2. Атинскиот Акропол е еден од најпознатите акрополи кој се наоѓа
во Грција. Се наоѓа на 150 метри надморска височина во грчката
престолнина Атина. Акрополот бил изграден во времето на микенската
цивилизација и се смета дека бил рездиденција на царскиот дворец
3. Во 447 п.н.е., во времето на Перикле започнала реконструкција на комплексот, време кое е познато и
како Златен Век во историјата на Атина. Во 437 п.н.е. започнала изградбата на главниот влез на
акрополот, кој се викал Пропилеи и главен архитект бил Мнесикле. Најголемата градба на акрополот
е партенонот. Тој е храм кој бил посветен на Атина. Храмот бил разрушен во 480 п.н.е.година од
страна на персијците. Истата била повторно изградена во времето на Перикле. На западниот дел од
партенон се наоѓа друг храм, наречен Ерехтеон.
4. Според преданијата, Атена и Посејдон спореле околу превласта над градот Атина. Посејдон
ја докажувал својата сила удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после
тоа од истото место започнало да извира вода. Божицата Атена, после тоа, на голата карпа
засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Посејдон по ова признал дека бил
победен, а светото маслиново дрво на божицата Атена го бранела акрополот од сите
надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината карпа од вар, која
се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина била наречена Акропол – овој
назив значи “Горен град“ и многу често бил користен за ископувања и за истражување
на Стара Грција – уште од неолитско време, се смета дека бил создаден.