SlideShare a Scribd company logo
1 of 31
Совет на Европа
Основање на Советот на Европа:
     позадина, контекст и мотиви
   Уште во Првата, а пред сé во Втората светска војна
    многу се размислуваше за тоа, како би можеле во
    иднина да се спречат такви катастрофи. Поранешниот
    британски премиер Винстон Черчил својата идеја ја
    опиша со следниве зборови: „Мораме да создадеме еден
    вид соединети држави на Европа!“
   Тогаш имаше различни движења со заедничка цел за
    поврзување на државите во Европа. Но, тие имаа
    различни политички мотиви и различни претстави за
    тоа, колку политичка моќ треба да добие една таква
    наддржавна организација.
   САД долго време беа против обединета Европа и повеќе
    преферираа еден меѓународен спој во вид на
    Обединетите нации (ООН). Дури откако се изостри
    Студената војна, значи по конфликтот меѓу Советскиот
    сојуз и Америка, тие ја поддржаа оваа идеја.
Европски конгрес од Хаг
   По долги подготовки зетот на Винстон Черчил
    во мај 1948 организираше Европски конгрес во
    Хаг, на кој се сретнаа преку 1000 еминентни
    заговарачи на различни движења за европската
    идеја, од 20 земји.
   Овој конгрес требаше да покаже, колку беше
    популарна ваквата идеја, но и да побара
    дејствување од страна на владите на одделните
    земји.
Основање на Советот на Европа
      Конечно се изнајде еден компромис и на 5 мај 1949 во Лондон,
       10 држави го основаа Советот на Европа. Одлуката требаше да
       ја донесе комитет на министри и тоа едногласно.
      Комитетот на министри се состоеше од министрите за
       надворешни работи на државите-членки. Тоа значи дека
       Советот на Европа и даде прв, нејасен лик на големата идеја за
       „Обединета Европа“. Но, надежите за политички моќна
       организација, којашто се наоѓа над националните држави, беа
       неисполнети. Организацијата остана во рацете на владите, а со
       тоа им беше потчинета на одделните сопствени интереси.
      Оснивачи на Советот на Европа се
5.     Белгија
6.     Данска
7.     Ирска
8.     Италија
9.     Франција
10.    Луксембург
11.    Холандија
12.    Шведска
13.    Норвешка
14.    Велика Вританија
Цели
   Советот на Европа како свои цели ги има поставено
   заштита на Човековите Права, плуралистичката
    демократија и владеење на правото;
   промовирање и стимулирање на развојот на
    европскиот културен идентитет и разноликост;
   наоѓање на заеднички решенија на проблемите
    во Европското општество: како дискриминација
    на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција,
    клонирање, тероризам, шверц на луѓе,
    организиран криминал и корупција, интернет
    криминал, насилство врз деца;
   консолидирање на демократска стабилност во
    Европа преку подршка на политички, правни и
    уставни реформи;
Држави членки
   Советот на Европа има пан-европски
    карактер, составен од:
   47 земји членки
   1 земја кандидат - Белорусија
   6 земји набљудувачи - САД, Канда,
    Јапонија, Мексико, Израел и Ватикан
Члeнки на Советот на Европа со
   вкупен број на население
Држави кандидати
    за членство во Советот на Европа
   Белорусија во 1992 година го доби статусот на
    специјален гост на Парламентарното собрание
    (асамблеја) а барање за стекнување на полноправно
    членство поднесе во 1993 година. Посебниот статус и е
    укинат во јануари 1997 година поради недемократскиот
    режим со кој раководи председателот Лукашенко, кој
    што особено беше усмерен против слободата на
    медиумите, мислењето и изразување на мислењето.
   Казахстан во 1999 година бараше да се здобие со
    статусот на набљудувач на Парламентарното собрание,
    но барањето беше одбиено. Во образложението на
    одлуката е наведено дека Казахстан може да конкурира
    и за полноправно членство во Советот на Европа
    бидејки со еден дел се наоѓа во Европа, но за тоа идно
    членство првин мора да бидат исполнети минимални
    стандарди во поглед на демократијата и човековите
    права.
Држави со статус на набљудувачи на
   Парламентарното собрание и
    Комитетот на министрите
   Ватикан никогаш не претендирал да стане
    членка на Советот на Европа но од 1970
    година има статус на набљудувач при
    Комитетот на министри
   Јапан и САД ги пратат активностите на
    Комитетот на министрите
   Израел има статус на набљудувач при
    заседанието на Парламентарното собрание
   Канада и Мексико присуствуваат во
    работата и на Парламентарното собрание и
    на Комитетот на министрите
Органи
    Главните органи на Советот на
     Европа се:
    Парламентарнo собрание (Асамблеја)
    Комитет на Министрите
    Конгресот на локални и регионални
     власти (конгрес на општини и
     региони)
    Европски Суд за права на човекот
    Генерален секретар
Парламентарно собрание
Парламентарно собрание
   Парламентарното собрание на Севетот на Европа е
    парламентарен форум на Советот на Европа, каде се
    расправаат проблемите со кои се соочува европското
    општество и има советодавна функција во однос на
    Комитетот на министрите.
   Тоа е најстарото парламентарно собрание креирано на
    европската почва.
   Неговата активност е фокусирана на прашања од
    тековната политичка важност, вклучувајќи ги и
    проблемите на модерното општество и аспекти на
    меѓународната политика.
   Собранието заседава четири пати годишно (јануари,
    април, јуни и септември), на јавни седници кои траат
    една работна седмица, а вообичено одржува и една мини
    пролетна седница во некоја од земјите - членки.
Со цел да доминираат европски а не
 национални интереси Собранието
     има пет политички групи:
   Група на европски народни партии,
   Социјалистичка група,
   Европска демократска група,
   Алијанса на либерали и демократи и
   Групата на обединетата европска левица.

