SlideShare a Scribd company logo
1 of 3
Никола Коперник (1473-1543) бил полски астроном. Тој ја развил теоријата
дека Земјата е планета што се движи. Во неговата книга За револуцијата на
небесната сфера, Коперник објаснува дека Земјата и планетите се вртат околу
Сонцето, а Месечината се врти околу Земјата. Во тек на својот живот, тој не
можел да ја докаже својата теорија, но подоцна астрономите Галилео Галилеј
и Јохан Кеплер ја потврдиле и докажале оваа теорија.
Роберт Хук (1635 - 1703) бил англиски физичар и секретар на Кралското
друштво во Лондон. Тој прв ја открил клеточната структура на растенијата и
прв го вовел изразот клетка во биологијата. Ја објавува микрографијата во која
се прикажани детални микроскопски цртежи. Исто така ја усовршил
конструкцијата на микроскопот, барометарот и телескопот.
Исак Њутн (1642 - 1727) е англиски физичар, математичар, астроном и
философ ја опишал универзaлната гравитација и преку неговите закони на
движење ја поставил основата на класичната механика. Њутн прв предложил
збир на природни закони според кои владеат силите на движење на земја и
небеските сили на движење. Њутн истотака е заслужен за математичката
формулација на Кеплеровите закони за движењето на планетите. Во тек на
своите истражувања тој ги проширил тие закони и покажал дека планетарните
орбити не само што се елиптични, туку можат да бидат хиперболични или
параболични. Бил значаен и по своите дискусии дека светлоста е создадена од
честици. Њутн прв сфатил дека спектарот на боите кои стануваат видливи кога
бела светлост ќе помине низ призма се својствени на самата бела светлост.
Антони ван Левенхук (1632- 1723) бил холандски научник кој прв ги открил
праживотните користејќи едноставен микроскоп, а подоцна ги открил и
бактериите. Исто така тој бил прв научник кој го забележал бесполовото
размножување кај хидрата.
Јан Ингенхаус( 1730-1799) бил научник со холандско потекло кој го открил
процесот на фотосинтеза.
Чарлс Дарвин (1809 – 1882) бил британски природнонаучник и еден од
најголемите научници во историјата. Негово дело е Потекло на видовите во кое
го објаснува начелото на природната селекција и теоријата на еволуцијата.
Според неговата теорија, сите живи видови еволуираат од заеднички предок,
преку процесот кој тој го нарекол природна селекција.
Луј Пастер (1822 – 1895) бил француски хемичар и биолог, кој во првите
истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните
бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација. Тој
докажал дека храната се расипува затоа што е инфицирана од бактерии и
микроби во воздухот. Тоа сознание го довело до откривањето на процесот на
пастеризација што го спречувал расипувањето на храната. Исто така, Пастер го
задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која
дошол по низа експерименти во 1895 година.
Александар Флеминг (1881 - 1955) бил шкотски биолог и фармаколог.
Флеминг објавил многу статии за бактериологија, имунологија и хемотерапија.
Негови најпознати достигнувања се откривањето на ензимот лизозим во 1923
година и откривањето на антибиотичката супстанција пеницилин од габата
Penicillium notatum во 1928 година, за што во 1945 година ја добил и
Нобеловата награда за физиологија и медицина.
Грегор Мендел ( 1822-1884) бил австриски монах и ботаничар кој ги поставил
темелите на генетиката-наука за наследството, по долго експериментирање со
грашок.
Џемс Ват (1736- 1819) ја конструирал првата парна машина. Овој пронајдок
станал движечка сила во фабриките и рудниците во Британија како и во
транспортот со возови и бродови на парен погон.
Вилхелм Конрад Рентген (1845 - 1923) бил германски физичар, професор на
неколку универзитети во Германија. Ги открил „икс“ зраците во 1895 година -
електромагнетски бранови кои можат да поминат низ некои видови материја и
да бидат регистрирани на фотографска плоча, подоцна наречени „рентгенски“
зраци. За тоа откритие во 1901 ја добил Нобеловата награда за физика.
Чарлс Витстон и Вилијам Кук во 1837 година го патентирале електричниот
телеграфски систем. Нивниот телеграф имал пет игли кои снабдени со
електрични импулси што се пренесувале преку кабел, можеле да се движат
означувајќи на една плоча букви или бројки. На тој начин пораките се
пренесувале многу брзо. Кодот на Семјуел Морс што се состоел од точки и
црти бил најраспространет метод за пренос на пораки.
Александар Грахан Бел (1847-1922) бил американски учител за глуво со
шкотско потекло. Тој го конструирал првиот телефон. Неговиот апарат со
помош на тенка мембрана ги претвора вибрациите на човечкиот глас во
електрични сигнали,па потоа повторно во звучни бранови.
Томас Алва Едисон (1847- 1931) бил американски техничар и пронаоѓач.
Негови најзначајни пронајдоци се: фонографот (грамофонот), микрофонот,
акумулаторот, електричната светилка, го усовршил телефонот.
Никола Тесла (1856 - 1943) – американски пронаоѓач со српско потекло, бил
генијален истражувач и пронаоѓач на полето на Електротехниката и
радиотехниката. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во
областа на електро-магнетизмот кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век.
Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за
формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја. Тесла остава
свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот
управувач и радарот.
Алберт Ајнштајн (1879 - 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по
неговата теорија на релативноста. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за
физика во 1921 година.
Димитриј Менделеев ( 1834-1907) бил руски хемичар кој го создал модерниот
периоден систем на елементи. Тој во 1869 година ги напишал имињата на
елементите на картички, ги сложил според нивните својства, но оставил места
за оние кои сеуште не биле откриени. Така ја добил периодичната табела.
Марија Склодовска-Кири (1867-1934) била полско-француски физичар и
хемичар. Таа била пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува
првиот двократен добитник на Нобеловата награда и единствениот добитник
на Нобеловата награда во две различни области на науката- физика и хемија.
Таа открила два нови хемиски елементи. Првиот го нарекле полониум, во чест
на родната земја на Марија (Полска), а другиот радиум, поради интензивната
радиоактивност.

