3. За Младински Образовен Форум Младински образовен форум е невладина, непартиска и непрофитна организација основана во јуни 1999 година. Мисија на организацијата е да нуди можности за аргументирано учество на младите во јавни дискусии на теми кои ги засегаат и со тоа да допринесат во етаблирање на отворено и демократско општество.
4. Студентска програма Студентската програма е најмлада програма во МОФ основана во 2006та година и е настаната како производ на зголемените потреби за реформите во полето на високото образование, заштитата на студентските права, борбата против корупцијата и младинскиот активизам на универзитетско ниво. Програмата работи на институционални, но и креативни и социјални активности преку кои сметаме дека може да се стимулира активност кај пасивното студентско движење.
11. Бојкот на студентските избори Главна причина: Монополистичкиот систем на студетнско управување и репрезентација, исклученост на изборна комептитивност и изборна плуралност. Момент за запознавање на студентите со идеите на плурализам, демократско претставување во студентското организирање, подигање на свеста на студентите во врска со нивната (потенцијална) моќ и позиција во општеството. Резултати: без цензус, само 10% од студентите излегоа на гласање, што јасно го подигна прашањето на легитимитет кај новиот лидер.
42. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Закон за високо образование [Студентски парламент] АМАНДМАН VI Во членот 50 ставот (1) се менува и гласи: „Органи на универзитетот се: универзитетскиот сенат, универзитетски совет, ректор, ректорска управа и студентски парламент.” АМАНДМАН IX Во членот 56 по ставот 3, се додава нов став 4 кој гласи: „Бројот на претставниците на студентите не може да биде помал од 20% од вкупниот број на членови на ректорската управа. Начинот на избор на претставниците на студентите во ректорската управа се уредува со деловникот на студентскиот парламент.”
43. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Закон за високо образование [Студентски парламент] АМАНДМАН X „Член 57-а Студентски парламент Студентскиот парламент е орган на Универзитетот кој се грижи за заштита и застапување на правата и интересите на студентите. Седиштето на студентскиот парламент се наоѓа на универзитетот во кој е формиран каков негов орган . Универзитет, од став 2 на овој член, е должен да обезбеди простор и услови за работа на студентскиот парламент. Работата на студентскиот парламент се уредува со деловник кој го донесува студентскиот парламент. Студетскиот парламент го сочинуваат непосредно избрани претставници на студентите од редот на студентските организации и независните студентски кандидати.”
44.
45. средства кои студентите ги уплаќаат на солидарна основа во висина од 5% од вкупно уплатените средства;
47. други извори во согласност со Закон.Студентскиот параламент финансира изведување на проекти кои се од интерес на студентите на ниво на универзитетот или на повеќе високообразовни установи. На крајот на секој мандат претседателот на студентскиот парламент изготвува финансиски извештај за работата на овој орган.”
48. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Закон за високо образование [Студентски парламент] Со предложените амандмани се уредува формирањето, структурата и надлежностите на студенскиот парламент. Со законското определување на студенскиот парламент ќе се даде на значење на Студентскиот парламент како орган на Универзитет кој ги претставува интересите и заштитува правата на студентите. Овој орган го менува досегашниот систем на монополско претставување на студентите преку една студентска организација и воведува нов систем кој бара детално пропишување на условите за избор во него, неговите надлежности и начини на финансирање и функционирање
49. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Закон за високо образование [Самоевалуација] АМАНДМАН XIII Во член 77 се додава нов став 1 кој гласи: „Универзитетите и самостојните високообразовни установи спроведуваат самоевалуација и оценка на квалитетот на своите студиски програми, настава и услови за работа.” АМАНДМАН XIV Во членот 77 по ставот 4 се додава нов став 5 кој гласи: „Самоевалуацијата се спроведува на интервали од најмногу три години. Во постапката за самоевалуација се зема предвид и оценката од страна на студентите.”
50. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Студентски правобранител: Поставеност на СП: СП е независен и самостоен орган со својство на правно лице Професионализација на функцијата: се препорачува лицето кое ќе ја извршува оваа функција да заснова редовен работен однос. Заради постручно и поавторитативно извршување на функцијата, за СП треба да се избере дипломиран правник (да се избегне можноста лицето да биде од друг образовен профил или студент). Воедно, заради избегнување на каков било конфликт на интереси, подобро решение е лицето избрано за СП да не биде истовремено дел од наставниот кадар на универзитетот.
51. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Студентски правобранител: Именување на заменик: се препорачува заради поефикасна работа на институцијата СП (навремено и сеопфатно реагирање по доставени поднесоци) лицето избрано за заменик, исто така, да заснова редовен работен однос. Работните задачи на заменикот, кој е именуван од СП во постапка утврдена со Правилникот за работа, се поддршка на работата на СП, а особено овластувања при спреченост или отсуство на СП да постапува во негово име, но и да даде соодветна административна помош.
52. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Студентски правобранител: Помошници на СП: во сегашниот систем на поставеност на студентското организирање, помошници на СП се студенти кои се именувани од страна на матичниот Студентски сојуз. Но, со промените во студентското организирање и планираното воспоставување на Студентски парламент, истиот ќе биде органот кој ќе ги именува помошниците. Ова се однесува и на конкурсната комисија за избор на СП, во која членовите-студенти ќе треба да бидат определни од Студентскиот парламент. Улогата на помошниците е да бидат главната врска помеѓу СП и студентите чии права се повредени, како и првичното давање на помош.
53. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Студентски правобранител: Овластувања на СП: Доколку деканите или професорите не соработуваат со СП, односно не ги почитуваат и спроведуваат изречените мерки, потребно е највисoките универзитетски органи веднаш да реагираат и преземат мерки против нив. Само брза и соодветна реакција ќе создаде доверба кај целната група, а законско работење на факултетскиот кадар.
54. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Студентски правобранител: Финансирање и известување: Финансирањето на инситуцијата СП се врши од буџетот на универзитетот. Поради тоа, во предлог буџетот мора да се планира ставка. Транспаретното и отчетно работење на СП се манифестира преку обврската да доставува извештаи до највисоките универзитетски органи, кои се објавуваат на веб страна.
55. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Испитен правилник: Процедурата за изедначување на критериумите за испитување мора да биде определена во Програмата за испитување и оценување која е поделена на студентите пред/на почетокот на студиите. Учеството на студентите е неопходно за успех на овој процес, бидејќи го охрабрува и поддржува процесот на учење и развива чувство на блискост на студентите кон определените критериуми за оценување, охрабрувајќи го разбирањето на тоа што се очекува од студентите и објаснувајќи им го исходот од испитувањето.
56. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Испитен правилник: Информирањето на студентите, слушатели на определен предмет, се врши преку доставување пишани документи кои содржат: а) детален план на работа и програма со распоред на предавања; б) исходот од учењето (што се очекува од студентот и кое ниво е потребно за да се заврши предметот) в) наставната материја и бројот на ЕКТС кредитите г) учебници и прирачници
57. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Испитен правилник: д) критериумите на испитување и методите на испитување (на пример есеј, тест, групна работа,и сл.) во предиспитните задачии финалниот испит (траење, форма и пример на финален испит, услови за приговор кон испитот, санкции при препишување и сл.); ѓ) приемните термини и улогата на консултациите со професорите и асистентите на катедрата е) статусот и последиците од непроодност (услови за запишување на следна година, временско ограничување и важење на определени исполнети задачи,и сл) ж) објавување на оценувањето по предметот
61. онаа која може да биде купена во книжарница на факултетот или некоја специјализирана книжарница.
62.
63. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Испитен правилник: Секаков вид на дискриминација на студентите (испрашување од најновото издание, правење списоци на студенти кои купиле учебник, условување потписи за семестар и сл) е предмет на дисциплинска одговорност на професорот и останатите вработени на факултетот. Испитите не можат да започнуваат пред 08:00, или подоцна од 19:00,а не смеат да завршат подоцна од 21:00. Студентите не смеат да чекаат повеќе од еден час за започнување на испитот. Доколку професорот задоцни повеќе од еден час должен е да закаже уште еден испитен термин во рамки на истиот испитен рок. Испитната литература мора да содржи важечки материјал, и нејзиниот опсег треба да биде во сооднос со реалниот капацитет на студентот зависно од наставната материја по предметот.
64. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Испитен правилник: Студентот има право да му се одобри секое устно испитување да се замени со писмено, освен во случаите кога вербалните способности на изразување се цел на испитувањето. После секој испит професорот е должен да му ја образложи дадената оценка на студентот, истакнувајќи ги позитивните и негативните аспекти, во насока на унапредување на идните настапи на студентот. Професорот има обврска да ги објави резултатите од испитот (вклучувајќи ги и оценките) најдоцна 24 часа од завшувањето на испитот.
65. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Зголемување на свеста и одговорноста за антикорупција во образованието:
66. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Зголемување на свеста и одговорноста за антикорупција во образованието:
67. Мерки и алатки за оневозможување на корупција Зголемување на свеста и одговорноста за антикорупција во образованието:
68. Ви благодарам за вниманието AЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВСКИ astojanovski@gmail.com