1. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Податоците кои се обработуваат и меморираат во компјутерот се изложени на бројни
несакани оштетувања . За да не дојде до нивно губење или оштетување потребно е да се
користат најразлични техники за нивно чување како што е архивирањето , зипувањето и
заштитата од компјутерските вируси.
Архивирање на податоците
Архивирањето претставува правење резервна копија на податоците на дискот или
најчесто на друг диск ,на компакт дискови , на дискети или на магнетни ленти .
Кај големите системи архивирањето се прави барем еднаш неделно , а кај
персоналните компјутери тоа треба да се прави секојдневно.
Бекап програми
Програмите кои се користата за архивирање на податоците се нарекуваат бекап
програми .
Постапката на правење на резервна копија се нарекува бекап(backup )
Овие програми се дел од УСЛУЖНИТЕ ПРОГРАМИ кои се наоѓаат во системските
алатки како дел на Оперативниот систем Windows , а се стартуваат:
Start –Programs-Accessories-SystemTools-Backup , по што ако за прв пат се користи се
отвара Beckup Wizard, препорачливо е да се исклучи водичот на бекап со притискање
на Cancel но, претходно да се означи полето Always start in wizard mode.
Кога повторно ќе се стартува програмата се јавува прозорецот Backup Utility во кој
има две листи :
Backup - За правење копии на податоците
Restore and Manage media - За враќање на копираните податоци
Зипување или компресија на податоците
Компресијата претставува постапка со која содржината на датотеките се запишува во
скратаена форма.
Жаргонски компресијата се нарекува зипување.
За зипување се користи програмата Win Zip , WinRAR или некоја друга програма за
архивирање со зипување која исто така припаѓа на УСЛУЖНИТЕ ПРОГРАМИ.
Ако е инсталирана оваа програма зипувањето може да се направи и одма со
притискање на десен клик над иконата на датотеката при што од понуденото мени ќе
се избере Win Zip... или Compress.... зависно од тоа со која програма за архивирање и
зипување располагаме во нашиот компјутер.
Компјутерски вируси
Кратки програми способни да се залепат за други програми или датотеки и да се
активираат при нивното извршување или да се пренесат заедно со нив.
Тоа се случува незабелезно за корисникот на компјутерот однесувајќи се на сличен
начин како биолошките вируси поминувајќи низ фази на инкубација , размножување со
самокопирање , „инфицирање“ на другите програми и датотеки и активирање на вирусот.
Постојат над неколку илјади компјутерски вируси со најразлични ефекти како скокање
на пинг-понг топче на екранот , свирење на музика во определено време , бришење на
порака , датотека или појава на неразбирлива содржина на документот , но има и такви
компјутерски вируси кои ги оштетуваат системските програми на дискот , а и такви кои можат
да направат и механички оштетувања на деловите на компјутерот.
Денес нивното пренесување е најбрзо и најголемо преку користењето на ИНТЕРНЕТ
услугите.
2. Најпознати компјутерски вируси
W32/Mydoom.s@MM , W32/Netsky@MM , Exploit-MhtRedir.gen , VBS/LoveLetter@MM ,
Adware-Gator , W32/Pretty.worm , W97M.Melissa , Happy99.Worm W95.CIH(Chernobyl) ,
Concept, Party_Boot, Empire.Monkey , Peter II , YankeeDoodle , Stoned , Michelangelo итн.
Типови на компјутерски вируси:
Паразитски вируси
Вируси на стартниот сектор
Макро вируси
Кластер вируси
Мултипартитни вируси
Скриени ( најчести се тројанските коњи или тројанци)
Шеговити вируси
Мрежни вируси ( најчести се црви или worm)
Анти – вирусни програми
Програми кои ги откриваат и бришат компјутерските вируси.
Најпознати такви анти-вирусни програми се: McAfee VirusScan , Virex , Dr Solomon`s
, Norton AntiVirus , Kaspersky , Nod 32 , BitDefender Antivirus 2008 и многу други.
ВАЖНО!!!
Секогаш на твојот компјутер нека биде активна најновата спуштена верзија на анти-
вирусната програма!