Successfully reported this slideshow.

Sv. naum ohridski

4,091 views

Published on

Published in: Education
  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

Sv. naum ohridski

  1. 1. КОН ВТОРОВО ИЗДАНИЕ Манастирот Свети Наум на јужниот брег од Охрид-ското Езеро е од исклучително значење за населениетоод двете страни на границата, за МПЦ и воопшто захристијанството. Неговиот основоположник, свети Наум,е најголемиот, најпознатиот чудотворец од X век доденес. Тој еднакво е почитуван од сите луѓе, без раз-лика на вера и народност зашто на сите им помага, акоискрено му се молат. Свети Наум со своите чуда бил познат уште завреме на земниот живот, но тие се небројни по него-вото блаженоупокоение. Охридскиот архиепископ Јоасаф II (1719-1745) ве-ли дека чудата на свети Наум биле побројни од ѕвез-дите на небото. Меѓутоа, бидејќи не биле забележани,отишле во заборав. Во 2005 година се објави книгата Чудата на светиНаум со 154 записи за чуда на свети Наум. Таа се ис-црпи, па се појавува ова издание со доста дополну-вања. Чуда на свети Наум постојано се случуваат секадекаде што се чествува Чудотворецот, а најмногу во ма-настирот што тој го подигнал. Никогаш и никој не можеда рече: „Овие се, други чуда нема на свети Наум“.Чуда на свети Наум ќе се случуваат постојано заштотој е жив светец. Второво издание на Чудата на свети Наум донесува107 нови записи што, главно, се забележани од инфор-матори кои лично ги доживеале. Вкупново книгава има261 записи за чуда на свети Наум, од кои 211 ги имамезабележано од 1988 година досега. Доста чуда на свети Наум се сврзани со храмотшто му е посветен во Битола. Во циклусот Битолски об-раќања, во кој се поместени 94 писмени обраќања консвети Наум преку неговите храмови во Охрид и во Би-тола. За појавувањето на второво издание на книгатаЧудата на свети Наум им изразуваме благодарност насите информатори, на сите коишто ни ги посочија нив,на протојереј Митре Попоски за компјутерско-технич-кото уредување, на ценетите рецензенти Неговото Висо-копреподобие Архимандрит Нектариј и д-р Марко Китес-ки, на Издавачот, а посебно на Неговото Високопрео-свештенство г.г. Тимотеј. А в т о р о т
  2. 2. СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ И НЕГОВИОТ КУЛТЕ ден од првите ученици на словенските првоучители светите Кирил и Методија, брат и сотрудник на свети Климент, бил свети Наум Охридски Чудотворец. Меѓутоа,за него малку се знае во науката, а повеќе од легендите,преданијата и кажувањата како чудотворец. Скоро нема труд засвети Климент во кој да не се споменува свети Наум, но попатноили како дополнување на житието на свети Климент, т.е. водавањето на информација што станало со охридскиот литера-турен и правописен, просветно-културен центар по назначу-вањето на свети Климент за епископ. Секогаш се третирал вто-ростепено и останал во сенка на свети Климент. Целоснопосветен труд на свети Наум е Sveti Naum Ohridski од д-р ЛазарМирковиќ (Сремски Карловци, 1924, стр. 1–33), писателот инаучникот д-р Лазо Каровски ја објави романизиранатабиографија Naum Ohridski (Скопје, 1977), а Историскиот архив одОхрид во 1985 година го објави зборникот Naum Ohridski. По повод 1100-годишнината од хиротонисувањето на св.Климент за епископ и доаѓањето на св. Наум во Охрид, во 1993година, се одржа научен симпозиум во организација на МПЦ −Дебарско-кичевска и Брегалничка епархија. Зборникот од тие ма-теријали се објави во 1995 година. Во организација на МПЦ –Дебраско-кичевска епархија и на Филолошкиот факултет сеодржа симпозиум по повод 1100-годишнината од подигнувањетона манастирот Sveti Naum во 2005 година. Материјалите одсимпозиумот се објавија во 2006 година. На двата симпозиума сеизнесоа нови сознанија и понови видувања и за дејноста на св.Наум. За манастирот Sv. Naum акад. Цветан Грозданов во 1995година објави монографија (II изд. 2004), а во 1987 година д-рАнтоние Николовски ја публикува малата туристичка монографијаManastirot Sveti Naum Ohridski. Главните извори за животот и делото на свети Наум се трижитија за него од негови, и Светиклиментови, анонимни учениции Op{irniot `ivotopis na sveti Kliment Ohridski од Теофилакт.Првото житие за свети Наум е од десеттиот век. Него прв гопронашол Јордан Иванов кон крајот на 1906 година во Зограф-
  3. 3. скиот манастир, во прологот бр. 47, во препис од XV век на попотИван Милошев и неговиот брат Никола од с. Пископие, Дебар-ско. На овој ракопис Јордан Иванов им укажал на руските сла-висти П. А. Лавров и Г. А. Илински во летото на 1907 година присредбата во Зографскиот манастир. Ова житие во 1908 година гообјавиле Јордан Иванов1 и П. А. Лавров2. Второто житие за свети Наум е грчко. Првпат е печатено воВенеција во 1695 година, а потоа во 1741/2 година е печатено воMoskopolskata akolutija како синаксар со службата за светиНаум. И житието, и службата се од XIII век, а за нивни автор сепосочува охридскиот архиепископ Константин Кавасилас3. Прв-пат ова житие, и службата, се објавени во Moskopolskata ako-lutija што е печатена на сметка од манастирот Sveti Naum вомоскополската грчка печатница, во која биле собрани житијата иканоните на светците кои најмногу биле славени во Македонија,а посебно околу Охридското Езеро (светиите: Климент, Наум,мач. Никодим, Седмочислениците, 15 маченици од Тиверија /Струмица/, Јован Владимир и Еразмо)4. Третото житие за свети Наум е најдено во еден препис, возборник од XVI век, откриен од велешкиот преродбеник ЈорданХаџи Константинов Џинот, кој му го дал на П. Среќковиќ, а прв-пат го објавил Љуба Ковачевиќ во трудот Nekoliko priloga zacrkvenu i politi~ku istoriju Ju`nih Slovena5. Ова житие, веро-јатно, е препис од грчки јазик или е компилација по грчки из-вори6. 1 П р о ф. ˛ о р д а н Å И в а н о в ъ, Български старини изъ МакедониÉ,СофиÉ 1908. 2 П. А. Л а в р о в, ЖитиÉ св. Наума Охридского и служба ему, ИзвÓстиÉотд. рус. Éз. и слов. XII, кн. 4. 3 Д у ш а н Г л у м а ц, Нешто за животот на Наум Охридски, зборник„Наум Охридски“, Историски архив – Охрид, Охрид, 1985, 17; Д-р ЛазарМирковиќ во студијата Sveti Naum Ohridski, Сремски Карловци, 1924, стр. 12,пишува: „Ово житије је писмени састав охридских архијепископа 13. столеØа,јер се налази у службу која је писана у 13. столећу“. 4 За москополската аколутија пишувале: Стојан Новаковиќ („Први основисловенске књижевности међу балканским Словенима“, стр. 239–244), Ф.Миклошич (Vita S. Klementis episkopi Bulgarorum, Vinol, 1847, p. VIII – IX), д-р Лазар Мирковиќ („Свети Наум Охридски“, Сремски Карловци, 1924, 12-17). 5 П р о ф. ˛ о р д а н ъ, И в а н о в ъ, Български старини изъ МакедониÉ,Софија, 1931, 311. 6 На истото место, 312.