   Вообичаено членовите се групираат во овие
    партиски групи според нивната партиска
    припадност во своите земји, но некои членови
    избираат да не бидат членови на ниедна политичка
    група.
Комитет на министри
   Комитетот на министри се состои од
    министри за надворешни работи на 47-те
    држави-членки, односно на нивните
    постојани претставници, коишто живеат во
    Стразбур и се состануваат секоја недела, а во
    различните тематски комисии дури и почесто.
   Министрите за надворешни работи се
    состануваат двапати годишно.
   Комитетот на министри одлучува, на пр., за
    приемот на нови членки, донесува
    конвенции, спогодби и препораки, буџет
    како и работна програма на Советот на
    Европа.
Конгрес на локални региони и власти
 (Конгресот на општини и региони)
   Конгресот на општини и региони се состои од
    313 избрани претставници на општинските и градските
    совети и кантонски парламенти на државите-членки на
    Советот на Европа. Конгресот заседава еднаш годишно.
   Постојаната работа се врши од страна на секретаријат со
    40 вработени во Стразбур. Конгресот го советува
    Комитетот на министри и Парламентарното собрание по
    сите прашања од општинската и регионалната политика.
   Демократијата на регионално и општинско ниво е од
    големо значење за Советот на Европа, бидејќи таму
    владее најголемата блискост меѓу политиката и граѓаните!
    Работата на Конгресот е особено важна токму за „новите
    демократии“ од Источна и Југоисточна Европа и постојат
    многу програми што се насочени токму кон Балканот.
Европски Суд за човекови права
        во Стразбург
Европскиот суд за човекови
                права
   Европскиот суд за човекови права со седиште во
    Стразбур се состои од 47 судии (по еден од држава-
    членка). Негова задача е да одлучува дали е
    повредена Европската конвенција за човекови права.
   Секој судија е избран во однос на договрните страни
    од страна на Парламентарното собрание на Советот
    на Европа. И покрај ова совпаѓање, не постојат
    услови државајанство на судиите (на пример
    Швајцарец може да биде избран како претставник на
    Лихтенштајн.) Судиите треба да бидат непристрасни
    арбитри, а не претставници на некоја земја. Судиите
    се избрани за мандат од шест години и можат да
    бидат повторно избрани.
Постапка
   Тужбите за прекршок од страна на земјите-членки се поднесуваат во
    Стразбур.
   Неоснованите тужби се одбиени од комитет во состав од три судии, со
    едногласност. Основаните тужби се разгледуваат од страна на еден
    судски совет. За одлуките од големо значење може да се поднесе
    жалба до Големиот судски совет.
   Која било одлука на судот е обврзувачка за земјите-членки и мора
    да се примени, освен ако не е совет до земјата. Комитет на министри
    на Советот на Европа има за улога да врши надзор врз извршувањето
    на судските одлуки. Судски со вето не може да ја принуди една држава
    да се согласи со одлуката, а последна санкција за несогласување би
    била исклучување од Советот на Европа.
   Во 1999 година, имаше 60.000 заостаните предмети, кои во 2007
    достигнаа и до 100.000 заостанати предмети. На почетокот од 2010
    година судот имаше околу 120.000 заостанати предмети и листа за
    чекање за неколку години. 1 од секои 20 поднесени предмети се
    сметаат за прифатливи. Во 2007 година, судот донесе 1.503 пресуди.
    Доколку се продолжи со сегашното темпо, би му требало 46 години за
    да ги реши сите заостанати случаи.
Реформи
   Поради зголемената свест на Европските граѓани за нивните
    права пропишани со конвенцијата, судот стана жртва на својот
    сопствен успех. Некои случаи траеја и до пет години пред да се
    донесе одлука, па постоеше значаен број на заостанати
    предмети. На пример, според Билтен за информации за
    човековите права (издаден од страна на Советот на Европа)
    помеѓу 1 ноември 2003 година и 29 февруари 2004 година,
    судот одлучуваше за 7.315 случаи, од кои 6.255 се прогласени
    за неприфатливи, за да се намалат заостанатите предмети.
   Во 2008 година, судот поднесе извештај дека донел 1.543
    пресуди, а преку 32.000 случаи биле прогласени за
    неприфатливи. Според извештајот од 2008 година, со околу
    94% од предметите разгледани како неприфатливи, судот де
    факто се придвижи во насока на проблеми од поширока правна
    важност, наместо заштита на индивидуалните човекови права.
   Работејќи на принципот дека ,,одложена правда е негирана правда”,
    Советот на Европа постави работна група која ќе бара начини за
    подобрување на ефикасноста на судот. Ова резултираше со измена на
    Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи,
    односно протоколот 14. Овој нов протокол, кој за да стапи во
    силатреба да биде универзално ратификуван од сите земји-членки на
    Советот на Европа, донесува бројни промени:
   Само еден судија ќе може да одлучува за основаноста на предметот. Во
    моментов тројца судии одлучуваат.
   Кога предметите се главно слични како претходни предмети изнесени
    пред судот, и се значајни поради неуспехот на земја-членка да го
    смени домашниот закон, за предметот ќе можат да одлучуваат тројца
    судии намосто судски совет од седум судии.
   Еден случај не мора да биде прифатлив, доколку се смета дека
    поднесителот трпел ,,значајна неповолност". Сепак, ова не е правило
    кое не треба да се измени.
   Земја-членка може да биде изведена пред судот од страна на
    Комитетот на министри, доколку таа земја одбива да спроведе пресуда.
   Комитетот на министри може да го прашат судот за ,,толкување" на
    пресуда за да го одреди најдобриот начин со кој државата може да се
    согласи.
   Од Амнести интернешнел(Amnesty international) изјавија загриженост
    дека овие промени за критериумите за прифатливост ќе значат дека
    индивидуите можат да ја изгубат способноста да ,, добијат надомест за
    штета за прекршување на човековите права.``
Врска со Националниот
          правен поредок
   Повеќето од договорните страни на Европската
    конвенција за човекови прави ја имаат вградено
    конвенцијата во нивниот национален поредок, преку
    уставни одредби, статут или судски одлуки.
    Нејзиното вградување заедно со стапувањето во
    сила на Протоколот бр.11, драмитчно го зголеми
    статусот на правата од Конвенцијата и влијанието на
    прецедентното право на Европскиот суд за човекови
    права. Државни судии, избрани функционери и
    службеници сега се под зголемен притисок за да ја
    ефективно да правата од Конвенцијата станат
    ефективни во рамките на националниот систем.
Комесар за човекови права
   Институцијата Комесар за човекови права е
    релативно нова: воспоставена е дури во 1999,
    веројатно како одговор на наеднаш зголемениот број
    на жалби што се доставуваат до судот.
   Комесарот се избира од парламентарното собрание
    на шест години. Негова главна задача е да ја
    подготви реализацијата на Конвенцијата за човекови
    права. Тоа значи, на пр., да се набљудува дали се
    почитуваат човековите права, да се дознае дали
    постојат проблеми во националното законодавство и
    да се соработува со други организации, коишто ги
    штитат човековите права.
Европскиот суд ја осуди Босна за
        дискриминација
   Европскиот суд за човекови права во Стразбур
    ја осуди Босна поради дискриминаторските
    одредби во босанскиот устав, со кои на Ромите
    и на Евреите им се забранува да се
    кандидираат за претседателството на Босна,
    како и за босанскиот парламент
   Координаторот на Сојузот на Ромите во Босна, Дерво
    Сејдиќ, и претседателот на Еврејската заедница во
    земјата, Јакоб Финци, ја тужеа босанската држава
    пред судот во Стразбур поради дискриминаторските
    уставни одредби. Судот и нареди на Босна да му
    исплати на Сејдиќ отштета од 1.000 евра, а на Финци
    треба да му бидат исплатени 20.000 евра
Генерален секретар
   Генералниот секретар и неговиот
    заменик се бираат на пет години од
    страна на парламентарното собрание, а
    по препорака на Комитетот на
    министри.
   Тие се одговорни за остварување на
    целите на Советот на Европа. Ова
    конкретно значи дека тие го
    поставуваат стратешкиот курс и
    носат одговорност за секојдневното
    работење.
Комисии
   Биро на Собранието;
   Проширен заеднички комитет (Joint committee);
   Постојан комитет;
   Комисија за политички прашања;
   Комисија за правни прашања и човекови права;
   Комисија за економски прашања и развој;
   Комисија за социјални, здравствени и семејни прашања;
   Комисија за миграција, бегалци и население;
   Комисија за култура, наука и образование;
   Комисија за екологија, земјоделие, локални и регионални
    прашања; Комисија за еднакви можности меѓу жените и
    мажите;
   Комисија за деловник и имунитети и
   Комисија за почитување на обврските и заложбите на земјите-
    членки (Мониторинг Комисија).
Официјални јазици
   Советот на Европа има два официјални
    јазика - англиски и француски,
   но германскиот, рускиот и
    италијанскиот исто така често се
    користат иако не се официјални.
   Некои документи на Советот се
    пишуваат и на други европски
    јазици.
Задачи и работни полиња на
         Советот на Европа
    Преку описот на органите и институциите стана
     веќе појасно, во што се состојат задачите и
     работните полиња на Советот на Европа.
    Во Советот на Европа се прави разлика меѓу
     четири големи домени на задачи, имено
3.   правни работи,
4.   човекови права,
5.   социјална кохезија и
6.   образование/култура.

    Овие домени на задачи се организирани во четири
     т.н. генерални дирекции, значи големи
     одделенија, коишто, пак, се состојат од голем број
     секретаријати и други одделенија.
Правни работи
          (Генерална дирекција I)
   Задачата на оваа работна област е да ги хармонизира
    правните системи на државите-членки кон стандардите и
    нормите на Советот на Европа и да дејствува во насока на
    тоа, демократијата да стои во служба на правото.
   Генералната дирекција се состои од бројни канцеларии,
    дирекции и комисии.
   Службата за правно советување на пр. дава интерни
    правни совети и поддршка. Канцеларијата за договори ги
    чува сите оригинални договори, собира задршки,
    повлекувања и измени. Дирекцијата за правна соработка,
    заедно со државите-членки работи на модернизација на
    нивниот правен систем и нивно усогласување со
    принципите на демократија, човекови права и правна
    држава.
   Покрај тоа, постојат и различни комитети и комисии што
    се занимаваат, на пр., со локална самоуправа, кривично
    право, биоетика и уставни прашања.
Човекови права
        (Генерална дирекција II)
   Во доменот „човекови права“ спаѓа Европската
    конвенција за човекови права и Судот како и сите
    задачи што се поврзани со промоција и контрола на
    придржувањето кон човековите права и надзор на
    спроведувањето на одлуките на судот.
   Ако некоја држава-членка не спроведе одлука на
    Советот на Европа (на пр., ако не плати
    обештетување на тужителот), тогаш неговото
    членство може да биде изоставено или завршено.
    Тоа државите, пред сé новите демократии, се
    разбира не можат да го ризикуваат, бидејќи ова би
    имало последици, на пр., по процесот на интеграција
    во ЕУ.
Социјална кохезија
       (Генерална дирекција III)
   Оваа работна област се занимава со различни
    аспекти на социјалната кохезија и на
    животниот квалитет. Тука спаѓаат, теми како
    подобрување на обезбедувањето за социјално
    слабите лица, невработените, за стари луѓе и
    деца, интеграција на лица со посебни потреби,
    однесување со Ромите и миграција, медицинско
    снабдување и етички аспекти како и
    злоупотреба на дрога.
   По однос на темата „дрога“ работи, т.н. група
    „помпиду“, еден круг на експерти, коишто, меѓу
    другото, имаат издадено прирачник за тоа,
    како младите можат да се убедат во тоа да не
    конзумираат дроги.
Образование, култура и културно
           наследство, младина и спорт
             (Генерална дирекција IV)
   Во оваа област спаѓа еден широк спектар на мерки, кој се
    протега од електронски фото изложби за превенција од
    дрога до понуди за усовршување на наставници. Само
    одделението „образование“ опфаќа високо образование,
    учење историја, интеркултурно образование и образовни
    реформи воопшто.
   Во областа високо образование, станува збор за меѓусебно
    признавање на дипломи и спроведување реформи.
    Поддршка на наставниците по историја им се дава во форма
    на прирачници и тренинзи. Советот на Европа поддржува
    меѓународни обуки на наставен кадар, коишто се
    организираат од слободни носители на такви активности, а
    во соработка со министерствата за образование.
    Образованието на Ромите се поддржува со донесени
    конвенции, студии и анализи, изработка на наставен
    материјал и усовршувања.

