2. • Кеопсова
пирамида (Голема
пирамида во
Гиза или Пирамида на
Куфу) — најстара и
најголема од трите
пирамиди во
некрополата во Гиза, и
е единственото до
денес
сочувано светското
чудо од седумте чуда на
античкиот свет.
3. • Кеопсовата пирамида
била највисока градба
во светот изградена од
човек повеќе од 3800 г.
На почетокот,
Кеопсовата пирамида
била покриена со
камења кои формирале
рамна надворешна
површина, а денес може
да се види основната
внатрешна структура.
Некои од надворешните
камења кои некогаш ја
обвивале градбата сè
уште можат да се видат
околу основата.
4. • Познати се три простории во
Кеопсовата пирамида.
Најниската го засекува
темелот врз кој била
изградена пирамидата, и не
е довршена. Таканаречените
Одаја на кралицата и Одаја
на кралот се наоѓаат ниво
повисоко во структурата на
пирамидата. Кеопсовата
пирамида е основниот дел
од комплексот градби кој
вклучува два меморијални
храмови во чест на Кеопс ,
три помали пирамиди за
сопругата на Кеопс, една
уште помала „сателитска“
пирамида, пат кој ги
поврзува двата храма, и
мали мастаба-гробници на
благородниците, кои ја
обиколуваат пирамидата.