SlideShare a Scribd company logo
1 of 15
Петре М. Андреевски
ЦРЕША
Како прво и прво:
црешата се вцрви до врвот
од црешовото дрво.
А како второ, а не прво,
се тресеше целото дрво
кога, од неговите ветки,
беревме црвени обетки.
Литературна творба –
нешто осмислено и
составено според
некои правила, од
страна на писателот.
Каква форма имаат
црешите?
ЈАГОДИ
Ко жарчиња в лице горат,
мислиш нешто срамно зборат,
или пак, на сите места,
од нас им се зема свеста,
па одвај го држат сокот
за да не му мине рокот.
Прочитај ги на глас
последните зборови
од првиот и вториот
ред на оваа песна.
горат
зборат
места
свеста зборови-близнаци
Овие зборови-
близнаци обично ќе
ги пронајдете на
краевите од
стиховите.
КАЈСИЈА И ПРАСКА
Кајсијата и праската, лично,
си ја бараат својата сличност,
и си светат којзнае до каде,
тука нема што да се додаде:
без нив и ти, можеби си видел,
во бавчата потемно ќе биде.
Што мислиш, зошто
писателот вели дека без
кајсијата и праската би
било потемно во
бавчата?
На што те потсетуваат и
кајсијата и праската
според својата боја?
Личат ли на некои
небесни тела што
светат?
ЈАБОЛКO
Јаболкниците имаат болка:
не знаат што се без јаболка.
Без јаболка и без птици,
тие не се јаболкници.
Јаболката пак, од ред сите,
си се мислат на гранките.
Што е разликата меѓу
„јаболкница“ и „јаболко“?
Запомни дека не се вели
„Килограм јаболки“ туку
„Килограм јаболка“!
Така е во македонскиот
јазик.
КРУША
Крушата е чудна чаша,
до врв полна слатка каша.
Ене, една кренал ежот ,
да измери колку тежи.
Кај нас велат: земи круша,
рани душа, да те слуша.
Како го разбираш стихот
(„Крушата е чудна чаша“)?
Зошто на писателот
крушата му личи на чаша?
Ти личи ли тебе на чаша
според формата?
Во секој случај,
крушата повеќе личи
на чаша отколку
кајсијата, нели?
писателите споредуваат
едно нешто со нешто
друго слично
ЛУБЕНИЦА
Ах, таа лубеница, таа Деница
среде поле, ко негова реченица,
дали има нешто повеќе што блажи,
не може со полна уста да се каже...
Само една пчела остана да бучи,
верувајќи дека друго ќе се случи.
На нашиот поет лубеницата
му личи на ѕвезда-Деница.
Ѕвездата Деница е најсјајна
ѕвезда на небото, која во
мугрите го навестува денот,
односно изгревот на сонцето.
Бојата на
сонцето при
изгревот личи
на бојата на
лубеницата,
кога ќе се
пресече.
ПОРТОКАЛ
Мирислив и жолт ко цвеќе,
а можеби и повеќе,
од родната земја, крајот,
му останал само сјајот,
како доказ, спомен некој,
дека дошол од далеку.
Во песните најчесто едно нешто се
споредува со друго нешто, слично.
На што ти личи портокалот?
Има боја како ...
Тркалезен е како ...
Миризлив е како ...
Браво
Па наскоро и вие ќе
можете да почнете да
пишувате песнички!
ЛИМОН
Ако можеш, намини
на свежи витамини:
од сончеви падини,
лимонови градини.
И здравје и понада
во чаша лимонада.
Без витамини нема добро
здравје.
А овошјето ги содржи во
изобилство.
Лекарите велат дека
лимонот е како аптека
полна со витамини.
ГРОЗЈЕ
Глеј, од лозјата не вика:
сака со нас да се слика,
но над него пчели јато
(со прочуено минато)
се караат и се мират,
првата ја пијат шира.
Возрасните знаат а треба да
знаеш и ти:
Од грозјето се прави сладок
сок што се вика шира.
Децата го пијат со задоволство.
А од ширата потоа, во
буриња, се прави вино.
Него го пијат возрасните.
Научивме нешто.
Тоа значи дека песните,
покрај тоа што не
забавуваат, уште и не учат
на некои нешта во
животот!
СЛИВА
Еј, сливата не е жива,
ако некој ја прозива:
за компот, за слатко трајно
или за нешто позначајно.
Не знам зошто ѝ е криво
што влегува во нов живот.
СМОКВА
Зелено е вирче роса,
торбе, полно ситно просо,
низа на врат што се носи...
Но најмногу од сѐ е:
слаткарница што умее
од теглата да се смее.
На поетот смоквата му
личи на „торбе полно
ситно просо“.
На што мисли поетот кога
вели „ситно просо“?
Ако не знаеш, пресечи
една смоква, па ќе
видиш што има во
неа!
БАНАНА
Има една лоша страна,
само една мана знајна:
што не расте и кај нас.
Но, што значи една мана
за позлатената банана!
ОРЕВИ
Во секој орев јатки златни,
ко сестрички чистопатни,
уплашени во своите лица
што ги демне верверица.
Уште не можат да сфатат
од кај паднале на патот.
КОСТЕНИ
Каква есен, каква есен:
не знам колку костени ни снесе!
Сега надвор врне, снежи,
а ним им гори, жежи.
Си пукаат на печката гласно,
како ништо да не им е јасно.