More Related Content

More from Angela Krstevska

(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
Angela Krstevska
 
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
Angela Krstevska
 
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
Angela Krstevska
 
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
Angela Krstevska
 
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
Angela Krstevska
 
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
Angela Krstevska
 
(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje
Angela Krstevska
 
(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija
Angela Krstevska
 

More from Angela Krstevska (10)

(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
 
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
 
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
 
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
 
(5,1) ideologija
(5,1) ideologija(5,1) ideologija
(5,1) ideologija
 
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
 
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
 
(4) podelba na vlasta
(4) podelba na vlasta(4) podelba na vlasta
(4) podelba na vlasta
 
(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje
 
(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija
 

(8,3) sovet na evropa

  • 2. Основање на Советот на Европа: позадина, контекст и мотиви  Уште во Првата, а пред сé во Втората светска војна многу се размислуваше за тоа, како би можеле во иднина да се спречат такви катастрофи. Поранешниот британски премиер Винстон Черчил својата идеја ја опиша со следниве зборови: „Мораме да создадеме еден вид соединети држави на Европа!“  Тогаш имаше различни движења со заедничка цел за поврзување на државите во Европа. Но, тие имаа различни политички мотиви и различни претстави за тоа, колку политичка моќ треба да добие една таква наддржавна организација.  САД долго време беа против обединета Европа и повеќе преферираа еден меѓународен спој во вид на Обединетите нации (ООН). Дури откако се изостри Студената војна, значи по конфликтот меѓу Советскиот сојуз и Америка, тие ја поддржаа оваа идеја.
  • 3. Европски конгрес од Хаг  По долги подготовки зетот на Винстон Черчил во мај 1948 организираше Европски конгрес во Хаг, на кој се сретнаа преку 1000 еминентни заговарачи на различни движења за европската идеја, од 20 земји.  Овој конгрес требаше да покаже, колку беше популарна ваквата идеја, но и да побара дејствување од страна на владите на одделните земји.
  • 4. Основање на Советот на Европа  Конечно се изнајде еден компромис и на 5 мај 1949 во Лондон, 10 држави го основаа Советот на Европа. Одлуката требаше да ја донесе комитет на министри и тоа едногласно.  Комитетот на министри се состоеше од министрите за надворешни работи на државите-членки. Тоа значи дека Советот на Европа и даде прв, нејасен лик на големата идеја за „Обединета Европа“. Но, надежите за политички моќна организација, којашто се наоѓа над националните држави, беа неисполнети. Организацијата остана во рацете на владите, а со тоа им беше потчинета на одделните сопствени интереси.  Оснивачи на Советот на Европа се 5. Белгија 6. Данска 7. Ирска 8. Италија 9. Франција 10. Луксембург 11. Холандија 12. Шведска 13. Норвешка 14. Велика Вританија
  • 5. Цели  Советот на Европа како свои цели ги има поставено  заштита на Човековите Права, плуралистичката демократија и владеење на правото;  промовирање и стимулирање на развојот на европскиот културен идентитет и разноликост;  наоѓање на заеднички решенија на проблемите во Европското општество: како дискриминација на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција, клонирање, тероризам, шверц на луѓе, организиран криминал и корупција, интернет криминал, насилство врз деца;  консолидирање на демократска стабилност во Европа преку подршка на политички, правни и уставни реформи;
  • 6. Држави членки  Советот на Европа има пан-европски карактер, составен од:  47 земји членки  1 земја кандидат - Белорусија  6 земји набљудувачи - САД, Канда, Јапонија, Мексико, Израел и Ватикан
  • 7. Члeнки на Советот на Европа со вкупен број на население
  • 8. Држави кандидати за членство во Советот на Европа  Белорусија во 1992 година го доби статусот на специјален гост на Парламентарното собрание (асамблеја) а барање за стекнување на полноправно членство поднесе во 1993 година. Посебниот статус и е укинат во јануари 1997 година поради недемократскиот режим со кој раководи председателот Лукашенко, кој што особено беше усмерен против слободата на медиумите, мислењето и изразување на мислењето.  Казахстан во 1999 година бараше да се здобие со статусот на набљудувач на Парламентарното собрание, но барањето беше одбиено. Во образложението на одлуката е наведено дека Казахстан може да конкурира и за полноправно членство во Советот на Европа бидејки со еден дел се наоѓа во Европа, но за тоа идно членство првин мора да бидат исполнети минимални стандарди во поглед на демократијата и човековите права.