  4. 4. Од трите житија, од Op{irniot `ivotopis na sveti KlimentOhridski и од другите досега познати извори и постојнатадостапна литература делумно се добива поопширна претстава засвети Наум Охридски Чудотворец.Т очно кога и каде е роден свети Наум Охридски, како и свети Климент, не се знае. Се претпоставува дека свети Наум (како и свети Климент) е роден околу 830 г. војугозападна Македонија, во Солунската тема. Според Vtorotoslovensko `itie na сveti Naum, произлегувал од благородни ибогати родители, но се откажал од благородството и од богат-ството и им се приклучил на рамноапостолите КонстантинФилозоф и на неговиот брат Методија7. Тоа укажува дека свети Наум бил ученик на првоучителитеКирил и Методија уште во Солун и дека заедно со нив бил воМоравската мисија. Во мисионерската дејност на свети Кирил исвети Методија во Моравија и Панонија е вткана, составен дел еи дејноста на свети Наум8. Особено ученоста и познавањето намногу јазици на свети Наум дошло до израз при престојот со сво-ите учители во Рим9. По смртта на свети Методија (885), неговите ученици сенашле во голема немилост: повеќето биле продавани како робо-ви, највидните, меѓу кои и свети Наум, биле затворени, а потоа –протерани. Влечејќи ги родниот крај, Методиевите ученици Кли-мент, Наум и Ангелариј се упатиле на југ. Преживеале многу не-згоди и тешкотии додека кон крајот на 886 година не дошле воБелград, кој тогаш бил во составот на Бугарија. Управникот наБелград, тројцата ученици на светите првоучители ги упатил кајсвојот кнез во бугарската престолнина Преслав. Бугарскиот кнезБорис срдечно ги пречекал. Извесно време Климент и Наум биле 7 На свечениот собир на Скопскиот универзитет по повод 1050–годиш-нината од смртта на sвети Климент на 11. IX 1966 година во Охрид слове-нечкиот академик Братко Крефт, меѓу другото, истакна: „Несомнено е декаКлимент заедно со Наум и со своите учители Кирил и Методиј, коишто одистата стара Македонија тргнаа на просветителскиот пат за словенскитенароди...“ (Spomenica Kliment Ohridski 916–1966, Охрид, 9–12 септември1966, 52). 8 Свети Климент и свети Наум се „Охридски“ зашто Охрид го издигналена пиедестал од светско значење, станале охридски култови, охридскапрепознатливост. Меѓутоа, свети Наум најмногу е познат како – Чудотворец. 9 Д-р Ј у с т и н С п. П о п о в и Ø, Житија светих, Београд, 1977, 692.
  5. 5. гости кај сампсисот Есхач. По извесно време, во 886 година, Кли-мент бил испратен во областа Кутмичевица во скороосвоенатаМакедонија, а Наум бил задржан во Преслав. За испраќањето на свети Климент во Кутмичевица има не-колку хипотези во науката. Интересно искажување на оваа темасретнавме кај Ѓорѓи Киселинов во предговорот на еден ракописентруд10. Тој тоа го објаснува со моменталните бугарски интереси исо карактерот на свети Климент и на свети Наум и ја дава след-ната споредба: „Свети Климент бил висок и полн, мошне претставителен,кој само со својата надворешност влевал почит и уважување кајнеговите непријатели, како што вели житието на свети Климент.Свети Наум бил висок, слаб и сув, со мала четвртеста глава идолга заокруглена брада. Свети Климент бил начитан, надарен содарот на зборот, зборлив; мислите слободно му течеле од устата икако мед паѓале во душите на слушателите. Притоа бил и многутрудољубив и енергичен. Свети Наум, спротивно, бил контемпла-тивен, длабокомислен. Малку зборувал, а многу размислувал. Изатоа во неговите зборови имало многу мудрост. Со други зборови, свети Наум бил затворен во себеси, по-веќето време го минувал во молитви, во размислување за духов-ниот живот, за Господа и за Господовите дела. Тој факт, таа стра-на на карактерот на двајцата словенски просветители може да никаже зошто кнезот Борис, откако се уверил во личните особинина секого од нив, се решил Климента да го испрати во ЗападнаМакедонија и Јужна Албанија за со неговата културно-просветнаи религиозна дејност да ги приклучи тие земји кон Бугарскотоцарство, а свети Наум го задржал кај себе како советник и кул-турен деец во Преслав“. Во Преслав свети Наум работел седум години (886–893).Таму го проповедал делото и духот на своите учители. Ја ширелписменоста, оспособувал свештеници, го објаснувал и го толку-вал Svetoto pismo и творбите на светите отци, а поинтелигент-ните, поспособните ученици и соработници ги поттикнувал дапрепишувуваат и да создаваат свои дела. Меѓу таквите бил пре- 10 Г. Я. К и с е л и н о в Å, ТÅржество на старобÅлгарскиÉ духÅ надÅвремето и надÅ грабителитÓ(Свети Наум Охридски), 17 − VI − 44 г., Скопие,ракопис во оставината на авторот на кој определбата „старобÅлгарскиÉ“ епрецртана со молив и над неа е напишано „славÉнскиÉ“, а делот во заграда сострелка е покажан дека треба да дојде најгоре под името на авторот.
  6. 6. звитер Константин Брегалнички, кој во предговорот на неговотоPou~itelno evangelie, по мислата на Григориј Богослов дека едобро секогаш од Бога создадените и до Бога да завршат и наве-дува други библиски сентенции, пишува: „Поради тоа и јас, скром-ниот Константан, убеден во тоа од твоите молби, брате Науме, испоменатите горе заповеди, се преклонив пред твоето смире-ние“11. Свети Наум во Преслав, како што вели Ѓорѓи Киселинов,„играл улога и на дворски советник, прво кај кнезот Борис, а по-доцна кај царот Симеон“12. Кога во 893 година свети Климент бил назначен за епископна Древница и Белица13, во областа Кутмичевица, во охридскиотлитературен, просветно-културен центар го заменил свети Наум.За оваа замена, т. е. за дејноста на свети Наум до крајот на жи-вотот се зборува во Prvoto slovensko `itie na sveti Naum. Од кусиот текст на Prvoto slovensko `itie na sveti Naum сегледа дека тоа било напишано од ученик на светите Климент иНаум, кој на тоа бил поттикнат од епископот на Деволскатаепархија Марко. Пред ова житие авторот напишал житие за светиКлимент. Двете житија биле напишани набрзо по смртта на светиНаум и свети Климент, и тоа според она што го чул од светиите ишто го видел тој лично како нивни ученик. Меѓутоа, порадинивната скромност, доста поединости од нивниот живот и однивната дејност останале непознати. Свети Наум во Кутмичевица целосно ја презел и ја продол-жил дејноста на свети Климент. Тој изградил манастир посветенна светите архангели Михаил и Гаврил. Изградбата иа манасти-рот во Vtoroto slovensko `itie na sveti Naum се сврзува со 905година. Свеченото пуштање во служба/осветувањето на Све-тинаумовиот манастир го извршил епископот свети Климент, ко-га тој ја одржал својата беседа, напишана во врска со изградбатана Наумовиот манастир и неговата дедикција на светите архан-гели, под наслов Pofalnoto slovo na bestelesnite Mihail i 11 Д и м и т а р Ш о п о в, Две поетски творби на КонстантинБрегалнички за епохалното дело на словенските првоучители, зборник„Симпозиум 1100-годишнина од смртта на Кирил Солунски“, кн. 1, Скопје,1970, 282. 12 Ѓ о р ѓ и К и с е л и н о в, цитираниот ракопис. 13 Д-р Стојан Ристески, Белички светости, „Ирис“, Струга, 2008, 34-35..
