2. ДА ПОВТОРИМЕ
1. Кога е формирана првата македонска
античка држава?
1. Кој бил прв крал?
2. Кои се најпознати кралеви од овој
период?
3. Кога Македонија потпаднала под римска
власт?
4. Кој ја создал глаголицата, за која потреба?
5. Кој ја создал кирилицата?
3. Самоилово царство
Самоиловото царство е средновековна
држава на територијата на денешна
Македонија, Бугарија, дел од Романија,
дел од Србија, Црна Гора, Албанија,
Косово, и северозападна Грција. Оваа
држава под водство на цар Самоил
постоела од 976 до 1018 година. За
престолнина на царството се смета Охрид.
Најголем дел од населението било
Словенско.
5. СОЗДАВАЊЕ НА ЦАРСТВОТО
Во екот на Бугарско-византиско-руските
судири умрел бугарскиот цар Петар.
Неговата смрт во Македониjа била
искористена за кревање на ослободително
востание. Востанието го кренале браќата:
Давид , Моjсеj, Арон и Самуил. Тогаш се
формирала Македонската словенска држава,
позната како Самуилово царство. Државата
била меѓународно призната.
7. ГЛАВНИОТ ГРАД НА ЦАРСТВОТО
Градот Охрид бил царско и црковно
седиште на Македонската држава. Градот
го сочинувале два споени делови:
тврдината (акропол) и подградието.
Двата дела заедно jа сочинувале целата
градска населба, коjа тогаш се
нарекувала полис.
8. МАКЕДОНСКА ВОЈСКА
СТРУКТУРА
Војската се состоела од два основни
рода: коњаница и пешадијата како
најбројна. Главен командант на сета војска
бил царот Самуил, а по неговата смрт
командувале неговите наследници .
10. Губење на независноста
Во битката на планината Беласица, кај Струмица
војската на македонскиот цар Самоил беше
поразена од војската на византискиот цар Василиј
Втори, кој нареди околу 14 илјади воени
заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти
војник да му се остави по едно око за да ги води
другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар
Самоил се разболел и умрел по три месеци, на 6
октомври 1014. По неговата смрт Самоил го
наследува неговиот син Гаврило Радомир. Набрзо,
тој ќе биде убиен од страна на неговиот
братучед Јован Владислав, кој владее до 1018,
кога и конечно Самоиловото царство потпаѓа под
византиска власт.
12. ОВИЕ ПРАШАЊА ОДГОВОРИ ГИ ВО СВОЈАТА
ТЕТРАТКА!
1. Каде се простирало Самуиловото
царство?
2. Од кој до која година постоело
Самуиловото царство?
3. Каде се наоѓала престолнината на
Самуиловото царство?
4. Која е причината за смртта на цар
Самуил?
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ
5. Зошто по смртта на Цар Самуил
пропаднало неговото царство?