t
e
t
a
r
ë
t
p
ë
r
n
d
r
y
s
h
i
m
Q
y
t
e
t
a
r
ë
t
p
ë
r
n
d
r
y
s
h
i
m
B
ã
n
ã
t
o
r
l
j
i
t
i
a
l
ã
x
e
r
i
y
t
e
t
a
r
ë
t
p
ë
r
n
d
r
y
s
h
i
m
B
ã
n
ã
t
o
r
l
j
i
t
i
a
l
ã
x
e
Q
y
t
e
t
a
r
ë
t
p
C
i
t
i
z
e
n
s
f
o
r
C
h
a
n
g
e
ПОСТИГНУВАЊАТА НА
ГРАНТИСТИТЕ НА ЦИВИКА
МОБИЛИТАС
ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ
ПОСТИГНУВАЊАТА НА ГРАНТИСТИТЕ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС:
ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ
Издавач
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
За издавачот
Александар Кржаловски, в.д. директор
Автори
Јелмаз Дервиши и Кристина Весиќ
Подготовка и дизајн
Борис Ристовски
https://civicamobilitas.mk
https://facebook.com/civicamobilitas
Благодарност
Им благодариме на одговорните и тимовите во организациите кои ги спроведоа овие ин-
ституционални грантови и ги подготвија извештаите кои беа основа за создавање на секоја
од приказните: Храна за сите- Банка за храна на Македонија, Здружение на граѓани за борба
против рак Борка – за секој нов ден Скопје, Центар за граѓански комуникации, Цивил – Цен-
тар за слобода, Центар за управување со промени, Една може!- Скопје, Институт за европска
политика – Скопје, Здружение Форум – Центар за стратешки истражувања и документација,
Асоцијација, иницијатива за социјална промена – Инсок, Коалиција на здруженија на граѓа-
ни „Сите за правично судење“, Конект, Кризен центар „Надеж“, Здружение за култура и раз-
вој на креативни индустрии Култ -Транзен, Легис, ЛГБТ Јунајтед Тетово, Здружение за помош
на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ – Скопје, Ромска
асоцијација за жени и млади „Лулуди“, Здружение македонска асоцијација на земјоделски
задруги – МАЗЗ, Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“, Здружение за развој на медиуми
„Онлимит медиа“ Скопје, Полио плус- движење против хендикеп, Институт за истражување
на општествен развој – РЕСИС, Рурална коалиција, Совет за етика во медиумите на Македо-
нија, Здружение- Центар за истражувачко новинарство „СКУП“ Македонија, Совет за пре-
вентива против малолетничка деликвенција- СППМД, Кавадарци, Еколошко друштво „Вила
зора“ – Велес, Заедно посилни, Здружение за локален и рурален развој – Тетово и Специјал-
на олимпијада Македонија.
Македонски центар за меѓународна соработка
Сите права се задржани. Репродуцирање, копирањето, трансмисијата или преводот на било кој дел од оваа
публикација може да се изврши единствено под следните услови: со претходна дозвола на издавачот, заради
цитирање во анализа на книгата и под услови изложени во продолжение
Авторското право на оваа публикација е заштитено, но публикацијата може да се репродуцира на било кој
начин без наплата за едукативни намени. За копирање во други услови, за употреба во други публикации или
пак за превод или адаптација, треба да се обезбеди претходна дозвола од издавачот.
Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската амбасада кој
го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Текстовите објавени во оваа публикација ги изразуваат погледите на авторките и/или организациите кои
придонесоа кон нив, но не оние на Амбасадата на Швајцарија/Швајцарската агенција за развој и соработка
или оние на организациите спроведувачи: НИРАС, МЦМС или ФЦГ.
Преку институционалните грантови на
програмата Цивика мобилитас, оваа
фаза беа опфатени 30 граѓански ор-
ганизации кои покрај нивното долго-
годишно искуство во областа во која
делуваат и експертизата која ја поседу-
ваат, изразија потреба од континуира-
на поддршка за организациски развој и
капацитети како и успешно имплемен-
тирање на нивните програмски актив-
ности.
Најголем и највидлив придонес на ин-
ституционалните грантисти на Цивика
мобилитас се евидентирани во след-
ните области: социјална инклузија со
посебен акцент на маргинализираните
заедници во општеството, човековите
права и слободи, развојот на медиуми-
те и истражувањето, родовата еднак-
вост, животната средина како и локал-
ниот и рурален развој.
Проблематиките и општествените пра-
шања кои се опфатени преку нивните
активности докажуваат дека со конти-
нуирана и посветена работа промени-
те се можни, но и дека процесот сеуште
трае.
Резултатите и продуктите од работата
на дел од организациите веќе имаат
силно влијание во промените и од-
несувањето на институциите, додека
друг дел од нив се во почетна фаза и
прогресот го очекуваме да биде ви-
длив во блиска иднина.
ИНСТИТУЦИОНАЛНИТЕ
ГРАНТОВИ ЗА
ОРГАНИЗАЦИСКО
ЈАКНЕЊЕ И РАЗВОЈ НА
ОРГАНИЗАЦИИТЕ
ЦЕНТАРЗА
ГРАЃАНСКИ
КОМУНИКАЦИИ
БОРКА
БАНКА ЗА
ХРАНА
ЕДНА МОЖЕ!
ЦЕНТАР ЗА
УПРАВУВАЊЕ
СО ПРОМЕНИ
ЦИВИЛ
ИНСОК
ФОРУМ
ИНСТИТУТ ЗА
ЕВРОПСКА
ПОЛИТИКА
КРИЗЕН
ЦЕНТАР
„НАДЕЖ“
КОНЕКТ
СИТЕ ЗА
ПРАВИЧНО
СУДЕЊЕ
ЛГБТ
ЈУНАЈТЕД
ЛЕГИС
КУЛТ-
ТРАНЗЕН
МАЗЗ
ЛУЛУДИ
ЉУБЕЗНОСТ
ПОЛИО ПЛУС
ОНЛИМИТ
МЕДИА
МЕЃАШИ
СОВЕТ ЗА
ЕТИКА ВО
МЕДИУМИТЕ НА
МАКЕДОНИЈА
РУРАЛНА
КОАЛИЦИЈА
РЕСИС
ВИЛА ЗОРА
ВЕЛЕС
СППМД
СКУП
СПЕЦИЈАЛНА
ОЛИМПИЈАДА
МАКЕДОНИЈА
ЗДРУЖЕНИЕ
ЗА ЛОКАЛЕН
И РУРАЛЕН
РАЗВОЈ
ЗАЕДНО
ПОСИЛНИ
ХРАНА ЗА СИТЕ – БАНКА ЗА ХРАНА
МАКЕДОНИЈА
Под мотото „Во коренот на долго-
рочното и значајно намалување
на сиромаштијата лежи задачата
за намалување на гладот, бидејќи,
гладот е најсуровата форма на сиро-
маштија“ функционира здружението
Храна за сите – Банка за храна Маке-
донија (БХМК).
Преку активно делување и борба
против сиромаштијата и социјал-
ната исклученост се поттикну-
ва одговорна и транспарент-
на акција на законодавните,
националните и локалните власти
како и на бизнис опкружувањето.
Ова се потврдува со акцијата #Сто-
имеЗаедно - #WeStandTogether
- #Qëndrojmësëbashku во која
учествуваа над 18 партнерски ор-
ганизации и 35 волонтери кои спа-
куваа 35 тони храна дистрибуирана
до 1.620 семејства во 20 општини во
Македонија. Беа обезбедени 1.620
прехранбени пакети, 6480 заштитни
маски и 1620 дезинфекциски сред-
ства.
„По три години истражување и
поминати илјадници километри низ
руралните средини во нашата земја
наидовме на Даниел Здравков од
Радовиш. Млад човек со физичка
попреченост, која ја забави него-
вата моторика, но не и желбата за
самостоен живот“, велат од БХМК.
Благодарение на eCrowd, првата
краудфандинг платформа во Маке-
донија, Даниел го живее својот сон.
Во природен амбиент и недопрена
природа во Радовишко тој ја започ-
на својата приказна во рамки на
проектот МОЈА Фарма.
„На наша иницијатива почна фор-
мирање на Балканска Платформа на
Банки за храна и за почеток учеству-
ваат Федерацијата на Банки за Храна
Србија, Банка за храна Македонија,
Банка за храна Ниш, Банка за храна
Косово и Банка за храна Војводина“,
велат од БХМК. Заедништвото има
за цел да ги истражи, претстави и
во значајна мера ги имплементира
најдобрите практики кои се однесу-
ваат на собирање на вишоците хра-
на во корист на засегнатите граѓа-
ни во социјален ризик на Балканот,
воедно ги зближи институциите,
операторите со храна, граѓанските
организации, крајните корисници и
медиумите.
1 јули 2020 г.–30 јуни 2022 г.
Обезбедени 35 тони храна
за 1.620 семејства во
Македонија
3.977.951 МКД
Лице со попреченост од
Радовиш доби шанса за
самостоен живот
Формирана Балканска
Платформа на Банки за
храна
ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА БОРБА
ПРОТИВ РАК БОРКА – ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН
СКОПЈЕ
„Една од клучните заложби на Борка
е создавањето на Алијанса на паци-
ентски организации и создавање на
„чадор организација“ која има за цел
унапредување, едукација и зајакну-
вање на капацитетите на ГО за сис-
темско делување пред институциите
и влијание врз здравствените по-
литики“, велат од здружението. Во
Алијансата се вклучени 12 организа-
ции, а во рамки на истата создадоа
Етички кодекс за унапредување на
квалитетот на соработката меѓу ГО,
но и зајакнување на мрежата преку
јакнење на капацитетите на органи-
зациите. Одржаа тридневна обука
на која учествуваа 22 претставници
од ГО насочена кон функционирање
на организациите во мрежа, заста-
пување на пациентите и едукација
за здравствениот систем, комуника-
ција со медиуми, финансирање на
здравството со цел зајакнување на
капацитетите на овие полиња.
По прогласување на пандемијата со
КОВИД-19 беше изработен протокол
за пациенти со малигни заболувања
кој ги содржеше сите потребни ин-
формации за начините на лекување
и функционирање на клиниките. За
таа цел беше креирана и веб страна
со сите потребни информации за па-
циентите. Во соработка со Клиника-
та за онкологија и Црвен Крст беше
спроведена акција за доставување
на таблетарна терапија за болните
од рак од внатрешноста на Македо-
нија и беше обезбедена терапија за
повеќе од 500 пациенти. „Исто така
лобирањето до Министерството за
здравство беше успешно и 2020 г.
жените оперирани од рак на дојка,
може да добијат бесплатен градник,
а партиципацијата на онколошките
пациенти при следење на болеста
веќе не се наплаќа во јавните здрав-
ствени институции“, велат од Борка.
Во период од две години традицио-
нално се одржуваше маршот „На-
пред Розово“ кој за прв пат доби
национален карактер. Беа одржани
16 настани во 16 градови: Скопје,
Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Ви-
ница, Струмица, Валандово, Струга,
Гостивар, Велес, Тетово, Ресен и
Гевгелија.
1 јули 2020 г.–30 јуни 2022г.
Создавање Алијанса на
пациентски организации
3.978.500 МКД
Изработен протокол за
пациенти со малигни
заболувања за време на
КОВИД-19
Акција за доставување
таблетарна терапија за 500
пациенти болни од рак
Одржани 16 настани во 16
градови по повод маршот
„Напред розово“
ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ
Индексот на активна транспарент-
ност развиен и спроведен од Цен-
тарот за граѓански комуникации
(ЦГК) на предлог на здружението
беше вграден како обврска во но-
виот Закон за слободен пристап до
информациите од јавен карактер.
Индексот стана репер во земјава со
кој се мери успешноста на институ-
циите во објавување информации
и документи од важност за граѓани-
те. Законската обврска и мерките за
објавување значат дека граѓаните,
бизнисот и сите други заинтереси-
рани групи добиваат значително
повеќе информации што им по-
магаат да го следат квалитетот на
работењето на институциите, да
учествуваат во креирањето поли-
тики, да носат одлуки засновани на
релевантни информации и полесно
и навремено да ги користат јавните
услуги.
Како резултат на низата активности,
предлози и залагања на ЦГК во бор-
бата против корупцијата во јавните
набавки Владата ги задолжи сите
институции да ги објават на своите
веб-страни информациите за јавни
набавки според листата предложе-
на од здружението. Дополнително
се воведе обврска за институциите
да изработат интерни процедури
за јавни набавки и да зајакне кон-
тролата во јавните набавки дел од
владиниот План за борба против ко-
рупцијата „Акција 21“. Почна да се
реализира и предлогот на ЦГК вгра-
ден во Националната стратегија за
спречување на корупцијата и суди-
рот на интереси со кој секоја јавна
институција задолжително ги објаву-
ва во тендерската документација за
јавните набавки.
