Елен М. Стоунбила американска
протестантска мисионерка од
Конгрегациската црква, која работела во
Османлиската Империја, главно меѓу
христијанското население на Балканот (во
денешна Македонија и Бугарија). Таа им
предавала на жени и девојчиња и била
активна хуманитарка.
Се залагала за:
● Образование на девојчиња
● Хуманитарна помош
● Промоција на христијански вредности
Која е Елен Стоун?
3.
Киднапирањето на МисСтоун од страна на ВМОРО, не било случајно – таа била
внимателно избрана цел, поради неколку конкретни причини.
Стратегиска цел – странска личност со голем авторитет, Мис Стоун била
американска државјанка – неутрална и неучесничка во конфликтите на Балканот.
Јавна личност со репутација и влијание, била позната мисионерка со
долгогодишна работа на Балканот.
Потенцијал за значителен откуп, како Американка и член на Конгрегациската
црква, се очекувало дека:
● Американската влада,
● Црквени и хуманитарни организации,
● Јавноста во САД
ќе се мобилизираат за нејзино спасување.
Психолошки и морален притисок врз Османлиите, киднапирањето на
странска личност го изложуваше Османлиското царство на срам и ги покажуваше
неговите слабости.
Зашто баш Мис
Стоун?
4.
● Општата сликана Балканот = Балканскиот
Полуостров сè уште бил под власт на
Османлиската Империја, која постепено
губела контрола над своите европски
територии.
● 🇲🇰 Состојбата во Македонија = Македонија
била етнички мешана и политички спорна
област.
● Појава на револуционерни организации
= во овој период настануваат национално-
ослободителни движења, најзначајно од
кои е:
● ВМОРО (Внатрешна македонско-одринска
револуционерна организација) = основана
во 1893 година во Солун.
Историски контекст
5.
Во близина населото Банско, тогашна Османлиска империја
(денес во Бугарија).
Мис Стоун и Катерина Цилка патувале со придружба низ
планините, кога биле пресретнати од четници на ВМОРО.
Напаѓачите биле дел од чета под водство на: Јане Сандански,
Христо Чернопеев.
Групата ги опколила и ги одвела жените во планина, каде што
започнува долгото заробеништво.
Жртвите биле постојано преместувани, за да се избегне откривање
од османлиската војска или странски агенти. Живееле во тешки
услови: шуми, пештери, колиби, планини (Рила, Пирин, Родопи).
Иако биле затворенички, биле третирани со одредено почитување
и грижа, бидејќи киднаперите знаеле дека животите на жените се
нивната „монета за размена“.
Киднапирањето
6.
● Реакција наСАД
● Американската влада испратила формални протести до Османлиската империја.
САД барале од султанот да ги пронајде и ослободи двете жени.
● Тајни предговори
● Преговорите се воделе директно со ВМОРО, преку посредници од Бугарија и
локални свештеници. ВМОРО првично барала 110.000 американски долари во
злато.
● По долг пазар, сумата била намалена на околу 66.000 долари.
● ВМОРО поставила услов: парите да се исплатат без вмешување на војска, за да се
избегне крвопролевање.
● Како се собра откупот?
● Пари биле собрани преку: Американската Конгрегациска црква,
● доброволни прилози од американски граѓани, хуманитарни организации.
Предговори и меѓународен
притисок
7.
● По исплатата,ВМОРО ги однела двете жени во близина
на селото Струмско. На 2 февруари 1902, четата ги
оставила на договорена локација. Жените биле
пречекани од американски и бугарски посредници, кои
ги придружиле до сигурна територија.
● Катерина Цилка родила дете во заробеништво,
нејзината ќерка, родена во декември 1901 во планина,
била ослободена заедно со мајка ѝ.
● Овој факт уште повеќе ја драматизирал аферата – и добил
емотивен одзив во американската јавност.
● Со парите од одкупот ВМОРО набавила оружје, опрема и
логистичка поддршка за идни активности.
Ослободувањ
ето
8.
● 1. Јакнењена ВМОРО, купиле оружје, се спремале за Илинденско востание.
● 2. Понижување на Османлиската Империја, киднапирањето се случува во
срцето на Османлиска територија, а сепак завршува без нивна контрола.
● Ова го ослабнува дипломатскиот углед на империјата кај странските сили.
● 3. Меѓународна видливост на македонското прашање, прв пат македонското
востаничко движење добива глобално медиумско внимание.
● 4. Културно и историско наследство, останува впишана во историјата како
прво модерно политичко киднапирање.
Последици и
важност
9.
● Аферата „МисСтоун“ претставува еден од највпечатливите и најконтроверзни
настани од почетокот на 20. век на Балканот. Иако станува збор за киднапирање,
акцијата била спроведена без насилство, со прецизна организација и јасна
политичка цел – привлекување на светското внимание кон македонската
револуционерна борба.
● Киднапирањето на Мис Стоун е повеќе од заложничка драма – тоа е стратегиска
порака испратена до светот: дека еден мал, потиснат народ, преку храброст,
дипломатија и организација, може да го сврти вниманието на најсилните држави
во светот.
Заклучок