  • 9. Држави со статус на набљудувачи на Парламентарното собрание и Комитетот на министрите  Ватикан никогаш не претендирал да стане членка на Советот на Европа но од 1970 година има статус на набљудувач при Комитетот на министри  Јапан и САД ги пратат активностите на Комитетот на министрите  Израел има статус на набљудувач при заседанието на Парламентарното собрание  Канада и Мексико присуствуваат во работата и на Парламентарното собрание и на Комитетот на министрите
  • 10. Органи Главните органи на Советот на Европа се:  Парламентарнo собрание (Асамблеја)  Комитет на Министрите  Конгресот на локални и регионални власти (конгрес на општини и региони)  Европски Суд за права на човекот  Генерален секретар
  • 12. Парламентарно собрание  Парламентарното собрание на Севетот на Европа е парламентарен форум на Советот на Европа, каде се расправаат проблемите со кои се соочува европското општество и има советодавна функција во однос на Комитетот на министрите.  Тоа е најстарото парламентарно собрание креирано на европската почва.  Неговата активност е фокусирана на прашања од тековната политичка важност, вклучувајќи ги и проблемите на модерното општество и аспекти на меѓународната политика.  Собранието заседава четири пати годишно (јануари, април, јуни и септември), на јавни седници кои траат една работна седмица, а вообичено одржува и една мини пролетна седница во некоја од земјите - членки.
  • 13. Со цел да доминираат европски а не национални интереси Собранието има пет политички групи:  Група на европски народни партии,  Социјалистичка група,  Европска демократска група,  Алијанса на либерали и демократи и  Групата на обединетата европска левица.  Вообичаено членовите се групираат во овие партиски групи според нивната партиска припадност во своите земји, но некои членови избираат да не бидат членови на ниедна политичка група.
  • 14. Комитет на министри  Комитетот на министри се состои од министри за надворешни работи на 47-те држави-членки, односно на нивните постојани претставници, коишто живеат во Стразбур и се состануваат секоја недела, а во различните тематски комисии дури и почесто.  Министрите за надворешни работи се состануваат двапати годишно.  Комитетот на министри одлучува, на пр., за приемот на нови членки, донесува конвенции, спогодби и препораки, буџет како и работна програма на Советот на Европа.
  • 15. Конгрес на локални региони и власти (Конгресот на општини и региони)  Конгресот на општини и региони се состои од 313 избрани претставници на општинските и градските совети и кантонски парламенти на државите-членки на Советот на Европа. Конгресот заседава еднаш годишно.  Постојаната работа се врши од страна на секретаријат со 40 вработени во Стразбур. Конгресот го советува Комитетот на министри и Парламентарното собрание по сите прашања од општинската и регионалната политика.  Демократијата на регионално и општинско ниво е од големо значење за Советот на Европа, бидејќи таму владее најголемата блискост меѓу политиката и граѓаните! Работата на Конгресот е особено важна токму за „новите демократии“ од Источна и Југоисточна Европа и постојат многу програми што се насочени токму кон Балканот.
  • 16. Европски Суд за човекови права во Стразбург
  • 17. Европскиот суд за човекови права  Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур се состои од 47 судии (по еден од држава- членка). Негова задача е да одлучува дали е повредена Европската конвенција за човекови права.  Секој судија е избран во однос на договрните страни од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа. И покрај ова совпаѓање, не постојат услови државајанство на судиите (на пример Швајцарец може да биде избран како претставник на Лихтенштајн.) Судиите треба да бидат непристрасни арбитри, а не претставници на некоја земја. Судиите се избрани за мандат од шест години и можат да бидат повторно избрани.