Владата ги прифати предлозите на
ЦГК против партизацијата на држав-
ните претпријатија и тие се вклу-
чени во Законот за изменување и
дополнување на Законот за јавни
претпријатија. Со одредбите се ре-
гулира постапката за избор на чле-
нови на управните и надзорните
одбори на јавните претпријатија, се
воспоставува транспарентност при
постапката за избор на овие члено-
ви и се воспоставува почитување
на системот на квалификации при
селекцијата и именувањето на чле-
новите.
Индексот на активна
транспарентност развиен
и спроведен од ЦГК е
обврска во новиот Закон
за слободен пристап до
информациите од јавен
карактер
4.500.000 МКД
Активна борба против
корупција во јавните набавки.
Предлозите на ЦКГ се дел
од Владините мерки за
превенција од корупција
Предлозите на ЦГК против
партизацијата на државните
претпријатија се вклучени
во Законот за изменување
и дополнување на Законот
за јавни претпријатија
1 јули 2019 г.–30 септември 2022г.
ЦИВИЛ – ЦЕНТАР ЗА СЛОБОДА
ЦИВИЛ – Центар за слобода и ин-
тегрираната редакција Цивил ме-
диа, со тријазичната медиумска
платформа, 6 интернет портали и
+40.000 следбеници на социјални
медиуми, работеа на комплексни за-
дачи поврзани со дезинформации.
Во периодот 2019-2022 г., медиум-
ската платформа на ЦИВИЛ објави
повеќе од 2,500 медиумски содржи-
ни во текстуален и видео формат
во кој беа вклучени повеќе од 300
соговорници, меѓу кои експерти
и претставници на институциите,
граѓанското општество, медиумите
и меѓународната заедница.
ЦИВИЛ е и единствена организа-
цијата која спроведе сеопфатен
мониторинг на предвремените
парламентарни избори во 2020 и
локалните во 2021г. Формираше мо-
ниторинг тимови со повеќе од 650
членови, а во организацијата вклу-
чи и повеќе од 60 експерти и анали-
тичари кои креираа и спроведуваа
мониторинг, анализи, едукација и
јакнење на јавната свест за правото
на глас. Покрај мониторинг на избо-
рите, спроведоа и сеопфатна анали-
за на процесот на спроведување на
пописот.
„Бројни претставници на релевант-
ни институции и меѓународна заед-
ница велат дека одигравме важна
улога во јакнењето на јавната свест
и разобличувањето на дезинфор-
мациите поврзани со пописот“, ве-
лат од ЦИВИЛ. Преку медиумска
платформа, објавија 534 содржи-
ни директно поврзани со пописот,
одржаа 25 јавни настани во Скопје,
Штип, Гостивар и Гевгелија на кои
учествуваа повеќе од 50 релевантни
експерти.
ЦИВИЛ е една од најактивните ор-
ганизации во земјата, меѓу другото,
и во доменот на промоцијата на
мултикултурализмот и европските
вредности. Во изминатите три го-
дини, вклучија повеќе од 300 јавни
личности, експерти, политичари,
итн. кои говореа за предностите на
мултикултурализмот во светот. Одр-
жаа средби со Претседателот Стево
Пендаровски, премиерите Зоран
Заев и Димитар Ковачевски, Вице-
премиерот Артан Груби и други, каде
беше искажана политичка волја, но
и конкретни заложби за јакнење на
мултикултурализмот, недискримина-
цијата и почитувањето на различно-
стите во нашето општество.
1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г.
Борба против
дезинформациите,
пропагандата и хибридните
закани преку 6 интернет
портали,+40.000 публика на
социјални медиуми и 2.500
објавени содржини
4.500.000 МКД
Мониторинг на предвремените
парламентарни избори во 2020
и локалните избори во 2021г.
Јакнењето на јавната свест
и разобличувањето на
дезинформациите преку 534
содржини за пописот,25 јавни
настани во Скопје,Штип,
Гостивар и Гевгелија со +50
експерти
ЦЕНТАРЗАУПРАВУВАЊЕСОПРОМЕНИ
„Центарот за управување со проме-
ни во период од три години интен-
зивно работеше на унапредување
на најфреквентните електронски
услуги кои институциите во Север-
на Македонија им ги нудат на граѓа-
ните“, велат од здружението. Елек-
тронска нострификација на дипломи
во основно, средно и високо обра-
зование пуштена и промовирана на
националниот портал е-Услуги, упис
на деца во градинка и првачиња во
основно училиште, конкурси за уче-
ници и студентски стипендии, елек-
тронска регистрација на проекти во
Секретаријат за европски прашања
(СЕП) се дел од обезбедените услуги.
Генерално за целокупниот период
се работеше на напредок и рефор-
ми во јавната администрација. Во
рамки на проектот „Борба против
дискриминација преку поддршка на
Комисијата за спречување и зашти-
та од дискриминација (КСЗД)“, преку
изработка на клучни стратешки до-
кументи како што се Годишна про-
грама за работа на КСЗД за 2022
година со индикатори за следење,
функционална анализа, стратешки
план, правилници за организација и
систематизација на работните места
и деловник за работа на Комисија-
та согласно принципите за добро
управување, и потребите на КСЗД,
значително се зајакнаа институцио-
налните капацитети на комисијата.
ЦУП реализираше активности со
кои придонесе кон зајакнување на
женското претприемништво, но и
кон зајакнување на компетенции на
потенцијални жени претприемач-
ки. Во време на Ковид-19 пандемија
ЦУП преку обуки дизајнирани за
потребите на секој од поддржаните
бизниси на жените претприемачки
од Скопје, Битола и Охрид, како и
преку спроведување на 8 месечна
менторската програма со помош на
експерти од разни области, обез-
беди долгорочни решенија за раст
и развој на женските бизниси. До-
полнителна поддршка е остварена
и преку промоција и продажба на
нивните производи на платформа-
та www.womenpoweroon.com.
Како резултат на овие заложби, ЦУП
на Самитот за женско претприем-
ништво 2021 доби награда за ГО со
воведени најдобри практики за раз-
вој на женското претприемништво.
1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г.
4.445.210 МКД
Унапредување на
најфреквентните електронски
услуги кои институциите им ги
нудат на граѓаните
Електронска нострификација
на дипломи во основно,
средно и високо образование,
упис на деца во градинка
и првачиња во училиште,
конкурси за ученици и
студентски стипендии се дел
од дигитализираните услуги
Зајакнување на женското
претприемништво преку
обуки и 8 месечна менторска
обука за бизниси на жените
претприемачки од Скопје,
Битола и Охрид
ЕДНА МОЖЕ! - СКОПЈЕ
Во 2022г. „Една може!“ го органи-
зираше првиот протестен марш во
земјава посветен на самохраните
семејства. Маршот под мотото: „Те-
мата за самохраните родители не
смее да биде табу тема“, кој се одр-
жа во организација на „Една може!“
започна од паркот Жена борец, а за-
врши пред Министерството за труд
и социјална политика (МТСП) каде
учесниците ги истакнаа проблемите
со кои се соочуваат секојдневно.
На истиот присуствуваа стотици
граѓани во поддршка на еднороди-
телските семејства. Дефинирање
на статусот самохраност, праведни
институции, финансиска поддршка
и бесплатна партиципација во ви-
сокото образование за децата на
самохраните родители беа дел од
барањата на присутните на маршот.
Една може! Во периодот од јули 2020
до септември 2022г. ја насочи своја-
та борба кон создавање организа-
ции со кои ќе се подобри статусот
на еднородителските семејства во
Македонија. Во рамки на институ-
ционалната поддршка на Цивика
мобилитас беше формиран Сојуз на
здруженија – ЈунајтедФем, мрежа за
родова еднаквост, спречување на
насилство, борба против дискри-
минација и подобрување на стату-
сот на еднородителските семејства,
која делува на регионално ниво од
областа на родовата еднаквост, не-
дискриминација и ненасилство. Беа
формирани уште две здруженија:
Здружение за рурален и одржлив
развој ГоуФем кое делува на нацио-
нално ниво, со цел подобрување
на самохраните родители и марги-
нализираните категории на жени,
девојки и деца од руралните сре-
дини и Центар за слобода и култура
„АртФем“ со цел културно, слободно
и одржливо креирање и развивање
на жените.
Од организацијата работеа и на гра-
дење на капацитетите преку креи-
рање интерни програми, политики,
правилници, планови и стратегии
за функционирање на „Една може“
и сите ангажирани страни. Беа изра-
ботени модули за годишен тренинг
за економско зајакнување на жени
и социјално претприемништво и за
родова еднаквост и еднакви права и
можности.
1 јули 2020 г.–30 септември 2022 г.
Организиран првиот протестен
марш во Македонија посветен
на самохрани семејства,
посетен од повеќе од стотици
граѓани
3.993.063 МКД
Формиран Сојуз на
здруженија –ЈунајтедФем,
мрежа за родова еднаквост,
спречување на насилство,
борба против дискриминација
и подобрување на статусот на
еднородителските семејства;
Градење на капацитетите
на организацијата преку
креирање интерни програми,
политики,правилници,планови
и стратегии за функционирање
ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА -
СКОПЈЕ
Институтот за европска политика
(ЕПИ) во изминатите три години по-
стојано создаваше простор за дис-
кусија на јавните политики помеѓу
граѓанските организации (ГО), из-
вршната власт и правосудните ор-
гани. „Го подигнавме и капацитетот
на сите наведени засегнати страни
за процесот на пристапување во
ЕУ, со фокус на правосудството и ос-
новните човекови права, реформа-
та на јавната администрација, како
и секторските политики“, велат од
ЕПИ. Организираа 70 јавни и наста-
ни од затворен карактер со повеќе
од 2.000 учесници кои вклучуваа
претставници на бројни чинители
и засегната јавност кои застапуваат
различни гледишта.
ЕПИ останува организација која по-
ставува високи стандарди со свои-
те истражувања, што се потврдува
со бројката од 115 публикации. Од
клучните организациски продукти ги
објавија редовните годишни анали-
зи на извештајот на Европската ко-
мисија, како и годишни извештај во
сенка за поглавје 23 Правосудство и
основни човекови права. Ги изра-
ботија и извештајот од следењето
на спроведувањето на Стратегија-
та за реформи во правосудството
за 2020 и 2021 година, како и сите
национални извештаи за потребите
на Агенцијата за основни човекови
права на ЕУ.
Организацијата учествуваше во
креирањето на јавното мислење за
процесот на пристапување во ЕУ
на национално, регионално и ев-
ропско ниво преку организирање
и учество на експертски дискусии и
дебати, како и застапувачки актив-
ности. „Редовно организиравме по-
сети на високо ниво во Германија,
Холандија и Франција на кои ги пре-
зентиравме во различни формати
своите истражувања и анализи. Го-
воревме на клучните настани како
што се Белградскиот безбедносен
форум, Лабораторијата на идеи на
Центарот за европски студии од
Брисел и слично“, додаваат од ЕПИ.
Тимот експерти учествуваше на ре-
довни консултации со високи прет-
ставници на Европските институции
и држави членки за проценка на
состојбата со реформските процеси
и пристапниот процес.
1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г.
Мост за соработка и
дијалог помеѓу државните
институции и граѓанските
организации преку 70 јавни
и настани од затворен
карактер со повеќе од
2.000 учесници;
4.498.752 МКД
Одржан и надграден
квалитет на истражувања
и сопствен истражувачки
капацитет.За три години
објавени 115 публикации;
Креирање на јавното
мислење за процесот на
пристапување во ЕУ на
национално,регионално
и европско ниво преку
организирање и учество
на експертски дискусии и
дебати.
ЗДРУЖЕНИЕ ФОРУМ – ЦЕНТАР
ЗА СТРАТЕШКИ ИСТРАЖУВАЊА И
ДОКУМЕНТАЦИЈА
Во 2020-та година Форум ЦСИД ини-
цираше формирање на мрежа на
граѓански организации за поддршка
на развојот на локалната и месната
самоуправа наречена МРЕЖА ЗАЕД-
НИЦА. Оваа мрежа беше формално
регистрирана и во неа членуваат
седум организации: Форум ЦСИД,
ФРЛЗ Штип, СППМД Кавадарци,
МКЦ Битола, ЦЕД Теарце, Центар
на заедницата на општина Струга и
Агора од Скопје од повеќе плански
региони кои се истакнати во рабо-
тата со локалната самоуправа. Во
јуни 2022 претставниците на мре-
жата го објавија и првиот заеднички
продукт, Анализа за поддршката на
граѓанските организации од страна
на општините во Република Север-
на Македонија.
Здружението помогна во изработ-
ка на стратегии за соработка со
граѓанскиот сектор за две општини.
