МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022 (скратена верзија)
Автор Valita Hef Kiedis
Дизајн корица Si Mona
Технички уредник Dejan Joveski
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022 (скратена верзија)
Автор Valita Hef Kiedis
Дизајн корица Si Mona
Технички уредник Dejan Joveski
м-р Драги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децата
Како еден од основачите и претседател на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, г-дин
Драги Змијанац поседува неспоредливо искуство во застапувањето на правата на децата во текот
на три децении. Тој е широко познат по неговата неуморна посветеност и значаен придонес во
оваа област, зацврстувајќи ја организацијата како најдоверлива граѓанска организација (ГО) во
Македонија, според резултатите од јавната анкета. Во 2010 година беше кандидат за членство во
Комитетот на ОН за правата на детето, номиниран од Министерството за надворешни работи на
Република Македонија. Член е на национални комисии и тела посветени на заштитата на децата и
правата на децата, како што е Националната владина комисија за правата на децата и на
Националното координативно тело за заштита на децата од злоупотреба и занемарување,
придонесувајќи за подготовката на Националниот план за правата на децата. Драги Змијанац
подолг период работи како обучувач за правата на децата, за застапување, лобирање и мировно
образование
⚠️ ⚠️ Оглас за ангажирање асистент/ка
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање проектен асистент/ка со цело работно време (40 часа неделно).
https://drive.google.com/file/d/1ZKivoz98MLLK-Kupv2WgjmtRqH9Uzf3p/view?usp=sharing
⚠️ ⚠️ Оглас за ангажирање асистент/ка
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање проектен асистент/ка со цело работно време (40 часа неделно).
https://drive.google.com/file/d/1ZKivoz98MLLK-Kupv2WgjmtRqH9Uzf3p/view?usp=sharing
Оглас за ангажирање комуникациски асистент/ка
🎤🎤Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi објавува оглас за ангажирање комуникациски асистент/ка со половина работно време (20 часа неделно).
ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ „Предизвик е да се биде лидер на ова големо светско движење!“...Детска Амбасада Меѓаши
ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ : „Предизвик е да се биде лидер на ова големо светско движење!“
Претседател и основач на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Монографијата 30 години Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ 1992-2022 можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa
https://online.fliphtml5.com/onupw/sbsv/#p=26
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...Детска Амбасада Меѓаши
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movement” Founder and President of the First Children's Embassy in the World MEGJASHI.
http://www.megjashi.org.mk/content/pdf/MONOGRAPH%20%20First%20Childrens%20Embassy%20in%20the%20World%20MEGJASHI%201992-2022%20,%2030%20years.pdf
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...Детска Амбасада Меѓаши
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Проектните цели се во насока на поттикнување на локалната самоуправа да креира градови и општини кои се пријателски за децата, вклучувајќи ја детската перспектива во процесот на планирање и јакнење на капацитетите на институциите во областа на детските права.
Детската амбасада Меѓаши ќе го спроведува проектот во партнерство со организацијата Центар за семејно и детско згрижување (КМОП), во соработка со ЗЕЛС и општините Велес, Дебар, Виница, Гостивар и Кисела Вода.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација која 30 години работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата можеме да направиме промени. Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, личен интегритет, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка. Нашите вредности ставени во функција на организациската мисијата и визијата не движат кон креирање на општествените промени во најдобар интерес на децата.
BLAGOJA CHOREVSKI-CHORE, VICE-AMBASSADOR “I feel proud, when I go to MEGJASHI...
Душко Арсовски, новинар МЕЃАШИ - меѓник за една генерација.pdf
1. Душко Арсовски, новинар: МЕЃАШИ - меѓник за една генерација
(Посветено по повод 19 роденден на Амбасадата)
Кој како сака нека го нарече − интуиција, случајност, тајна врска... Без да размислам дека 29 април
е роденденот на мојата ДЕТСКА АМБАСАДА си дадов рок дека дотогаш ќе го пратам мојот
текстуален придонес во серијата што ја прават поранешни членови на ова благородно движење.
Но, тоа нема да смени ништо во она што имав намера да го кажам. 19 години постоење се сами по
себе доказ дека идејата беше оригинална и одржлива кога се роди МЕЃАШИ. И тогаш кога им
помагавме на бегалците од Босна и Херцеговина и сега кога на многу деца од Македонија им
треба различен вид помош, мисијата е иста − да се подаде рака кога е најтешко. Тоа МЕЃАШИ го
прави 19 години, се чини многу подолго и од некои државни институции. На пример, првото
седиште на Амбасадата беше во поранешно Це-Ка, каде подоцна се смести извршната власт.
Идејата да се помогне беше јадицата на која се закачив кога првпат слушнав за Прва детска
амбасада во светот, иако да признаам, не ми беше многу јасно зошто се вика така. Подоцна
сфатив. Кога во Белград го сретнав Мишо Клачар, авторот на симболот „Бушавко“, кога на една
работилница со Драги Змијанац во Германија бевме меѓу одбраните претставници на
невладиниот сектор од Европа, кога нè бараа македонските медиуми, кога членството на МЕЃАШИ
се зголеми неколкукратно за кус период... сфатив дека ова е ГОЛЕМА работа.
Мојот удел во тој период беше токму медиумската промоција на идејата. Првиот авторски
телевизиски проект ми беше емисија токму за Првата детска амбасада. Не се бројат настапите на
локалните радија и телевизии низ Македонија кога со комбе минувавме по неколку градови во
еден ден. Зборувавме за детските права во период кога на големо мнозинство од возрасните во
Македонија им се уриваше социјалниот статус што имаше ефект и врз најмладите. Кажувавме кој
каде греши и што треба да поправи и мислам дека успеавме да се наметнеме како организација,
2. да кажеме гласно и да нè слушнат. Бевме репрезентација подготвена да настапи и на полноќ ако
треба. Постоеше тимски дух којшто се градеше несвесно, спонтано и од срце, зашто ние бевме
активни преку дружбата. Се случија илјадници пријателства од кои некои траат и денеска. Во
секое време имавме кворум за работа, но и за слободни активности.
Ќе го паметам планинарскиот обид со воз до Осломеј, а оттаму пешки до Тајмиште. Но, и кога
требаше Митко да го испраќаме во војска, па една група отидовме до Миравци... дел од нас
спиевме на подот, зашто бевме повеќе отколку што имаше кревети во куќата. Во селото нè
запаметија како другари од Детска амбасада. Паметам какво доживување беше кога се селевме
од улицата „Чедомир Миндеровиќ“ во училиштето „Лазо Трповски“ . Денес многу работи се
поинакви. Првата детска амбасада во светот е изградена институција која е активен учесник во
креирање политики кои ги засегаат најмладите. И сметам дека тоа е огромен успех за
организација која на почетокот наидуваше на отпор во некои политички кругови. Се намножија
други слични движења, но треба да се признае дека идеологот е секако МЕЃАШИ.
Долгогодишниот проект, СОС-телефонот за деца и млади, стана засолниште за многумина и гласен
аларм за негативните појави во општеството и треба да се одржува и во иднина.
Не знам за другите, но за мене МЕЃАШИ е меѓник на две фази од животот кога научив лекции за
толеранцијата, за тоа што значи да се помага, како да се создаде круг на искрени пријатели. И за
тоа сум благодарен. Среќен роденден!
****
Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa