СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ
 Во денешните реални услови на живеење и
работа, лидерството и менаџирањето
несомнено се дел од успешното
функционирање на бизнисот и
претприемништвото. Како два различни поими
и процеси, тие не се раздалечуваат во нивното
значење, туку взаемно дејствуваат и се
надополнуваат. Менаџерството опфаќа
насочување на работата ефикасно и ефективно
кон остварување на коорпорациските цели,
додека пак лидерството е насочено кон
управување на човечките ресурси кон
остварување на целите.
 Лидерот има визија, или создава визија.
Менаџерот планира, создава планови.
Лидерите работат со луѓе, менаџерите
работат со процеси, модели, системи. Ворен
Бенис за менаџерите и лидерите вели
„Менаџерите ги прават работите правилно,
но лидерите прават правилни работи“. Но,
без разлика на начинот на кој работат, и
лидерите и менаџерите се насочени кон
остварување на цели.
 Во оваа презентација се дефинирани
поимите за лидер и менаџер и се објаснети
нивните сличности и разлики.
 Менаџерството се дефинира како универзален процес
на ефективно и ефикасно извршување на работата со
помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите за
остварување на однапред дефинираните цели на
претпријатието.
 Менаџментот како процес со кој се обезбедува
ефикасно остварување на поставените цели,
претставува една од најважните човекови активности.
Тој, во основа, овозможува да се обезбеди координиран
пристап во работењето, преземање на акции со кои на
секој поединец во процесот на работењето ќе му се
даде прилика да го даде својот максимален придонес, а
со тоа многу поуспешно да се извршат задачите на
определена група или организација.
 Менаџментот делува преку различни функции,
често класифицирани како планирање,
организирање, водење и мотивирање, и
контролирање.
 Планирање: одлучување за тоа што треба да се случи во
иднина (денес, следната недела, следниот месец,
следната година, во текот на следните 5 години, итн.) и
создавање планови се дејствување.
 Организирање: (спроведување) максимално
искористување на ресурсите потребни за успешно
спроведување на плановите.
 Екипирање: Анализирање на работата, регрутирање и
најмување луѓе за соодветни работи.
 Водење: Одредување што треба да се стори во
одредени ситуации и наоѓање луѓе за таа работа.
 Контролирање: Надгледување, проверување на
прогресот споредено со плановите, со можност од
потреба за измени базирани на фидбек.
 Мотивирање: процес на стимулирање на личноста со
цел да превземе дејство за да ја оствари посакуваната
цел.
 Менаџерот е лице чии примарни задачи
произлегуваат од процесот на управување,
планирање и донесување одлуки,
огранизирање на работата и бизнисот. Тој
вработува и ги насочува вработените и ги
контролира ресурсите. Исто така,
менаџерот постигнува цели со ангажирање
на други да ги вршат задачите.
 Лидерството е процес во кој поединецот влијае врз
другите луѓе, ги инспирира и мотивира, ги насочува
нивните активности за да им помогне на групата и на
организацијата да ги постигнат своите цели. Ако лидерите
не се ефективни, нивното влијание не придонесува за тоа,
и често пати ги остранува кон постигнување на целите.
 Покрај извршувањето на целите, ефективното лидерство ја
зголемува способноста на организацијата да одговори на
предизвиците, вклучувајки ја и потребата од конкурентна
предност, потребата да се негува етичкото однесување, и
потребата да се управува со различна работна сила фер и
коректно.
 Постојат речиси толку многу различни дефиниции за
лидерството колку што постојат автори кои се обиделе да
дефинираат концепт на лидерството. Како позначајни се
издвојуваат следниве:
 Лидерството е процес и сопственост. Како процес,
лидерството вклучува користење на влијание без принуда.
Како сопственост, лидерството е збир на карактеристики
својствени за секој поединец за кој се претпоставува дека
успешно ќе го примени споменатото влијание.
 Лидерството е меѓуперсонално влијание кое се случува кога
една личност е способна да добие согласност од друга во
остварување на саканите цели на една организација.
 Лидерството е динамичен процес на работа во група каде
што поединецот, во определен период, во определен
организационен контекст, влијае на другите членови на
групата своеволно да се обврзат за остварување на целите
или задачите на групата.
 Лидерите се надарени со природно висок
потенцијал за лидерство односно способност
бидат водачи , што го откриле и развивале. За
да може ефикасно да дејствува на луѓето,
лидерот мора да најде време да ги запознае
како личности.
 Ефикасните лидери се движат наоколу и се
среќаваат со луѓето. На луѓето треба да им се
покаже почит и доверба, да им се зададат
вистински одговорности и степен на
независност, како тие би возвратиле со
најдоброто што можат. Ако пак се третираат
како предмети или бројки, тие ќе одговараат
со отсуство на ентузијазам и иницијатива.