Првата општина со која беше пот-
пишан Меморандумот за соработка
е Кавадарци, а двете страни сорабо-
туваа во процесот на изработка на
„Стратегија за соработка со граѓан-
скиот сектор 2021-2025 на Општина
Кавадарци“. Се одржа работилница
со претставници на ЕЛС и локалните
ГО од Кавадарци како дел од проце-
сот на стратешко планирање и из-
работка на документот. Во декември
2021 г. новиот Совет на општината
ја усвои со мнозинство гласови како
официјален документ на Општина-
та. Низ сличен процес беше подгот-
вена и Стратегија за соработка на
Општина Штип со граѓанскиот сек-
тор 2022-2026.
Форум ЦСИД ја иницираше и коор-
динираше Платформата за инова-
ции во органското земјоделство која
започна да се реализира на 1 ноем-
ври 2019 г. Иницијативата обедини
организации од Србија, Хрватска,
Бугарија и Македонија кои сорабо-
туваа за развој на нови и иноватив-
ни ресурси во корист на граѓаните,
даватели на образовни услуги за
возрасни и локални ГО кои работат
на полето на земјоделството и жи-
вотната средина. Во фокусот на ак-
тивностите беше образованието на
возрасни за производство на орган-
ска храна.
1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г.
Формирање на МРЕЖА
ЗАЕДНИЦА,мрежа на ГО
за поддршка на развој
на локална и месна
самоуправа
4.499.912 МКД
Изработка на стратегии за
соработка со граѓанскиот
сектор во општина Кавадарци
и Штип
Формирана Платформа
за иновации во органско
земјоделство во која
членуваат ГО од Србија,
Хрватска,Бугарија и Северна
Македонија
АСОЦИЈАЦИЈА ИНИЦИЈАТИВА ЗА
СОЦИЈАЛНА ПРОМЕНА - ИНСОК
Асоцијацијата - Иницијатива за со-
цијална промена - ИнСоК иницира-
ше и формираше Тематска мрежа
на граѓански организации за заста-
пување за системски и трајни ре-
шенија за интеграција на Ромите
во општеството. Мрежата брои 15
здруженија на граѓани кои работат
на прашања поврзани со Ромската
заедница. Во периодот 2019 – 2022
година беа реализирани 20 состано-
ци на кои беа разгледани преку 50
прашања за потреби и проблеми со
кои се соочуваа Ромите во држава-
та. Вработување, образование, до-
мување, здравство, култура и тради-
ција, човекови права и сиромаштија
се темите кои беа обработени. Од
асоцијацијата упатија и предлог Де-
кларација за Интеграција на Ромите
во Република Северна Македонија
до Интер-партиската парламентар-
на група за прашања на Ромите во
Собранието на Република Северна
Македонија за усвојување и делу-
вање.
Како континуитет на заложбите на
граѓанскиот сектор кој работи на
прашањата за интеграција на Ро-
мите во општеството, Собранието
на РСМ го донесе Законот за нееви-
дентирани лица во матичната книга
на родени. ИнСоК преку соработка,
застапување и упатување на ко-
ментари за содржината на Законот,
учествуваше во процесот на но-
сење и упати 20 коментари на пред-
лог Законот од кои се прифатија 10
коментари и истите беа вградени во
новиот текст на Законот.
На иницијатива на ИнСоК, Мрежата
за застапување за системски трајни
решенија за интеграција на Ромите
во РСМ и Пратеничката г-ѓа Латифа
Шиковска, Собранието на РСМ ја
формираше Интерпартиската пар-
ламентарна група (ИППГ) за под-
дршка на правата на Ромите, нивна
инклузија и интеграција во РСМ, во
која ќе членуваат пратеници од по-
стоечкиот собраниски состав од раз-
лични политички партии.
Низ работни седници и други ак-
тивности членовите на оваа група
ќе застапуваат за законски реше-
нија како и носење на препораки
и декларации кои ќе обезбедуваат
трајно решение за интеграцијата на
Ромската заедница.
1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г.
Формирана Тематска мрежа
на граѓански организации за
застапување за системски и
трајни решенија за интеграција
на Ромите во општеството,која
брои 15 ГО
4.481.160 МКД
Учество во процесот
на носење и измени
на Законот за
неевидентирани лица во
матичната книга на родени
На инцијатива на ИнСок
Собранието на РСМ ја
формираше Интерпартиската
парламентарна група (ИППГ)
за поддршка на правата на
Ромите,нивна инклузија и
интеграција во РСМ
КОАЛИЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ
„СИТЕ ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ“
Коалицијата „Сите за правично су-
дење“ во септември 2021 година,
одржа завршна конференција на
која ја презентираше анализата:
„Влијание на мерит системот врз
судската независност и професио-
налност во Северна Македонија“.
Анализата се однесува на работење-
то на Судскиот совет на Р.Северна
Македонија како и на седниците кои
што беа следени од страна на Коа-
лицијата. По објавената анализа и
јавната реакција на коалицијата за
недоволно транспарентното рабо-
тење на Судскиот совет, истиот на
понатамошните седници започна
пракса на темелно и со аргументи-
рана дебата да ги разгледува прет-
ставките поднесени од страна на
граѓаните, посветувајќи им доволно
време и внимание на секоја индиви-
дуално.
Во рамки на институционалната под-
дршка од Цивика мобилитас беше
остварена соработка со Основниот
кривичен суд во Скопје, каде успеш-
но заврши процесот на анонимиза-
ција на судски пресуди. Успешно се
анонимизирани вкупно 1.622 судски
пресуди кои се јавно објавени на
веб страната на судот. Петте анони-
мизирачи од коалицијата со нивно-
то залагање допринесоа за поголе-
ма транспарентност и отчетност на
судот, а воедно имаа можност да се
стекнат со практично искуство за ра-
бота со судски предмети.
„Сите за правично судење“ изгот-
вија прирачници од областа на
граѓанските и кривичните судски по-
стапки насловени „Прв пат во суд“.
Овие прирачници имаат за цел да
има помогнат на граѓаните да имаат
полесен пристап на јасен, неправ-
нички јазик за текот на судските по-
стапки пред судовите во Република
Северна Македонија. Прирачниците
ќе им дадат насоки и препораки на
граѓаните кои немаат доволно по-
знавање од областа на правото, а
сакаат да дознаат повеќе за текот на
една судска постапка.
1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г.
Презентирана
анализа „Влијание на
мерит системот врз
судската независност
и професионалност во
Северна Македонија“која
обезбеди транспарентно
работење на Судскиот совет
4.498.432 МКД
Анонимизирани вкупно 1.622
судски пресуди,јавно достапни
на веб страната на Основниот
кривичен суд во Скопје
Објавени прирачници
за кривична и граѓанска
постапка со цел граѓаните
да имаат полесен пристап
на јасен,неправнички
јазик за текот на судските
постапки
„Ги поттикнавме граѓаните здружено
да донираат на нивниот природен
партнер – граѓанските организации
(ГО). Донаторскиот кружок е заед-
ница на индивидуални филантропи
што ја негуваме помагајќи ѝ да ин-
вестира во вистински промени на-
место во санирање на последици“,
велат од Конект. На два специјални
настани, донаторскиот кружок здру-
жи 118 донации и обезбеди 869.528
ден за 6 внимателно одбрани ГО.
111 членки од Мрежата за финан-
сиска одржливост на ГО раководена
од Конект застапуваат низа закони
од заеднички интерес. По 8 годи-
ни стагнација го отворија процесот
на измени на Законот за донации
и спонзорства во јавните дејности
што ќе го олесни и зголеми дони-
рањето во ГО. Мрежата придоне-
се за подобрување на законите и
политиките за волонтерството, со-
цијалното претприемништво и за
исполнување на Стратегија за со-
работка на Владата со граѓанското
општество. Со ова Р.С Македонија
стана светски пример за соработка
во заштитата на правото за здружу-
вање при креирање мерки за спре-
чување перење пари и финанси-
рање тероризам за непрофитниот
сектор (НПО).
„Агенда 2030 и Целите за одржлив
развој (ЦОР) на ОН се наша платфор-
ма за меѓу-секторски партнерства
на институциите, компаниите, ГО и
локалните заедници“, посочуваат
од здружението. Над 80 претставни-
ци на различни сектори дефинираа
заеднички цели од кои произлегоа
4 иницијативи кои покажаа дека за-
еднички може да правиме промени.
Иницијативите собраа донации и
нефинансиска поддршка од бизни-
си и граѓани во вредност од 14.836
EUR. Со тоа им овозможија на над
200 млади од кои 32% од семејства
со ниски примања да ја зголемат
својата вработливост, на 4 самохра-
ни родители да стекнат вештини за
самовработување и органско про-
изводство на храна, на 72 деца од
улица да се едуцираат и стекнат со
поздрави животни навики, и на 100
жени од руралните средини во пан-
демијата да продаваат онлајн.
1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г.
Филантропија на дело:
Донаторски кружок здружи 118
донации и обезбеди 869.528
ден за 6 внимателно одбрани
ГО
3.999.911 МКД
Мрежата за финансиска
одржливост на ГО раководена
од Конект по 8 години
стагнација го отвори процесот
на измени на Законот за
донации и спонзорства во
јавните дејности
4 иницијативи и +80
претставници на различни
сектори собраа донации од
бизниси и граѓани во вредност
од 14.836 EUR.Поддржаа 200
млади,4 самохрани родители,
72 деца од улица и 100 жени
од рурални средини.
КОНЕКТ
КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“
Кризен центар „Надеж“ во рамки
на институционалната поддршка
од Цивика мобилитас, обезбеди за-
солниште за вкупно 130 жртви на
семејно насилство во период од
24-48 часа пред да бидат преземе-
ни од надлежните институции за
натамошна заштита. Обезбедена е
психо-социјална и правна помош
на вкупно 301 лице, додека преку
СОС линијата и социјалните мрежи
обезбедена е поддршка на вкупно
1711 лица. Организирани се пре-
давања, трибини и улични акции,
вкупно 30, на кои учествувале 770
лица. Реализирана е и онлајн кам-
пања која опфатила повеќе 81.460
лица. Организирани се две обуки
за зајакнување на соработката меѓу
граѓанските организации и институ-
циите на кои учествувале вкупно 42
лица, претставници од релевантни-
те институции: Центри за социјална
работа, полициски станици, јавни
обвинителства и граѓански органи-
зации кои работат во областа на со-
цијалната заштита.
Зајакната соработката со јавни ин-
ституции на локално и национал-
но ниво - подготвена, усвоена и се
спроведува Стратегија за соработка
со институциите на национално и
локално ниво. Во рамки на спро-
ведување на стратегијата се одр-
жаa вкупно 159 состаноци со реле-
вантни чинители за обезбедување
финансиска поддршка од јавните
институции, обезбедена од Минис-
терството за труд и социјална поли-
тика, општина Гази Баба и од град
Скопје. Преку бројни состаноци за
обезбедување програмска поддрш-
ка од институcиите подобрена е со-
работката со центрите за социјална
работа од цела држава, како и со
инспекторите од Министерството за
внатрешни работи кои работат на
проблемот семејно насилство.
Дополнително, во период од две го-
дини, со процесот на е-менторство,
креиран е план за организациски
развој кој сеуште се спроведува. Во
рамки на планот, направена е вна-
трешна структура во организацијата
каде се вработија 4 лица, а дополни-
телно хонорарно се ангажирани 5
лица и 4 волонтери.
1 јули 2020 г.–30 јуни 2022 г.
Обезбедено засолниште за
вкупно 130 жртви на семејно
насилство во период од 24-48
часа
3.985.600 МКД
Обезбедена психо-социјална и
правна помош на вкупно 301
лице
СОС линијата и социјалните
мрежи обезбедија
поддршка за вкупно 1711
лица
Организирани вкупно 30
предавања,трибини и улични
акции на кои учествуваа 770
лица
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА КУЛТУРА И РАЗВОЈ НА
КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ КУЛТ-ТРАНЗЕН
„Со помош на институционалниот
грант дадовме можност на многу
млади таленти и уметници да ја до-
бијат својата прва шанса за умет-
нички да се изразат и со тоа со-
цио-економски да зајакнат. Ваквиот
придонес кон децентрализацијата
на културата овозожува независна-
та сцена во државата се повеќе да
се зајакнува и да биде двигател на
културниот живот во малите сре-
дини“, велат од „Култ-Транзен“. Во
овој контекст беа реализирани по-
веќе театарски претстави, изложби,
издавање на книги и гостување на
театарски претстави и изложби во
продукција на здружението по други
градови во држвата и странство.
Од здружението посочуваат дека
граѓанскиот сектор секогаш е важен
фактор за креирањето на културни
политики бидејќи тие секогаш треба
да се градат по принципот одоздо-
ла па нагоре и според потребите на
граѓаните. Затоа тие како органи-
зација секогаш ќе се залагаат и ќе
придонесуваат за поттикнување на
учеството на граѓанскиот сектор во
одлучување и демократизација на
процесите во креирањето на кул-
турните локални и национални по-
литики. Преку спроведување на по-
веќе состаноци, средби и барање за
пристап до информации од јавен ка-
рактер беше направена соодветна
анализа на степенот на имплемен-
тација на локалната и националната
стратегија за култура и беа дадени
соодветни препораки за идно креи-
рање на локалните политики.
