестира
читањето и разбирањето на зборови. Ова вклучува индивидуално тестирање на дете од
страна на испитувачот.
Крајната оцена, базирана врз поголемиот број изведени процени, ја носи
мултидисциплинарниот тим.
Во нашата држава нема воспоставено процедури за идентификација на дислексијата и
другите специфични тешкотии во учењето како што се дисграфија, дискалкулија,
диспраксија или АДХД. Според направените истражувања до сега утврдено е дека повеќе
од 10 % од учениците можеби се соочуваат со дислексија поради што постигнуваат
послаби резултати во текот на образованието. Затоа е неопходно наставниците,
психолозите, педагозите и дефектолозите да се едуцираат и да ги прошируваат знаењата
во оваа област за да можат навреме да ја препознаат дислексијата кај учениците, а потоа
да им овозможат и соодветна поддршка.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 15
3. МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО ЛЕКУВАЊЕ НА
ДИСЛЕКСИЈА
Важно е да се нагласи дека дислексијата не претставува болест и во никој случај не треба
да се зборува за дислексијата како „дијагноза“ што претставува медицински термин. Таа
не е болест која може да се излечи, туку состојба со која дислексичното лице се справува
во текот на целиот живот. Дали детето навистина има дислексија тоа ќе го утврди
стручниот тим. Логопедот ги испитува способностите за зборување, читање и пишување,
психологот ја испитува интелигенцијата, вниманието, меморијата, перцепцијата, личноста
итн., а детето често се упатува и на невролог и оториноларинголог за да се исклучи можна
болест на централниот нервен систем, глувост итн.
Важно е да се разбере дека на детето со дислексија му е потребна помош. Без помош,
децата многу полошо и пократко ќе се школуваат отколку кога ќе им се им се пружи
помош за совладување на тешкотијата. Освен тоа, детето ќе стекне лоша слика за себе
(бидејќи не може да направи нешто што сите други го можат), а често и за околината и
училиштето (затоа што сите му викаат или мислат дека е глупаво и мрзливо). Ако не му се
пружи помош, постои опасност детето кога ќе порасне да стане невротична и несреќна
личност, зависник или личност со непожелно и асоцијално однесување.
Мултидисциплинарната рехабилитација се смета за клучен пристап во третманот на
дислексијата. Со соодветна стратегија, терапија и поддршка од страна на
мултидисциплинарниот тим кој е составен од стручни лица, тешкотиите предизвикани од
дислексијата може значително да се подобрат и со тоа да им се олесни животот на тие
лица.
Основни принципи на терапевтската работа:
Терапевтската работа на сите стручни соработници треба да биде организирана според
општите принципи:
1. Активната терапија започнува веднаш штом ќе се потврди дијагнозата.
2. Сите видови терапија (логопедска, психолошка терапија и сл.) се спроведуваат
истовремено.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 16
3. Се одржува постојан контакт помеѓу сите професионалци кои работат со детето,
вклучувајќи го и наставникот. Едукацијата и соработката на наставниците значително
влијае на долгорочните резултати од терапијата.
4. Се прави индивидуално прилагодување на методот и темпото на терапијата според
можностите на детето, стилот на учење и организацијата на неговите психички
активности.
5. Систематско се следи напредокот на детето, но се избегнува тестирање и други видови
контролни задачи во училиштето. За време на терапијата, имаме за цел да утврдиме што
совладало детето и што знае сега.
6. Во работата со ученици од сите возрасни групи, особено со помлади основци
максимално ги користиме мултисензорните материјали. Материјалите и методите треба да
ги приспособиме мултисензорно на стилот на учење и индивидуалните потреби на детето.
7. Кога работиме со ученици од пониско одделение, се потпираме на играта што е можно
повеќе. Вежбите не смеат да предизвикаат досада или фрустрација кај децата. Корисни се
манипулативните дидактички игри со вклучување сетилото за допир и кинестетичкиот
анализатор. Според многу експерти, драмските игри се уште поефикасни од дидактичките.
8. На стекнувањето на која било вештина треба да и претходи создавање на функционален
темел за истата. Ова е еден од најважните терапевтски принципи. Бидејќи незрелоста на
одредени повисоки психолошки функции предизвикуваат потешкотии во совладувањето
на читањето и пишувањето, неопходно е тие да се развијат со посебни вежби.
9. Работата треба да се одвива чекор по чекор. Првите терапевтски вежби кои му ги
нудиме на децата треба да бидат во областа на нивниот досегашен развој. Детето ќе
направи сè без тешкотии со што ќе се развесели и ќе се зголеми неговата мотивација за
соработка со терапевтот.
10. Прво е она најважното. Како што знаеме, децата со дислексија имаат два основни
видови на потешкотии во читањето - неправилна техника на читање и тешкотии во
разбирањето на тоа што го читаат. Во терапевтската работа, ние се фокусираме
првенствено на тоа детето да ја совлада основната цел на читањето – разбирањето.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 17
Мултидисциплинарниот стручен тим се состои од:
 Логопед
 Специјален едукатор и рехабилитатор – Дефектолог
 Психолог
 Педагог / Наставник
 Персонален асистент за настава
Особено значајни членови во рехабилитацискиот тим се родителите и членовите на
семејството.
3.1 Улога на логопедот во третманот на дислексија
Дијагностичката процедура на дислексијата вклучува многу повеќе од анализа на
училишната тетратка на детето. Со цел да се избегне погрешно толкување на проблемот и
да се открие дали се работи за дислексија или не, неопходен е стручен преглед од логопед.
Логопедите се експерти обучени да работат на превенција, скрининг, откривање,
проценка, дијагноза, советување, рехабилитација и третман на нарушувања на човечката
комуникација, што подразбира нарушувања на јазикот, говорот и гласот, нарушувања на
читањето и пишувањето, орално-ларингеални нарушувања и нарушувања во вербалната и
невербалната комуникација кај лицата со посебни потреби (ментална ретардација,
оштетување на слухот, итн.).
При логопедскиот преглед детално ги проучуваме процесите на читање и пишување и на
тој начин ја одредуваме специфичноста на тешкотиите и степенот на заостанување во овие
вештини, а исто така и развојот на усниот говор. Сите деца со неразвиен говор имаат
одредени потешкотии во совладувањето на читањето и пишувањето, но само една третина
од нив имаат специфично нарушување на овие вештини, т.е. дислексија и дисграфија.
Кога ќе се постави дијагнозата, детето треба да започне со соодветна логопедска терапија
(на училиште, здравствен дом, болница, специјализирана установа итн.). Врз основа на
своето стекнато знаење, проучувањето на литературата и методите, логопедот го обликува
третманот во согласност со потребите на лицата со дислексија.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 18
Со оглед на видот и тежината на нарушувањето, логопедот изведува вежби насочени кон
корекција на тешкотиите во читањето, пишувањето, разбирањето итн. Потребно е
секојдневно интензивно вежбање со стручно лице логопед, не помалку од 3 месеци.
Крајната цел на третманот на дислексијата е флуентност и точно читање и разбирање на
прочитаниот текст. Според истражувањата децата кои во прво одделение започнуваат со
лекување кај логопед или добиваат дополнителна поддршка од наставниците во
паралелката, покажуваат подобри резултати во напредокот на своите вештини и помал
процент од децата развиваат негативни емоции во споредба со децата кои започнале со
третман во трето одделение.
Во третманот главно се следи принципот според кој на почетокот се совладуваат
основните вештини потребни за читање. Учењето обично се започнува со рима, така што
детето слуша истакнати фонеми. Откако детето ќе ја совлада римата (перцепцијата на
римата е токму перцепцијата на слог), започнува да учи слогови (Галиќ-Јушиќ, 2007).
Слоговите се важни при читањето и тие овозможуваат полесно читање. Некои логопеди
наместо да користат слогови при рано читање, користат анализа и синтеза на зборови,
односно се потпираат на гласот како носител на читањето. За да може детето да користи
анализа и синтеза, мора да има добро развиена аудитивна перцепција. Децата со
дислексија многу често остануваат во оваа фаза долго време. Она што нас ни се чини
едноставно и го правиме автоматски на децата со дислексија им создава дополнителни
тешкотии. По учењето на пред-вештините, децата преминуваат во фаза на рано читање. Се
читаат едноставни зборови и реченици и се внимава на другите јазични знаења и правила.
За да може детето правилно да научи да чита и да го разбира прочитаното, мора да ги знае
интерпункциските знаци, како и формите и видовите на зборови во реченицата.
Логопедот исто така ги поучува и им дава насоки на наставниците и родителите како да се
однесуваат со детето, како да му помогнат, и како да вежбаат со него. Но, децата обично
добиваат премал број на часови за терапија, а логопедите немаат време да го едуцираат
наставниот кадар и родителите, и не можат да организираат систематско тестирање на
способностите на децата и слично.
Кај многу деца, специфичните тешкотии ги вклучуваат двата процеса, читање и
пишување. Во овој случај, ние ги развиваме двете вештини во исто време. Дел од методот
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 19
за елиминирањето на дислексијата и дисграфијата се совпаѓа, особено кога тешкотиите се
условени со проблеми во работата на истите повисоки психолошки функции. Вежбите за
развој на слоговна анализа и синтезата истовремено ги отстранува соодветните тешкотии
и во читањето и во пишувањето. Во некои други случаи, вежбите кои се специфични за
терапија на дислексија ги надополнуваме со вежби за корекција на нарушувањата во
пишувањето.
Слика 11. Пример за дисграфија кај дислексично дете
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 20
Логопедите сами ја креираат програмата за третман според потребите на детето, а во тоа
можат да му помогнат многу комерцијални програми. Сите комерцијални програми се
развиени на принцип на мултисензорен пристап и се интензивни, бараат систематско
спроведување и следење на одредена низа. Тие овозможуваат учење на сите јазични
нивоа. Некои од комерцијалните третманите се: пристапот Ортон-Гилингам, пристапот
Слингерланд, Линдамуд Бел програма, Ферналд метода, метод на хемисферична
стимулација, верботонален метод и компјутерски програми.
