2. загреаност
Досега загреаноста на телата ја
искажувавме со зборовите потопло,
односно поладно тело. Меѓутоа,
нашиот осет за загреаноста на едно
тело често може да не излаже и не
можеме секогаш правилно да
оцениме дали некое тело е потопло
или поладно.
6. Да ја разгледаме следната слика
Што ќе почувствува човекот? Каква е водата во садот
во која човекот ги ставил двете раце, топла или ладна?
Дали човекот може да каже колку е топла –
топлата вода, а колку е ладна – ладната вода
7. Жешко топло ладно
До појавата на термометрите, човекот
степенот на загреаност го оценувал со
допир
9. Кога на едно тело му се ДАВА
енергија, телото се ЗАГРЕВА и
велиме дека неговата
температура РАСТЕ.
Кога на едно тело му се ОДЗЕМА
енергија, тоа се ЛАДИ и велиме
дека температурата ОПАЃА.
10. Ако ставиме вода на едно решо
да се загрева, тогаш до кога ќе
расте нејзината температура?
Додека не зоврие.
Ако водата е ставиме во
фрижидер, тогаш до кога ќе
опаѓа нејзината
температура?
Додека не замрзне.
11. Дали температурата можеме да
ја поврзиме со брзината на
движењето на молекулите?
Колку брзината на молекулите е
поголема, толку и температурата
е поголема и обратно, ако
брзината е помала и
температурата е помала.
12. Кога ќе се доближат тела со различни
температури, топлината како енергија
преминува од телото со повисока
температура кон телото со пониска
температура
Што ќе се случи кога ќе се
доближат тела со различни
температури?
Кога овој премин на топлина ќе
престане, тогаш велиме дека телата
имаат еднаква температура.
13. дефиниција
ТЕМПЕРАТУРАТА е
физичка величина која го
определува степенот на
загреаност на едно тело.
Од се досега кажаното, можеме да ја
искажеме дефиницијата за температура.
15. Температурата се мери со
инструмент кој се вика
ТЕРМОМЕТАР.
Како се вика инструментот
за мерење на температура?
16. Внатрешната енергија којашто од
потопло тело преминува на поладно
тело се вика ТОПЛИНА.
ТЕМПЕРАТУРАТА е физичка
величина која го определува степенот
на загреаност на телото.
Според тоа, голема грешка се прави
кога наместо ТЕРМОМЕТАР, велиме
ТОПЛОМЕР.
18. ТЕРМОМЕТАР
Термометарот најчесто е
исполнет со жива или со алхохол.
За овие термометри е важно
течностите при загревање
рамномерно да се шират во
доволно голем распон на
температури. Живата е метал во
течна состојба. Бидејќи е
отровна со неа треба внимателно
да се однесуваме.
19. Термометарот со
течност се состои од
многу тенка цефка која
на едниот крај е
проширена во топчест
или цилиндричен дел.
Цефката на горниот
крај е затворена и над
неа нема воздух. При
загревање живата се
загрева нагоре по
цефката, а при ладење
се враќа во топчестиот
сад.
20. За да можеме да ја мериме
температурата, мора да имаме
единица мера и температурна
скала.
За да се направи
температурната
скала се земени
двете специфични
состојби на водата
21. 1. Едната положба одговара на
температурата кога водата почнува да врие
100
На колку степени водата
врие?
2. Другата положба
одговара на температурата
кога водата почнува да
мрзне, а мразот да се топи
На колку степени водата
замрзнува, односно
мразот се топи?
0
22. Шведскиот физичар
Андерс Целзиус ова
растојание го
поделил на 100
еднакви дела и во
негова чест
единицата за
температура се вика
Целзиусов степен
(0С).
23. Целзиусов степен (0С) е определен
како стотти дел од растојанието меѓу
температурата кога мразот се топи
(00С) и кога водата врие (1000С).
Со еднакви
поделци скалата
продолжува и
над 1000С и под
00С.
25. Освен Целзиусовата
температурна скала,
којашто е во употреба,
во Меѓународниот
систем пропишана е и
Келвиновата скала.
Карактеристично
за оваа скала е тоа
што таа почнува од
апсолутната нула.
26. Апсолутната нула е
температура на која
замислуваме престанок
на движење на сите
молекули.
Апсолутната
нула одговара
на температура
од -273,15 0С.
28. Промена на температурата од 10С
одговара на промена на
температурата од 1К.
За апсолутната температура се
употребува ознаката Т, а
температурата мерена во степени
Целзиусови ја бележиме со t.
1К = 10С
29. За претворање на температурите, односно
конверзија се користи следната формула:
На пример, колку Келвини изнесуваат 200С ?
Т = 273,15 + t = 273,15+20
Т = 293,15 К
30. Или обратно, на пример, колку Целзиусови
степени изнесуваат 373,15 К ?
t = 373,15 – 273,15
Т = (273,15 + t) К
373,15 = 273,15 + t
t = 100 0С
31. Бидејќи Целзиусовиот степен е
еднаков со Келвиновиот,
температурните разлики
искажани со овие единици се
еднакви.
На пример, ако на некое тело му се
покачила температурата од 150С на
280С, тогаш разликата е 130С, а иста
е и разликата во Келвини.
32. Покрај Целзиусова и
Келвиновата постојат и
уште три други
температурни скали, а
тоа се: Фаренхајтова,
Реомирова и Ренкинова.
33. ЖИВИН ТЕРМОМЕТАР
Со живиниот
термометар можат да
се мерат температури
во границите од -390С
(температура кога
живата замрзнува) до
3500С (температура
кога живата врие).