Во изминатите три години беше из-
работен Годишен план и стратегија
на делување каде беа вклучени сите
добиени идеи од страна на заедни-
цата и во исто време се подобри
функционирањето на организација-
та преку подобрување на стратеш-
ките документи и практики, но и обу-
ки со кои беа зајакнати капацитети
на организацијата за проектно пи-
шување и раководење со проекти.
1 јули 2020 г.–30 септември 2022 г.
Децентрализација на културата
преку театарски претстави,
изложби,издавање на книги
и гостување на театарски
претстави и изложби
3.622.164 МКД
Учеството на граѓанскиот
сектор во одлучување и
демократизација на процесите
во креирањето на културните
локални и национални
политики
Изработен Годишен план и
стратегија на делување со кои
се подобри функционирањето
на здружението
ЛЕГИС
Во текот на двегодишната поддрш-
ка, Легис зајакна институционално
со ревидирање и усвојување на
внатрешни акти за подобрување
на работата на организацијата и
потпиша Меморандум за соработка
со: Владата на Северна Македонија,
Агенцијата за вработување и сора-
ботка за реализација на Програма
за менторство при вработување и
активности за работни вештини за
жени и други баратели на азил со
престој во прифатниот центар на
баратели на азил. Со финансиска
поддршка од Владата за справување
со последиците на пандемијата, Ле-
гис започна курсеви за шиење за
жени од локално население, обезбе-
ди правна помош за 20 корисници
на хуманитарна помош и обезбеди
дополнителни 300 пакети храна во
2021 година. Легис ја продолжи со-
работката со Народниот Правобра-
нител во насока на набљудување
на пристапот до права на бегалци и
мигранти во РСМ.
Навремено обезбедена и доставе-
на помош за локалното население,
бегалци и мигранти во вид на: пре-
хранбени, хигиенски и антибакте-
риски пакети. Во просек 200 луѓе од
локалното население и повеќе од
4.000 луѓе во процес на миграција и/
или баратели на азил со престој во
пограничните транзитни центри на
северната и јужната граница, при-
фатниот центар на баратели на азил
и Центарот за прифат на странци во
Скопје на дневно и месечно ниво
добиваа соодветна помош.
Легис ја формира неформалната
мрежа за брза реакција во криза и
сиромаштија под името Прва. Во ре-
ализација на активностите, беа вклу-
чени 10 граѓански организации и 2
локални здруженија. На официјална-
та промоција на мрежата се органи-
зираше дискусија и изложба на тема:
Млади и сиромаштија. „Средствата
од продадените слики се наменети
за фонд за студентски стипендии за
млади кои сакаат да студираат, а не-
маат финансиски средства“, велат од
Легис.
1 јули 2021 г..–30 септември 2022 г.
Обезбедени курсеви за шиење
за жени,правна помош за 20
корисници на хуманитарна
помош и 300 пакети храна во
2021 година
3.939.760 МКД
200 луѓе од локалното
население и повеќе од 4.000
луѓе во процес на миграција и/
или баратели на азил добија
прехранбени,хигиенски и
антибактериски пакети
Формирана неформалната
мрежа за брза реакција во
криза и сиромаштија под
името Прва
ЛГБТ ЈУНАЈТЕД ТЕТОВО
„Преку спроведените активности ре-
ализирани со помош на институцио-
налната поддршка на Цивика моби-
литас се зголеми бројот на посети
во Центарот на ЛГБТИ заедницата
во Тетово“, велат од ЛГБТ Јунајтед
Тетово. Бројот на посетители и кон-
ституенти на центарот се зголеми од
20 на 50 посетители кои во период
од еден месец го посетиле Цента-
рот неколку пати. На овој начин се
придонесе за поголема видливост и
посилна ЛГБТИ заедница.
Донесен е новиот законот за Спречу-
вање и заштита од дискриминација
во кој како основи за дискримина-
ција се додадени сексуалната ориен-
тација и родовиот идентитет. ЛГБТ
Јунајтед лобираше за донесување на
овој закон, преку средби со пратени-
ците на кои им беше презентирана
потребата од донесување на истиот.
„Овој закон е од голема важност за
ЛГБТИ заедницата во Северна Маке-
донија бидејќи конечно ЛГБТИ заед-
ницата доби законска заштита преку
која ќе може да пријави дискримина-
ција по основ на сексуална ориента-
ција и/или родов идентитет.
„Се залагаме секој поединец да биде
во можност да ги оствари и ужива
човековите права и слободи, без ог-
лед на личните карактеристики како
што се сексуалната ориентација и
родовиот идентитет, а согласно на-
ционалната легислатива, меѓуна-
родното право и ратификуваните
конвенции“, посочуваат од ЛГБТ Ју-
најтед Тетово.
Покрај активностите за јакнење на
ЛГБТИ заедницата од здружението
работеа и на зајакнување на соп-
ствените капацитети преку обуки
и работилници за вработените во
ЛГБТ Јунајтед Тетово. Квалитетот
на работата на здружението се по-
добри во насока на известување,
пишување извештаи, пристап кон
решавање на предизвици и сл.
Обезбедена беше и директна мен-
торска поддршка со која се мони-
торираше и подобруваше начинот,
квалитетот и пристапот на работа.
1 јуни 2019 г.-30 септември 2022 г.
Зголемен број на
посетители во Центарот
на ЛГБТИ заедницата во
Тетово
4.489.404 МКД
Лобирање за донесување
на новиот законот за
Спречување и заштита од
дискриминација
Преку обуки,работилници
и менторска поддршка
зајакнати капацитети на
здружението ЛГБТ Јунајтед
Тетово
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОМОШ НА БЕЗДОМНИЦИ,
СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА И
ПОЕДИНЦИ ЉУБЕЗНОСТ - СКОПЈЕ
„Во последните три години вдому-
ваме бездомни лица во објекти под
наем за кои наемнината ја плаќа на-
шето здружение од средства добие-
ни од Цивика мобилитас и други до-
натори“, велат од Љубезност. За овој
период вдомени се 14 бездомни се-
мејства со 31 лице, за чие домување
се платени 124 месечни закупнини.
„Континуирано вршиме мониторинг
на домувањето за да бидеме сигурни
дека овие лица ќе стекнат соодветни
хигиенски и домаќински навики и ќе
го променат начинот на живот на
подобро“, додаваат од здружението.
На вкупно 143 социјално загрозе-
ни семејства, преку платформата
Ways2help, им бea подмирени долго-
вите за електрична енергија и вода.
Заостанатите сметки беа поставени
онлајн, каде различни донатори из-
вршија плаќање на истите. Заклучно
со мај 2022 година, на овој начин се
платени 1.792 заостанати сметки за
електрична енергија на 119 семејст-
ва и 210 заостанати сметки за вода
на 24 семејства кои живеат во сиро-
маштија.
Во последните девет месеци од ин-
ституционалната поддршка настана
и проектот „Грижи се“. Мобилните
тимови на „Љубезност“ за ранли-
вите членови на заедницата обез-
бедија социјални услуги, правна и
медицинска помош. Во периодот
од август 2021 до март 2022 г., 212
лица добија социјална поддршка и
социјални услуги, од кои 100 добија
техничка помош при остварување
права на социјални трансфери. 184
лица добија медицинска помош
или лекови, а 37 лица со помош на
здружението беа остварија право на
здравствено осигурување. 186 крај-
ни корисници на Љубезност добија
правни совети при остварување на
нивните социјални права, од кои
108 добија поддршка во добивање
лични карти и изводи од матично.
Претходно, од јули 2019 до јули 2021
година „Љубезност“ има дадено пси-
хосоцијална поддршка на 1.066 се-
мејства.
1 јули 2019 г.–31 август 2022 г.
На вкупно 14 бездомни
семејства со 31 лице им
беше обезбеден простор за
домување
4.500.000 МКД
Платени заостанати сметки
за електрична енергија и
вода за вкупно 143 социјално
загрозени семејства
Обезбедени социјални услуги,
правна и медицинска помош за
582 социјално ранливи лица
Психо-социјална поддршка за
1.066 семејства
РОМСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЖЕНИ И МЛАДИ
ЛУЛУДИ
Ромската асоцијација за жени и мла-
ди Лулуди веќе 20 години се бори за
правата на жената Ромка во нашата
држава. Како одговор на поставена-
та цел на асоцијацијата отворен и
воспоставен е Советодавен-правен
центар при РАЖМ Лулуди наменет
за жртви на семејно насилство, дис-
криминација и социјално загрозени
лица. Во период од една година цен-
тарот регистрираше 125 лица кои
побарале правен совет. „Во послед-
ните месеци од институционалната
поддршка на Цивика мобилитас се
регистрирани пет жртви на семејно
насилство на кои им се дадени по-
требни совети, поддршка и помош“,
велат од асоцијацијата.
Лулуди се вклучува и во интернацио-
налната кампања „16 дена активи-
зам за борба против родово базира-
но насилство“. Повеќе од 50 илјади
корисници преку социјалните мрежи
се едуцираа за родово базирано на-
силство (РБН) преку кампањата под
наслов: #ДалиЕоваЗнак. Активно-
стите вклучуваа три јавни настани –
инфо штандови во Скопје за инфор-
мирање на граѓаните за важноста
од превенција од РБН, навремено
препознавање и реагирање. На јав-
ните настани учествуваа околу 150
граѓани кои ја поддржаа кампањата.
Истата беше поддржана од страна
на Државниот секретар при Минис-
терството за правда, пратеничката
Љатифа Шиковска, амбасадорката
на Обединетото Кралство, и бројни
граѓански организации и активисти.
Лулуди придонесува и за прошире-
на и зајакната неформална мрежа
на организации кои заедно рабо-
тат на истражување, мониторинг и
застапување на правата на жената
Ромка. Мрежата вклучува 11 орга-
низации и активистки од различни
градови од државата. Членките на
мрежата спроведоа мониторинг за
имплементација на Истанбулската
и CEDAW Конвенцијата, со фокус на
жената Ромка.
1 јули 2021 г.–31 јули 2022 г.
Основан Советодавен-
правен центар при РАЖМ
Лулуди наменет за жртви
на семејно насилство,
дискриминација и
социјално загрозени лица;
3.803.174 МКД
+50.000 лица на
социјалните медиуми
информирани за родово
базирано насилство преку
кампањата #ДалиЕоваЗнак;
Проширена и зајакната
неформална мрежа на
организации кои заедно
работат на истражување,
мониторинг и застапување
на правата на жената
Ромка.
ЗДРУЖЕНИЕ МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА
НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗАДРУГИ - МАЗЗ
Македонската асоцијација на земјо-
делски задруги - МАЗЗ со помош и
поддршка на Институционалниот
грант од Цивика мобилитас започ-
на процес за зголемено учество
на жени членки и управители на
земјоделски задруги при креирање
и донесување на одлуки во органи-
зацијата. Ова значи поттикнување и
мотивација на женско задругарство
во МАЗЗ како и подготовка на Стра-
тегија за вмрежување со „женски”
организации кои работат во сектор
земјоделство, со крајна цел вос-
поставување на регионална мрежа
на жени – членки на земјоделски за-
други.
Покрај поддршка и зајакнување на
женско задругарство, зајакната е и
регионалната соработка со задруж-
ните сојузи и етаблирање на МАЗЗ
како еден од водечките задружни
сојузи на Западен Балкан. Потпи-
шани Меморандуми за соработка со
Задружни Сојузи од Војводина, Јужна
Србија, Република Српска и Грција
од што произлегоа 5 заеднички про-
ектни апликации. Тоа значи регио-
нално поврзување и вмрежување
на MAЗЗ со сродни организации од
регионот и градење платформи за
заеднички акции.
МАЗЗ учествуваше во подготовка
на седумгодишната Стратегија за
развој на земјоделски задруги во Р.
Северна Македонија, како единстве-
на чадор организација која работи
на промоција и унапредување на
задружната идеја во државата. На-
ционалната Стратегија овозможу-
ва развивање на поволна средина
погодна за развој и унапредување
на домашните земјоделски задруги,
зајакнување на постоечките задру-
ги и да се претпочита создавање на
нови и ефикасни задруги.
Исто така, заедно со Министер-
ството за земјоделство, шумарство
и водостопанство и други сродни
организации и проекти беше дел
од работната група за изработка
на предлог Законот за задруги каде
иницираше позитивни промени на
законската легислатива во задруж-
ниот сектор односно ги идентифи-
куваше сите правни акти кои се од-
несуваат на функционирањето на
земјоделските задруги и сите закони
кои ја регулираат работата на земјо-
делските задруги.
