2. Хемотрофните организми се најчесто бактерии
кои од неорганска материја синтетизираат
сложени органски соединенија за што користат
енергија добиена од оксидоредукциските процеси
на некои неоргански соли или еднојадрени
јаглеродни соединенија.
Овие организми немаат хлорофил а се во состојба
да синтетизираат гликоза од CO2 и H2O
3. Сулфурни бактерии
- од почвата и водата го користат
сулфурводородот што се добива со гниење на
протеински материи.
- многу од овие бактерии се морски жители
- сулфурните бактерии го оксидираат
сулфурводородот при што се ослободува
елемнтарен сулфур кој бактерииеа го акумулира и
се ослободува енергија што бактериите ја
користат за асимилациони процеси
4. Овие бактерии го оксидираат железото
карбонатод кој со хидролиза се добива
железо хидроксид и се ослободува
енергија што бактериите ја користат за
асимилација.
5. Во првата фаза со оксидација го
трансформираат амоњакот до азотеста
киселина и нитрити
Во втората фаза со оксидација се добива
азотна киселина и нитрати
6. Бактериите вклучени во овие процеси се
нитритните бактерии (Nitroyomonas) или
нитратни бактерии (bacterium nitrobacter) и двата
вида живеат заедно во почвата.
Овие бактерии играат важна улога бидејќи ги
преобразуваат органските азотни соединенија до
облици погодни за користење во исхраната на
растенијата.
7. Нитрификационите бактерии неможат да се
поистоветуваат со бактериите кои можат да го
врзат слободниот азот од атмосферата.
Азотофиксаторните бактерии се изразито
хетеротрофни организми а нитрификационите се
автотрофни
При нитрификација се ослободува енергија
бидејќи е егзотермна реакција а при врзување на
слободен азот се троши енергија односно
процесот е ендотермен
8. Количеството на органски соединенија
произведени со хемосинтеза е сосема
мал во споредба со тоа што е
произведено при фотосинтаза