  • 18. Постапка  Тужбите за прекршок од страна на земјите-членки се поднесуваат во Стразбур.  Неоснованите тужби се одбиени од комитет во состав од три судии, со едногласност. Основаните тужби се разгледуваат од страна на еден судски совет. За одлуките од големо значење може да се поднесе жалба до Големиот судски совет.  Која било одлука на судот е обврзувачка за земјите-членки и мора да се примени, освен ако не е совет до земјата. Комитет на министри на Советот на Европа има за улога да врши надзор врз извршувањето на судските одлуки. Судски со вето не може да ја принуди една држава да се согласи со одлуката, а последна санкција за несогласување би била исклучување од Советот на Европа.  Во 1999 година, имаше 60.000 заостаните предмети, кои во 2007 достигнаа и до 100.000 заостанати предмети. На почетокот од 2010 година судот имаше околу 120.000 заостанати предмети и листа за чекање за неколку години. 1 од секои 20 поднесени предмети се сметаат за прифатливи. Во 2007 година, судот донесе 1.503 пресуди. Доколку се продолжи со сегашното темпо, би му требало 46 години за да ги реши сите заостанати случаи.
  • 19. Реформи  Поради зголемената свест на Европските граѓани за нивните права пропишани со конвенцијата, судот стана жртва на својот сопствен успех. Некои случаи траеја и до пет години пред да се донесе одлука, па постоеше значаен број на заостанати предмети. На пример, според Билтен за информации за човековите права (издаден од страна на Советот на Европа) помеѓу 1 ноември 2003 година и 29 февруари 2004 година, судот одлучуваше за 7.315 случаи, од кои 6.255 се прогласени за неприфатливи, за да се намалат заостанатите предмети.  Во 2008 година, судот поднесе извештај дека донел 1.543 пресуди, а преку 32.000 случаи биле прогласени за неприфатливи. Според извештајот од 2008 година, со околу 94% од предметите разгледани како неприфатливи, судот де факто се придвижи во насока на проблеми од поширока правна важност, наместо заштита на индивидуалните човекови права.
  • 20. Работејќи на принципот дека ,,одложена правда е негирана правда”, Советот на Европа постави работна група која ќе бара начини за подобрување на ефикасноста на судот. Ова резултираше со измена на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, односно протоколот 14. Овој нов протокол, кој за да стапи во силатреба да биде универзално ратификуван од сите земји-членки на Советот на Европа, донесува бројни промени:  Само еден судија ќе може да одлучува за основаноста на предметот. Во моментов тројца судии одлучуваат.  Кога предметите се главно слични како претходни предмети изнесени пред судот, и се значајни поради неуспехот на земја-членка да го смени домашниот закон, за предметот ќе можат да одлучуваат тројца судии намосто судски совет од седум судии.  Еден случај не мора да биде прифатлив, доколку се смета дека поднесителот трпел ,,значајна неповолност". Сепак, ова не е правило кое не треба да се измени.  Земја-членка може да биде изведена пред судот од страна на Комитетот на министри, доколку таа земја одбива да спроведе пресуда.  Комитетот на министри може да го прашат судот за ,,толкување" на пресуда за да го одреди најдобриот начин со кој државата може да се согласи.  Од Амнести интернешнел(Amnesty international) изјавија загриженост дека овие промени за критериумите за прифатливост ќе значат дека индивидуите можат да ја изгубат способноста да ,, добијат надомест за штета за прекршување на човековите права.``
  • 21. Врска со Националниот правен поредок  Повеќето од договорните страни на Европската конвенција за човекови прави ја имаат вградено конвенцијата во нивниот национален поредок, преку уставни одредби, статут или судски одлуки. Нејзиното вградување заедно со стапувањето во сила на Протоколот бр.11, драмитчно го зголеми статусот на правата од Конвенцијата и влијанието на прецедентното право на Европскиот суд за човекови права. Државни судии, избрани функционери и службеници сега се под зголемен притисок за да ја ефективно да правата од Конвенцијата станат ефективни во рамките на националниот систем.
  • 22. Комесар за човекови права  Институцијата Комесар за човекови права е релативно нова: воспоставена е дури во 1999, веројатно како одговор на наеднаш зголемениот број на жалби што се доставуваат до судот.  Комесарот се избира од парламентарното собрание на шест години. Негова главна задача е да ја подготви реализацијата на Конвенцијата за човекови права. Тоа значи, на пр., да се набљудува дали се почитуваат човековите права, да се дознае дали постојат проблеми во националното законодавство и да се соработува со други организации, коишто ги штитат човековите права.
  • 23. Европскиот суд ја осуди Босна за дискриминација  Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја осуди Босна поради дискриминаторските одредби во босанскиот устав, со кои на Ромите и на Евреите им се забранува да се кандидираат за претседателството на Босна, како и за босанскиот парламент  Координаторот на Сојузот на Ромите во Босна, Дерво Сејдиќ, и претседателот на Еврејската заедница во земјата, Јакоб Финци, ја тужеа босанската држава пред судот во Стразбур поради дискриминаторските уставни одредби. Судот и нареди на Босна да му исплати на Сејдиќ отштета од 1.000 евра, а на Финци треба да му бидат исплатени 20.000 евра