Децата со дислексија, кои со години биле изложени на третман со логопед, можат да
научат правилно да читаат (со малку грешки) и да го разбираат прочитаниот текст, но
често имаат потешкотии во повисоките одделенија во основно училиште, средно
училиште и факултет кога ќе наидат на посложени текстови и нови зборови. До таа
возраст, децата обично имаат развиено свои стратегии за замена, што им помагаат при
читањето, но бидејќи материјалот е сè пообемен и понапорен, тие стратегии често не им се
доволни. Во тој период им е потребна голема помош од родителите и стручните лица во
организацијата на времето и материјалот со кој се среќаваат.
Постојат неколку главни фази во третманот на дислексија:
Фаза на подготовка, техника на читање и пишување и автоматизација.
1. Фазата на подготовка се состои од два дела:
а. развој на психомоторни и субјазични функции
б. усвојување на букви
2. Фаза - вежбање на техниката на читање и пишување
а. Читање од тетратка (табла) или од коцки според поставената задача.
б. Сложување коцки од букви според диктат и повторување на логопедот
в. Самостојно сложување коцки и гласно поврзување на буквите кои се редат.
Во првата етапа детето се учи правилно да ги перципира буквите по правилен редослед.
Во втората етапа детето го развива акустичниот редослед на гласови и аудитивно
внимание, бидејќи слуша што му зборува логопедот со бавно темпо.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 21
Во третата етапа детето мора да постигне максимална интеграција на сите споменати
функции. Оваа етапа го воведува детето и во пишување.
3. Фаза за автоматизирање на читањето и пишувањето
Потребно е што повеќе да се вежба и повторува бидејќи тоа допринесува за совладување
на техниката за читање.
Покрај добра мотивација потребен е и погоден материјал за читање. Треба да се примени
постепено намалување на буквите во текстот, постепено забрзување на темпото на
читање, постепено зголемување на должината на текстот, постепено внесување непознати
зборови, постепено совладување на ортографските правила, постепено совладување на
друго писмо.
3.2 Улога на специјалниот едукатор и рехабилитатор во третманот на
дислексија
Нормалниот развоен процес е спонтан. Но постојат многубројни надворешни и внатрешни
фактори кои можат да го потпомагаат или отежнуваат нормалниот развоен процес.
Дијагностиката на развојните дислексии и дисграфии произлегува од општата и
специфичната дијагностика.
Дефектолошката процена почнува од познавање на процесите на психомоторен развој во
областа на анатомијата, физиологијата, сензорните, моторните, сознајните како и други
психолошки функции. Дефектологот/дијагностичарот треба да спроведе и сопствени
истражувања кои се однесуваат на: психомоторниот развој, когнитивните способности,
испитување на латерализација, испитување на субговорните фунцкии, испитување на
говорот и јазикот и испитување на читањето и пишувањето. Развојот на моторните и
гностичките функции му претходи на говорниот развој. Когнитивниот развој се потпира
на организираното психичко и сензорно искуство, но и самиот е организиран со системот
на јазичен развој.
Во консултации со родителите и ученикот, доколку наставникот не може да согледа
подобрување на успехот на ученикот, може да се вклучи училишниот дефектолог кој би
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 22
работел со ученикот на дополнителни часови. Специјалниот едукатор треба да примени
техники на подучување, соодветни за лица со дислексија во областите во кои се
забележани тешкотии во учењето. Секако дека и дефектолозите треба да имаат познавања
за начинот на подучување на децата со тешкотии во учењето, во зависност од тоа кои
области се повеќе засегнати. При работа со ученикот, дефектологот пред сè треба да го
утврди стилот на учење кој најмногу му одговара на ученикот за да може да му даде
соодветна поддршка при совладување на училишниот материјал.
Доколку ученикот подобро учи преку слушање, односно има аудитивен стил на учење
како доминантен, тогаш поддршката треба да биде заснована на дискусии за темата која се
обработува. Ученикот треба да се поттикнува да ги повторува работите што ги слуша. За
учениците со аудитивен стил на учење важно е уште на почетокот на часот да бидат
запознаени што ќе учат на часот и што ќе научат. На крајот на часот треба накратко да му
се даде резиме за она што се зборувало на часот.
Учениците што имаат визуелен стил на учење подобро памтат доколку она што се зборува
е проследено и со илустрации. За да се постигнат добри ефекти и полесно совладување на
материјалот, треба да се применуваат илустрации, графикони, видеа или други визуелни
средства.
Учениците со кинестетичко–тактилен стил на учење, најдобро учат преку допир и
движење. На пример, полесно ќе ги научат буквите доколку ги моделираат со пластелин
или ги испишуваат во воздух. Лесно може да ги вознемират надворешни звуци и движења
и затоа е потребно да се обезбеди мирна средина за учење. Користење на маркери за
обележување на клучните поими им го олеснува учењето.
Слика 12. Букви од пластелин
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 23
Работата со специјален едукатор ќе му помогне на ученикот полесно да го совладува
училишниот материјал и да покажува подобри резултати. Доколку дефектологот има
дополнително образование за работа со ученици со дислексија, тогаш во голема мера
може да помогне и во надминување на дислексичните тешкотии поврзани со читањето и
пишувањето.
3.3 Психолошка поддршка на лицата со дислексија
Емоциите претставуваат возбудена состојба на организмот предизвикана од субјективно
значаен, важен стимулус (ситуација), која физиолошки, моторно, мотивационо и ментално
ја подготвува личноста за адаптивна активност. Тие се сложени когнитивно-физиолошко-
бихеjвиорални реакции, кои имаат двојна функција: адаптација и комуникација.
Децата со специфични тешкотии во учењето се во поголем ризик да развијат:
 негативна слика за себе (дека не се доволно способни, паметни, вешти);
 слаба мотивација за учење;
 научена беспомошност (однапред, уште пред да се обидат, мислат дека не можат,
не знаат...);
 анксиозност (вознемиреност, неудобност, чувство на непријатност);
 депресивност (безволност, повлеченост, осаменост).
Многу често, учениците со тешкотии во учењето немаат некои видливи пречки како што
се моторичките или пречките поврзани со вид, слух, па така нивниот неуспех, сè додека
точно не се детектира причината што предизвикува тешкотии, се препишува на
мрзливоста на детето, неговата неодговорност, недоволното залагање итн. Пред детето се
поставуваат барања што всушност тоа не е во состојба да ги постигне, па така, и покрај
трудот, постојано доживува неуспех и, наместо пофалби, најчесто добива критики.
Повеќето ученици што имаат тешкотии во учењето имаат ранливи емоции, кои исто така
влијаат врз учењето. Овие емоции произлегуваат од различни причини како: фрустрација
поврзана со нивните тешкотии, чувство на отфрленост или уназаденост кога се
споредуваат со своите врсници, нервоза и проблеми со самодовербата кога гледаат дека
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 24
бавно напредуваат, збунетост, срам кога даваат грешен одговор или добиваат ниска оцена,
анксиозност што произлегува од фокусираноста поради нивните тешкотии, чувство на
неправда кога не ги забележуваат или ги негираат нивните силни страни.
За жал, децата со дислексија се особено под ризик од развој на ниска самодоверба. За да се
подигне самодовербата не е доволно децата само да се пофалуваат за нивното
постигнување, туку таа пофалба да биде за вистинското вложување труд и успех.
Најважно е децата високо да се вреднуваат себеси без оглед на нивното постигнување.
Децата со дислексија често се склони да имаат неуспеси до одреден степен, но тие не се
сами по себе доволна причина за ниска самодоверба. Ниската самодоверба кај децата се
манифестира на различни начини во зависност од индивидуалниот темперамент на децата.
Постојат ефективни методи, стратегии и програми кои ги подобруваат комуникациските
вештини и кои ја овозможуваат самодовербата на децатa.
Друга активност што значително помага при намалувањето на психофизичките и
емоционалните тешкотии е „арт-терапијата“, која претставува креативна и експресивна
активност базирана на комбинација од игра, цртеж, музика, боја и слика.
Психолошките работилници, кои се дел од практиката на стручните соработници, се исто
така важни, особено во доменот на развивање на социјалните односи, односот кон себе,
грижата за себе и релациите со другите.
Психолозите можат да бидат корисни за децата со дислексија кои се борат со депресија,
анксиозност, самодоверба, нарушување на хиперактивноста со дефицит на внимание
(АДХД) или други проблеми со менталното здравје. Родителите треба да му овозможат на
детето да посетува психолог проактивно ако се сомневаат дека нивното дете има
дислексија или неодамна му била дијагностицирана дислексија. Психологот може да им
помогне на родителите да најдат начин да му ја објаснат состојбата на нивното дете.
Силно се препорачува родителите да се консултираат со психолог кога се сомневаат дека
нивното дете е депресивно, анксиозно, одбива да оди на училиште, е малтретирано или е
насилник, има проблеми со гневот или други проблеми во однесувањето. Ако родителите
постојано слушаат негативни изјави како „Јас сум многу “глупав” или „Мразам училиштe”
тоа е исто така причина да размислат за професионална помош. Има дури и истражување
кое покажува дека учениците со потешкотии во учењето може да бидат изложени на ризик
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 25
од депресија и самоубиство (McBride & Siegel, 1997). Иако изјавите за желба за смрт или
самоповредување може да бидат само израз на фрустрација, тие исто така треба да се
сфатат сериозно. Терапевтот може да помогне во следењето на ова и да им помогне на
децата да изградат вештини за да ја промовираат својата самодоверба и да се заштитат со
здрави вештини за справување против негативното мислење за себе.
3.4 Улога на персоналните асистенти
Работата на дефектолозите ја олеснува работата на наставниците давајќи им поддршка.
Меѓутоа, работата на персоналните асистенти директно влијае врз работата на
наставникот за време на часот. Персоналниот асистент е личност која спроведува
индивидуална работа со учениците со специфични тешкотии во учењето, остварувајќи
притоа двојна улога: им помага на учениците за усвојување на воспитнообразовните
