Општи карактеристики Уране една од џиновските планети но малку помала од Јупитер и Сатурн.Ја открил Вилијам Хершел во 1781 година и гледана со телескоп има синкава боја.Една од забележителните особености му е наведнатоста на оската на вртење од 98 сепени,со што речиси се совпаѓа со рамнината на неговата орбита околу Сонцто.Исто така,има и тенки прстени што се невиливи за телескопите.До денес се откриени 17 негови сателити.
4.
Состав Планетата сигурное составена од едно централно јадро од каменлив вид,опкружено со дебела обвивка од мраз врз која се наоѓа гасовита атмосфера.Составните елементи на атмосферата се исти како оние на другите џиновски планети : водород,хелиум,метан и други јаглеводороди,но, веројатно количеството метан е поголемо отколку на другите планети на што упатува зеленикавата боја на Уран.
5.
Прстените на УранАстрономите не успеале да ги видат прстените на оваа планета,но претпоставуваат дека постојат поради одредени аномалии на светлината што ги забележале,набљудувајќи го Уран во однос на некоја ѕвезда,во различни околности.Во 1986 година вселенскиот брод ,, Војаџер 2 ’’ доволно се приближил за да ги фотографира.Се работи за збир од десет тенки прстени со многу темна боја,составени од ситни парчиња од камен и други материјали.
6.
Сателити До денессе откриени пет голми и дванаесет помали сателити.Тие се наоѓаат на оддалеченост меѓу 50 000 и 12 000 000 километри. ,, Војаџер ’’ можел да ја сними површината и таа е доста темна и покриена со слој од темен мраз.Има и кратери и пукнатини.Миранда,најмалиот од големите сателити,има пречник од 470 километри и,веројатно,се состои од неколку парчиња соединети меѓусебно. Четирите најголеми сателити на Уран : Ариел(1 160 km), Умбриел (1 170 km), Титанија (1 580 km) и Оберон (1 520 km)
7.
Карактеристики Средна оддалеченостод Сонцето : 2 870 000 000 километри Маса : 14,6 пати поголема од онаа на Земјата Пречник : 51 118 километри Температура на површината : -216 °С