  7. 7. Gavril14. По изградбата на манастирот, свети Наум, кој какосвештеник дошол од Моравија, се замонашил и се повлекол вонего сè до крајот на животот на 23 декември 910 тодина (старстил), кога во вечниот дом во манастирот бил положен од светиКлимент. Првото Светинаумово житие, покрај значајните податоци засудбината и на другите ученици на првоучителите Кирил и Ме-тодија, уште во почетокот („Еве браќа, да не остане без спомен,брат му на блажениот Климента и негов содругар и сострадал-ник...“) дава податок од кој во науката се појави мислење декасвети Наум и свети Климент биле родени браќа. Меѓу првите натоа укажале П. А. Лавров и Н. Л. Туницкиј, а потоа и многу дру-ги. Како родени браќа свети Климент и свети Наум се прикажании во романизираната биографија Naum Ohridski од Лазо Каров-ски. Тој заклучок се изведува од фактот што, според каноните,различните по свештенички чин (епископ и презвитер) не можатда се наречат „браќа“, освен ако не се родени браќа. Грчкото житие податоците за свети Наум повеќе ги прика-жува легендарно, а некои податоци се историски неточни, како:смртта на Кирила и Климента, првиот починал во длабока ста-рост, а вториот пред свети Наум. Дејноста на свети Наум спремасвети Климент ја споредува со Арон и Мојсеј, т. е. што му билАрон на Мојсеј тоа му бил свети Наум на свети Климент. Поблиску до првото (словенското) житие е третото (второтословенско) по ред. И во него се даваат податоци за следењето напрвоучителите, протерувањето и дејноста во Кутмичевица исто-риски е поточно, а завршува со констатацијата дека свети Наумумрел во длабока старост и неговото тело го положил со своираце архијерејот Христов Климент во гробот на десната страна вонеговиот храм, а Господ го прославил свети Наума со големи чу-да и исцелителна моќ15. 14 К л и м е н т О х р и д с к и, СÅбрани сÅчинениÉ, БАН, СофиÉ, 1970,239, 240. 15 Коментари по житијата за свети Наум се даваат од сите нивни изданија,а најнов осврт направи д-р Радмила Угринова-Скаловска под наслов„Житијата на Наум Охридски“ во зборникот „Наум Охридски“ во издание наИсторискиот архив од Охрид, Охрид, 1985, 13–16. Второто словенско житие за свети Наум е застапено во последниот дел одоваа книга.
  8. 8. С вети Климент во охридскиот литературен и правописен, просветно-културен центар работел седум години (886 – 893). Исто толку, седум години (893 – 900), штом манасти-рот е изграден во 905 година, тогаш пет години подолго (893 –905), во овој центар активно работел и свети Наум. Истата деј-ност и тој ја вршел, па во онаа бројка од 3500 ученици половина-та, ако не и повеќе, минале низ рацете на свети Наум. На тоа битребало да се внимава и тоа да се потенцира во науката. Со по-влекувањето во манастирот, свети Наум станал основоположники на монаштвото во Македонија. Можеби причината за недоволното потенцирање на Свети-наумовото учество и придонес во просветно-културната дејноство охридскиот средновековен центар е поради неговата незаста-пеност во литературата. До скоро единствено се знаеше дека понаговорување на свети Наум презвитер Константин Брегалничкиго напишал Pou~itelno evangelie. За да се поттикне друг требасамиот да си тоа. Тоа значи дека свети Наум пишувал, но доскоро под негово име не беше познато ниедно дело. Единственабеше присутна претпоставката дека делото/расправата O pisme-nÓhÅ е негово, т. е. дека зад псевдонимот Црноризец Храбар секрие името на свети Наум Охридски. На тоа меѓу првите укажаасловачките научници Рајко Нахтигал и Франц Гривец, а потоакон тој став се приклонија и повеќемина други научни работ-ници. Расправата O pismenÓhÅ (Za bukvite) е прва и најдобра на-учна одбрана на словенската писменост, одлично познавање написмото воопшто. Кога се појавува оваа научна расправа, во којасе вели дека „сèсуште се живи оние што ги виделе“ светитеКирил и Методија, единствено живи нивни најдобри ученици иследбеници во писмото биле Климент и Наум. „Сигурно е декаНаум, заедно со Климента и нивните ученици – со Охридскаташкола – стоел на чело на најголемата одбрана на целокупнотодело на Кирила и Методија“16, па затоа Охридската литературна иправописна школа уште се нарекува „глаголашка“. Затоа авторотна O pismenÓhÅ треба да се бара меѓу творците на Охридскиотцентар. По својата ученост и знаење на повеќе јазици, и писма,најпознат бил свети Наум и затоа со право се смета за автор на 16 Д у ш а н Г л у м а ц, Нешто за животот на Наум Охридски ..., 23.
  9. 9. научната распара O pismenÓhÅ, т. е. дека „Црноризец Храбар“ енегов псевдоним. Хипотезите дека свети Наум бил и литературен творец ско-ро се обистинија. Имено, во Bratkoviot minej (XIII и XIV в.), којсе чува во Народната библиотека на Србија (сиг. Рс 647), се наоѓаKanonot za apostol Andrej на свети Наум Охридски, чие име/авторство е дадено во акростихот17. Стефан Кожухаров во еден минеј на Зографскиот манастирго откри Kanon na apostol Andrej (XIII в.). Овој какон е поме-стен во службата за 30 ноември и содржи 32 тропари поделени воосум песни, чиј акростих гласи „Првоаго христова сла хвалинишчии Наоум“18. Се претпоставува дека ова дело на свети НаумОхридски настанало во 868 година кога, по посветувањето насловенските богослужбени книги од страна на папата Адријан IIво Рим, требало да се изведе литургија на словенски јазик воповеќе цркви, меѓу кои и во црквата на апостолот Андреј. „Најве-ројатно, таа била побудата Наум да го напише споменатиот Ка-нон“19. Во 1985 година Стефан Кожухаров во рефератот „Пред-полагаеми произведениÓ на Наум Охридски“, поднесен на Четвр-тиот летен колоквиум по старобугаристика, зборува за две хим-нографски дела: Kanon za prenesuvaweto mo{tite na JovanZlatoust и Kanon za arhangel Mihail. И двете дела СтефанКожухаров, врз основа на нивните правописни, јазични и другиособености, смета дека се од свети Наум Охридски. ДодекаKanonot za Jovan Zlatust е пронајден во минејот бр. 22 возбирка на Народната библиотека во Софија, Kanonot za arhan-gel Mihail се наоѓа во истиот минеј во којшто се наоѓа Kanonotza apostol Andrej на свети Наум. И двата ракописа се поврзанисо големата писмена традиција20. Да се надеваме дека славистиката наскоро ќе се обогатиуште со некое друго дело на свети Наум Охридски. 17 Ѓ о р ѓ и П о п А т а н а с о в, Фрагмент од поетската творба на НаумОхридски во Братковиот минеј, „Разгледи“, XXIX, 5–6, 1987, 576–577. 18 С т е ф а н К о ж у х а р о в, Песнeното творчество на старобÅлгарскиÉкнижовник Наум Охридски, Литературна историÉ, 1984, кн. 16, 6. 19 И л и ј а В е л е в, Поетот Наум Охридски, „Нова Македонија“, ХLI,13854, 17. VIII 1985, 8. 20 Ѓ о р ѓ и П о п А т а н а с о в, цит., 578.
