2. Св.Климент Охридски е еден од
најзначајните личности на
македонската, но и на сите
словенски култури. Тој е голем и
неуморен поборник на
словенската писменост и култура,
како учител и просветител,
проповедник, како црковен
великодостојник и раководител на
Охридска архиепископија.
3. За животниот пат на
Климент Охридски главен
извор претставува
Пространото житие на
Климента што го напишал
на грчки јазик
архиепископот Теофилакт.
4. Кратка биографија
• Роден е околу 830-840 год и се смета дека потекнува од струмичко-брегалничката област
• За неговите рани години имаме доста малку информации во житијата запишани за него
• Климент се стекнал со солидно образование, и уште од млади години стекнал одлични
познавања од грчкиот јазик, а воедно тој е и ученик на Методија.
• Учествува заедно со неговите учители во Хазарската и Моравската мисија
• Преведува и пишува црковни книги на словенски јазик
• Тој е иницијатор и раководител на Охридската книжевна школа
• Се смета дека починал на 27јули 917 година во Охрид
5. Тој уште пред да биде назначен за Велички епископ,
го гради својот манастир во Охрид, посветен на
Св.Пантелејмон. Во Охрид изградува уште една
црква која подоцна ќе стане катедрална.
6. Во 893 Климент е востоличен за епископ
Велички, еперхија за која се
претпоставува дека била со центар во
Охрид и можно е да се простирала до
централна Македонија, па дури и до
Струмичкиот и Брегалничкиот крај.
Кога тој станува епископ, меѓу првите со
ваков чин неговото учителско место го
зазема Св.Наум кој се смета за негов
роден брат.
7. Паралелно со црковната и педагошката работа се занимавал и со книжевна
и преведувачка дејност. Како учител и свештеник, Климент напишал околу
50 книжевни дела на словенски јазик.Нему му се припишуваат опширните
житија на свети Кирил и Методиј познати како Панонски легенди,
најзначајниот извор за проучување на животот и делото на
солунските браќа.
8. Не помалку значајна е
ипреведувачката дејностна
Св.Климент. На Кирил и Методиј
импомагал вопреведувањето на
целата потребна литература
зацрковната богослужба, а самиот
го превел и целиот Цветен триод -
(Пентикостар).
9. По смртта на Св. Методиј, според житието на Теофилакт, Климент бил испратен од
бугарскиот кнез Борис I во областа Кутмичевица – Охридско, каде што во 886год.
во градот Охрид ја формирал познатата Охридска книжевна школа која претставува
своевиден прв словенски универзитет на Балканот во кој се обучиле 3500
словенскисвештеници и учители. Во неа се користела
глаголицата, од почит спрема нејзинитесоздатели Св. Кирил и Методиј.
10. Во најстарите зачувани
ракописи се вбројуваат
глаголските ракописи
како: Асеманово
евангелие, Синајски
псалтир, Синајски еухологиј. Од
понов период се ракописите со
кирилско писмо како што
се: Добромирово
евангелие, Битолски
триод, Охридски
апостол, Болоњски псалтир.
Асеманово
евангелие