содржини и воспоставува интеракција помеѓу учениците со пречки во читањето и
останатите ученици во одделението. Персоналниот асистент настојува да му овозможи на
ученикот да стане независен во што поголема мера и му помага да ги подигне стандардите
на постигнувања на ученикот со дислексија.
Целта на работата на персоналните асистенти е да се работи со децата кои имаат потреба
од помош и поддршка за успешно да ги совладаат образовновоспитните предизвици.
Заедно со наставникот, персоналниот асистент во одделението создава атмосфера во која
децата учат и се развиваат сè до својот полн потенцијал. Иако асистентите немаат
можност да одлучуваат што и како ќе учи ученикот со дислексија, тие заедно со
наставниците дејствуваат како мост помеѓу ученикот и наставната програма, односно се
грижат учениците да научат сè што е предвидено во планот и програмата.
Персоналните асистенти имаат своја улога и свои одговорности, а тоа се давање поддршка
во учењето и подучувањето на начин што ќе настојува да ги приспособи одредените
активности и содржини на можностите на детето, воспоставување позитивни односи и
комуникација со соучениците, наставниците, родителите и останатите членови на
училишната заедница, на што се надоврзува и улогата за соработка со наставниците и
родителите за прифаќање совети и помош од другите.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 26
Улогата на асистентот првенствено се гледа во давањето поддршка на учениците со
дислексија преку: давање и појаснување на упатствата; мотивирање и поттикнување на
ученикот; воспоставување добри односи со другите ученици; промовирање и
поттикнување на самодовербата и независноста на ученикот; поттикнување на учениците
да ги постават своите цели и самооценување; помош на ученикот при учење и следење на
наставата. Конкретните должности на персоналниот асистент во секојдневното работење
во училиштето се:
-Персоналниот асистент пристигнува 10 минути пред ученикот и го чека надвор пред
училиштето, го презема од родителот или од организираниот превоз.
-Му помага на ученикот да ги подготви книгите и приборот потребен за следење на
наставата.
-Се грижи ученикот да запишува забелешки или да препишува од училишната табла.
-Персоналниот асистент го поттикнува ученикот и го насочува во наставата, го придржува
учебникот, ги фиксира работните листови или тетратки на подлогата.
-На крајот на наставата, персоналниот асистент го води ученикот до просторијата на
дефектологот или, пак, до превозот или родителите кои го носат дома.
Персоналниот асистент треба да ги познава основните информации за детето со кое
работи и неговото семејство и да биде запознаен со целите и очекувањата на родителите.
Доколку е потребно, асистентот може да им даде упатство на родителите за активности
што можат да се работат дома за да се подобри процесот на учење. Заедно со наставникот,
персоналниот асистент им дава информации на родителите за напредокот на детето.
Давањето поддршка од страна на персоналните асистенти треба да се одвива многу
внимателно, бидејќи постои можност за појава и на негативна страна, а тоа е чувството на
заштита што му се дава на детето нудејќи му комфор, сигурност и внимание. Во тој случај
конструктивните стратегии за справување со учењето и тешкотиите во однесувањето
можат да се сведат на долна граница.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 27
3.5 Поддршка од родителите и наставниците
Покрај споменатите експерти, многу важна улога во терапијата на дислексијата кај децата
имаат наставниците и родителите. Наставникот е често првиот човек кој ги открива
тешкотиите на детето и за тоа ги известува родителите и училишните стручни
соработници. Наставникот е тој што ја продолжува секојдневната работа со детето во
одделението, помагајќи им во рехабилитацијата на логопедите и психолозите. Многу
важен услов во успехот на рехабилитацијата е постојаната врска помеѓу наставниците,
логопедите и психотерапевтите. Наставникот треба да ги следи препораките на логопедот
и редовно да го информира за напредокот на детето во совладувањето на јазичниот
материјал. Логопедот од своја страна треба максимално да ги вклучи наставниците во
рехабилитациската работа.
Нема да има корист од логопедската терапија и психотерапијата ако наставникот
продолжи да се однесува со детето на вообичаен начин, односно ако продолжи да мисли
дека неговите многубројни грешки се резултат на мрзеливост, или невнимание . Ако
детето е вклучено во психотерапија поради фрустрација предизвикана од сопствениот
неуспех, учителот треба да создаде поволна атмосфера во училницата - индивидуално да
се намалат барањата на наставните материјали, да се приспособи системот за оценување
на специфичната тешкотија на детето, да не се казнува и да не се присилува на никакви
фрустрирачки активности. Особено е важно наставникот да го запозне и почитува
индивидуалниот стил на учење и профилот на доминација на детето.
Бројните и упорни специфични грешки не се вина на детето, тие се негова потешкотија.
Правило за наставниците: Дисграфичките грешки не смеат да влијаат на оценката!
Наставникот треба во текот на логопедската терапија да го ослободи детето од оценување
на конкретни грешки или како што практикуваат некои наставници, сите да се бројат како
една грешка.
За децата со дислексија, комуникацијата и меѓусебната поддршка помеѓу училиштето и
домот е многу важна. Како примарна почетна точка, родителите прво треба да му
овозможат на детето да посетува логопед и други стручњаци со цел да се обезбеди
соодветна терапија. Родителите треба да бидат подготвени на недоразбирањата на кои ќе
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 28
наидуваат во училиштата, исто како што понекогаш ќе се случи наставниците да го
предупредат родителот за проблемите на детето, а тој нема да биде подготвен да се соочи
со тоа и да помогне. Оној кој ги разбира проблемите на детето и сака да му помогне, ќе
наиде на различни препреки, затоа треба само трпеливост и упорност.
Неопходно е родителите да ја поддржат работата на логопедот со детето, да разговараат со
логопедот, и да ги прифатат стручните совети и упатства за работа со детето. Потоа,
родителите треба да се едуцираат и да се информираат за дислексијата бидејќи само ако ги
разбираат тешкотиите на своето дете, можат да му помогнат на вистински начин.
Континуирано треба да му се помага на детето да го совлада училишниот материјал,
бидејќи тоа не може само. Важно е да му се даде психолошка поддршка, и да се олесни
напорната работа што го чека секојдневно. Родителите и семејството на детето со
дислексија треба да му пружат радост, топлина и релаксација. Непрепознаената
дислексија може да резултира со тешко детство. Напротив, ако дислексијата се препознае
и разбере, детето ќе има поволни услови во кои ќе расте, а дополнителната работа нема да
биде, за него, прекумерно психолошко оптоварување. Бидејќи дислексијата генерално не е
добро позната во нашето општество, родителите честопати ќе треба да ја предупредат и
запознаат околината (училиште, роднини, пријатели) со потребите и ограничувањата на
детето. Се препорачува родителите да контактираат со луѓе кои ги имаат истите проблеми,
со цел размена на искуства.
Слика 13. Поддршка на учениците со дислексија
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 29
4. ЗАКЛУЧОК
Читањето е главна вештина во учењето на учениците и поради тоа дислексијата создава
тешкотија во учењето. Може да се каже дека дислексијата е повеќедимензионална
тешкотија во учењето. Фактот што дислексијата има повеќе карактеристики е причина за
тоа што понекогаш е тешко да се идентификува.
Важно е да се знае дека дислексијата не е предизвикана од лоши училишта, не е
предизвикана од лоша наставна практика, ниту, пак, од несовесни родители или, од тешки
услови за живот во домашната средина. Овие фактори може да ги направат работите
потешки за детето со дислексија, но никако не можат да предизвикаат дислексија. Поради
тоа, дислексијата не треба да се гледа како попреченост, туку како различен стил на
учење.
Тешкотиите во читањето значително влијаат на секојдневниот живот и образованието на
една личност. За да се намалат или елиминираат тешкотиите со кои се соочуваат лицата со
дислексија, неопходен е соодветен третман и мултидисциплинарен пристап од тим на
професионалци. Третманот на дислексијата ќе биде поефективен ако се спроведе што е
можно порано и доколку има квалитетна проценка и поддршка од семејството и
околината.
За време на истражувањето и пишувањето на дипломската работа ги проширив моите веќе
постоечки знаења за дислексијата и дојдов до заклучок дека улогата и соработката помеѓу
родителите, наставниците, логопедите, специјалните едукатори и рехабилитатори
(дефектолозите), психолозите и другите стручни лица е многу важна и клучна во
откривањето и лекувањето на дислексијата.
Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија
стр. 30
5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
1. Каровска-Ристовска, А. Кардалеска, Љ. Ајдински, Г. 2016. “Специфични тешкотии во
учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија)”, Скопје: Филозофски
Факултет
2. Каровска-Ристовска, А., Кардалеска, Љ. Ајдински, Г. Шурбановска, О. 2018. “Процена и
стратегии за работа со ученици со дислeксија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија”,
Скопје: Филозофски Факултет.
3. Шурбановска, О., Николовска-Тасевска, С. 2018, “Извештај од истражувањето за
застапеност на дислексија помеѓу средношколците во Р. Македонија”, Скопје: Здружение
за дислескија АЈНШТАЈН.
4. “ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО” - Прирачник за
стручни соработници во основните училишта, Скопје, 2017 - Андријана Тасевска, м-р
Горица Мицковска
5. “ДИСЛЕКСИЈАТА (НЕ) ПРЕПОЗНАЕНА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ” - Скопје, 2018 -
Здружение за дислексија “АЈНШТАЈН” Скопје
6. “СПЕЦИФИЧНИ ТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО КАЈ УЧЕНИЦИТЕ – ДИСЛЕКСИЈА” –
Орхидеја Шурбановска
7. “Прирачник за идентификација и поддршка на учениците со дислексија” - Скопје, 2017,
- Славица Тасевска Николовска. – Скопје, Здружение за дислексија Ајнштајн
8. “Рехабилитација на патологија на јазик” – м-р Мира Јовановска, 2020
9. https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/dyslexia/diagnosis-treatment/drc-20353557
10. Dyslexia | Psychology Today
11. Social and Emotional Problems Related to Dyslexia - International Dyslexia Association
(dyslexiaida.org)