  10. 10. К ога и кој го канонизирал свети Наум за светец не се знае. Меѓутоа, Prvoto slovensko `itie од X век сведочи дека свети Наум наскоро по неговата смрт во охридскиот крајбил почитуван како светец, па било потребно да му се напишежитие, кое не е обично биографско-историско житие, ами хагио-графско, пишувано за светител, зашто во него св. Наум се наре-кува блажен, бидејќи авторот на ова житие заедно со епископотдеволски Марко очекува со молитва и со милост на Климент иНаум да добие благослов и опростување на гревовите од Госпо-да“21. Во прилог на тоа зборува и стилизацијата на крајот на оважитие, која е како и стилизацијата на крајот на молитвите и псал-мите што им се упатуваат на светци. Свети Наум и свети Климент кон крајот на десеттиот векбиле канонизирани за светии. Веќе во 919 година, во еден написна Зографскиот манастир од XIV век, Климент бил вброен меѓусветците, а како таков се спомeнува и во Asemanovoto evangelie(XI в). Секако дека и свети Наум како таков бил славен, бидејќиnivniot kult odi paralelno i zaedno . Со тоа уште во десеттиот 22век „било определено местото и значењето на овие народни вели-кани. Верувајќи во моќта на овие свои светии, народот полесноги поднесувал искушенијата што условите и времето му го нало-жиле. Според народното а не владателското потекло, како и поучителско-просветителската и мисионерска дејност, Климент иНаум се издвојуваат од мнoгуте други светии. Тие не биле кнезови нити болјари, туку простосмртни луѓеизлезени од народот и цел живот најтесно поврзани со него. Тиене живееле во моќ и луксуз туку во скромност и беда исто онакакако што живееле и нивните сонародници. Климент и Наум сеедни од најрано канонизираните светии (така, на пример, КирилСолунски бил канонизиран дури во XIX век)“23.М 21 анастирот Sveti Naum се наоѓа на јужниот брег на Охридското Езеро. Него го изградил свети Наум, посветувајќи им го на архистратезите Михаил и Д-р Л а з а р М и р к о в и Ø, Свети Наум Охридски, СремскиКарловци, 1924, 24. 22 На истото место, 25. 23 Д о н е И л и е в с к и, Автокефалноста на македонската православнацрква, Скопје, 1972, 20.
  11. 11. Гаврил, но набрзо по неговата смрт го добил неговото име.Црквата што ја изградил Наум била триконха, скоро идентична соцрквата на свети Климент во Охрид, но подоцна била до темелиурната. Денешната црква е изградена во турскиот период натемелите од Светинаумовата црква24. Потоа се изградуванипридружните објекти. Економската положба на манастирот Sveti Naum во разнипериоди била различна, но и страдал од разни пожари и во Пр-вата светска војна. Недвижниот имот околу манастирот и во дру-ги подрачја постојано се зголемувал по пат на купување или по-дарување по разни поводи и од разни побуди25. И другата стокабила бројна. Така, во петтата деценија на XIX век манастиротSveti Naum имал околу 8 000 овци, а негови чифлизи биле иселата Љубаништа, Појани и Стење26, од 1881 година и селото 24 Д и м ч е К о ц о, Проучувања и археолошки испитувања на црквата наманастирот Sv. Naum, „Зборник (1957–1958)“, изд. Археолошки музеј –Скопје, кн. II, Скопје, 1958, 78–80. 25 За Светинаумовата црква, за манастирските конаци и за економскатамоќ на манастирот подетална слика се дава во еден летопис пишуван на грчкијазик од Димитрија Петру што се чува во Историскиот архив – Охрид, фондМасин (каде што е заведен како „Кодика од манастирот Sv. Naum / Дневник/од Димитрија од 1855 год.“), в., зборник „Наум Охридски“, Охрид, изд.Историски архив – Охрид, 1985, 25–54. 26 Рускиот научник Виктор Григорович овие податоци ги наведува за 1845година, а Иван Снегаров за 1848 година.
  12. 12. Трпејца27, а големи приходи добивал од панаѓурот и од луѓе коидоаѓале преку годината на поклонение. Манастирот Sveti Naum бил важно жариште на просветата икултурата уште за време на неговиот патрон, но како таковостанал до најново време. Во манастирот Sveti Naum секогаш се водело сметка да сепродолжува традицијата на својот патрон и на просветен план.Поради тоа во него редовно работело манастирско училиште, вокое во 1830 година учел и преродбеникот Димитар Миладинов.Училиштето го посетувале 20-30 ученици од поблиските, но и одподалечните места. Манастирот Sveti Naum располагал и со богата библиотека.Меѓутоа, од делувањето на разните пропаганди, односно припад-носта на игумените кон нив, многу словенски ракописи, од коинекои создадени тука, се уништени. Особено во тоа предничелгрчкиот фанариот Дионисиј. Тој безмилосно ги горел словен-ските книги и словенските ракописи, за кое со горчина подоцнаќе се сеќава и тогашниот ученик Димитар Миладинов. Порадинегрижата доста пишувани споменици се уништени и од забот навремето или се земени од разни посетители. 27 Во 1 881 година бил склучен договор со бегот што го држел селотоТрпејца и манастирот Sv. Naum. Согласно овој договор, бегот на манастиротму го отстапил селото Трпејца за замена на манастирскиот имот во с. Поѓани,додавајќи манастирот 25 000 гроша, бидејќи имотот на бегот бил поголем(Ohrid i Ohridsko niz istorijata, II. Скопје, 1 978, 1 76). Според поседовниот лист бр. 47 на Катастарската општина Љубаништа,манастирот Sveti Naum во 1 937 година имал имот во површина од 2882 ха 7 а78 м2. По ослободувањето, со аграрната реформа, скоро сиот имот наманастирот му бил одземен, освен црковните објекти, нивните дворови инеколку ниви околу нив. Одземениот имот прво го користела селската работназадруга (колективот) на с. Љубаништа, а по нејзиното расформирање гокористи Земјоделската задруга „Горица“ од Охрид. На име од манастирот SvetiNaum во поседовниот лист бр. 47 во Геодетската управа – Охрид се води 2површина од 4 ха 73 а 43 м , во која спаѓаат манастирските објекти и другицрквички со нивните дворови и неколку ниви. Меѓутоа, на дел од овааповршина се наоѓа и воениот автокамп. Според катастарскиот документ бр. 3721 од 9. VII 1940 година, во КО Сти-пона, Ресенско, манастирот Sveti Naum имал имот во површина од 225 ха 57 а 247 м . Повеќе од 15 ха земја манастирот имал и во с. Белчишта, Охридско, штоја обработувале исполџии од истото село. Само околу 50 ха од имотот му се повратени на манастирот. За имотот воБелчишта ветено е обештетување, а со решение Бр. Дн. бр. 17-159/03 на 24. XI2008 година од имотот во Стипона на манастирот Свети Наум му се вратени194 ха 88 а и 2 м2, односно оклу 200 ха, главно планинска површина.