  • 24. Генерален секретар  Генералниот секретар и неговиот заменик се бираат на пет години од страна на парламентарното собрание, а по препорака на Комитетот на министри.  Тие се одговорни за остварување на целите на Советот на Европа. Ова конкретно значи дека тие го поставуваат стратешкиот курс и носат одговорност за секојдневното работење.
  • 25. Комисии  Биро на Собранието;  Проширен заеднички комитет (Joint committee);  Постојан комитет;  Комисија за политички прашања;  Комисија за правни прашања и човекови права;  Комисија за економски прашања и развој;  Комисија за социјални, здравствени и семејни прашања;  Комисија за миграција, бегалци и население;  Комисија за култура, наука и образование;  Комисија за екологија, земјоделие, локални и регионални прашања; Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите;  Комисија за деловник и имунитети и  Комисија за почитување на обврските и заложбите на земјите- членки (Мониторинг Комисија).
  • 26. Официјални јазици  Советот на Европа има два официјални јазика - англиски и француски,  но германскиот, рускиот и италијанскиот исто така често се користат иако не се официјални.  Некои документи на Советот се пишуваат и на други европски јазици.
  • 27. Задачи и работни полиња на Советот на Европа  Преку описот на органите и институциите стана веќе појасно, во што се состојат задачите и работните полиња на Советот на Европа.  Во Советот на Европа се прави разлика меѓу четири големи домени на задачи, имено 3. правни работи, 4. човекови права, 5. социјална кохезија и 6. образование/култура.  Овие домени на задачи се организирани во четири т.н. генерални дирекции, значи големи одделенија, коишто, пак, се состојат од голем број секретаријати и други одделенија.
  • 28. Правни работи (Генерална дирекција I)  Задачата на оваа работна област е да ги хармонизира правните системи на државите-членки кон стандардите и нормите на Советот на Европа и да дејствува во насока на тоа, демократијата да стои во служба на правото.  Генералната дирекција се состои од бројни канцеларии, дирекции и комисии.  Службата за правно советување на пр. дава интерни правни совети и поддршка. Канцеларијата за договори ги чува сите оригинални договори, собира задршки, повлекувања и измени. Дирекцијата за правна соработка, заедно со државите-членки работи на модернизација на нивниот правен систем и нивно усогласување со принципите на демократија, човекови права и правна држава.  Покрај тоа, постојат и различни комитети и комисии што се занимаваат, на пр., со локална самоуправа, кривично право, биоетика и уставни прашања.
  • 29. Човекови права (Генерална дирекција II)  Во доменот „човекови права“ спаѓа Европската конвенција за човекови права и Судот како и сите задачи што се поврзани со промоција и контрола на придржувањето кон човековите права и надзор на спроведувањето на одлуките на судот.  Ако некоја држава-членка не спроведе одлука на Советот на Европа (на пр., ако не плати обештетување на тужителот), тогаш неговото членство може да биде изоставено или завршено. Тоа државите, пред сé новите демократии, се разбира не можат да го ризикуваат, бидејќи ова би имало последици, на пр., по процесот на интеграција во ЕУ.
  • 30. Социјална кохезија (Генерална дирекција III)  Оваа работна област се занимава со различни аспекти на социјалната кохезија и на животниот квалитет. Тука спаѓаат, теми како подобрување на обезбедувањето за социјално слабите лица, невработените, за стари луѓе и деца, интеграција на лица со посебни потреби, однесување со Ромите и миграција, медицинско снабдување и етички аспекти како и злоупотреба на дрога.  По однос на темата „дрога“ работи, т.н. група „помпиду“, еден круг на експерти, коишто, меѓу другото, имаат издадено прирачник за тоа, како младите можат да се убедат во тоа да не конзумираат дроги.
  • 31. Образование, култура и културно наследство, младина и спорт (Генерална дирекција IV)  Во оваа област спаѓа еден широк спектар на мерки, кој се протега од електронски фото изложби за превенција од дрога до понуди за усовршување на наставници. Само одделението „образование“ опфаќа високо образование, учење историја, интеркултурно образование и образовни реформи воопшто.  Во областа високо образование, станува збор за меѓусебно признавање на дипломи и спроведување реформи. Поддршка на наставниците по историја им се дава во форма на прирачници и тренинзи. Советот на Европа поддржува меѓународни обуки на наставен кадар, коишто се организираат од слободни носители на такви активности, а во соработка со министерствата за образование. Образованието на Ромите се поддржува со донесени конвенции, студии и анализи, изработка на наставен материјал и усовршувања.