More Related Content

Similar to Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија - Лидија Ноткова

Talentirani rabotilnica 1
Talentirani   rabotilnica 1Talentirani   rabotilnica 1
Talentirani rabotilnica 1
Milena Ignjatova
 
КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР
First Children's Embassy in the World
 
КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР
Детска Амбасада Меѓаши
 
Vladimir Trajkovski-Kako da go dijagnosticirame autizmot vo novata era-Gaspar...
Vladimir Trajkovski-Kako da go dijagnosticirame autizmot vo novata era-Gaspar...Vladimir Trajkovski-Kako da go dijagnosticirame autizmot vo novata era-Gaspar...
Vladimir Trajkovski-Kako da go dijagnosticirame autizmot vo novata era-Gaspar...
Vladimir Trajkovski
 
Seminarski diplomski sovremeni semejstva-makedonski
Seminarski diplomski sovremeni semejstva-makedonskiSeminarski diplomski sovremeni semejstva-makedonski
Seminarski diplomski sovremeni semejstva-makedonski
borises
 
Programa science-i-oddelenie
Programa  science-i-oddeleniePrograma  science-i-oddelenie
Programa science-i-oddelenieNatasa Durtanoska
 
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТМИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
First Children's Embassy in the World
 
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТМИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
First Children's Embassy in the World
 
Брошура Култура за мир
Брошура Култура за мирБрошура Култура за мир
Брошура Култура за мир
First Children's Embassy in the World
 
Брошура Култура за мир
Брошура Култура за мирБрошура Култура за мир
Брошура Култура за мир
Детска Амбасада Меѓаши
 
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Metodi i intervencii bazirani na dokazi vo spe...
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Metodi i intervencii bazirani na dokazi vo spe...Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Metodi i intervencii bazirani na dokazi vo spe...
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Metodi i intervencii bazirani na dokazi vo spe...
Vladimir Trajkovski
 
Инклузивно образование (мај 2017)
Инклузивно образование (мај 2017)Инклузивно образование (мај 2017)
Инклузивно образование (мај 2017)
Valentina Petrova
 
ЗБОРНИК КОН МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
ЗБОРНИК КОН МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗБОРНИК КОН МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
ЗБОРНИК КОН МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Детска Амбасада Меѓаши
 
Планирање на реализацијата на наставната програма за 4 одделение (1).doc
Планирање на реализацијата на наставната програма за 4 одделение (1).docПланирање на реализацијата на наставната програма за 4 одделение (1).doc
Планирање на реализацијата на наставната програма за 4 одделение (1).doc
SanjaIlievska
 

Similar to Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија - Лидија Ноткова (14)

Talentirani rabotilnica 1
Talentirani   rabotilnica 1Talentirani   rabotilnica 1
Talentirani rabotilnica 1
 
КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР
 
КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР
 
Vladimir Trajkovski-Kako da go dijagnosticirame autizmot vo novata era-Gaspar...
Vladimir Trajkovski-Kako da go dijagnosticirame autizmot vo novata era-Gaspar...Vladimir Trajkovski-Kako da go dijagnosticirame autizmot vo novata era-Gaspar...
Vladimir Trajkovski-Kako da go dijagnosticirame autizmot vo novata era-Gaspar...
 
Seminarski diplomski sovremeni semejstva-makedonski
Seminarski diplomski sovremeni semejstva-makedonskiSeminarski diplomski sovremeni semejstva-makedonski
Seminarski diplomski sovremeni semejstva-makedonski
 
Programa science-i-oddelenie
Programa  science-i-oddeleniePrograma  science-i-oddelenie
Programa science-i-oddelenie
 
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТМИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
 
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТМИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
МИРОТ СЕ ГРАДИ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
 
Брошура Култура за мир
Брошура Култура за мирБрошура Култура за мир
Брошура Култура за мир
 
Брошура Култура за мир
Брошура Култура за мирБрошура Култура за мир
Брошура Култура за мир
 
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Metodi i intervencii bazirani na dokazi vo spe...
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Metodi i intervencii bazirani na dokazi vo spe...Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Metodi i intervencii bazirani na dokazi vo spe...
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski: Metodi i intervencii bazirani na dokazi vo spe...
 
Инклузивно образование (мај 2017)
Инклузивно образование (мај 2017)Инклузивно образование (мај 2017)
Инклузивно образование (мај 2017)
 
ЗБОРНИК КОН МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
ЗБОРНИК КОН МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗБОРНИК КОН МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
ЗБОРНИК КОН МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
 
Планирање на реализацијата на наставната програма за 4 одделение (1).doc
Планирање на реализацијата на наставната програма за 4 одделение (1).docПланирање на реализацијата на наставната програма за 4 одделение (1).doc
Планирање на реализацијата на наставната програма за 4 одделение (1).doc
 

Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија - Лидија Ноткова

  • 1. УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ –СКОПЈЕ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ЛОГОПЕДИЈА Тема: МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ДИСЛЕКСИЈА -ДИПЛОМСКА РАБОТА- Ментор: Кандидат: Проф. Д-р Јане Нетковски Лидија Ноткова Бр. на индекс: 633 СКОПЈЕ, 2023 година
  • 2. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 2 СОДРЖИНА 1. Вовед.....................................................................................................................3 2. Дислексија............................................................................................................5 2.1 Историјат..................................................................................................5 2.2 Дефиниции...............................................................................................7 2.3 Причини...................................................................................................8 2.4 Поделба..................................................................................................10 2.5 Знаци и симптоми..................................................................................11 2.6 Дијагноза и проценка............................................................................13 3. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија..........................15 3.1 Улога на логопедот во третманот на дислексија................................17 3.2 Улога на специјалниот едукатор и рехабилитатор во третманот на дислексија....................................................................................................21 3.3 Психолошка поддршка на лицата со дислексија................................23 3.4 Улога на персоналните асистенти.......................................................25 3.5 Поддршка од родителите и наставниците..........................................27 4. Заклучок..............................................................................................................29 5. Користена литература........................................................................................30
  • 3. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 3 1. ВОВЕД Читањето е една од основните вештини за размена на информации во општеството. Најголем дел од информациите во нашето секојдневие ги добиваме преку пишаниот текст, со читање. Тоа е основа на секој образовен систем, ни овоможува пристап до нови знаења, и е особено важно во личниот напредок на индивидуата. За уредно усвојување на читањето, потребни се многу јазични и други "нејазични" знаења и вештини. Но, што претставува читањето? Читањето е доста сложен когнитивен процес кој опфаќа декодирање на пишаните симболи за да се дојде до нивното значење и да се разбере она што е напишано. Тоа е еден активен психолошки процес на размислување насочен кон градење на значењето на зборовите. Основната цел на читањето е да се разбере текстот. За време на оваа обработка на информации, читателот користи стратегии за да разбере што чита, користи теми за да ги организира идеите и користи текстуални индиции за да ги пронајде значењата на новите зборови. Читањето има фундаментално значење за развојот на критичкото и имагинативното мислење кај децата, нивниот интелектуален и емоционален развој. Тоа не почнува да се развива кога детето ќе тргне на училиште, туку корените на оваа вештина се стекнуваат уште од предучилишна возраст кога детето ќе почне да разгледува сликовници и да ги идентификува лицата и предметите од сликите. За развој на читањето значаен е активен пристап, разговор за прочитаното, вклучување на детето во разни интересни активности и пронаоѓање на соодветни шеми. Со цел да станат компетентни читачи, децата треба да научат ефективни стратегии за идентификување и разбирање на сите зборови. Инструкциите за писменост мора да содржат експлицитно подучување и практики за децата да се оспособат да читаат флуентно, со самодоверба и разбирање. Кај децата со дислексија потребни се многу повеќе начини и стратегии за развој на читањето. Поради различниот когнитивен стил овие деца треба да имаат и различни патишта за учење на читањето.
  • 4. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 4 Кај овие деца процесот на учење на читање и пишување се одвива значително побавно отколку кај другите деца, со многу повеќе напор, а со многу помалку успех. Тешкотиите во читањето се однесуваат на брзината и прецизноста на читањето како и нивото на разбирање на прочитаното. На децата со дислексија им треба долго време за да прочитаат , ја задржуваат навиката за тивко изговарање на зборовите при читање, не читаат течно. Ритамот и начинот на читање главно се одредуваат со повремени паузи поради непрецизност во читањето, а точките на крајот од реченицата не ги доживуваат како знаци за разграничување на две реченици. Слушајќи ги како читаат на глас овие деца со сите здружени знаци, добиваме впечаток на едно неточно, лошо читање. До пред неколку години во нашето општество дислексијата беше непознат термин, а малкумина знаеја како да ја детектираат и како да им помогнат на лицата со дислексија во образовниот процес. Учениците со дислексија често се етикетирани како “мрзеливи, глупави, незаинтересирани, помалку интелектуално способни, и како ученици што не се трудат доволно”, без да се утврди дека децата имаат тешкотии во учењето и читањето. Поради ваквите именувања во понатамошниот развој на учениците се создаваат услови за посериозни психолошки промени што се манифестираат со фрустрации, губење самодоверба, повлекување во себе, создавање лоша слика за себе, несоодветни социјални врски и неретко депресија. Раната идентификација е од суштинско значење бидејќи најефективниот начин да му се помогне на дислексичар, е решавањето на потешкотијата во првите години од школувањето.
  • 5. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 5 2. ДИСЛЕКСИЈА 2.1 Историјат Адолф Кусмаул 1877 година Во 1877 година, од страна на германскиот невролог, Адолф Кусмаул, дислексијата за прв пат била наречена „слепило на зборови“ (целосно слепило на текст) иако моќта на видот, интелектот и моќта на говорот биле недопрени. Рудолф Берлин 1887 година Една деценија подоцна, германскиот лекар - офталмолог Рудолф Берлин прв го употребил терминот „дислексија“ за да ги опфати предизвиците во читањето како резултат на попреченост. Берлин прв го опишал синдромот „дислексија“ во своето дело „Eine besondere Art der Wortblindheit (Дислексија)“ во 1887 година. Тој го користел овој термин за да ги опише проблемите со читањето кои не биле резултат на нарушен говор ниту на оштетувања на видот. Семјуел Т. Ортон (1879-1948) Др. Ортон бил невропсихијатар и патолог кој работел со возрасни пациенти кои имале оштетување на мозокот поради повреда. Тој го искористил знаењето што го стекнал работејќи со овие пациенти и го применил на децата со очигледно недопрена невролошка функција на мозокот, но со пречки во обработката на јазикот, кои ќе бидат именувани како Дислексија. Слика 1. Др. Адолф Кусмаул Слика 2. Др. Рудолф Берлин Слика 3. Др. Семјуел Ортон
  • 6. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 6 Во 1925 година, д-р Ортон формирал 2-неделна студија во која ги оценувал учениците кои „не успеваат во училиштето“ и открил дека имаат просечни, па дури и натпросечни резултати на тестовите за коефициент на интелигенција, но се соочуваат со стрефосимболија, што значи „извртени симболи“. Од ова истражување, тој ја предложил и првата теорија за тоа како настануваат тешкотиите при читањето, а тоа е дека десната хемисфера кај овие деца е доминантна во однос на левата хемисфера од мозокот. Д-р Ортон го формулирал концептот на „мултисензорна“ настава – со интегрирање на кинестетичкиот и тактилниот систем со што при учење на читањето ќе бидат вклучени и двете мозочни хемисфери. Подоцна тој заедно со психологот и едукатор Ана Гилингам во 1930-тите, верувајќи дека на учениците со тешка дислексија им е потребен мултисензорен пристап, особено употребата на аудитивни, визуелни и кинестетички стимулации, го развиле пристапот Ортон-Гилингам за читање за учениците со дислексија. Нивниот пристап се засновал на комбинирање директни, повеќесензорни стратегии. Мулти-сензорен пристап значи дека учениците го учат јазикот со уво (слушање), уста (зборување), очи (гледање) и рака (пишување). Процесот вклучува слушање звуци и кажување на звуците и имињата на буквите додека ги пишуваме. Раните 1960-ти години Интересот за дислексија опаѓал неколку години, но се вратил во 1960-тите. Неврологот Мекдоналд Кричли и психологот Тим Мајлс го отвориле “Центарот за слепило на зборови” во 1962 година. Центарот собрал многу истражувачи кои работеле со дислексични поединци. Подоцна Кричли објавил книга наречена „Дислексично дете“. Првата консензусна дефиниција 1968 година Во април 1968 година, на првиот состанок на Светската федерација за неврологија од страна на истражувачите за развојна дислексија и светска неписменост кој се одржал во шкотската болница за деца во Далас, Тексас е усвоена првата генерална и општо признаена дефиниција за дислексијата.
  • 7. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 7 1970-тите Во 1972 година, истражувачката Сандја Наиду објавила книга со наслов “Специфична дислексија” која е една од првите поголеми студии за дислексијата.. Нејзината книга, заедно со делото на Кричли, претставуваат пресвртница во раното истражување на дислексијата. 2.2 Дефиниции Зборот дислексија потекнува од грчкиот збор „dys“ што значи тешкотија (слаб, лош, несоодветен) и „lexsis“ што значи јазик (збор). Дислексија претставува потешкотија во совладување на читањето и покрај нормалната интелигенција, добриот вид, систематската обука и други поволни едукативни, психолошки и социјални фактори. Таа е всушност значајно несогласување помеѓу вистинското и очекуваното ниво на читање во однос на менталната возраст. Светска федерација за неврологија Во 1968 СФН ја дефинира дислексијата како „Пореметување кое се манифестира со тешкотии во читањето и покрај адекватните образовни инструкции, соодветната интелигенција и социо-културните можности. Тоа зависи од основните когнитивни попречености кои често имаат конституциско потекло.” Британска асоцијација за дислексија “Дислексијата претставува тешкотија во учењето што првенствено влијае на вештините за точно и течно читање и пишување. Карактеристични обележја на дислексијата се тешкотиите во фонолошката свест, вербалната меморија и брзината на вербалната обработка.” Слика 4. СФН Лого Слика 5. БАД Лого
  • 8. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 8 Интернационална асоцијација за дислексија „Дислексијата е специфична попреченост во учењето која има невробиолошко потекло. Се карактеризира со тешкотии во прецизноста и/или течноста во препознавањето на зборовите и со слабо спелување и декодирање.” Европска асоцијација за дислексија “Дислексијата се користи како термин за нарушување кое главно се карактеризира со сериозни тешкотии во стекнувањето на вештини за читање, спелување и пишување.” 2.3 Причини Причините за дислексијата не се целосно јасно утврдени. Генерално, според истражувањата може да се каже дека оваа состојба има невролошка и конституциска основа, односно проблемот со читањето е предизвикан од генетска, наследна разлика во начинот на кој мозокот го обработува јазикот. Двете страни на мозокот, левата и десната хемисфера, изгледаат слично, но функционираат сосема различно. Левата хемисфера кај лицата без дислексија е доминанта и одговорна за читачките и јазичните задачи. Десната хемисфера се смета за интуитивна, креативна, дел од мозокот кој се занимава со тродимензионални облици и прикази. Овој дел од мозокот е способен да ги разбере сложените конфигурации и сртуктури. Според Алберт Галабурд за време на бременоста доаѓа до послаб проток на крв во мозокот и заостанување во развојот на левата хемисфера, па така говорно – јазичните функции ги презема десната хемисфера и таа станува доминантна кај овие лица. Според теоријата на Рон Дејвис, менталната функција која ja предизвикува дислексијата може да биде дарба во вистинска смисла на зборот: природна способност, талент. Ова не значи дека сите деца со дислексија ќе развијат таленти, но, сепак, сите тие имаат одредени заеднички ментални функции како што ce: креативност, интуиција, размислување "out of Слика 6. ИАД Лого Слика 7. ЕАД Лого