  13. 13. При предавањето на старешинската должност на манастиротSveti Naum на 7 март 1939 година протојерејот Стеван Ѓорѓевиќна новиот старешина архимандритот Виктор Гиздавиќ му предал238 наслови на книги и 15 канони и други правни акти од вкупенфонд 1073 примероци. Тоа не се некои битни изданија од духовнои културно-национално значење, набавени по Првата светска вој-на, но по 1944 година и нив ги нема. Сега архимандритот Некта-риј прави напори за оформување на манастирска библиотека, вокој племенит зафат треба помош и од пошироката средина. Значајно место и видна улога манастирот Sveti Naum ималво периодот на Преродбата и во подоцнежното национално-осло-бодително движење. Меѓу другото, во овој манастир со својатачета престојувал видниот социјалист и револуционер Никола Пе-тров Русински28. Поради големото историско-културно значење на манасти-рот Sveti Naum, по раскинот на Македонија по Балканските вој-ни, која трагедија е санкционирана и по Првата светска војна, по-чнала и дипломатска игра за неговата припадност: на Албанијаили на Кралството СХС. Тоа траело од 1912 до 1925 година. Водокажувањето на словенскиот карактер (тогаш официјално: срп-скиот), на манастирот Sveti Naum се поосветлени и некои мо-менти од животот и делото на свети Наум. Тогаш се објавенибројни написи (меѓу кои од Славко Стојановиќ во „Нови живот“,кн. XXII, 1925, под наслов „Питање Св. Наума“; д-р Лазар Мир-ковиќ во „Гласник Српске Православне Патријаршије“, 1924) икнигите: Dokumenta o pitawu granice sa Albanijom kodmanastira Sv. Nauma (во издание на Министерството за над-ворешни работи на Кралството на СХС, Белград, 1924), SvetiNaum Ohridski од д-р Лазар Мирковиќ (Сремски Карловци, 1924)и Paternik manastira29 svetoga Nauma од епископот охридскиНиколај (Скопје, 1925). По 1945 година, манастирот Sveti Naum веќе почна да не етоа што бил. Во почетокот на 1946 година му се експроприрани 28 Н и к о л а П е т р о в Р у с и н с к и, Од моите спомени за Охридско-струшкиот револуционерен реон (1901 –1902) во редакција на д–р СтојанРистески, изд. „Студентски збор“, Скопје, 1988, 74–75. 29 Делото Paterik manastira svetoga Nauma е застапено и во десеттатакнига на собраните дела на епископот Велимировиќ (Химлестир, 1983, 749–765).
  14. 14. 88 ха и ѝ се дадени на Selskata rabotna zadruga од с. Љубани-шта (формирана на 1. X 1945), 96,5 ха со аграрната реформа им седоделени на 42 љубаништани. Одземен му е имотот во с. Белчи-шта, а во Стипона не можел да го користи. Од СРЗ на Љубаништаимотот го презеде ЗЗ „Горица“ од Охрид, која и денес го користи.Месната аграрна комисија од с. Љубаништа на Ѓурѓовден 1947година го конфискувала и целиот подвижен имот на манастирот(инвентар, жито и жива стока). На 26 јули 1950 година Централниот завод за заштитувањена културните споменици и природни реткости на Македонија сорешение бр. 1028 одредува: „Се поставува под заштита на зако-нот културно-историскиот споменик црквата Sveti Naum сооколните манастирски конаци“. Оттогаш манастирот не беше цр-ковен туку на државата. Републичкиот завод за заштита на спомениците на култу-рата го имаше под своја управа манастирот Sveti Naum до крајотна 1962 година. На 29. XII 1962 година Републичкиот завод му гопредаде на Општинскиот завод за заштита на спомениците накултурата. Во решението бр. 02-35/1 од 12 март 1968 година наОпштинскиот завод за заштита на спомениците на културата севели дека манастирот е во сопственост на Собранието на општи-ната Охрид, а го користи Заводот за заштита на спомениците накултурата – Охрид. Согласно ова решение, манастирот SvetiNaum има својство на споменик на културата со неговата не-посредна околина: „Дворното место на манастирот со конаците итрпезаријата до главната влезна врата“30. Иако под заштита на законот, манастирот беше незашти-тен31. Многу негативно се изразуваат за состојбата на манастирот 30 Двете решенија што се цитираат се користени од архивата на Завод иМузеј – Охрид. 31 На 25 февруари 1985 година од Заводот за заштита на спомениците накултурата и Народен музеј – Охрид до надлежните органи е пријавена кражбана 13 икони од иконостасот на манастирската црква Sveti Naum, од кои 11икони од верските празници и две икони од крстот на иконостасот. Кражбатае извршена во ноќта на 24 спроти 25 февруари 1985 година (во вечернитечасови на 24. или во раните часови на 25 фревруари, на Прочка). За оваакражба е известен и Интерпол, но од потерата досега нема конкретнирезултати. Според сочувани фотографии, украдените икони се возобновени во1993 година од Драган Ристески. Нивната изработка ја плати Министерствотоза култура на РМ. Таа година е изработен и мозаикот над влезната главнапорта. Тој е поставен над постојната оштетена фреска. Автор: Драган Ристески.
  15. 15. бројни посетители во книгата за впечатоци. Доста работи се не-повратно изгубени. Согласно решението бр. 25 – 212/1 од 24јануари 1991 година Извршниот совет на СРМ на Црквата ѝ севратија 19 сакарални објекти, меѓу кои и манастирот Sveti Naum.Неговото предавање се изврши на 3 април 1991 година. По добивањето клучовите на манастирот од претставникотна Заводот за заштита на спомениците на културата, митро-политот г.г. Тимотеј нив му ги предаде на јеремонахот Нектариј,поставувајќи го за старешина на манастирот, кој дотогаш бешереферент во охридската Митрополија. На 19 мај 1991 година манастирот се преосвети. Јеремо-нахот Нектариј на празникот Свети Наум во 1992 година бешепроизведен во чин игумен. Со тоа стана прв игумен во Дебарско-кичевска епархија. Таа должност и сега ја врши, со тоа што напразникот во 1993 година беше произведен во звањето архиман-дрит. По 1948 година, односно по Информбировската резолуција,манастирот Sveti Naum спаѓаше во пограничната зона, па во негоне се одеше на празникот, туку во црквата „Мал свети Димитрија“во Охрид. За тие потреби во таа црква се донесе икона на светиНаум. И сега иконата се наоѓа таму. Оттогаш е традиција напразникот Свети Наум кои не можат да одат во манастирот даодат во оваа црква на поклонение на Чудотворецот. Подоцна скромно се почна со чествувањето на манастиротSveti Naum. На Црквата ѝ беше дозволено да биде присутна, даврши богослужба, само на зимски Свети Наум (5. I) од 8 до 12часот и на летен Свети Наум од 12 часот на 2 до 12 часот на 3јули. По 1985/6 година имаше извесно попуштање, т.е. Цркватабеше присутна во манастирот од утрото на 2 до пладне на 4 јули.И во дозволените термини, продавањето свеќи и др. беше од За-водот. Даренијата добиени на денот во почетокот се делеа наполумеѓу Црквата и Заводот. Потоа Црквата даренијата ги земашедобиени во термините кога ѝ беше дозволено да биде во манасти -рот, а од другиот дел на годината, официјално, ги земаше Заводотза заштита на спомениците на културата − Охрид. Од 1991 година досега во манастирот Sveti Naum, под ра-ководство на архимандритот Нектариј и надлежниот архијереј г.г.Тимотеј, е доста направено. Старите дотраени конаци од јужната
  16. 16. страна се наново подигнати. Дадени му се на „Виомарк“ на кори-стење до исплатување/повраќање на вложените инвестиции. Во2003/4 година се изгради конакот број 1, југозападниот дел. Водолниот дел има монашки келии, подрум, трпезарија за 80 души,а во горниот дел два салона од највисоко ниво и други простории. На источната страна од западниот конак, односно северноод манастирската црква е подигнат параклисот Свети Кирил иМетодиј, над кој е камбанаријата, чии камбани се осветија напатрониот празник во 2005 година. При влезот во параклисот, нанеговата јужна страна, има голема изложбено-продажна прос-торија на духовна литература и други манастриски реликвии. Ка-мен-темелникот на параклисот се освети и се постави на 9 сеп-тември 2004 година. Се работи на негово интериерно уредувањеза скорешно осветување. Под беспрекорната грижа на Неговото ВисокопреподобиеАрхимандрит отец Нектариј постојано нешто се работи воманастирот, се средува дворот и сета околина. Со ова темпо наработа во скора иднина манастрирскиот комплекс ќе пленува сосвојата среденост и убавина. Манастирот да заживее како што треба, архимандритотНектариј ги истакнува следните неопходности: тргнување на рам-пата за слободно да можат да доаѓаат верниците до манастиротпреку целата година, враќање на манастирскиот имот што е воРепублика Македонија и во Република Албанија, возобновувањена старите конаци, возобновување на традицијата давање храназа сите посетители, подигнување трпезарија за две-тристотинидуши, изградба на голем паркинг-плац и поврзување на приодотсо патот кон нашата царинарница за да можат посетителите какошто доаѓаат така да заминуваат без никакви пречки, т.е. кружнодвижење со коли. За доста од овие неопхдности треба да покажеразбирање државата.O hridskiot mitropоliski kodeks дава значајни сознанија за минатото на Охрид. Тој е дојден до наши дни во препис на Александар К. Робе. Последниот дел е со наслов:„Историски спомени за св. Климент и препод. Наум“. Под влија-ние на некои поранешни пишувања, во Kodeksot погрешно сепредава смртта на свети Климент пред свети Наум. Знаејќи заовој пропуст, другото пишување за свети Наум го дополнуванеговиот животопис, па затоа го предаваме во целост.
