2. За Марс
Марс е четвртата планета од Сонцето.
.Таа е наречена црвена планета. Таа е двојно
помала од Земјата,и е седма планета според
големината.
Марс е бог на војната. Планетата веројатно го
добила името заради својата црвена боја, а
понекогаш се нарекува и црвената планета.
3. Првото вселенско летало кое го посетило е
Mariner 4 во 1965, по што следела уште серија
други меѓу кои и Mars 2, првата сонда која
слетала на Марс.
Други поуспешни мисии на Марс се двете
летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од
1997.
Орбитата на Марс е значително елиптична.
Додека просечната температура е 218 К (-55°С),
температурата на површината се движи од 140
К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С)
преку ден во текот на летото.
5. Како на Меркур и Месечината, на Марс денес
најверојатно нема активни тектонски плочи. Без
движења на плочите, вулкански активните точки
под површината остануваат на исто место во однос
на површината.
Ова, заедно со слабата гравитација се причионата за
огромните вулкани и висорамнината Tharsis.
Денес нема докази за моменталната вулканска
активност. Но сепак има нови испитувања од Mars
Global Surveyor според кои Марс можеби имал
тектонска активност во скоро минато, што
споредбата со Земјата ја прави уште поинтересна.