2. Си била еднаш една
многу убава и добра
девојка која живеел со
маќеата и двете многу
лоши полусестри кои ја
терале секогаш да
работи. Невината
девојка спиела покрај
огништето, па секогаш
имала прав и пепел по
облеката. Затоа ја
нарекле Пепелашка.
3. Пепелашка не
само што
живеела со
маќеата и
полусестрите,
таа живеела и
со нејзините
пријатели,
животинчиња
кои секогаш ја
подржувале.
4. Еден ден, кралот приредил кралски бал во
чест на неговиот син каде било повикано и
семејството на Пепелашка. Маќеата и ветила
на Пепелашка дека ќе оди но под еден услов,
ако ги заврши сите обврски .
5. Пепелашка ги
завршила своите
обврски и го
подготвила
прекрасниот фустан
за балот со помош на
вредните
животинчиња. Но, за
жал лошата строга
маќеа со своите ќерки
го уништиле
преубавиот фустан на
Пепелашка кои и
забраниле да оди на
балот. Пепелашка
плачејќи истрчала
надвор.
6. За среќа една
многу добра
самовила се
појавила пред
Пепелашка. Таа и
помогнала и
направила многу
убав фустан за
балот, стаклени
чевлички и отмена
кочија.
7. “Немој да заборавиш дека дворецот мораш да
го напуштиш пред полноќ, затоа што тогаш ќе
престане дејството на магијата”, - добрата
самовила ја предупредила Пепелашка и
исчезнала.
8. Веднаш штом се
појавила на балот,
Пепелашка со
својата убавина ги
засенила сите
девојки и го
привлекла
вниманието на
младиот принц. Тој
веднаш ја поканил
на танц. Танцувајќи
со него
предизвикувала
завист кај другите
жени.
9. Во моментот додека трчала
по скалите го загубила
едното стаклено чевличе.
Без да се сврти, скокнала во
кочијата и заминала.
Поминала полноќ и
Пепелашка повторно била
во својата стара и валкана
облека.
Следниот ден принцот
почнал да ги посетува сите
куќи во кралството.
“Ќе се оженам со таа девојка
што ќе може да го обуе ова
стаклено чевличе”,- рекол
тој.
10. Со денови залудно го
обиколувал кралството,
кога стигнал до куќата на
Пепелашка. Грдите
полусестри безуспешно се
обидувале да ги сместат
големите стапала во
чевличето.Потоа се
појавила Пепелашка и го
земала чевличето. На
општо изненадување на
сите присутни, стакленото
чевличе совршено и
прилегало.
11. Принцот веднаш ја однесол Пепелашка во
дворецот, каде што наскоро приредил
голема веселба во чест на нивната
венчавка.