  17. 17. – А пак пречесниот и преподобниот Наум, по смртта на св.Климент, повеќето време го мина во Девол, наспроти ОхридскотоЕзеро, недалеку од Љубаништа и таму кога го подигна од темелсвето престојувалиште и црква во чест и во име на архангелитеМихаил и Гаврил и на останатите бестелесни сили мина во аскет-ски и рамноангелски живот, раководејќи го народот со неговитепремудри учења кон секое дело на добродетелство и богочес-тивост, избавувајќи од секаков стремеж кон лошотии и неправда,како и од искушение на искушителот ѓавол и поттикнувајќи ираководејќи ги сите кон правите и вистинските патишта направдата, избавувајќи го народот од богомразната и богохулнатаерес, јавувајќи се тогаш во онаа страна на Илирок, ересот набогомилите и масалјаните... го преживеа свето и богочестиво и помногу маки и борби што претера, замина кон небесниот награду-вач за борбата и плаќачот на надницата – Христос за да ги добиенаградите за својот труд, оставајќи ни ги нам на духовните чедасвоите свети и пречесни мошти, нетлено богатство и извор наисцелувања на сите кои со вера и благочестивост одат на негови-от чудотворен гроб. Навистина, многу тешко им паѓа на сите историољупци не-знаењето хронологијата на смртта на преподобниот Наум заштопо неговата смрт не се зачува историја, бидејќи последователнитепотоа неглаткости и непрекидните немири, притоа и крајнатанеписменост во онаа позната темнина, само тоа се зачува кадешто успението на нашиот преподобен и богољубив отец НаумЧудотворец стана на 23. ден од месец декември, како што сегледа во една книга напечатена на грчки во Венеција или аколу-тија (последование) со песни за св. Наум собрана заедно со ониеод препознатливото на Имецет – Христовото рождество. Во Ohridskiot mitropoliski kodeks се регистрирани и некоизафати и настани во манастирот Sveti Naum од XIX век. Така,игуменот Стефан бил наследен од јеромонахот Динисиј, родом одТеодосиопол во Азија, на 10 декември 1809 година. За негововреме во манастирот Sveti Naum, меѓу другото, било направено: – 1810 година се изградиле шталите и горните корчанскиодаи; – 1811 година се изградиле горните катови; – 1812 година се изградиле метохот и дуќанот во Корча;
  18. 18. – 1813 година се изградиле двокатните чардаци на охриѓании фурната; ресенските одаи, одаите на влашките челници, однос-но на чобанбашиите Лицадиоти и Самаринци; – 1815 година се изградиле чардакот на Ланга и кералот; – 1818 година до црквата се ископал бунарот со добиена по-мош од еден бег Албанец; – 1819 се изградиле чардаците и маѓерницата (кујната), какои постојните блиски згради; – 1827 година се изградиле големата одаја на аџи Симо иблиското кафе. Во ракописот се вели дека тоа се констатира одследниот натпис: „Оваа одаја се изгради со помош и трошоци нагосподин аџи Симо (Симеон), родом од село Моловишта, којживее во Битола, за вечен спомен во времето на игуменот аџигосподин Дионис“; – 1828 година се возобновил мостот до Охридското Езеро одДимитрија Булумбаши, од село Куртеш – Епир. Кога се направени овие зафати кнезувал (управувал) со ОхридЏеладин-бег, син на гази Ахмед-паша. Својот плоден (градежен) игуменски живот Дионисиј го завр-шил во април 1835 година, но остана познат уништувач на сло-венските книги. Од 1835 до 1843 година бил купен чифлигот во Љубаништаза 40 000 гроша од игуменот Серафим, родом од селото Велгош-ти, а починал во март 1847 година. Потоа во Kodeksot се наведени несреќите што го зафатилеманастирот Sveti Naum: – На 16 октомври 1871 година рано во понеделникот сеслучи првиот пожар, кој ги претвори во пепел одаите што се нао-ѓаа на исток, чардаците, убавата одаја што се наоѓаше над езе-рото, викана „Одајата на Џеладин-бег“, некогашен управител наОхрид од 1809 до 1830. Во тоа време, во 1871 година, надгледу-вател на светиот манастир бил Андроник Заро, син на АнастасЗаро, родом од Охрид [веројатно овде е превид, би требало да биде Зарче].Вториот пожар стана во февруари 1874 година на полноќ и гипретвори во пепел речиси сите згради, со исклучок, како по некоечудо, на охридските и москополките чардаци, коишто се гледаатдо денес... 8 јули 1906 година.
  19. 19. С вети Наум станал култ кај народот од Кутмичевица уште за време на животот со неговата неуморна работа, а особено со неговите чуда. Всушност, свети Наум и други-те негови најблиски соработници (Климент и Ангелариј), како инеговите првоучители, со својата божествена моќ биле познатиод порано. Според Op{irniot `ivotopis na sv. Kliment Ohridski одТеофилакт, гробот на свети Кирил во Рим станал изгонител насите зла од човекот: „Штом некој ќе се приближеше до гроботили ќе го повикаше името на овој богоносен отец – според својатавера, тој ќе добиеше исцеление од своите страдања ... Така крајотна Кирила му донесе почест и од божествениот папа и од Бога“32.Таму, во Рим, со својата ученост и знаеност на јазици дошол доизраз и свети Наум33. На необичен начин свети Наум и другите затворени ученицина св. Методија биле ослободени. По нивните молби, „Бог, откаконаѕре кон Земјата, ја направи да се потресе и стана голем земјо-трес како кога Павел се молел во пранги, и од небото се задалголем шум и прангите паднале, а тие што дотогаш биле затво-рени, станале слободни ...“34 И кога протераните Климент, Наум и Ангелариј се упатилепо Дунав, според Теофилакт, отишле да се закрепат со храна и дасе одморат во едно село. Токму тогаш на стопанот од куќата вокоја отседнале му починал единствениот син. Со нивната молбана „ожалостениот татко жив му го предале синот“35. Чудотворноста на свети Наум позасилено почнува по него-вото повлекување во изградениот манастир, со неговото посету-вање и престојување во крајезерските пештери. Особено неговиоткулт се зацврстува со чудата што се случувале на неговиот гроб иво неговиот манастир. Со нив станал популарен кај сето населе-ние, без разлика на вера и народност, бидејќи тој на сите им по-магал, само ако искрено му се молат. За брзото култивирање ликот на свети Наум зборува кано-низирањето за светец набрзо по смртта и трите житија. Во XII век 32 Зборник „Свети Климент Охридски 916 – 1966“, изд. Македонскаправославна црква, Скопје, 1966, 96. 33 Станислав Краков во книгата Kroz Ju`nu Srbiju (Белград, 1926, 59)пишува дека зборувал седум јазици. 34 Зборник „Свети Климент Охридски 916 – 1966“, Скопје, 1966, 109. 35 На истото место, 114.