МЕНАЏЕРСТВО И ЛИДЕРСТВО - презентација.pptx

МЕНАЏЕРСТВО И ЛИДЕРСТВО - презентација.pptx

  • 1.
  • 2.
     Во денешнитереални услови на живеење и работа, лидерството и менаџирањето несомнено се дел од успешното функционирање на бизнисот и претприемништвото. Како два различни поими и процеси, тие не се раздалечуваат во нивното значење, туку взаемно дејствуваат и се надополнуваат. Менаџерството опфаќа насочување на работата ефикасно и ефективно кон остварување на коорпорациските цели, додека пак лидерството е насочено кон управување на човечките ресурси кон остварување на целите.
  • 3.
     Лидерот имавизија, или создава визија. Менаџерот планира, создава планови. Лидерите работат со луѓе, менаџерите работат со процеси, модели, системи. Ворен Бенис за менаџерите и лидерите вели „Менаџерите ги прават работите правилно, но лидерите прават правилни работи“. Но, без разлика на начинот на кој работат, и лидерите и менаџерите се насочени кон остварување на цели.  Во оваа презентација се дефинирани поимите за лидер и менаџер и се објаснети нивните сличности и разлики.
  • 5.
     Менаџерството седефинира како универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работата со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите за остварување на однапред дефинираните цели на претпријатието.  Менаџментот како процес со кој се обезбедува ефикасно остварување на поставените цели, претставува една од најважните човекови активности. Тој, во основа, овозможува да се обезбеди координиран пристап во работењето, преземање на акции со кои на секој поединец во процесот на работењето ќе му се даде прилика да го даде својот максимален придонес, а со тоа многу поуспешно да се извршат задачите на определена група или организација.
  • 6.
     Менаџментот делувапреку различни функции, често класифицирани како планирање, организирање, водење и мотивирање, и контролирање.  Планирање: одлучување за тоа што треба да се случи во иднина (денес, следната недела, следниот месец, следната година, во текот на следните 5 години, итн.) и создавање планови се дејствување.  Организирање: (спроведување) максимално искористување на ресурсите потребни за успешно спроведување на плановите.  Екипирање: Анализирање на работата, регрутирање и најмување луѓе за соодветни работи.  Водење: Одредување што треба да се стори во одредени ситуации и наоѓање луѓе за таа работа.  Контролирање: Надгледување, проверување на прогресот споредено со плановите, со можност од потреба за измени базирани на фидбек.  Мотивирање: процес на стимулирање на личноста со цел да превземе дејство за да ја оствари посакуваната цел.
  • 7.
     Менаџерот елице чии примарни задачи произлегуваат од процесот на управување, планирање и донесување одлуки, огранизирање на работата и бизнисот. Тој вработува и ги насочува вработените и ги контролира ресурсите. Исто така, менаџерот постигнува цели со ангажирање на други да ги вршат задачите.
  • 9.
     Лидерството епроцес во кој поединецот влијае врз другите луѓе, ги инспирира и мотивира, ги насочува нивните активности за да им помогне на групата и на организацијата да ги постигнат своите цели. Ако лидерите не се ефективни, нивното влијание не придонесува за тоа, и често пати ги остранува кон постигнување на целите.  Покрај извршувањето на целите, ефективното лидерство ја зголемува способноста на организацијата да одговори на предизвиците, вклучувајки ја и потребата од конкурентна предност, потребата да се негува етичкото однесување, и потребата да се управува со различна работна сила фер и коректно.
  • 10.
     Постојат речиситолку многу различни дефиниции за лидерството колку што постојат автори кои се обиделе да дефинираат концепт на лидерството. Како позначајни се издвојуваат следниве:  Лидерството е процес и сопственост. Како процес, лидерството вклучува користење на влијание без принуда. Како сопственост, лидерството е збир на карактеристики својствени за секој поединец за кој се претпоставува дека успешно ќе го примени споменатото влијание.  Лидерството е меѓуперсонално влијание кое се случува кога една личност е способна да добие согласност од друга во остварување на саканите цели на една организација.  Лидерството е динамичен процес на работа во група каде што поединецот, во определен период, во определен организационен контекст, влијае на другите членови на групата своеволно да се обврзат за остварување на целите или задачите на групата.
  • 11.
     Лидерите сенадарени со природно висок потенцијал за лидерство односно способност бидат водачи , што го откриле и развивале. За да може ефикасно да дејствува на луѓето, лидерот мора да најде време да ги запознае како личности.  Ефикасните лидери се движат наоколу и се среќаваат со луѓето. На луѓето треба да им се покаже почит и доверба, да им се зададат вистински одговорности и степен на независност, како тие би возвратиле со најдоброто што можат. Ако пак се третираат како предмети или бројки, тие ќе одговараат со отсуство на ентузијазам и иницијатива.