More Related Content

What's hot

вежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прироквежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прирок
Daniela Hris
 

What's hot (20)

Доктор офболи
Доктор офболиДоктор офболи
Доктор офболи
 
вработени во училиштето презентација
вработени во училиштето презентацијавработени во училиштето презентација
вработени во училиштето презентација
 
лектира број 2 гоце делчев
лектира број 2 гоце делчевлектира број 2 гоце делчев
лектира број 2 гоце делчев
 
Prsten na morskom dnu
Prsten na morskom dnuPrsten na morskom dnu
Prsten na morskom dnu
 
петар пан квиз
петар пан квизпетар пан квиз
петар пан квиз
 
вежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прироквежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прирок
 
Пепелашка
ПепелашкаПепелашка
Пепелашка
 
Малата Сирена
Малата СиренаМалата Сирена
Малата Сирена
 
Филџанче со кафе, Иван Цанкар(1)
Филџанче со кафе, Иван Цанкар(1)Филџанче со кафе, Иван Цанкар(1)
Филџанче со кафе, Иван Цанкар(1)
 
Tehniki na ucenje
Tehniki na ucenjeTehniki na ucenje
Tehniki na ucenje
 
3. redosled racunskih operacija
3. redosled racunskih operacija3. redosled racunskih operacija
3. redosled racunskih operacija
 
Сврзници
Сврзници Сврзници
Сврзници
 
Dvizenje
DvizenjeDvizenje
Dvizenje
 
Лексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовитеЛексичко значење на зборовите
Лексичко значење на зборовите
 
Ednakvi dropki
Ednakvi dropkiEdnakvi dropki
Ednakvi dropki
 
Pisanje pisma
Pisanje pismaPisanje pisma
Pisanje pisma
 
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljanaPrirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
 
1 тест пн живеалишта Biljana CM
1   тест пн  живеалишта  Biljana CM1   тест пн  живеалишта  Biljana CM
1 тест пн живеалишта Biljana CM
 
Staklareva ljibav g.Olujic -lala 2
Staklareva ljibav g.Olujic -lala 2Staklareva ljibav g.Olujic -lala 2
Staklareva ljibav g.Olujic -lala 2
 
Техники на учење .pptx
Техники на учење .pptxТехники на учење .pptx
Техники на учење .pptx
 