  • 9. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 9 box" и гледање на имагинарните слики како 3Д-проекции. Ова оди во прилог на теоријата дека лицата со дислексија доминантно ja користат десната хемисфера од мозокот преку која ce контролирани токму овие карактеристики. Учениците со дислексија, најчесто, ce бистри и креативни, ja гледаат големата слика на нештата наспроти деталите. Неретко ce случува ученик со дислексија со забележителни симптоми на тешкотии во читањето и пишувањето да го знае одговорот на некое прашање или задача, a да не знае да објасни како дошол до решението. Ова доаѓа од холистичкиот пристап што го имаат и кој е карактеристичен за десната хемисфера од мозокот. Лицата со дислексија размислуваат доминантно со слики, a не вербално, поради што ce соочуваат со дешифрирање на пишаните зборови, кои не претставуваат слики туку симболи за некој предмет, појава, активност, опис итн. Некои од најсигурните методи за проучување на дислексијата се методите на невровизуелизација, како што се МРИ (магнетна резонанца), ПЕТ (позитронска емисиона томографија) итн. Со нивна помош, научниците успеале да докажат дека абнормалностите се предизвикани од невробиолошки причини. Значи, кај луѓето со дислексија, областа на задниот дел на левиот среден темпорален гирус е помалку активна. Покрај тоа, тие имаат разлики од нормата во структурата на мозочното ткиво - во пределот на задниот дел на средниот темпорален гирус лево има области со намалена густина. Слика 8. Мозочни центри во двете хемисфери
  • 10. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 10 Истражувањата покажале дека кога луѓето со дислексија се обидуваат да читаат, предниот дел од мозокот е премногу стимулиран, додека клучните централни и задни делови се недоволно стимулирани. Покрај овие невробиолошки фактори кои предизвикуваат развој на дислексија, експертите идентификуваат и други како што се: Нерамнотежа помеѓу хемисферите на мозокот; Трауматска повреда на мозокот; Тешки инфекции како менингитис, енцефалитис; Предвремено отфрлање на плацентата; Фетална асфиксија; Компликации за време на бременоста поврзани со инфекции (сипаници, херпес, рубеола) или употреба на токсични материи (дрога, алкохол, пушење) Социјалните фактори и околината не можат да предизвикаат дислексија, но може да влијаат на состојбата на дислексичното дете. Прекумерното оптоварување од наставникот или педагошкото запоставување, нефункционалното опкружување, негрижата од родителите, недостатокот на комуникација, лош говорен модел, синдромот на изолација, можат значително да ја влошат состојбата на детето. 2.4 Поделба Постојат главно 2 широки категории на дислексија: -Здобиена која настанува кога едно лице добро чита, но губи дел од таа способност како резултат на повреда на мозокот (мозочен удар или сообраќајна несреќа). -Развојна настанува кога децата имаат проблем со читањето од самиот почеток. Оваа дислексија најчесто е наследна или предизвикана во текот на бременоста. Слика 9. стимулирани области на мозокот за време на читањето кај лица без и со дислексија
  • 11. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 11 2.5 Знаци и симптоми Дислексијата не ги погодува сите деца во иста мера. Присутна е голема разноликост и затоа, симптомите можат да се разликуваат од дете до дете. Главни показатели за дислексија се (Golubović, 2000): - Тешкотии во поврзувањето на буквата и гласот; - Замена на графички сличните букви (б-д, м-н, с-з, ш-т, добар – бодар, бебе – деде, нема – мене); - Додавање букви кои не постојат во зборовите; - Погодување на зборовите; - Структурни промени во зборот – преместување или вметнување на букви (врата – трева, ниво – вино); - Замена на фонетски слични букви (д-т, г-к, б-п, з-с, држи – тржи, бере – пере, грее – крие); - Замена на слогови (он – но, еј – је, ние – ине, до – од); - Замена на зборови (мрачен – мачка, добар – обад); - Додавање букви и слогови (брада – барада, мравка – марква); - Повторување на делови од зборот (насмеанан, рамемења); - Тешкотии во следењето на низите на буквите или бројките (слон – солон, 21 – 12); - Тешкотии во следењето на насоката на читањето (горе – долу, лево – десно); - Враќање на веќе прочитаниот ред; - Изоставање на букви, зборови и цели редови; - Читање на еден збор на неколку погрешни начини - Бавност, различни блокади и паузи;
  • 12. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 12 - Читање напамет и по прилика; - Нејасна и површинска артикулација; - Слабо разбирање на прочитаното. - Тешкотиите во читањето може да се поврзани и со дефицит на визуелна перцепција кај децата со дилексија (визуелна дислексија) - Неспособноста за аудитивна перцепција и диференцијацијата на фонемите (аудитивна дислексија – глувост за фонеми), Слика 10. Знаци на дислексија
  • 13. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 13 Покрај тешкотиите во читањето со кои се соочуваат децата со дислексија, кај нив често можат да бидат присутни и други пропратни знаци и симптоми како што се: - Дисграфија (проблеми во пишувањето) - Проблеми со броеви и математички операции (Дискалкулија) - Проблеми со јазикот и говорот - Проблеми при ориентација и моторни вештини - Проблеми со меморирање (лоша и краткотрајна меморија) - Слаба концентрација и внимание Емоционални и социјални проблеми кај децата со дислексија Детето кое има тешкотии во читањето и пишувањето, а не наидува на разбирање и помош ниту во семејството ниту во училиштето често наоѓа решение во различни невролошки реакции. Така невротските пречки стануваат придружни симптоми на дислексичните симптоми, а понекогаш и доминантен проблем, кој доведува до социјални, емоционални и едукативни проблеми, кои, од друга страна, ги зголемуваат дислексичните пречки. Кај децата често се јавуваат ниска самодоверба, лоша слика за себе, гнев, анксиозност, депресија, фрустрации итн.. 2.6 Дијагноза и проценка Пожелно е што побрзо да се открие дислексијата и брзо да се реагира. Колку побрзо се дијагностицира дислексијата, толку подобри ќе бидат ефектите од терапијата. Затоа будноста на родителите и наставниците е многу важна, бидејќи тие треба лесно да разликуваат обична мрзеливост и дислексија. На дете кое има дислексија, потребно е што поскоро да му се пружи стручна помош, поддршка од родителите, училиштето и животната средина. Секое одложување и задоцнување го отежнува отстранувањето на проблемот со што се создава се поголемо
  • 14. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 14 заостанување во совладувањето на училишниот материјал. Дислексијата обично не се дијагностицира пред крајот на второто или почетокот на третото одделение (околу 8-9 години). Процената на дислексијата е сложена и се изведува на специфичен начин што опфаќа обемна и детална проверка од страна на мултидисциплинарен тим. Воедно треба да се има предвид дека наставникот ја игра една од клучните улоги во процесот. Имено, наставникот најчесто е и првата личност која ќе идентификува дека детето не ги извршува своите должности и активности на соодветен начин. Наставникот обично може да ги забележи несовпаѓањата во постигнувањата на детето, особено меѓу усната и писмената изведба и треба да ги упатат децата и родителите на понатамошни испитувања. Покрај логопедскиот преглед кој вклучува голем број параметри поврзани со читањето и пишувањето на личноста и јазичното функционирање, проценката треба да вклучи и лична и семејна анамнеза, дефектолошка проценка, психолошки наоди, невролошка проценка, наоди од офталмолог (за да се исклучат проблеми со видот), аудиолог, наоди за социјалното однесување во одделението и надвор од него, како и наоди од други експерти. Дијагнозата на способноста за читање треба да ги опфати брзината, точноста и разбирањето при читањето. Потребна е комбинација од различни тестови за да се тестира читањето и разбирањето на зборови. Ова вклучува индивидуално тестирање на дете од страна на испитувачот. Крајната оцена, базирана врз поголемиот број изведени процени, ја носи мултидисциплинарниот тим. Во нашата држава нема воспоставено процедури за идентификација на дислексијата и другите специфични тешкотии во учењето како што се дисграфија, дискалкулија, диспраксија или АДХД. Според направените истражувања до сега утврдено е дека повеќе од 10 % од учениците можеби се соочуваат со дислексија поради што постигнуваат послаби резултати во текот на образованието. Затоа е неопходно наставниците, психолозите, педагозите и дефектолозите да се едуцираат и да ги прошируваат знаењата во оваа област за да можат навреме да ја препознаат дислексијата кај учениците, а потоа да им овозможат и соодветна поддршка.
  • 15. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 15 3. МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ДИСЛЕКСИЈА Важно е да се нагласи дека дислексијата не претставува болест и во никој случај не треба да се зборува за дислексијата како „дијагноза“ што претставува медицински термин. Таа не е болест која може да се излечи, туку состојба со која дислексичното лице се справува во текот на целиот живот. Дали детето навистина има дислексија тоа ќе го утврди стручниот тим. Логопедот ги испитува способностите за зборување, читање и пишување, психологот ја испитува интелигенцијата, вниманието, меморијата, перцепцијата, личноста итн., а детето често се упатува и на невролог и оториноларинголог за да се исклучи можна болест на централниот нервен систем, глувост итн. Важно е да се разбере дека на детето со дислексија му е потребна помош. Без помош, децата многу полошо и пократко ќе се школуваат отколку кога ќе им се им се пружи помош за совладување на тешкотијата. Освен тоа, детето ќе стекне лоша слика за себе (бидејќи не може да направи нешто што сите други го можат), а често и за околината и училиштето (затоа што сите му викаат или мислат дека е глупаво и мрзливо). Ако не му се пружи помош, постои опасност детето кога ќе порасне да стане невротична и несреќна личност, зависник или личност со непожелно и асоцијално однесување. Мултидисциплинарната рехабилитација се смета за клучен пристап во третманот на дислексијата. Со соодветна стратегија, терапија и поддршка од страна на мултидисциплинарниот тим кој е составен од стручни лица, тешкотиите предизвикани од дислексијата може значително да се подобрат и со тоа да им се олесни животот на тие лица. Основни принципи на терапевтската работа: Терапевтската работа на сите стручни соработници треба да биде организирана според општите принципи: 1. Активната терапија започнува веднаш штом ќе се потврди дијагнозата. 2. Сите видови терапија (логопедска, психолошка терапија и сл.) се спроведуваат истовремено.
  • 16. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 16 3. Се одржува постојан контакт помеѓу сите професионалци кои работат со детето, вклучувајќи го и наставникот. Едукацијата и соработката на наставниците значително влијае на долгорочните резултати од терапијата. 4. Се прави индивидуално прилагодување на методот и темпото на терапијата според можностите на детето, стилот на учење и организацијата на неговите психички активности. 5. Систематско се следи напредокот на детето, но се избегнува тестирање и други видови контролни задачи во училиштето. За време на терапијата, имаме за цел да утврдиме што совладало детето и што знае сега. 6. Во работата со ученици од сите возрасни групи, особено со помлади основци максимално ги користиме мултисензорните материјали. Материјалите и методите треба да ги приспособиме мултисензорно на стилот на учење и индивидуалните потреби на детето. 7. Кога работиме со ученици од пониско одделение, се потпираме на играта што е можно повеќе. Вежбите не смеат да предизвикаат досада или фрустрација кај децата. Корисни се манипулативните дидактички игри со вклучување сетилото за допир и кинестетичкиот анализатор. Според многу експерти, драмските игри се уште поефикасни од дидактичките. 8. На стекнувањето на која било вештина треба да и претходи создавање на функционален темел за истата. Ова е еден од најважните терапевтски принципи. Бидејќи незрелоста на одредени повисоки психолошки функции предизвикуваат потешкотии во совладувањето на читањето и пишувањето, неопходно е тие да се развијат со посебни вежби. 9. Работата треба да се одвива чекор по чекор. Првите терапевтски вежби кои му ги нудиме на децата треба да бидат во областа на нивниот досегашен развој. Детето ќе направи сè без тешкотии со што ќе се развесели и ќе се зголеми неговата мотивација за соработка со терапевтот. 10. Прво е она најважното. Како што знаеме, децата со дислексија имаат два основни видови на потешкотии во читањето - неправилна техника на читање и тешкотии во разбирањето на тоа што го читаат. Во терапевтската работа, ние се фокусираме првенствено на тоа детето да ја совлада основната цел на читањето – разбирањето.
