МОНИТОРИНГ НА МЕДИУМИТЕ
Центаротза граѓански комуникации мониторираше пет репрезентативни
медиуми за известување за теми од поширок интерес:
- МТВ1 – национална телевизија, јавен сервис, на македонски јазик;
- Алсат М – национална телевизија, на албански јазик;
- Тера ТВ – локална (регионална) телевизија од Битола, на македонски
јазик;
- Дневник – национален дневен весник, на македонски јазик и
- Вест – национален дневен весник, на македонски јазик
3.
МОНИТОРИНГ НА МЕДИУМИТЕ
Сеиспитуваше застапеноста на следните теми од поширок општествен
интерес:
- Културна политика;
- Меѓуетнички односи;
- Животна средина;
- Образование и млади;
- Општествена вклученост на маргинализирани групи;
- Човекови права;
- Добро владеење;
- Здравство и права на пациенти;
- Квалитет на живот и
- Пристапување кон ЕУ
4.
МОНИТОРИНГ НА МЕДИУМИТЕ
Темаза која медиумите најмногу информираат е Пристапувањето кон ЕУ,
по што со еднакво учество следуваат темите: Квалитет на живот,
Здравство и права на пациенти и Добро владеење. Спротивно на тоа -
тема за која медиумите најмалку информираат е Општествена вклученост
на маргинализирани групи
5.
КЛУЧНИ НАОДИ ОДМОНИТОРИНГ
Текстовите за анализираните теми доминантно не се најавени на
насловната страница на весниците или во најавата на ударните вести на
телевизиите и не содржат никаква или содржат општа фотографија/снимка
којашто не е директно поврзана со настанот/луѓето за кои се однесува
текстот.
6.
КЛУЧНИ НАОДИ ОДМОНИТОРИНГ
Текстови со најмногу извори од невладиниот сектор има во темите
Општествена вклученост на маргинализирани групи и Човекови права,
а спротивно тема во која невладиниот сектор не е вклучен како извор во
ниту еден текст е Културна политика.
7.
КЛУЧНИ НАОДИ ОДМОНИТОРИНГ
Кај речиси половина од текстовите, организатор на настаните е државна
институција, наспроти 10% каде што организатор била невладина организација.
Најмногу текстови во кои како организатор на настанот се јавува невладина
организација имало за темата Општествена вклученост на маргинализирани
групи, а нема за темите Квалитет на живот и Културна политика.
8.
КЛУЧНИ НАОДИ ОДМОНИТОРИНГ
Медиумите редовно известуваат за анализираните теми објавувајќи во
просек по 4 текста дневно кои се однесуваат на некоја од десетте
опфатени теми од поширок општествен интерес. Овој просек е повисок
кај печатените медиуми (6 текста дневно од десетте анализирани
теми), а двојно е понизок кај телевизиите (три текста од десетте
анализирани теми).
Иако е втора најмалку застапена, темата Културна политика се
издвојува како тема за која медиумите известувале најпрофесионално.
Жанровски, доминантен дел од текстовите се вести, додека само 3% се
истражувачки приказни.
9.
ПРЕПОРАКИ ЗА НВО
•Невладините организации треба да ги зајакнуваат своите внатрешни
капацитети за поинтензивна и поуспешна соработка со новинарите и со
медиумите во насока на поинтензивно, пообјективно, навремено и
целисходно информирање на јавноста за темите од пошироко
општествено значење.
• Невладините организации треба да негуваат односи на постојана,
наместо ад-хок комуникација со медиумите, давајќи им ја потребната
поддршка (експертска и во ресурси) во истражувањето и известувањето
за темите од пошироко општествено значење.
• Невладините организации треба да вклучуваат активности за едукација
на новинарите во сите проекти што ги спроведуваат во областите од
поширок општествен интерес што е основа за поквалитетно
информирање на граѓаните.
10.
ПРЕПОРАКИ
• Во ситуациина ограничена слобода на изразување, медиумите и
невладините можат да си помогнат меѓусебно во однос на
објавувањето на информации. Доколку новинарот е спречен да објави
информација во својот медиум, тој може да ја сподели со невладините
организации кои не се под таков притисок
• Голем дел од новинарските стории можат да произлегуваат од наоди
на невладините кои се постручни и поспецијализирани во одредени
области
• Јазикот, односно жаргонот, што го користат невладините треба да се
избегнува во правење на соопштенија од јавен карактер или во
комуникација со медиумите
• Потребно е организирање на заеднички работилници на новинарите и
невладините. Проектот за истражувачко новинарство и соработка
помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор реализира четири, а на крајот на
месецот претстои петтата работилница.