2. Еднаш одамна во една не многу далечна земја, си
живееше едно убаво девојче, имаше еден пар
чевли направени од дрво досадно едноставни и
сиви. И создаваа болка на нејзините мали стапала
и и го отежнуваа одењето, но таа никогаш не
плачеше.
3. Тогаш еден убав ден таа доби кутија со најубавите
црвени чевли. Ги облече чевлите и оттрча кај мајка и
која беше многу многу болна. Не ги соблекуваше ниту во
текот на денот ниту па ноќта, и мислеше дека никогаш
нема да ги соблече.
4. Нејзината мајка почина неколку дена подоцна и
таа беше многу тажна. Една стара крупна жена ја
зема , и даде нов дом и кревет.
5. Девојчето почна да оди во училиште за да научи да
чита и пишува, и одеше во црква да се моли, но не
престануваше да мисли на сјајните црвени чевли што
старата жена и ги фрли.
6. Како што поминуваше времето убавото и мало
девојче растеше и растеше, а нејзините нови
досадни чевли се смалуваа и старееа затоа
старата жена ја однесе да и купи нови.
7. Сега веќе жената беше остарена и нејзиниот вид беше многу лош,
затоа девојчето знаеше дека нема да примети дека новите чевли
што ги избра се црвени. Повторно девојчето имаше црвени чевли
и ги соблекуваше само навечер, ги носеше дури и во црква што
секако не беше во ред. Знаеше дека тоа е срамно и лошо и дека
луѓето ја загледуваат, но сепак таа ги носеше недела по недела и
изгледаше дека не и е грижа.
8. Но тогаш една недела, брадест војник чекаше пред вратата
на црквата прошепоте нешто за чевлите на девојката и тие
почнаа да играат по подот. Тие играа и играа, а таа
танцуваше заедно со нив, танцуваше во црквата и надвор,
таа не го сакаше тоа но неможеше да престане, можеше само
да се мурти.
9. Чевлите танцуваа и дење и ноќе, девојката беше
исцрпена, но некако успеа да танцува до вратата
на џелатот. ,,Соблечете ми ги”!-викаше девојчето
во болка, дури ако треба исечете ми ги нозете,
зошто сакаше да престанат да играат за да може
да легне или барем седне.
10. И така се случи, и ги исекоа нозете, но чевлите
продолжиле да играат. Изморената девојка знаеше
дека е време да оди во црква и да се моли. Таа
одеше бавно со штаки во раце, пешачеше цел ден
можеби и повеќе, но неможеше да влезе во
црквата бидејки нејзините црвени чевли танцуваа
пред вратата. Проба и следната недела и неделата
потоа но неможеше да влезе во црквата.
11. Таа стана слугинка во домот на пасторот надевајќи се
дека ќе добие прошка пред да умре. Една недела како и
секогаш сите беа во црквата но таа остана во нејзината
соба и се молеше да се појави ангел во светлина
опкружен со расцветани цветови.
12. Ангелот ја слушна молитвата, знаеше дека е искрена и
и го покажа рајот. Девојчето тргна кон небото среќна
што ги гледа нејзините стапала конечно боси.