Takmičenje na portalu www.nasaskola.net
"biramo najbolju lekciju"
februar 2012. godine,
Grčko-persijski ratovi, Istorija, Pavle Tenjović, Velimir Stojanović,
Gimnazija Aleksinac
Takmičenje na portalu www.nasaskola.net
"biramo najbolju lekciju"
februar 2012. godine,
Grčko-persijski ratovi, Istorija, Pavle Tenjović, Velimir Stojanović,
Gimnazija Aleksinac
1. Времето на Перикле
Перикле бил старогрчки политичар,
говорник и војсководец од V век п.н.е.,
а посебно бил значаен за периодот
помеѓу Грчко-персијските војни и
Пелопонеската војна. Владеел од 461.
п. н. е.— 429. п. н. е. Во историјата
познато како времето на Перикле, исто
така Златен век затоа што за време на
неговото владеење Атина била на врвот
со својата моќ. Перикле ја искористил
победата на Грција над Персијците,
како и зајакнувањето на атинските
морнарници и го трансформирал
Делскиот сојуз во Атинска поморска
држава, а самата Атина ја довел до
најмоќна во нејзината дотогашна
историја. Перикле бил на чело на Атина
се до 429 п.н.е., втората година на
Пелопонеската војна, каде што умрел
како жртва на епидемија која тогаш ја
погодила Атина.
2. Политичката кариера за
Перикле започнува околу 463
п.н.е. Кога учествувал во
процесот против Кимон, синот
на војсководецот Милтијада и
лидер на конзервативната
партија. После самоубиството на
адмиралот Темистокла, Кимон
завземал голем политички став
во Атина. Следел судски спор во
кој Ефијалт станал лидер на
демократската партија, која
припаѓала на Перикле. Перикле
со помош на аристократите
успеал да ги наметне своите
политики и да го протера
Кимон, но не така лесно. По
убиството на Ефијалт, Перикле
застанал на чело на
демократската партија и владар
на Атина, и владеел полни 30
години, се до неговата смрт.
3. Битката во 433 п.н.е. која била
помеѓу крфланско-атинската
флота и коринтската флота
завршила нерешена, без
победа во Сибота, а 432 п.н.е.
Атињаните ги поразиле
коринтските колонисти во
Потидеја, Македонија.
Истовремено Перикле поставил
економска блокада на градот
Мегари во кој се забранило на
мегарските трговци да тргуваат
во Атина. Со тоа се уништила
економијата на Мегари која
била сојузник на Спарта и се
прекршил 30-годишниот мир
кој бил потпишан помеѓу Атина
и Спарта.
4. Спарта се заканила со војна
доколку Атина не ја повлече
забраната за Мегари и да ги
протера сите членови на
аристократската фамилија
Алкмеонида и самиот
Перикле. Перикле не
прифатил, бидејќи ако
попуштил тие ќе се вратиле
со нови барања. Па затоа
тој поставил свои услови
бидејќи и спартанската
политика била сурова како и
атинската. Спарта не ги
прифатила условите и со тоа
двете страни почнале да се
спремаат за војна.
5. Во 431 п.н.е. Спартанскиот крал Архидам II пратил
делегација во Атина за да ја натера да ги прифати условите.
Но, тие не биле примени од Перикле, затоа што спартанската
војска била стационирана во Коринт. Бидејќи пропаднале и
последните преговори со Атина, спартанците ја нападнале
Атика, која била пуста, затоа што Перикле го предвидел тоа.
Во меѓувреме Перикле пратил 100 бродови за да го ограбат
Пелопонез и поставил коњаница да ја чува опустошената
земја во близина на Атина. Кога непријателот ја напуштил
Атика, Перикле издал наредба со која атинските власти
морале да издвојат сума од 1000 таланти и 100 бродови во
случај да бидат нападнати од море.
6. Во 430 п.н.е. Атика повторно била опустошена и
ограбена од Спарта. Но тоа не го натерало Перикле да
попушти. Тој повторно пратил 100 бродови за да го
ограбат Пелопонез. Во летото избила епидемија во која
умрел голем дел од населението на Атина. Привремено
успеал да го смири гневот на народот, но неговите
противници успеале да го сменат од положбата и бил
осуден на парична казна. Во 429 п.н.е. Атињаните му
простиле на Перикле и повторно го избрале за стратег.
После смртта од епидемијата на неговите синови
Ксантип и Парал, умрел и тој во есента истата година
од епидемијата.