1 јули 2020 г.–31 јули 2022 г.
Започнат процес за зголемено
учество на жени членки и
управители на земјоделски
задруги при на креирање и
донесување на одлуки во МАЗЗ
3.446.451 МКД
Учество во подготовка на
седумгодишната Стратегија за
развој на земјоделски задруги
во Р.Северна Македонија
Заедно со Министерството за
земјоделство,шумарство и
водостопанство и други сродни
организации и проекти беше
дел од работната група за
изработка на предлог Законот
за задруги
ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ
МЕЃАШИ
30 години борба за поправеден свет
за децата, Меѓаши во април 2022г.
го прослави триесеттиот роденден
по чиј повод презентираше Моно-
графија, документарен филм и орга-
низираше Гала донаторска аукција
со 300 гости кои со својата хуманост
помогнаа во одржливост на „Ало Бу-
шавко“ линија и платформа за деца
и млади. Платформата нуди нов ко-
муникациски канал – поддршка на
различни теми од интерес за деца-
та, младите, но и возрасните каде
се понудени објаснувања на некои
појави, проблеми, причините зошто
се појавуваат како и совети и насоки
што би можело да се стори. Во текот
на 2021г., заклучно со 20 декември,
добиени се вкупно 329 случаи и се
остварени 473 разговори. Вкупниот
број на деца и млади кои се опфате-
ни со случаите изнесува 449. Спо-
редбено со минатата година, бројот
на случаите е зголемен за над 30%.
По иницијатива на Меѓаши се реин-
тегрираше и реактивираше Маке-
донската национална коалиција за
правата на детето, што беше фор-
мирана пред повеќе од 10 години.
Поводот за ова беше подготовка на
третиот Алтернативен извештај на
невладините организации за состој-
бата со правата на детето во Маке-
донија, што Меѓаши го поднесува до
Комитетот за правата на детето при
ООН. Извештајот е дело на тим од
деца, на возраст од 12 до 17 години.
Ова е продолжение на практиката
што Меѓаши ја започна пред 10 го-
дини, кога го поднесе првиот детски
извештај до Комитетот за правата
на детето при ООН.
Првата детска амбасада учествува-
ше на повеќе седници на Комисијата
за донесување на Закон за правда
на децата и во донесувањето на На-
ционалната стратегија (2020-2025) и
акцискиот план (2020-2025) за борба
против насилство врз децата, усвое-
на од владата на 3 Јануари 2020.
Согласно стратешкиот план 2021-
2025 Меѓаши овозможува простор
за учество на децата во прашања
кои се од нивен интерес
1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г.
4.499.392 МКД
Презентација на монографија и
документарен филм „30 години
Меѓаши“
Реактивирана е Македонската
национална коалиција за
правата на детето
Учество на седници на
Комисијата за донесување на
Закон за правда на децата,
Националната стратегија
(2020-2025) и акцискиот план
(2020-2025) за борба против
насилство врз децата
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА РАЗВОЈ НА МЕДИУМИ
ОНЛИМИТ МЕДИА СКОПЈЕ
Здружението за развој на медиуми
Онлимит Медиа во соработка со
неколку невладини организации
кои активно дејствуваат во секто-
рот медиуми, е еден од инициато-
рите за основање на платформата
www.promedia.mk. Станува збор за
регистар на онлајн медиуми со цел
промовирање на етичките и про-
фесионални стандарди на онлајн
новинарството. „Промедиа направи
сериозен чекор кон подигнување
на професионалноста на онлајн ме-
диумите и го актуелизираше меха-
низмот на саморегулација“, велат од
Он Лимит. Во платформата до овој
момент членуваат 156 медиуми.
„Преку средбите со претставници на
граѓанскиот сектор се усогласија ста-
вовите за напредок и подобрување
на положбата на онлајн медиумите
за примена на новинарските стан-
дарди“, посочуваат од здружението.
Остварена беше соработка со Син-
дикатот на новинари, ЗНМ и други
организации. Целта на соработката
е промовирање и подобрување на
положбата на онлајн новинарството
и правата на новинарите.
Во рамки на институционалната
поддршка на Цивика мобилитас
основана беше билингуална плат-
форма „ЗООМ“. Атипичниот билин-
гуален пристап на ова платформа
се заснова на борбата против ме-
диумскиот јазичен паралелизам.
„ЗООМ“ ги третира предизвиците со
кои се соочува Северна Македонија
на патот на реформите и нејзината
демократизација и интеграцијата во
Европската унија како и при хармо-
низација на вредностите и принци-
пите.
Он Лимит се вклучија и во проект
за мониторирање на лажни вести
и вести нарачани од политичките
центри во државата. Во овој проект
здружението ги истражуваше зло-
употребите на онлајн медиумски-
от просторот за пропаганда, глав-
но спонзорирана од политичките
партии во Македонија. „Како итни
приоритети сеуште остануваат по-
дигнување на транспарентноста на
онлајн медиумите, препознавање и
адресирање на темите од важност
за граѓаните како и борба против
медиумскиот паралелизам и фено-
менот лажни вести поддржан од
центрите на моќ“, заклучуваат Он
Лимит.
1 јули 2019 г.–30 јуни 2022г.
Иницијатор и еден од
основачите на платформата
www.promedia.mk за
промовирање на етичките и
професионални стандарди на
онлајн новинарството;
4.500.000 МКД
Борба против медиумскиот
јазичен паралелизам со
основање билингуална
платформа „ЗООМ“;
Учество во проект за
мониторирање на лажни
вести и вести нарачани
од политичките центри во
државата.
ПОЛИО ПЛУС – ДВИЖЕЊЕ ПРОТИВ
ХЕНДИКЕП
Полио плус организираше серија
на активности во насока на зајакну-
вање на капацитетите на Интер
партиската парламентарна група
(ИППГ) за промовирање и унапреду-
вање на правата на лицата со хен-
дикеп во Северна Македонија. Беа
организирани три обуки поврзани
со дискриминација по основ на хен-
дикеп, а се изработи и Декларација
за политичко учество на лицата со
хендикеп. Декларацијата имаше за
цел Собранието како законодавна
власт да посочи на потребата од
заштита и унапредување на правата
на граѓаните со хендикеп во поли-
тичкиот живот на државата. Усвоју-
вањето на декларацијата од страна
на Собранието е препознаено како
напредок за земјава во последни-
от извештај на ЕУ за напредокот на
РСМ во 2020г.
„Низ овие години се посветивме на
работа и подигнување на капаците-
тите на самите политички партии за
поактивно вклучување и учество-
то на лицата со хендикеп“, велат
од здружението. Беа организирани
три тридневни обуки за политички-
те партии. Учество земаа вкупно 86
учесници, претставници на 7 поли-
тички партии. Обуките беа насочени
кон запознавање на учесниците со
основите постулати на Конвенција-
та на правата на лицата со хендикеп
(КПЛХ) и со пристапот за човекови
права кон лицата со хендикеп, како
и со начините на комуникација и
обезбедување пристапност и дос-
тапност на нивните. Во 2020 г. беше
создадена првата Политичка акаде-
мија наменета за лица со хендикеп
која обезбеди комбинирано поли-
тичко образование и практична обу-
ка. Како резултат на застапувањето
на локалните избори во 2021 г. беа
предложени неколку лица со хенди-
кеп на листата на советници во 5
општини од страна на 3 политички
партии.
За време на пандемијата со КО-
ВИД-19 прес конференциите на Вла-
дата се одржуваа без толкување на
знаковен јазик. Но, на барање на ор-
ганизацијата истите беа толкувани и
на знаковен јазик.
1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г.
4.499.965 МКД
Полио Плус и ИППГ изработија
Декларација за политичко
учество на лицата со хендикеп
усвоена во Собранието на РСМ
Организирани три тридневни
обуки за политички партии
со цел вклучување на лицата
со хендикеп во политичкиот
живот.Учествуваа 86 лица од 7
партии во Македонија
Креирана прва Политичка
академија наменета за лица со
хендикеп
За време на КОВИД-19 прес
конференциите на Владата беа
толкувани на знаковен јазик
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА
ОПШТЕСТВЕН РАЗВОЈ - РЕСИС
Институтот РЕСИС од септември
2019 до јуни 2022 г. ја формира-
ше Мрежата од совети на публики
(МСП) со која е поттикната соработ-
ката меѓу ГО кои ги застапуваат пра-
вата на ранливите групи во доменот
на медиумските политики и медиум-
ските содржини. На Мрежата се при-
клучија над 50 ГО на локално ниво
кои работат со различни ранливи
групи. Во овој период се направи
Проценка на искуствата, мислењата
и ставовите на членките за оства-
рување на комуникациски права на
ранливите групи во јавната сфера.
Беше изработен и документ за поли-
тики што ги идентификува главните
пречки за остварување на овие пра-
ва, а се одржа и јавна дебата со ме-
диумскиот регулатор за начините на
унапредување.
РЕСИС учествуваше во процеси-
те на креирање политики и доне-
сување одлуки во медиумите и во
јакнење на комуникациските ка-
пацитети на државните институ-
ции. Институтот спроведе некол-
ку истражувања, анализи и други
активности со кои придонесе во
креирање политики и донесување
одлуки во аудиовизуелната област
и во јакнење на комуникациските
капацитети и соработката на клучни
државни институции: Агенцијата за
аудио и аудиовизуелни медиумски
услуги (АВМУ), Државниот завод за
ревизија и Собранието на РСМ. За
потребите на АВМУ изработени беа
4 студии со кои се идентификуваа
нивоата на медиумска писменост
кај возрасното население во РСМ,
родови прашања во програмите за
деца, анализа на онлајн рекламниот
пазар и претставување на мажите и
жените во спортските програми на
националните телевизии. За Држав-
ниот завод за ревизија беше изра-
ботена Комуникациска стратегија за
периодот 2020-2023, а за Собрание-
то изработија Процена на комуника-
циските процеси и комуникациските
практики.
Учествуваше во следењето и спро-
ведувањето на итните реформски
приоритети во медиумската сфера
и објави анализи за структурните
пречки за развој на слободата на
медиумите и плурализмот на меди-
умската сопственост во новото ди-
гитално опкружување.
1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г.
Формирана Мрежа од совети
на публики во која членуваат
повеќе од 50 ГО
3.632.400 МКД
Мрежата поттикна соработка
меѓу ГО кои ги застапуваат
правата на ранливите групи
во доменот на медиумските
политики и медиумските
содржини
Активно учество во процесите
на креирање политики
и донесување одлуки во
медиумската област и во
јакнење на комуникациските
капацитети на државните
институции
РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА
Ковид 19 предизвика огромни еко-
номски загуби кај жените во ру-
ралните средини. Поаѓајќи од оваа
состојба Рурална Коалиција (РК) во
директна соработка со жените од
руралните средини го создаде пр-
виот женски рурален е-пазар „Наша
тезга“. Пазарот е единствен од ва-
ков вид во нашата земја, каде што се
промовираат и може да се купат све-
жи и преработени производи од над
130 жени од руралните средини од
целата територија на нашата земја.
РК преку членство во работната гру-
па за родова еднаквост и економско
јакнење на жените од руралните
средини формирана во Министер-
ството за земјоделство, шумарство
и водостопанство (МЗШВ) заедно со
академската заедница, земјоделките
и граѓанските организации успеа да
учествува во подготовката на пр-
вата мерка за директна финансиска
поддршка на жените – носителки на
земјоделски стопанства во рурални-
те средини. „Преку застапување на
нашата иницијатива се овозможи
креирање на мерка која што им дава
грант на жените во руралните сре-
дини во износ од 3.000 евра“, велат
од коалицијата. Во 2021г. 250 жени
потпишаа договори со Агенцијата
за финансиска поддршка во земјо-
делството и руралниот развој за ко-
ристење на средства.
РК учествуваше во процесот на под-
готовка на Националниот акциски
план за Отворено Владино Парт-
нерство 2021-2023 каде преку ди-
ректна комуникација со Министер-
ство за информатичко општество и
администрација, Министерството за
земјоделство и Министерството за
локална самоуправа успеа да усогла-
си 3 заложби на чија реализација ќе
работи до 2023 година. Заложбите
на кои што ќе се работи се зголему-
вање на достапноста на е-услугите
кои ги нудат општините на uslugi.
gov.mk и прикачување на каталог
на услуги на МЗШВ и зајакнување
на свеста кај земјоделците за при-
мена на Добра земјоделска пракса
и справување со климатските про-
мени.
1 јули 2020 г.–30 јуни 2022 г.