More Related Content

Similar to научници

Similar to научници (8)

Albert Einstein
Albert EinsteinAlbert Einstein
Albert Einstein
 
Albert Einstein
Albert EinsteinAlbert Einstein
Albert Einstein
 
Albert
AlbertAlbert
Albert
 
Јоханес Кеплер
Јоханес КеплерЈоханес Кеплер
Јоханес Кеплер
 
исак њутн презентација
исак њутн презентација исак њутн презентација
исак њутн презентација
 
Teorija na relativnost
Teorija na relativnostTeorija na relativnost
Teorija na relativnost
 
Albert Einstein
Albert EinsteinAlbert Einstein
Albert Einstein
 
проектна задача физика мијак
проектна задача физика мијакпроектна задача физика мијак
проектна задача физика мијак
 

научници

  • 1. Никола Коперник (1473-1543) бил полски астроном. Тој ја развил теоријата дека Земјата е планета што се движи. Во неговата книга За револуцијата на небесната сфера, Коперник објаснува дека Земјата и планетите се вртат околу Сонцето, а Месечината се врти околу Земјата. Во тек на својот живот, тој не можел да ја докаже својата теорија, но подоцна астрономите Галилео Галилеј и Јохан Кеплер ја потврдиле и докажале оваа теорија. Роберт Хук (1635 - 1703) бил англиски физичар и секретар на Кралското друштво во Лондон. Тој прв ја открил клеточната структура на растенијата и прв го вовел изразот клетка во биологијата. Ја објавува микрографијата во која се прикажани детални микроскопски цртежи. Исто така ја усовршил конструкцијата на микроскопот, барометарот и телескопот. Исак Њутн (1642 - 1727) е англиски физичар, математичар, астроном и философ ја опишал универзaлната гравитација и преку неговите закони на движење ја поставил основата на класичната механика. Њутн прв предложил збир на природни закони според кои владеат силите на движење на земја и небеските сили на движење. Њутн истотака е заслужен за математичката формулација на Кеплеровите закони за движењето на планетите. Во тек на своите истражувања тој ги проширил тие закони и покажал дека планетарните орбити не само што се елиптични, туку можат да бидат хиперболични или параболични. Бил значаен и по своите дискусии дека светлоста е создадена од честици. Њутн прв сфатил дека спектарот на боите кои стануваат видливи кога бела светлост ќе помине низ призма се својствени на самата бела светлост. Антони ван Левенхук (1632- 1723) бил холандски научник кој прв ги открил праживотните користејќи едноставен микроскоп, а подоцна ги открил и бактериите. Исто така тој бил прв научник кој го забележал бесполовото размножување кај хидрата. Јан Ингенхаус( 1730-1799) бил научник со холандско потекло кој го открил процесот на фотосинтеза. Чарлс Дарвин (1809 – 1882) бил британски природнонаучник и еден од најголемите научници во историјата. Негово дело е Потекло на видовите во кое го објаснува начелото на природната селекција и теоријата на еволуцијата. Според неговата теорија, сите живи видови еволуираат од заеднички предок, преку процесот кој тој го нарекол природна селекција.
