Интерференцијата се јавува поради брановитата природа на светлината и претставува сложување (суперпозиција) на два или повеќе кохерентни бранови, при што може да дојде до засилување или слабеење на резултантниот бран. Кохерентни бранови се оние кои имаат исти фреквенции, исти бранови броеви и временски постојана почетна фазна разлика. Разделувањето на светлината од еден извор на два кохерентни бранови може да се оствари со нејзино одбивање, прекршување или дифракција.