3.528.992 МКД
Креиран е првиот женски
рурален е-пазар “Наша тезга“
во кој свои тезги имаат 130
жени од нашата земја
Креирана и имплементирана
првата мерка за финансиска
поддршка на жени од рурални
средини
250 жени од руралните
средини добија финансиска
поддршка,грант од 3.000 евра
Три заложби на РК станаа дел
од Националниот акциски
план за Отворено Владино
Партнерство 2021-2023
СОВЕТ ЗА ЕТИКА ВО МЕДИУМИТЕ НА
МАКЕДОНИЈА
Советот за етика во медиумите на
Македонија (СЕММ) го формираше
Регистарот на професионални он-
лајн медиуми, www.promedia.mk, кој
овозможи зголемена вклученост
на онлајн медиумите во процесот
на саморегулација, каде во момен-
тов членуваат 156 медиуми. Во Из-
вештајот на Репортери без грани-
ци за слободата на медиумите во
РСМ од 2020 година, како успех во
полето на медиумите се посочува
и креирањето на Регистарот. „Ова
придонесе РСМ за една година да се
искачи три места погоре на листата
на слобода медиумите за 2020г., од-
носно од 95-то претходната година
земјата беше рангирана на 92-то
место, од вкупно 180 држави и те-
ритории колку што се опфатени со
анализата“, велат од СЕММ.
Во период од три години се работе-
ше и на надградба на етичката рам-
ка за професионално известување
во медиумите, со што се поддржа
не само континуираното ефикасно
функционирање на Комисијата за
жалби, туку се придонесе и во про-
фесионализација на медиумското
известување. За случаи на непро-
фесионално известување, како и за
појава на говор на омраза, прет-
ставници на институциите, владини
претставници и политички субјекти
во континуитет се консултираат со
СЕММ. Насоки за етичко известу-
вање во онлајн медиумите, препо-
раки за етичко известување за деца
и млади, насоки за инклузивно ме-
диумско известување за Ковид-19,
упатсво за известување од воени
конфликти и насоки за безбедно и
професионално известување за ко-
рона вирусот се дел од резултатите
кои ги постигна СЕММ.
Активното вмрежување и учество на
Советот во иницијативите за афир-
мација на медиумската писменост,
како со граѓанскиот сектор, така и
со регулаторот - Агенцијата за аудио
и аудиовизуелни медиумски услуги,
придонесе во засилување на залож-
бите за афирмација на медиумската
писменост во образовниот систем
во државата. СЕММ во континуитет
активно учествува во организација
на Деновите на медиумска писме-
ност.
1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г.
Формирање на Регистарот
на професионални онлајн
медиуми,www.promedia.mk
4.464.407 МКД
Надградба на етичката рамка
за професионално известување
во медиумите
Активното вмрежување
и учество на СЕММ во
иницијативите за афирмација
на медиумската писменост
ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЧКО
НОВИНАРСТВО СКУП-МАКЕДОНИЈА
Во рамките на институционалниот
грант на Цивика мобилитас, Цента-
рот за истражувачко новинарство
– СКУП беше дел од регионалниот
проект „Робин Худ“. Станува збор за
документарци со кои се укажува на
системските слабости во државава
на теми кои се заеднички за луѓето
од регионот. Беа реализирани шест
документарци: „Ковид 19 – мерки и
вакцинација“, „Свиркачи“, „Загаду-
вање на воздухот“, „Напади врз но-
винари“, „Растот на цените и живот-
ниот стандард“ и „Фемицид“. Преку
овој проект се реализираше сора-
ботка со организации и медиуми
од Србија, Косово, Босна и Херцего-
вина, а документарците беа емиту-
вани на јавните сервиси или други
медиуми во споменатите земји, со
што опсегот на делување беше про-
ширен и регионално. Покрај регио-
налните соработки, во Македонија
воспоставија и ја продлабочија со-
работката со националниот јавен
сервис – Македонската радио теле-
визија и приватната ТВ 21. „Проду-
ктите кои ние ги реализиравме во
последниве две години беа емиту-
вани на Македонската телевизија и
на ТВ 21 со што сметаме дека успе-
авме да ја зголемиме видливоста на
нашата работа, како и видливоста
на донаторите кои не поддржуваат
за различни проектни активности“,
велат од СКУП.
Во мај 2022 година организираа ед-
нодневна панел дискусија со која го
одбележаа Меѓународниот ден на
свиркачите. Панелот беше подржан
од Европскиот центар за заштита на
свиркачите и невладината Центар за
демократија од Албанија. „Во рамки-
те на целодневната панел-дискусија,
имавме уникатна можност да слуш-
неме несекојдневни доживувања на
свиркачите, нивните потешкотии и
проблеми со институциите, како и
недоволната заштита од страна на
државата. Со тоа успеавме да ја ани-
мираме јавноста и медиумите по-
веќе да се зборува на оваа тема во
општеството. По одржувањето на
еднодневната панел-дискусија која
ја пренесоа повеќе медиуми, нови-
нарите продолжија и понатаму да
истражуваат и да пишуваат на оваа
тема-заштита на свиркачите“, велат
од СКУП.
1 јули 2020 г.–30 јуни 2021 г.
3.966.160 МКД
Учество во регионалниот
проект„Робин Худ“и изработка
на шест документарци со кои
се укажува на системските
слабости во Македонија
Регионални соработки со
организации во Србија,
Косово,Албанија и Босна и
Херцеговина
Започната соработката со
националниот јавен сервис –
Македонската радио телевизија
и приватната ТВ 21
СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНТИВА ПРОТИВ
МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА –
СППМД, КАВАДАРЦИ
Советот за превентива против ма-
лолетничка деликвенција (СППМД)
изработи Национална стратегија
за превенција и правда за децата
2022-2027 која ќе обезбеди трајни
подобрувања во системот за правда
за децата во Северна Македонија.
„Националната Стратегија поаѓа
од тековната положба на децата во
контакт/судир со законот и предла-
га сеопфатна и прагматична про-
грама на активности кои треба да
обезбедат постепено остварување
позитивна промена за овие деца“,
велат од СППМ. Во согласност со
ова, подготвен е и Акциски план за
нејзино спроведување во периодот
септември 2022 - декември 2023 го-
дина. Двата документи се усвоени и
донесени од страна на Државниот
совет за превенција од детско прес-
тапништво.
СППМД во соработка со ЗГ Креатив
е координатор на Младинскиот цен-
тар во Кавадарци кој е првиот пи-
лот - Младински центар отворен во
Република Северна Македонија во
согласност со Законот за Млади. Ко-
ординирањето на работата на цен-
тарот го обезбедуваат двајца обуче-
ни и искусни младински работници,
а во неговото работење се вклучени
уште десетина активни волонтери
на двете организации. Центарот ра-
боти секој ден и брои повеќе од 600
редовни членови на возраст од 15
до 35 години.
По иницијатива на СППМД и директ-
на поддршка на канцеларијата на
УНИЦЕФ во Скопје, а во соработка
со Воспитно-Поправниот Дом Те-
тово и Министерството за правда
развиени се следните документи и
алатки: Куќен ред за децата кои издр-
жуваат воспитна мерка - упатување
во воспитно поправен дом во Ре-
публика Северна Македонија, Упат-
ство за дисциплинска одговорност,
Упатство за постапување во случај
на сторена дисциплинска повреда
и издвојување во посебни соби за
деца, Протокол за пристигнување
и прием на детето во ВПД Тетово,
Протокол за престој на детето во
приемното одделение и Протокол
за отпуштање на децата од домот.
1 јули 2020 г.–30 септември 2022 г.
Изработена Национална
стратегија за превенција
и правда за децата 2022-
2027 која обезбедува трајни
подобрувања во системот за
правда за децата во Северна
Македонија
3.978.500 МКД
СППМД во соработка со
ЗГ Креатив е координатор
на Младинскиот центар во
Кавадарци кој е првиот пилот -
Младински центар отворен во
Република Северна Македонија
Сите вработени во Воспитно-
Поправниот Дом Тетово се
обучени за редовно користење
на новите документи и алатки
ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ВИЛА ЗОРА ВЕЛЕС
„Во светот во кој живееме, многу е
важно да преземеме максимални
чекори за да го вратиме нашиот
еко-систем. Расадниците помагаат
да се осигура дека постои конзистен-
тен метод за зачувување и промови-
рање на зелениот живот“, велат од
Вила Зора. Водени од овој порив,
со поддршка на Цивика мобилитас,
креираа расадник за зимзелени др-
вја со посадени околу 800 садници
кој во иднина ќе користи како тре-
нинг центар за младите генерации
и еко активисти.
Но, нивната еко борба не застана
тука. Во период од три години беа
спроведени бројни акции за соби-
рање и селектирање ПЕТ амбалажа
во соработка со сите основни учи-
лишта во општина Велес. Во цело-
купното траење на акциите беа со-
брани околу 5.000кг пластика која се
рециклираше, со што се намали от-
падот во општината, а со помош на
најмалите се поткрена јавната свест.
Со рециклирањето се намалуваат
количините на пластика на депони-
ите, емитувањето на стакленички
гасови и загадувањето на почвата,
подземните води и загадувањето на
воздухот.
Еколошкото друштво креираше
Стратегија за деконтаминација на
почва од тешки метали, со јасно
одредени начини за финансирање
на активностите од страна на ре-
левантните институции. Драфт вер-
зијата на Стратегијата е креирана
со помош на формирано меѓу-сек-
торско тело, сочинето од експерти и
граѓански организации кои работат
во областа. „Целта е оваа стратегија
да биде усвоена и да се употреби
како дел од донесувањето на зако-
нот за почви“, велат од здружението.
Стратегија за развој на граѓанскиот
сектор е креирана со помош на екс-
перт и голем број на граѓански ло-
кални организации. „Со ова сакаме
да го зголемиме вклучувањето на
граѓанските организации на локал-
но ниво во креирањето на политики
и донесувањето на одлуки“, додава-
ат тие. И двете Стратегии се дистри-
буирани и презентирани пред сове-
тот на Општина Велес.
1 јули 2019 г.–31 јули 2022 г.
4.484.235 МКД
Креиран расадник на
зимзелени дрвја со посадени
800 садници
5.000кг собрана,селектирана и
рециклирана ПЕТ амбалажа во
општина Велес
Креирање Стратегија за
деконтаминација на почва од
тешки метали и за развој на
граѓанскиот сектор на оваа
тема
ЗАЕДНО ПОСИЛНИ
„Обезбедувајќи техничка поддршка
за Националната комисија за ХИВ,
придонесовме да се одразат ста-
вовите на пациентите со ХИВ, на
заедниците засегнати од ХИВ и ре-
левантни граѓански организации
во насочувањето на националниот
одговор кон ХИВ“, велат од Заед-
но посилни. Граѓанската организа-
ција учествуваше во развивање на
две национални упатства со кои се
предвидува во земјава да се воведат
нови услуги како дел од сеопфатен
пакет за превенција на ХИВ за сите
граѓани што се изложени на ризик.
Во 2020 и 2021г. Заедно посилни
во консултација со Министерството
за здравство и граѓанските органи-
зации развија предлог за измени и
дополнувања на Законот за здрав-
ствената заштита со кој за прв пат
се регулира механизмот на социјал-
ни договори во областа на јавното
здравје и здравствената заштита.
„Со него за прв пат се предвидува
и законска основа за здруженија да
даваат одредени услуги од здрав-
ствената дејност. Предлог-измени-
те и дополнувањата беа усвоени од
Владата на Република Северна Ма-
кедонија во ноември 2021 г., по што
влегоа во собраниска процедура“,
посочуваат од здружението. Усвоју-
вањето ќе осигура одржливост на
пакет услуги од областа на јавното
здравје за маргинализирани групи и
ќе отвори можност за финансирање
и на други услуги во областа на јав-
ното здравје што би ги испорачува-
ле граѓански организации.
Врз основа на дебата во Национал-
ната комисија за ХИВ, иницирана
од Заедно посилни, за потребата
да се зголеми буџетот на национал-
ната програма за ХИВ, како и преку
другите активности за застапување
беше постигнато значително зголе-
мување на буџетот на Програмата
за 2022 година – во висина од око-
лу 40% во однос на 2021г. Благода-
рение на ова, лекувањето на паци-
ентите со ХИВ ќе биде унапредено
преку зголемување на застапеноста
на поквалитетни опции за терапија
и напуштање на постари лекови,
кои веќе не се препорачани.
1 јули 2020 г.–30 септември 2022 г.
Развивање на две национални
упатства за воведување нови
услуги како дел од сеопфатен
пакет за превенција на ХИВ
3.920.302 МКД
Учество во консултации со
Министерството за здравство
и ГО за предлог измени и
дополнувања на Законот за
здравствена заштита на лицата
со ХИВ
Иницијатива за дебата во
Националната комисија за ХИВ
и зголемување на.буџетот на
националната програма за ХИВ
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЛОКАЛЕН И РУРАЛЕН
РАЗВОЈ - ТЕТОВО
Природните ресурси на кои се пот-
пираат жените и младите од Мав-
рово и Ростуше се менуваат, па-
зарите и економските процеси се
менуваат, информациите брзо се
шират и институционалната среди-
на е сѐ помалку стабилна. Креирана-
та Стратегијата за промовирање на
можностите од одржливо собирање
на медицински и ароматични расте-
нија во овој контекст е предуслов и
инструмент на ефективно учество
на собирачите: формулирање ви-
зија, мисија, стратешки цели, пре-
говарање, развивање и спроведу-
вање на планови кои ги засегаат
секој поединечно. Оваа стратегија
е основа за воспоставување на ко-
муникација помеѓу Националниот
парк Маврово и собирачите и слу-
жи за размена на информации, вос-
поставувајќи консензус помеѓу раз-
лични мислења и интереси.