  20. 20. охридскиот архиепископ Константин Кавасила ја напишал нагрчки јазик службата за свети Наум. Подоцна таа е преведена нацрковнословенски јазик. Архимандритот Нектариј ја преведе и јаобјави на современ македонски литературен јазик во алманахот„Светиклиментово слово“ за 1998 година. Во оваа служба светиНаум се нарекува „ѕвезда божествена“, „мизиски светилник“, којне им дал дремка на неговите очи. „Божествениот Наум на јеро-монахот Климент му помагаше, кој кај народот мизиски дојде исиот го освети со светите проповеди...“36 Посебно во службата еакцентирана чудотворната моќ на свети Наум и на неговиот гроб.Оваа служба и сега се служи на денот на свети Наум во два дела:вечерна и утрена. Покрај преку годината, манастирот најмногу верници го по-сетуваат на патрониот празник. Порано панаѓурот се одржувал наденот на неговата смрт, на 23 декември, односно на 5 јануари. Во1727 година црковнонародниот собор решил ова празнување дасе префрли на 20 јуни/3 јули37. Причините за тоа се образложениво пастирската посланица на охридскиот патријарх господинЈоасаф II и Синодот од 14 архијереи од 21 мај 1728 година, чијцелосен текст гласи: – Јоасаф, по Божја милост, Архиепископ на Прва Јустини-јана, Охридски, и на цела Бугарија. На сите благочестиви и православни верници христијани однашиот апостолски трон на нашата православна архиепископијаПрва Јустинијана – Охридска, како духовните (кои се наоѓаат восветиот каталог) така и мирјаните (кои се наоѓаат под светскатавласт) чеда на Светиот Дух, највозљубени на нашата смиреност,да биде на сите нас благодат, мир и милост од единствениот Бог ицар и од нашата смиреност и од Светиот архијерејски синод, одпреосвештенствата, митрополитите, Богу возљубените епископи,од Светиот Дух, возљубени наши браќа и сослужители, апостол-ска молитва, благослов и опростување. Сите свети празници од соборната и апостолска црква наБогочовекот Емануилот и Спасителот наш Исус Христос, вистин- 36 Службата на свети Наум е објавена во алманахот Светиклиментовослово, 2006, 18 – 33, во превод од црковнословенски јазик на архимандритНектариј. 37 И в а н, С н е г а р о в, ИсториÉ на Охридската АрхиепископиÉ, СофиÉ,т. 2, 1995, 293), според германскиот византолог Гелцер, вели дека во 1727 г.Било донесено ова решение.
  21. 21. скиот Бог, се делат на два [вида] – Господски и Богородични, ка-ко и на празници на останатите светии, светители, маченици, пре-подобни и праведни, т.е. колку би се случиле, од коишто едни севикаат подвижни, други неподвижни, според мнението на право-славните и мудри наши учители; и неподвижни се викаат ониешто не е можно да примат никаква промена и преместување напразнувањето на нивниот свет ден. Но според тоа како се виканиод почетокот од пресветителната благодат на Светиот Дух, такаима да останат непреместливи и непроменети исто и празницитена Рождество Христово, на свето Богојавление, на Сретение Го-сподово, на Светото Воскресение, Преполовение на Педесетни-цата, Светото Вознесение, Светата Педесетница и најпосле наСите Свети. Другите празници се викаат подвижни, т.е. промен-ливи зашто се променуваат и се преместуваат од нивните празну-вања во друг ден без да има некаква пречка или грешка во нашатачиста и непорочна вера на христијаните, како што гледаме декастанале преместувања..., т.е. празникот на свети Јован Златоустшто паѓа да биде и да се празнува на 14 септрември (зашто во тојден се успа во Господа светецот и за свеченото воздвижување начесниот и животворниот крст се премести на 13 ноември и какопоследованието (аколутијата) на великиот Канон... неделата одсветата и велика Четириесетница; кога во текот на неа... [ќе] сеслучи некогаш празникот на Благовештение, речиси, и страшнотопреображение на нашиот Господ којшто станува... И за сверствените и за исцелителните страдања Господови.(Има забелешка во текстот, во која се вели: „Треба да има некоја погрешка припрепишувањето“.) И кога ќе се совпадне празникот Благовештениесо Велики петок или со Велика сабота, се преместува, се сопраз-нува и службата му се истава во неделниот ден од светото Хри-стово Воскресение, ретко се поместува празникот на светиот иславниот велемаченик Георгија Победоносец, но ако се случи дападне на Велики петок или на Велика сабота, или на истиот денод светата Пасха, се преместува и му се пее во понеделникот (попрвиот ден од Воскр. Хр.) од светлата недела. Заради тоа, нашата смиреност, врз основа на општото сино-дално мислење на преосвештенствата, митрополитите, на богу-возљубените епископи, свештеници и клирици, чесните архонтиод потчинетите на нашот апостолски трон и сообразувајќи се сообичајот на Црквата и согледувајќи и запазувајќи ја таа старатрадиција дека за најдобро и најредовно ќе биде да може црков-
  22. 22. ната традиција некогаш да се премести без да стане од канонскоиме погрешка, најде благословено за веселиот и радосниот праз-ник и свеченоста на преподобниот и богоносниот наш отец НаумЧудотворец, наоѓајќи се близу до границите на нашата светаОхридска архиепископија заради повеќе радост и слава на инте-лектуалната и светлосната ѕвезда на Црквата и заради други раз-ни околности, да се премести од 23 декември и празникот наистиот светец отсега во иднина да станува на 20 јуни; од еднастрана зашто тогаш времето е зимно и поради мачнотиите одвремето и зимските неприлики не можат никогаш да се насладу-ваат од убавиот празник на светецот, а од друга страна и најваж-ното е дека празникот на преподобниот и богоносниот наш отецНаум Чудотворец, се случи, меѓу другото, да биде во предвечер-ните денови на Рождеството Христово. Поради тие причини, секој од празникољупците христијаниќе се поттикнува да отиде на поклонение на светецот и главнопоради тоа нешто се преместува празникот и панаѓурот на тојсветец од 23 декември... наредивме преку благодатта на Пресве-тиот Дух да биде и временски да се празнува и да се прославувапрочуениот по многу чуда чудесниот и преподобниот Наум на 20јуни. По мнение и решение на светите околу нас архијереи иклирици и на сите христијани љубители на празниците. Порадитоа и преку сегашната тукашна патријаршиска вула (I сигилиум)и синодалното писмо што се соопштува на сите и насекаде, прекупанаѓурот на преподобниот и богоносниот наш Наум Чудотво-рец, кој се наоѓа во Љубанишки Девол, се преместува и се пре-мести од 23 декември за поголема слава и чест на светецот пора-ди околностите што ги споменавме горе, да се слави и да се праз-нува на 20 јуни. Затоа, којшто има ревносно и подобно благочестие кон све-тијата нека тогаш се потруди секој од празникотљубивите хри-стијани да се претстави како друг пророчки елен кај изворите вочудата на светиот гроб каде што се наоѓаат неговите светиостанки и во високопочитуваниот храм, тој интелектуален и полнсо лекови извор за да земе благодат со душа и тело зашто чудата,милостите и исцелувањата на преподобниот и богоносен нашотец Наум Чудотворец толку бројно се многу што го надминуваати бројот на ѕвездите... Бидејќи е заштитник и помошник прекусите денови на животот на секого и најголем покровител вопридобивање на вечното блаженство и на царството на нашиот