  • 17. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 17 Мултидисциплинарниот стручен тим се состои од:  Логопед  Специјален едукатор и рехабилитатор – Дефектолог  Психолог  Педагог / Наставник  Персонален асистент за настава Особено значајни членови во рехабилитацискиот тим се родителите и членовите на семејството. 3.1 Улога на логопедот во третманот на дислексија Дијагностичката процедура на дислексијата вклучува многу повеќе од анализа на училишната тетратка на детето. Со цел да се избегне погрешно толкување на проблемот и да се открие дали се работи за дислексија или не, неопходен е стручен преглед од логопед. Логопедите се експерти обучени да работат на превенција, скрининг, откривање, проценка, дијагноза, советување, рехабилитација и третман на нарушувања на човечката комуникација, што подразбира нарушувања на јазикот, говорот и гласот, нарушувања на читањето и пишувањето, орално-ларингеални нарушувања и нарушувања во вербалната и невербалната комуникација кај лицата со посебни потреби (ментална ретардација, оштетување на слухот, итн.). При логопедскиот преглед детално ги проучуваме процесите на читање и пишување и на тој начин ја одредуваме специфичноста на тешкотиите и степенот на заостанување во овие вештини, а исто така и развојот на усниот говор. Сите деца со неразвиен говор имаат одредени потешкотии во совладувањето на читањето и пишувањето, но само една третина од нив имаат специфично нарушување на овие вештини, т.е. дислексија и дисграфија. Кога ќе се постави дијагнозата, детето треба да започне со соодветна логопедска терапија (на училиште, здравствен дом, болница, специјализирана установа итн.). Врз основа на своето стекнато знаење, проучувањето на литературата и методите, логопедот го обликува третманот во согласност со потребите на лицата со дислексија.
  • 18. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 18 Со оглед на видот и тежината на нарушувањето, логопедот изведува вежби насочени кон корекција на тешкотиите во читањето, пишувањето, разбирањето итн. Потребно е секојдневно интензивно вежбање со стручно лице логопед, не помалку од 3 месеци. Крајната цел на третманот на дислексијата е флуентност и точно читање и разбирање на прочитаниот текст. Според истражувањата децата кои во прво одделение започнуваат со лекување кај логопед или добиваат дополнителна поддршка од наставниците во паралелката, покажуваат подобри резултати во напредокот на своите вештини и помал процент од децата развиваат негативни емоции во споредба со децата кои започнале со третман во трето одделение. Во третманот главно се следи принципот според кој на почетокот се совладуваат основните вештини потребни за читање. Учењето обично се започнува со рима, така што детето слуша истакнати фонеми. Откако детето ќе ја совлада римата (перцепцијата на римата е токму перцепцијата на слог), започнува да учи слогови (Галиќ-Јушиќ, 2007). Слоговите се важни при читањето и тие овозможуваат полесно читање. Некои логопеди наместо да користат слогови при рано читање, користат анализа и синтеза на зборови, односно се потпираат на гласот како носител на читањето. За да може детето да користи анализа и синтеза, мора да има добро развиена аудитивна перцепција. Децата со дислексија многу често остануваат во оваа фаза долго време. Она што нас ни се чини едноставно и го правиме автоматски на децата со дислексија им создава дополнителни тешкотии. По учењето на пред-вештините, децата преминуваат во фаза на рано читање. Се читаат едноставни зборови и реченици и се внимава на другите јазични знаења и правила. За да може детето правилно да научи да чита и да го разбира прочитаното, мора да ги знае интерпункциските знаци, како и формите и видовите на зборови во реченицата. Логопедот исто така ги поучува и им дава насоки на наставниците и родителите како да се однесуваат со детето, како да му помогнат, и како да вежбаат со него. Но, децата обично добиваат премал број на часови за терапија, а логопедите немаат време да го едуцираат наставниот кадар и родителите, и не можат да организираат систематско тестирање на способностите на децата и слично. Кај многу деца, специфичните тешкотии ги вклучуваат двата процеса, читање и пишување. Во овој случај, ние ги развиваме двете вештини во исто време. Дел од методот
  • 19. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 19 за елиминирањето на дислексијата и дисграфијата се совпаѓа, особено кога тешкотиите се условени со проблеми во работата на истите повисоки психолошки функции. Вежбите за развој на слоговна анализа и синтезата истовремено ги отстранува соодветните тешкотии и во читањето и во пишувањето. Во некои други случаи, вежбите кои се специфични за терапија на дислексија ги надополнуваме со вежби за корекција на нарушувањата во пишувањето. Слика 11. Пример за дисграфија кај дислексично дете
  • 20. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 20 Логопедите сами ја креираат програмата за третман според потребите на детето, а во тоа можат да му помогнат многу комерцијални програми. Сите комерцијални програми се развиени на принцип на мултисензорен пристап и се интензивни, бараат систематско спроведување и следење на одредена низа. Тие овозможуваат учење на сите јазични нивоа. Некои од комерцијалните третманите се: пристапот Ортон-Гилингам, пристапот Слингерланд, Линдамуд Бел програма, Ферналд метода, метод на хемисферична стимулација, верботонален метод и компјутерски програми. Децата со дислексија, кои со години биле изложени на третман со логопед, можат да научат правилно да читаат (со малку грешки) и да го разбираат прочитаниот текст, но често имаат потешкотии во повисоките одделенија во основно училиште, средно училиште и факултет кога ќе наидат на посложени текстови и нови зборови. До таа возраст, децата обично имаат развиено свои стратегии за замена, што им помагаат при читањето, но бидејќи материјалот е сè пообемен и понапорен, тие стратегии често не им се доволни. Во тој период им е потребна голема помош од родителите и стручните лица во организацијата на времето и материјалот со кој се среќаваат. Постојат неколку главни фази во третманот на дислексија: Фаза на подготовка, техника на читање и пишување и автоматизација. 1. Фазата на подготовка се состои од два дела: а. развој на психомоторни и субјазични функции б. усвојување на букви 2. Фаза - вежбање на техниката на читање и пишување а. Читање од тетратка (табла) или од коцки според поставената задача. б. Сложување коцки од букви според диктат и повторување на логопедот в. Самостојно сложување коцки и гласно поврзување на буквите кои се редат. Во првата етапа детето се учи правилно да ги перципира буквите по правилен редослед. Во втората етапа детето го развива акустичниот редослед на гласови и аудитивно внимание, бидејќи слуша што му зборува логопедот со бавно темпо.
  • 21. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 21 Во третата етапа детето мора да постигне максимална интеграција на сите споменати функции. Оваа етапа го воведува детето и во пишување. 3. Фаза за автоматизирање на читањето и пишувањето Потребно е што повеќе да се вежба и повторува бидејќи тоа допринесува за совладување на техниката за читање. Покрај добра мотивација потребен е и погоден материјал за читање. Треба да се примени постепено намалување на буквите во текстот, постепено забрзување на темпото на читање, постепено зголемување на должината на текстот, постепено внесување непознати зборови, постепено совладување на ортографските правила, постепено совладување на друго писмо. 3.2 Улога на специјалниот едукатор и рехабилитатор во третманот на дислексија Нормалниот развоен процес е спонтан. Но постојат многубројни надворешни и внатрешни фактори кои можат да го потпомагаат или отежнуваат нормалниот развоен процес. Дијагностиката на развојните дислексии и дисграфии произлегува од општата и специфичната дијагностика. Дефектолошката процена почнува од познавање на процесите на психомоторен развој во областа на анатомијата, физиологијата, сензорните, моторните, сознајните како и други психолошки функции. Дефектологот/дијагностичарот треба да спроведе и сопствени истражувања кои се однесуваат на: психомоторниот развој, когнитивните способности, испитување на латерализација, испитување на субговорните фунцкии, испитување на говорот и јазикот и испитување на читањето и пишувањето. Развојот на моторните и гностичките функции му претходи на говорниот развој. Когнитивниот развој се потпира на организираното психичко и сензорно искуство, но и самиот е организиран со системот на јазичен развој. Во консултации со родителите и ученикот, доколку наставникот не може да согледа подобрување на успехот на ученикот, може да се вклучи училишниот дефектолог кој би
  • 22. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 22 работел со ученикот на дополнителни часови. Специјалниот едукатор треба да примени техники на подучување, соодветни за лица со дислексија во областите во кои се забележани тешкотии во учењето. Секако дека и дефектолозите треба да имаат познавања за начинот на подучување на децата со тешкотии во учењето, во зависност од тоа кои области се повеќе засегнати. При работа со ученикот, дефектологот пред сè треба да го утврди стилот на учење кој најмногу му одговара на ученикот за да може да му даде соодветна поддршка при совладување на училишниот материјал. Доколку ученикот подобро учи преку слушање, односно има аудитивен стил на учење како доминантен, тогаш поддршката треба да биде заснована на дискусии за темата која се обработува. Ученикот треба да се поттикнува да ги повторува работите што ги слуша. За учениците со аудитивен стил на учење важно е уште на почетокот на часот да бидат запознаени што ќе учат на часот и што ќе научат. На крајот на часот треба накратко да му се даде резиме за она што се зборувало на часот. Учениците што имаат визуелен стил на учење подобро памтат доколку она што се зборува е проследено и со илустрации. За да се постигнат добри ефекти и полесно совладување на материјалот, треба да се применуваат илустрации, графикони, видеа или други визуелни средства. Учениците со кинестетичко–тактилен стил на учење, најдобро учат преку допир и движење. На пример, полесно ќе ги научат буквите доколку ги моделираат со пластелин или ги испишуваат во воздух. Лесно може да ги вознемират надворешни звуци и движења и затоа е потребно да се обезбеди мирна средина за учење. Користење на маркери за обележување на клучните поими им го олеснува учењето. Слика 12. Букви од пластелин
  • 23. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 23 Работата со специјален едукатор ќе му помогне на ученикот полесно да го совладува училишниот материјал и да покажува подобри резултати. Доколку дефектологот има дополнително образование за работа со ученици со дислексија, тогаш во голема мера може да помогне и во надминување на дислексичните тешкотии поврзани со читањето и пишувањето. 3.3 Психолошка поддршка на лицата со дислексија Емоциите претставуваат возбудена состојба на организмот предизвикана од субјективно значаен, важен стимулус (ситуација), која физиолошки, моторно, мотивационо и ментално ја подготвува личноста за адаптивна активност. Тие се сложени когнитивно-физиолошко- бихеjвиорални реакции, кои имаат двојна функција: адаптација и комуникација. Децата со специфични тешкотии во учењето се во поголем ризик да развијат:  негативна слика за себе (дека не се доволно способни, паметни, вешти);  слаба мотивација за учење;  научена беспомошност (однапред, уште пред да се обидат, мислат дека не можат, не знаат...);  анксиозност (вознемиреност, неудобност, чувство на непријатност);  депресивност (безволност, повлеченост, осаменост). Многу често, учениците со тешкотии во учењето немаат некои видливи пречки како што се моторичките или пречките поврзани со вид, слух, па така нивниот неуспех, сè додека точно не се детектира причината што предизвикува тешкотии, се препишува на мрзливоста на детето, неговата неодговорност, недоволното залагање итн. Пред детето се поставуваат барања што всушност тоа не е во состојба да ги постигне, па така, и покрај трудот, постојано доживува неуспех и, наместо пофалби, најчесто добива критики. Повеќето ученици што имаат тешкотии во учењето имаат ранливи емоции, кои исто така влијаат врз учењето. Овие емоции произлегуваат од различни причини како: фрустрација поврзана со нивните тешкотии, чувство на отфрленост или уназаденост кога се споредуваат со своите врсници, нервоза и проблеми со самодовербата кога гледаат дека