2.Лектира-Касни-порасни.ppt

  • 2. ЦРЕША Како прво и прво: црешата се вцрви до врвот од црешовото дрво. А како второ, а не прво, се тресеше целото дрво кога, од неговите ветки, беревме црвени обетки. Литературна творба – нешто осмислено и составено според некои правила, од страна на писателот. Каква форма имаат црешите?
  • 3. ЈАГОДИ Ко жарчиња в лице горат, мислиш нешто срамно зборат, или пак, на сите места, од нас им се зема свеста, па одвај го држат сокот за да не му мине рокот. Прочитај ги на глас последните зборови од првиот и вториот ред на оваа песна. горат зборат места свеста зборови-близнаци Овие зборови- близнаци обично ќе ги пронајдете на краевите од стиховите.
  • 4. КАЈСИЈА И ПРАСКА Кајсијата и праската, лично, си ја бараат својата сличност, и си светат којзнае до каде, тука нема што да се додаде: без нив и ти, можеби си видел, во бавчата потемно ќе биде. Што мислиш, зошто писателот вели дека без кајсијата и праската би било потемно во бавчата? На што те потсетуваат и кајсијата и праската според својата боја? Личат ли на некои небесни тела што светат?
  • 5. ЈАБОЛКO Јаболкниците имаат болка: не знаат што се без јаболка. Без јаболка и без птици, тие не се јаболкници. Јаболката пак, од ред сите, си се мислат на гранките. Што е разликата меѓу „јаболкница“ и „јаболко“? Запомни дека не се вели „Килограм јаболки“ туку „Килограм јаболка“! Така е во македонскиот јазик.
  • 6. КРУША Крушата е чудна чаша, до врв полна слатка каша. Ене, една кренал ежот , да измери колку тежи. Кај нас велат: земи круша, рани душа, да те слуша. Како го разбираш стихот („Крушата е чудна чаша“)? Зошто на писателот крушата му личи на чаша? Ти личи ли тебе на чаша според формата? Во секој случај, крушата повеќе личи на чаша отколку кајсијата, нели? писателите споредуваат едно нешто со нешто друго слично
  • 7. ЛУБЕНИЦА Ах, таа лубеница, таа Деница среде поле, ко негова реченица, дали има нешто повеќе што блажи, не може со полна уста да се каже... Само една пчела остана да бучи, верувајќи дека друго ќе се случи. На нашиот поет лубеницата му личи на ѕвезда-Деница. Ѕвездата Деница е најсјајна ѕвезда на небото, која во мугрите го навестува денот, односно изгревот на сонцето. Бојата на сонцето при изгревот личи на бојата на лубеницата, кога ќе се пресече.
  • 8. ПОРТОКАЛ Мирислив и жолт ко цвеќе, а можеби и повеќе, од родната земја, крајот, му останал само сјајот, како доказ, спомен некој, дека дошол од далеку. Во песните најчесто едно нешто се споредува со друго нешто, слично. На што ти личи портокалот? Има боја како ... Тркалезен е како ... Миризлив е како ... Браво Па наскоро и вие ќе можете да почнете да пишувате песнички!
  • 9. ЛИМОН Ако можеш, намини на свежи витамини: од сончеви падини, лимонови градини. И здравје и понада во чаша лимонада. Без витамини нема добро здравје. А овошјето ги содржи во изобилство. Лекарите велат дека лимонот е како аптека полна со витамини.
  • 10. ГРОЗЈЕ Глеј, од лозјата не вика: сака со нас да се слика, но над него пчели јато (со прочуено минато) се караат и се мират, првата ја пијат шира. Возрасните знаат а треба да знаеш и ти: Од грозјето се прави сладок сок што се вика шира. Децата го пијат со задоволство. А од ширата потоа, во буриња, се прави вино. Него го пијат возрасните. Научивме нешто. Тоа значи дека песните, покрај тоа што не забавуваат, уште и не учат на некои нешта во животот!
  • 11. СЛИВА Еј, сливата не е жива, ако некој ја прозива: за компот, за слатко трајно или за нешто позначајно. Не знам зошто ѝ е криво што влегува во нов живот.
  • 12. СМОКВА Зелено е вирче роса, торбе, полно ситно просо, низа на врат што се носи... Но најмногу од сѐ е: слаткарница што умее од теглата да се смее. На поетот смоквата му личи на „торбе полно ситно просо“. На што мисли поетот кога вели „ситно просо“? Ако не знаеш, пресечи една смоква, па ќе видиш што има во неа!
  • 13. БАНАНА Има една лоша страна, само една мана знајна: што не расте и кај нас. Но, што значи една мана за позлатената банана!
  • 14. ОРЕВИ Во секој орев јатки златни, ко сестрички чистопатни, уплашени во своите лица што ги демне верверица. Уште не можат да сфатат од кај паднале на патот.
  • 15. КОСТЕНИ Каква есен, каква есен: не знам колку костени ни снесе! Сега надвор врне, снежи, а ним им гори, жежи. Си пукаат на печката гласно, како ништо да не им е јасно.