  23. 23. Господ Исус Христос..., чија благодат и бескрајна милост и со-јузништво и молитвите на нашиот отец Наум Чудотворец да бидесо сите вас и нас. Амин. Лето Господово, 21 мај 1728 год. Јоасаф, по Божја милост, Архиепископ на Прва Јустинијана,Охридски Костурски Hrisant, првопрестолен и сечесен Пелагониски Josif Тивериополски Kalinik Белеградски (или Бератски) Nikifor Едески (Воденски) Josif Драчки Nikita Дебарски и кичевски Danijl Преспански Teodosij Селасфорски (Ѕвездански) Grigorij Велешки Daniil Гребенски Teofan Корчански Gearasim Мегленски Antim Горенски и Мокренски (Гора и Мокра) Teodosij38. Забелешка. Д-р Лазар Мирковиќ (Sveti Naum Ohridski, СремскиКарловци, 1924, 8), еден автор на стр. 555 од неговата книга, како и другипрефрлувањето празнувањето на свети Наум го сврзуваат со посланица од 21мај 1720 (други: 1740) година. Меѓутоа, хаотичната положба создадена сосвргнатиот архиеп. Филотеј не дозволувала веднаш по доаѓањето на архиеп.Јоасаф да се зафати и со прашања од прослави. Од тие причини за точни гиземаме 1727 година и посланицата од 21 мај 1728 година. И од 1728 година наваму панаѓурот во Sveti Naum се одр-жува на 20 јуни / 3 јули. Тогаш од Охридско, Струшко, Ресенскои од подалечните места не се оди, туку луѓето се селат во SvetiNaum, користејќи ги сите превозни средства и пешки. До поста-вувањето на строгата граница меѓу Кралството на СХС и Алба- 38 Текстот на Посланицата го презедовме од Ohridski mitropoliski kodeks,кој со г. Гоце Ангеличин Жура го објавивме во издание на Завод и Музеј –Охрид, 2005. Трите точки се и во Кодексот. При преводот единствено збoрот„клерици“ е заменат со „клирици“, бидејќи станува збор за православно духов-ништво.
  24. 24. нија во 1925 година, и некоја година подоцна, во Sveti Naumмасовно доаѓале луѓе од поблискиот и од подалечнот дел наАлбанија. Доаѓале луѓе од Албанија и потоа, но помалу, бидејќиграницата се минувала со пасош. За време на окупацијата (1941 – 1944) можеле луѓето одАлбанија да доаѓаат, но поради воените настани ретко се доаѓало.Масовно посетување на манастирот Sveti Naum и од населениетона Албанија имало и од 1945 до 1947 година. За тоа посебназаслуга му припаѓа на Охридскиот окружен народно-ослободите-лен одбор од Охрид. Тој на 5. VI 1945 година испратил писмо бр.3724 до Министерството за внатрешни работи во Скопје со след-ната содржина: „Како и секоја така и ова година ќе се прославит патрониотпразник на манастир Св. Наум гр. Охрид на ден 3 јули о. г. На тој ден идат богомолци од сите краишта на државатадури и од Албанија, зато Ви молиме за ходатејството пред Глав-ниот Штаб на Македонија да се разрешит на Албанците прелазпреку границата за тој ден“39. Министерството за внатрешни работи на Демократска Фе-дерална Македонија со писмо бр. 3292 од 14. VI 1945 година годало следниот одговор: „Во врска со писмото на Окол. Н. Одбор – Охрид, бр. 3724от 5. VI. 1945 г. Министерството за внатрешни работи разрешавана богомолците – Албанските државлйани да на 3 йули т. г. т.е.на патрониот празник на манастирот Sv. Naum во Охрид, минаватслободно границата – Sv. Naum – Подградец“40. За решението на Министерството за внатрешни работи наДФМ Окружниот НОО – Охрид ги известил: одговорното лице наОЗНА и Царинарницата во Охрид (писмо бр. 4215/29. VI 1945),манастирот Sveti Naum (бр. 4090/19. VI 1945), Околиските НООво Охрид, Струга и Дебар (бр. 504/19. VI 1945), а ОколискиотНОО – Охрид своите општински одбори ги известил со содр-жината на добиеното писмо од Окружниот одбор со писмо бр.4215 на 23. VI 1945 година, завршувајќи го со паролата: „Да жи-вит победата над фашизмот“41 како јасно укажување дека оваа и 39 Историски архив – Охрид, фонд Околиски народен одбор – Секрета-ријат, 1945. 40 На истото место. 41 На истото место.
  25. 25. следните славја и на свети Наум ќе бидат благодарение на уче-ството на народот од двете соседни држави во победоноснатаантифашистичка војна. Учесниците на панаѓурот во 1945 година велат дека бил не-запомнат по масовната присутност на луѓе од Албанија. Такабило и следните две години, а посебно 1946. Тие незаборавни иблагородни средби на луѓето од двете земји од регионот на мана-стирот Sveti Naum се прекинаа во 1948 година поради Информ-бировската резолуција. Култот на свети Наум е присутен во фреското сликарство,во иконописот и на печатите од манастирот. Портретот на свети Наум во уметноста до крајот на XVIIвек поретко се среќава. Неговиот пробив во повеќе балканскисредини е од XVII век. „Првите позначајни откритија на Наумо-вите портрети во монументалниот живопис, во иконописот и от-печатоците на печатите со неговиот лик, покажуваат дека Наумо-вото пошироко присуство во средновековната уметност може дасе следи дури од XVI век“42. Ликот на свети Наум е застапен налитиската икона, во Sv. Sofija, во пештерната црква Zaum (Bo-gorodica Zaumska), па на една икона во црквата Sv. BogorodicaBolni~ka, во живописот на црквата Mal Sv. Kliment. Svetite Sedmo~islenici, priprata, 1806. „Најрепрезентатавно дело со ликот на Наум од овој периоде, секако, иконата од црквата Sv. Bogorodica-Perivlepta, насли-кана како пандан на Климентовиот лик, врвно дело на охридскитеработилници на иконописот“43. Портретот на свети Наум е заста-пен во композицијата Sedmo~islenicite на Сливничкиот мана-стир. Култот и чудата на свети Наум најсестрано се застапени вовтората зона на гробниот параклис во манастирската црква SvetiNaum,44 каде што е присутен и во иконостасот45. 42 Ц в е т а н Г р о з д а н о в, Портрети на светителите од Македонија одIX–XVIII век, Скопје, 1983, 106. 43 На истото место, 110. 44 Ц в е т а н Г р о з д а н о в, Живописот на гробниот параклис на СветиНаум Охридски, зборник „Наум охридски“, изд. ИА, Охрид, 1985, 85–97. 45 Д и м и т а р Ќ о р н а к о в, Иконостасот во црквата Sveti Naum,зборник „Наум Охридски“, ИА, Охрид, 1985, 111–115.

×