  • 2. Луј Пастер (1822 – 1895) бил француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација. Тој докажал дека храната се расипува затоа што е инфицирана од бактерии и микроби во воздухот. Тоа сознание го довело до откривањето на процесот на пастеризација што го спречувал расипувањето на храната. Исто така, Пастер го задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дошол по низа експерименти во 1895 година. Александар Флеминг (1881 - 1955) бил шкотски биолог и фармаколог. Флеминг објавил многу статии за бактериологија, имунологија и хемотерапија. Негови најпознати достигнувања се откривањето на ензимот лизозим во 1923 година и откривањето на антибиотичката супстанција пеницилин од габата Penicillium notatum во 1928 година, за што во 1945 година ја добил и Нобеловата награда за физиологија и медицина. Грегор Мендел ( 1822-1884) бил австриски монах и ботаничар кој ги поставил темелите на генетиката-наука за наследството, по долго експериментирање со грашок. Џемс Ват (1736- 1819) ја конструирал првата парна машина. Овој пронајдок станал движечка сила во фабриките и рудниците во Британија како и во транспортот со возови и бродови на парен погон. Вилхелм Конрад Рентген (1845 - 1923) бил германски физичар, професор на неколку универзитети во Германија. Ги открил „икс“ зраците во 1895 година - електромагнетски бранови кои можат да поминат низ некои видови материја и да бидат регистрирани на фотографска плоча, подоцна наречени „рентгенски“ зраци. За тоа откритие во 1901 ја добил Нобеловата награда за физика. Чарлс Витстон и Вилијам Кук во 1837 година го патентирале електричниот телеграфски систем. Нивниот телеграф имал пет игли кои снабдени со електрични импулси што се пренесувале преку кабел, можеле да се движат означувајќи на една плоча букви или бројки. На тој начин пораките се пренесувале многу брзо. Кодот на Семјуел Морс што се состоел од точки и црти бил најраспространет метод за пренос на пораки.
  • 3. Александар Грахан Бел (1847-1922) бил американски учител за глуво со шкотско потекло. Тој го конструирал првиот телефон. Неговиот апарат со помош на тенка мембрана ги претвора вибрациите на човечкиот глас во електрични сигнали,па потоа повторно во звучни бранови. Томас Алва Едисон (1847- 1931) бил американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се: фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усовршил телефонот. Никола Тесла (1856 - 1943) – американски пронаоѓач со српско потекло, бил генијален истражувач и пронаоѓач на полето на Електротехниката и радиотехниката. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмот кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја. Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот. Алберт Ајнштајн (1879 - 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година. Димитриј Менделеев ( 1834-1907) бил руски хемичар кој го создал модерниот периоден систем на елементи. Тој во 1869 година ги напишал имињата на елементите на картички, ги сложил според нивните својства, но оставил места за оние кои сеуште не биле откриени. Така ја добил периодичната табела. Марија Склодовска-Кири (1867-1934) била полско-француски физичар и хемичар. Таа била пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува првиот двократен добитник на Нобеловата награда и единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката- физика и хемија. Таа открила два нови хемиски елементи. Првиот го нарекле полониум, во чест на родната земја на Марија (Полска), а другиот радиум, поради интензивната радиоактивност.