  • 24. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 24 бавно напредуваат, збунетост, срам кога даваат грешен одговор или добиваат ниска оцена, анксиозност што произлегува од фокусираноста поради нивните тешкотии, чувство на неправда кога не ги забележуваат или ги негираат нивните силни страни. За жал, децата со дислексија се особено под ризик од развој на ниска самодоверба. За да се подигне самодовербата не е доволно децата само да се пофалуваат за нивното постигнување, туку таа пофалба да биде за вистинското вложување труд и успех. Најважно е децата високо да се вреднуваат себеси без оглед на нивното постигнување. Децата со дислексија често се склони да имаат неуспеси до одреден степен, но тие не се сами по себе доволна причина за ниска самодоверба. Ниската самодоверба кај децата се манифестира на различни начини во зависност од индивидуалниот темперамент на децата. Постојат ефективни методи, стратегии и програми кои ги подобруваат комуникациските вештини и кои ја овозможуваат самодовербата на децатa. Друга активност што значително помага при намалувањето на психофизичките и емоционалните тешкотии е „арт-терапијата“, која претставува креативна и експресивна активност базирана на комбинација од игра, цртеж, музика, боја и слика. Психолошките работилници, кои се дел од практиката на стручните соработници, се исто така важни, особено во доменот на развивање на социјалните односи, односот кон себе, грижата за себе и релациите со другите. Психолозите можат да бидат корисни за децата со дислексија кои се борат со депресија, анксиозност, самодоверба, нарушување на хиперактивноста со дефицит на внимание (АДХД) или други проблеми со менталното здравје. Родителите треба да му овозможат на детето да посетува психолог проактивно ако се сомневаат дека нивното дете има дислексија или неодамна му била дијагностицирана дислексија. Психологот може да им помогне на родителите да најдат начин да му ја објаснат состојбата на нивното дете. Силно се препорачува родителите да се консултираат со психолог кога се сомневаат дека нивното дете е депресивно, анксиозно, одбива да оди на училиште, е малтретирано или е насилник, има проблеми со гневот или други проблеми во однесувањето. Ако родителите постојано слушаат негативни изјави како „Јас сум многу “глупав” или „Мразам училиштe” тоа е исто така причина да размислат за професионална помош. Има дури и истражување кое покажува дека учениците со потешкотии во учењето може да бидат изложени на ризик
  • 25. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 25 од депресија и самоубиство (McBride & Siegel, 1997). Иако изјавите за желба за смрт или самоповредување може да бидат само израз на фрустрација, тие исто така треба да се сфатат сериозно. Терапевтот може да помогне во следењето на ова и да им помогне на децата да изградат вештини за да ја промовираат својата самодоверба и да се заштитат со здрави вештини за справување против негативното мислење за себе. 3.4 Улога на персоналните асистенти Работата на дефектолозите ја олеснува работата на наставниците давајќи им поддршка. Меѓутоа, работата на персоналните асистенти директно влијае врз работата на наставникот за време на часот. Персоналниот асистент е личност која спроведува индивидуална работа со учениците со специфични тешкотии во учењето, остварувајќи притоа двојна улога: им помага на учениците за усвојување на воспитнообразовните содржини и воспоставува интеракција помеѓу учениците со пречки во читањето и останатите ученици во одделението. Персоналниот асистент настојува да му овозможи на ученикот да стане независен во што поголема мера и му помага да ги подигне стандардите на постигнувања на ученикот со дислексија. Целта на работата на персоналните асистенти е да се работи со децата кои имаат потреба од помош и поддршка за успешно да ги совладаат образовновоспитните предизвици. Заедно со наставникот, персоналниот асистент во одделението создава атмосфера во која децата учат и се развиваат сè до својот полн потенцијал. Иако асистентите немаат можност да одлучуваат што и како ќе учи ученикот со дислексија, тие заедно со наставниците дејствуваат како мост помеѓу ученикот и наставната програма, односно се грижат учениците да научат сè што е предвидено во планот и програмата. Персоналните асистенти имаат своја улога и свои одговорности, а тоа се давање поддршка во учењето и подучувањето на начин што ќе настојува да ги приспособи одредените активности и содржини на можностите на детето, воспоставување позитивни односи и комуникација со соучениците, наставниците, родителите и останатите членови на училишната заедница, на што се надоврзува и улогата за соработка со наставниците и родителите за прифаќање совети и помош од другите.
  • 26. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 26 Улогата на асистентот првенствено се гледа во давањето поддршка на учениците со дислексија преку: давање и појаснување на упатствата; мотивирање и поттикнување на ученикот; воспоставување добри односи со другите ученици; промовирање и поттикнување на самодовербата и независноста на ученикот; поттикнување на учениците да ги постават своите цели и самооценување; помош на ученикот при учење и следење на наставата. Конкретните должности на персоналниот асистент во секојдневното работење во училиштето се: -Персоналниот асистент пристигнува 10 минути пред ученикот и го чека надвор пред училиштето, го презема од родителот или од организираниот превоз. -Му помага на ученикот да ги подготви книгите и приборот потребен за следење на наставата. -Се грижи ученикот да запишува забелешки или да препишува од училишната табла. -Персоналниот асистент го поттикнува ученикот и го насочува во наставата, го придржува учебникот, ги фиксира работните листови или тетратки на подлогата. -На крајот на наставата, персоналниот асистент го води ученикот до просторијата на дефектологот или, пак, до превозот или родителите кои го носат дома. Персоналниот асистент треба да ги познава основните информации за детето со кое работи и неговото семејство и да биде запознаен со целите и очекувањата на родителите. Доколку е потребно, асистентот може да им даде упатство на родителите за активности што можат да се работат дома за да се подобри процесот на учење. Заедно со наставникот, персоналниот асистент им дава информации на родителите за напредокот на детето. Давањето поддршка од страна на персоналните асистенти треба да се одвива многу внимателно, бидејќи постои можност за појава и на негативна страна, а тоа е чувството на заштита што му се дава на детето нудејќи му комфор, сигурност и внимание. Во тој случај конструктивните стратегии за справување со учењето и тешкотиите во однесувањето можат да се сведат на долна граница.
  • 27. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 27 3.5 Поддршка од родителите и наставниците Покрај споменатите експерти, многу важна улога во терапијата на дислексијата кај децата имаат наставниците и родителите. Наставникот е често првиот човек кој ги открива тешкотиите на детето и за тоа ги известува родителите и училишните стручни соработници. Наставникот е тој што ја продолжува секојдневната работа со детето во одделението, помагајќи им во рехабилитацијата на логопедите и психолозите. Многу важен услов во успехот на рехабилитацијата е постојаната врска помеѓу наставниците, логопедите и психотерапевтите. Наставникот треба да ги следи препораките на логопедот и редовно да го информира за напредокот на детето во совладувањето на јазичниот материјал. Логопедот од своја страна треба максимално да ги вклучи наставниците во рехабилитациската работа. Нема да има корист од логопедската терапија и психотерапијата ако наставникот продолжи да се однесува со детето на вообичаен начин, односно ако продолжи да мисли дека неговите многубројни грешки се резултат на мрзеливост, или невнимание . Ако детето е вклучено во психотерапија поради фрустрација предизвикана од сопствениот неуспех, учителот треба да создаде поволна атмосфера во училницата - индивидуално да се намалат барањата на наставните материјали, да се приспособи системот за оценување на специфичната тешкотија на детето, да не се казнува и да не се присилува на никакви фрустрирачки активности. Особено е важно наставникот да го запозне и почитува индивидуалниот стил на учење и профилот на доминација на детето. Бројните и упорни специфични грешки не се вина на детето, тие се негова потешкотија. Правило за наставниците: Дисграфичките грешки не смеат да влијаат на оценката! Наставникот треба во текот на логопедската терапија да го ослободи детето од оценување на конкретни грешки или како што практикуваат некои наставници, сите да се бројат како една грешка. За децата со дислексија, комуникацијата и меѓусебната поддршка помеѓу училиштето и домот е многу важна. Како примарна почетна точка, родителите прво треба да му овозможат на детето да посетува логопед и други стручњаци со цел да се обезбеди соодветна терапија. Родителите треба да бидат подготвени на недоразбирањата на кои ќе
  • 28. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 28 наидуваат во училиштата, исто како што понекогаш ќе се случи наставниците да го предупредат родителот за проблемите на детето, а тој нема да биде подготвен да се соочи со тоа и да помогне. Оној кој ги разбира проблемите на детето и сака да му помогне, ќе наиде на различни препреки, затоа треба само трпеливост и упорност. Неопходно е родителите да ја поддржат работата на логопедот со детето, да разговараат со логопедот, и да ги прифатат стручните совети и упатства за работа со детето. Потоа, родителите треба да се едуцираат и да се информираат за дислексијата бидејќи само ако ги разбираат тешкотиите на своето дете, можат да му помогнат на вистински начин. Континуирано треба да му се помага на детето да го совлада училишниот материјал, бидејќи тоа не може само. Важно е да му се даде психолошка поддршка, и да се олесни напорната работа што го чека секојдневно. Родителите и семејството на детето со дислексија треба да му пружат радост, топлина и релаксација. Непрепознаената дислексија може да резултира со тешко детство. Напротив, ако дислексијата се препознае и разбере, детето ќе има поволни услови во кои ќе расте, а дополнителната работа нема да биде, за него, прекумерно психолошко оптоварување. Бидејќи дислексијата генерално не е добро позната во нашето општество, родителите честопати ќе треба да ја предупредат и запознаат околината (училиште, роднини, пријатели) со потребите и ограничувањата на детето. Се препорачува родителите да контактираат со луѓе кои ги имаат истите проблеми, со цел размена на искуства. Слика 13. Поддршка на учениците со дислексија
  • 29. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 29 4. ЗАКЛУЧОК Читањето е главна вештина во учењето на учениците и поради тоа дислексијата создава тешкотија во учењето. Може да се каже дека дислексијата е повеќедимензионална тешкотија во учењето. Фактот што дислексијата има повеќе карактеристики е причина за тоа што понекогаш е тешко да се идентификува. Важно е да се знае дека дислексијата не е предизвикана од лоши училишта, не е предизвикана од лоша наставна практика, ниту, пак, од несовесни родители или, од тешки услови за живот во домашната средина. Овие фактори може да ги направат работите потешки за детето со дислексија, но никако не можат да предизвикаат дислексија. Поради тоа, дислексијата не треба да се гледа како попреченост, туку како различен стил на учење. Тешкотиите во читањето значително влијаат на секојдневниот живот и образованието на една личност. За да се намалат или елиминираат тешкотиите со кои се соочуваат лицата со дислексија, неопходен е соодветен третман и мултидисциплинарен пристап од тим на професионалци. Третманот на дислексијата ќе биде поефективен ако се спроведе што е можно порано и доколку има квалитетна проценка и поддршка од семејството и околината. За време на истражувањето и пишувањето на дипломската работа ги проширив моите веќе постоечки знаења за дислексијата и дојдов до заклучок дека улогата и соработката помеѓу родителите, наставниците, логопедите, специјалните едукатори и рехабилитатори (дефектолозите), психолозите и другите стручни лица е многу важна и клучна во откривањето и лекувањето на дислексијата.
  • 30. Мултидисциплинарен пристап во лекување на дислексија стр. 30 5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 1. Каровска-Ристовска, А. Кардалеска, Љ. Ајдински, Г. 2016. “Специфични тешкотии во учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија)”, Скопје: Филозофски Факултет 2. Каровска-Ристовска, А., Кардалеска, Љ. Ајдински, Г. Шурбановска, О. 2018. “Процена и стратегии за работа со ученици со дислeксија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија”, Скопје: Филозофски Факултет. 3. Шурбановска, О., Николовска-Тасевска, С. 2018, “Извештај од истражувањето за застапеност на дислексија помеѓу средношколците во Р. Македонија”, Скопје: Здружение за дислескија АЈНШТАЈН. 4. “ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО” - Прирачник за стручни соработници во основните училишта, Скопје, 2017 - Андријана Тасевска, м-р Горица Мицковска 5. “ДИСЛЕКСИЈАТА (НЕ) ПРЕПОЗНАЕНА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ” - Скопје, 2018 - Здружение за дислексија “АЈНШТАЈН” Скопје 6. “СПЕЦИФИЧНИ ТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО КАЈ УЧЕНИЦИТЕ – ДИСЛЕКСИЈА” – Орхидеја Шурбановска 7. “Прирачник за идентификација и поддршка на учениците со дислексија” - Скопје, 2017, - Славица Тасевска Николовска. – Скопје, Здружение за дислексија Ајнштајн 8. “Рехабилитација на патологија на јазик” – м-р Мира Јовановска, 2020 9. https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/dyslexia/diagnosis-treatment/drc-20353557 10. Dyslexia | Psychology Today 11. Social and Emotional Problems Related to Dyslexia - International Dyslexia Association (dyslexiaida.org)