1. z
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО
УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Право на упис во прво одделение во учебната 2021/2022 година имаат:
Деца родени во 2015 година, кои до крајот на 2021 година ќе наполнат 6 години
Деца родени до 31.1.2016 година по барање на родител/ старател и добиено мислење на стручна служба.
Потребни документи за запишување во прво одделение:
1. Извод од матична книга на родени за ученикот
2. Лична карта на родителот/ старателот на ученикот
3. Потврда за примените задолжителни вакцини за детето
4. Потврда од извршен офталмолошки преглед
5. Потврда од извршен стоматолошки преглед
(Потврдите под 3,4,5 да бидат издадени од надлежна здравствена установа.)
При запишување на дете со попреченост родителот/ старателот е должен да достави и
мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за
дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