Активностите за подготовка на Стра-
тегијата за соработка на граѓанскиот
сектор и локалната самоуправа на
Маврово и Ростуше беа со фокус на
подигнување на свеста на граѓан-
ското општество и локалните невла-
дини организации за потребите на
локалното население. Креирањето
на стратегијата овозможи формули-
рање и промовирање на проекти
за рурален развој и поддршка на
тековните теренски активности и
поттикнување на меѓусекторска со-
работка и партнерства со локалната
самоуправа, националниот Парк и
граѓанскиот сектор.
Во рамки на зголемувањето на сора-
ботката помеѓу локалната самоупра-
ва Маврово и Ростуше и локалното
население ЗЛРР спроведе анали-
за за инвестирањето во локални-
от амбиент со фокус на руралниот
развој. Резултатите покажаа дека
создавањето на услови за развој
на локалните заедници, особено во
руралните области, бара имплемен-
тација на (про)развојни инвестици-
ски проекти. Анализата на инвести-
рањето во локалниот амбиент од
страна на општината отвора мож-
ност за нова соработка и развој на
идејни инвестициски решенија за
локалното население.
1 јули 2020 г.–30 јуни 2022 г.
3.856.708 МКД
Креирана Стратегијата за
промовирање на можностите
од одржливо собирање на
медицински и ароматични
растенија
Подготовка на Стратегијата
за соработка на граѓанскиот
сектор и локалната самоуправа
на Маврово и Ростуше
Анализа за инвестирањето
на општината во локалниот
амбиент со фокус на руралниот
и одржлив развој
СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА
За време на Ковид19 пандемијата,
во периодот со строги рестрикции
за групирање, Специјална олимпија-
да Македонија (СОМ) сними и еми-
тува видео серијал на тренинзи за
лицата со попреченост од 21 епизо-
да „Остануваме шампиони“. Во ви-
деата учествуваа тренери и атлети,
а два пати неделно се емитуваа во
утринската програма на МТВ, „Ма-
кедонија наутро“. „Целта на видеата
беше да се поттикнат на физичка ак-
тивност лицата со посебни потреби,
кои и онака поради нивните поп-
речености најчесто се чувствуваат
изолирани, а пандемијата ја засили
таа состојба“, велат од СОМ. За да
можат соодветно да ги реализира-
ат домашните тренинзи на атлети-
те на СОМ од Скопје и Тетово и им
беа поделени 70 комплети со рек-
визити за вежбање по дома. Видеа-
та се поставени и на Јутјуб каналот
на Специјална олимпијада за сите
кои имаат потреба од мотирички и
рекреативни активности за лица со
попречености.
СОМ потпиша меморандум за сора-
ботка со Општина Тетово за корис-
тење бесплатни сали за спортување
и логистичка поддршка за партнер-
ската организација „Active life“ – „Ак-
тивен живот“ која на територија на
Тетово овозможува бесплатни услу-
ги за спорт и рекреација на лицата
со попреченост. „Со воспоставу-
вање на оваа директна комуника-
ција и поддршка се овозможи кон-
тинуитет на тренинзи за атлетите на
Специјална олимпијада и нивен по-
стојан развој“, велат од СОМ. Вкупно
се активни 30 атлети со интелекту-
ална попреченост и 10 тренери кои
работат со нив.
СОМ од септември 2020 година со
Европската недела на спортот (БИ
АКТИВ) започна постојана соработ-
ка со Агенцијата за млади и спорт во
реализирање на годишните спорт-
ски програми: Европска кошаркар-
ска недела и Европска фудбалска
недела. Со нивна логистичка под-
дршка, во обезбедување на простор
за настани, досега се реализирани
две фудбалски недели во септем-
ври 2021г. и мај 2022г., како и една
кошаркарска недела во декември
2021г.
1 јули 2020 г.–31 август 2022 г.
Снимени и емитувани
21 епизода од серијалот
„Остануваме шампиони“
со тренинзи за лицата со
попреченост
3.892.055 МКД
Поделени 70 комплети со
реквизити за вежбање по дома
за атлетите на Специјална
олимпијада од Скопје и Тетово
30 лица со попреченост од
Тетово добија бесплатни услуги
за спорт и рекреација
„Цивика мобилитас е програма на Швајцарската амбасада за поддршка на
граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Дан-
ска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Швед-
ска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија
да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра
соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и
социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.

Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови

  • 1.
  • 2.
    ПОСТИГНУВАЊАТА НА ГРАНТИСТИТЕНА ЦИВИКА МОБИЛИТАС: ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ Издавач Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) За издавачот Александар Кржаловски, в.д. директор Автори Јелмаз Дервиши и Кристина Весиќ Подготовка и дизајн Борис Ристовски https://civicamobilitas.mk https://facebook.com/civicamobilitas Благодарност Им благодариме на одговорните и тимовите во организациите кои ги спроведоа овие ин- ституционални грантови и ги подготвија извештаите кои беа основа за создавање на секоја од приказните: Храна за сите- Банка за храна на Македонија, Здружение на граѓани за борба против рак Борка – за секој нов ден Скопје, Центар за граѓански комуникации, Цивил – Цен- тар за слобода, Центар за управување со промени, Една може!- Скопје, Институт за европска политика – Скопје, Здружение Форум – Центар за стратешки истражувања и документација, Асоцијација, иницијатива за социјална промена – Инсок, Коалиција на здруженија на граѓа- ни „Сите за правично судење“, Конект, Кризен центар „Надеж“, Здружение за култура и раз- вој на креативни индустрии Култ -Транзен, Легис, ЛГБТ Јунајтед Тетово, Здружение за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ – Скопје, Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди“, Здружение македонска асоцијација на земјоделски задруги – МАЗЗ, Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“, Здружение за развој на медиуми „Онлимит медиа“ Скопје, Полио плус- движење против хендикеп, Институт за истражување на општествен развој – РЕСИС, Рурална коалиција, Совет за етика во медиумите на Македо- нија, Здружение- Центар за истражувачко новинарство „СКУП“ Македонија, Совет за пре- вентива против малолетничка деликвенција- СППМД, Кавадарци, Еколошко друштво „Вила зора“ – Велес, Заедно посилни, Здружение за локален и рурален развој – Тетово и Специјал- на олимпијада Македонија. Македонски центар за меѓународна соработка Сите права се задржани. Репродуцирање, копирањето, трансмисијата или преводот на било кој дел од оваа публикација може да се изврши единствено под следните услови: со претходна дозвола на издавачот, заради цитирање во анализа на книгата и под услови изложени во продолжение Авторското право на оваа публикација е заштитено, но публикацијата може да се репродуцира на било кој начин без наплата за едукативни намени. За копирање во други услови, за употреба во други публикации или пак за превод или адаптација, треба да се обезбеди претходна дозвола од издавачот. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската амбасада кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Текстовите објавени во оваа публикација ги изразуваат погледите на авторките и/или организациите кои придонесоа кон нив, но не оние на Амбасадата на Швајцарија/Швајцарската агенција за развој и соработка или оние на организациите спроведувачи: НИРАС, МЦМС или ФЦГ.
  • 3.
    Преку институционалните грантовина програмата Цивика мобилитас, оваа фаза беа опфатени 30 граѓански ор- ганизации кои покрај нивното долго- годишно искуство во областа во која делуваат и експертизата која ја поседу- ваат, изразија потреба од континуира- на поддршка за организациски развој и капацитети како и успешно имплемен- тирање на нивните програмски актив- ности. Најголем и највидлив придонес на ин- ституционалните грантисти на Цивика мобилитас се евидентирани во след- ните области: социјална инклузија со посебен акцент на маргинализираните заедници во општеството, човековите права и слободи, развојот на медиуми- те и истражувањето, родовата еднак- вост, животната средина како и локал- ниот и рурален развој. Проблематиките и општествените пра- шања кои се опфатени преку нивните активности докажуваат дека со конти- нуирана и посветена работа промени- те се можни, но и дека процесот сеуште трае. Резултатите и продуктите од работата на дел од организациите веќе имаат силно влијание во промените и од- несувањето на институциите, додека друг дел од нив се во почетна фаза и прогресот го очекуваме да биде ви- длив во блиска иднина. ИНСТИТУЦИОНАЛНИТЕ ГРАНТОВИ ЗА ОРГАНИЗАЦИСКО ЈАКНЕЊЕ И РАЗВОЈ НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ ЦЕНТАРЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ БОРКА БАНКА ЗА ХРАНА ЕДНА МОЖЕ! ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ ЦИВИЛ ИНСОК ФОРУМ ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“ КОНЕКТ СИТЕ ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ ЛГБТ ЈУНАЈТЕД ЛЕГИС КУЛТ- ТРАНЗЕН МАЗЗ ЛУЛУДИ ЉУБЕЗНОСТ ПОЛИО ПЛУС ОНЛИМИТ МЕДИА МЕЃАШИ СОВЕТ ЗА ЕТИКА ВО МЕДИУМИТЕ НА МАКЕДОНИЈА РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА РЕСИС ВИЛА ЗОРА ВЕЛЕС СППМД СКУП СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЛОКАЛЕН И РУРАЛЕН РАЗВОЈ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ
  • 4.
    ХРАНА ЗА СИТЕ– БАНКА ЗА ХРАНА МАКЕДОНИЈА Под мотото „Во коренот на долго- рочното и значајно намалување на сиромаштијата лежи задачата за намалување на гладот, бидејќи, гладот е најсуровата форма на сиро- маштија“ функционира здружението Храна за сите – Банка за храна Маке- донија (БХМК). Преку активно делување и борба против сиромаштијата и социјал- ната исклученост се поттикну- ва одговорна и транспарент- на акција на законодавните, националните и локалните власти како и на бизнис опкружувањето. Ова се потврдува со акцијата #Сто- имеЗаедно - #WeStandTogether - #Qëndrojmësëbashku во која учествуваа над 18 партнерски ор- ганизации и 35 волонтери кои спа- куваа 35 тони храна дистрибуирана до 1.620 семејства во 20 општини во Македонија. Беа обезбедени 1.620 прехранбени пакети, 6480 заштитни маски и 1620 дезинфекциски сред- ства. „По три години истражување и поминати илјадници километри низ руралните средини во нашата земја наидовме на Даниел Здравков од Радовиш. Млад човек со физичка попреченост, која ја забави него- вата моторика, но не и желбата за самостоен живот“, велат од БХМК. Благодарение на eCrowd, првата краудфандинг платформа во Маке- донија, Даниел го живее својот сон. Во природен амбиент и недопрена природа во Радовишко тој ја започ- на својата приказна во рамки на проектот МОЈА Фарма. „На наша иницијатива почна фор- мирање на Балканска Платформа на Банки за храна и за почеток учеству- ваат Федерацијата на Банки за Храна Србија, Банка за храна Македонија, Банка за храна Ниш, Банка за храна Косово и Банка за храна Војводина“, велат од БХМК. Заедништвото има за цел да ги истражи, претстави и во значајна мера ги имплементира најдобрите практики кои се однесу- ваат на собирање на вишоците хра- на во корист на засегнатите граѓа- ни во социјален ризик на Балканот, воедно ги зближи институциите, операторите со храна, граѓанските организации, крајните корисници и медиумите. 1 јули 2020 г.–30 јуни 2022 г. Обезбедени 35 тони храна за 1.620 семејства во Македонија 3.977.951 МКД Лице со попреченост од Радовиш доби шанса за самостоен живот Формирана Балканска Платформа на Банки за храна
  • 5.
    ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИЗА БОРБА ПРОТИВ РАК БОРКА – ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН СКОПЈЕ „Една од клучните заложби на Борка е создавањето на Алијанса на паци- ентски организации и создавање на „чадор организација“ која има за цел унапредување, едукација и зајакну- вање на капацитетите на ГО за сис- темско делување пред институциите и влијание врз здравствените по- литики“, велат од здружението. Во Алијансата се вклучени 12 организа- ции, а во рамки на истата создадоа Етички кодекс за унапредување на квалитетот на соработката меѓу ГО, но и зајакнување на мрежата преку јакнење на капацитетите на органи- зациите. Одржаа тридневна обука на која учествуваа 22 претставници од ГО насочена кон функционирање на организациите во мрежа, заста- пување на пациентите и едукација за здравствениот систем, комуника- ција со медиуми, финансирање на здравството со цел зајакнување на капацитетите на овие полиња. По прогласување на пандемијата со КОВИД-19 беше изработен протокол за пациенти со малигни заболувања кој ги содржеше сите потребни ин- формации за начините на лекување и функционирање на клиниките. За таа цел беше креирана и веб страна со сите потребни информации за па- циентите. Во соработка со Клиника- та за онкологија и Црвен Крст беше спроведена акција за доставување на таблетарна терапија за болните од рак од внатрешноста на Македо- нија и беше обезбедена терапија за повеќе од 500 пациенти. „Исто така лобирањето до Министерството за здравство беше успешно и 2020 г. жените оперирани од рак на дојка, може да добијат бесплатен градник, а партиципацијата на онколошките пациенти при следење на болеста веќе не се наплаќа во јавните здрав- ствени институции“, велат од Борка. Во период од две години традицио- нално се одржуваше маршот „На- пред Розово“ кој за прв пат доби национален карактер. Беа одржани 16 настани во 16 градови: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Ви- ница, Струмица, Валандово, Струга, Гостивар, Велес, Тетово, Ресен и Гевгелија. 1 јули 2020 г.–30 јуни 2022г. Создавање Алијанса на пациентски организации 3.978.500 МКД Изработен протокол за пациенти со малигни заболувања за време на КОВИД-19 Акција за доставување таблетарна терапија за 500 пациенти болни од рак Одржани 16 настани во 16 градови по повод маршот „Напред розово“
  • 6.
    ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКИКОМУНИКАЦИИ Индексот на активна транспарент- ност развиен и спроведен од Цен- тарот за граѓански комуникации (ЦГК) на предлог на здружението беше вграден како обврска во но- виот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Индексот стана репер во земјава со кој се мери успешноста на институ- циите во објавување информации и документи од важност за граѓани- те. Законската обврска и мерките за објавување значат дека граѓаните, бизнисот и сите други заинтереси- рани групи добиваат значително повеќе информации што им по- магаат да го следат квалитетот на работењето на институциите, да учествуваат во креирањето поли- тики, да носат одлуки засновани на релевантни информации и полесно и навремено да ги користат јавните услуги. Како резултат на низата активности, предлози и залагања на ЦГК во бор- бата против корупцијата во јавните набавки Владата ги задолжи сите институции да ги објават на своите веб-страни информациите за јавни набавки според листата предложе- на од здружението. Дополнително се воведе обврска за институциите да изработат интерни процедури за јавни набавки и да зајакне кон- тролата во јавните набавки дел од владиниот План за борба против ко- рупцијата „Акција 21“. Почна да се реализира и предлогот на ЦГК вгра- ден во Националната стратегија за спречување на корупцијата и суди- рот на интереси со кој секоја јавна институција задолжително ги објаву- ва во тендерската документација за јавните набавки. Владата ги прифати предлозите на ЦГК против партизацијата на држав- ните претпријатија и тие се вклу- чени во Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија. Со одредбите се ре- гулира постапката за избор на чле- нови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, се воспоставува транспарентност при постапката за избор на овие члено- ви и се воспоставува почитување на системот на квалификации при селекцијата и именувањето на чле- новите. Индексот на активна транспарентност развиен и спроведен од ЦГК е обврска во новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер 4.500.000 МКД Активна борба против корупција во јавните набавки. Предлозите на ЦКГ се дел од Владините мерки за превенција од корупција Предлозите на ЦГК против партизацијата на државните претпријатија се вклучени во Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија 1 јули 2019 г.–30 септември 2022г.
  • 7.
    ЦИВИЛ – ЦЕНТАРЗА СЛОБОДА ЦИВИЛ – Центар за слобода и ин- тегрираната редакција Цивил ме- диа, со тријазичната медиумска платформа, 6 интернет портали и +40.000 следбеници на социјални медиуми, работеа на комплексни за- дачи поврзани со дезинформации. Во периодот 2019-2022 г., медиум- ската платформа на ЦИВИЛ објави повеќе од 2,500 медиумски содржи- ни во текстуален и видео формат во кој беа вклучени повеќе од 300 соговорници, меѓу кои експерти и претставници на институциите, граѓанското општество, медиумите и меѓународната заедница. ЦИВИЛ е и единствена организа- цијата која спроведе сеопфатен мониторинг на предвремените парламентарни избори во 2020 и локалните во 2021г. Формираше мо- ниторинг тимови со повеќе од 650 членови, а во организацијата вклу- чи и повеќе од 60 експерти и анали- тичари кои креираа и спроведуваа мониторинг, анализи, едукација и јакнење на јавната свест за правото на глас. Покрај мониторинг на избо- рите, спроведоа и сеопфатна анали- за на процесот на спроведување на пописот. „Бројни претставници на релевант- ни институции и меѓународна заед- ница велат дека одигравме важна улога во јакнењето на јавната свест и разобличувањето на дезинфор- мациите поврзани со пописот“, ве- лат од ЦИВИЛ. Преку медиумска платформа, објавија 534 содржи- ни директно поврзани со пописот, одржаа 25 јавни настани во Скопје, Штип, Гостивар и Гевгелија на кои учествуваа повеќе од 50 релевантни експерти. ЦИВИЛ е една од најактивните ор- ганизации во земјата, меѓу другото, и во доменот на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности. Во изминатите три го- дини, вклучија повеќе од 300 јавни личности, експерти, политичари, итн. кои говореа за предностите на мултикултурализмот во светот. Одр- жаа средби со Претседателот Стево Пендаровски, премиерите Зоран Заев и Димитар Ковачевски, Вице- премиерот Артан Груби и други, каде беше искажана политичка волја, но и конкретни заложби за јакнење на мултикултурализмот, недискримина- цијата и почитувањето на различно- стите во нашето општество. 1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г. Борба против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани преку 6 интернет портали,+40.000 публика на социјални медиуми и 2.500 објавени содржини 4.500.000 МКД Мониторинг на предвремените парламентарни избори во 2020 и локалните избори во 2021г. Јакнењето на јавната свест и разобличувањето на дезинформациите преку 534 содржини за пописот,25 јавни настани во Скопје,Штип, Гостивар и Гевгелија со +50 експерти
  • 8.
    ЦЕНТАРЗАУПРАВУВАЊЕСОПРОМЕНИ „Центарот за управувањесо проме- ни во период од три години интен- зивно работеше на унапредување на најфреквентните електронски услуги кои институциите во Север- на Македонија им ги нудат на граѓа- ните“, велат од здружението. Елек- тронска нострификација на дипломи во основно, средно и високо обра- зование пуштена и промовирана на националниот портал е-Услуги, упис на деца во градинка и првачиња во основно училиште, конкурси за уче- ници и студентски стипендии, елек- тронска регистрација на проекти во Секретаријат за европски прашања (СЕП) се дел од обезбедените услуги. Генерално за целокупниот период се работеше на напредок и рефор- ми во јавната администрација. Во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и зашти- та од дискриминација (КСЗД)“, преку изработка на клучни стратешки до- кументи како што се Годишна про- грама за работа на КСЗД за 2022 година со индикатори за следење, функционална анализа, стратешки план, правилници за организација и систематизација на работните места и деловник за работа на Комисија- та согласно принципите за добро управување, и потребите на КСЗД, значително се зајакнаа институцио- налните капацитети на комисијата. ЦУП реализираше активности со кои придонесе кон зајакнување на женското претприемништво, но и кон зајакнување на компетенции на потенцијални жени претприемач- ки. Во време на Ковид-19 пандемија ЦУП преку обуки дизајнирани за потребите на секој од поддржаните бизниси на жените претприемачки од Скопје, Битола и Охрид, како и преку спроведување на 8 месечна менторската програма со помош на експерти од разни области, обез- беди долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси. До- полнителна поддршка е остварена и преку промоција и продажба на нивните производи на платформа- та www.womenpoweroon.com. Како резултат на овие заложби, ЦУП на Самитот за женско претприем- ништво 2021 доби награда за ГО со воведени најдобри практики за раз- вој на женското претприемништво. 1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г. 4.445.210 МКД Унапредување на најфреквентните електронски услуги кои институциите им ги нудат на граѓаните Електронска нострификација на дипломи во основно, средно и високо образование, упис на деца во градинка и првачиња во училиште, конкурси за ученици и студентски стипендии се дел од дигитализираните услуги Зајакнување на женското претприемништво преку обуки и 8 месечна менторска обука за бизниси на жените претприемачки од Скопје, Битола и Охрид
  • 9.
    ЕДНА МОЖЕ! -СКОПЈЕ Во 2022г. „Една може!“ го органи- зираше првиот протестен марш во земјава посветен на самохраните семејства. Маршот под мотото: „Те- мата за самохраните родители не смее да биде табу тема“, кој се одр- жа во организација на „Една може!“ започна од паркот Жена борец, а за- врши пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП) каде учесниците ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат секојдневно. На истиот присуствуваа стотици граѓани во поддршка на еднороди- телските семејства. Дефинирање на статусот самохраност, праведни институции, финансиска поддршка и бесплатна партиципација во ви- сокото образование за децата на самохраните родители беа дел од барањата на присутните на маршот. Една може! Во периодот од јули 2020 до септември 2022г. ја насочи своја- та борба кон создавање организа- ции со кои ќе се подобри статусот на еднородителските семејства во Македонија. Во рамки на институ- ционалната поддршка на Цивика мобилитас беше формиран Сојуз на здруженија – ЈунајтедФем, мрежа за родова еднаквост, спречување на насилство, борба против дискри- минација и подобрување на стату- сот на еднородителските семејства, која делува на регионално ниво од областа на родовата еднаквост, не- дискриминација и ненасилство. Беа формирани уште две здруженија: Здружение за рурален и одржлив развој ГоуФем кое делува на нацио- нално ниво, со цел подобрување на самохраните родители и марги- нализираните категории на жени, девојки и деца од руралните сре- дини и Центар за слобода и култура „АртФем“ со цел културно, слободно и одржливо креирање и развивање на жените. Од организацијата работеа и на гра- дење на капацитетите преку креи- рање интерни програми, политики, правилници, планови и стратегии за функционирање на „Една може“ и сите ангажирани страни. Беа изра- ботени модули за годишен тренинг за економско зајакнување на жени и социјално претприемништво и за родова еднаквост и еднакви права и можности. 1 јули 2020 г.–30 септември 2022 г. Организиран првиот протестен марш во Македонија посветен на самохрани семејства, посетен од повеќе од стотици граѓани 3.993.063 МКД Формиран Сојуз на здруженија –ЈунајтедФем, мрежа за родова еднаквост, спречување на насилство, борба против дискриминација и подобрување на статусот на еднородителските семејства; Градење на капацитетите на организацијата преку креирање интерни програми, политики,правилници,планови и стратегии за функционирање
  • 10.
    ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКАПОЛИТИКА - СКОПЈЕ Институтот за европска политика (ЕПИ) во изминатите три години по- стојано создаваше простор за дис- кусија на јавните политики помеѓу граѓанските организации (ГО), из- вршната власт и правосудните ор- гани. „Го подигнавме и капацитетот на сите наведени засегнати страни за процесот на пристапување во ЕУ, со фокус на правосудството и ос- новните човекови права, реформа- та на јавната администрација, како и секторските политики“, велат од ЕПИ. Организираа 70 јавни и наста- ни од затворен карактер со повеќе од 2.000 учесници кои вклучуваа претставници на бројни чинители и засегната јавност кои застапуваат различни гледишта. ЕПИ останува организација која по- ставува високи стандарди со свои- те истражувања, што се потврдува со бројката од 115 публикации. Од клучните организациски продукти ги објавија редовните годишни анали- зи на извештајот на Европската ко- мисија, како и годишни извештај во сенка за поглавје 23 Правосудство и основни човекови права. Ги изра- ботија и извештајот од следењето на спроведувањето на Стратегија- та за реформи во правосудството за 2020 и 2021 година, како и сите национални извештаи за потребите на Агенцијата за основни човекови права на ЕУ. Организацијата учествуваше во креирањето на јавното мислење за процесот на пристапување во ЕУ на национално, регионално и ев- ропско ниво преку организирање и учество на експертски дискусии и дебати, како и застапувачки актив- ности. „Редовно организиравме по- сети на високо ниво во Германија, Холандија и Франција на кои ги пре- зентиравме во различни формати своите истражувања и анализи. Го- воревме на клучните настани како што се Белградскиот безбедносен форум, Лабораторијата на идеи на Центарот за европски студии од Брисел и слично“, додаваат од ЕПИ. Тимот експерти учествуваше на ре- довни консултации со високи прет- ставници на Европските институции и држави членки за проценка на состојбата со реформските процеси и пристапниот процес. 1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г. Мост за соработка и дијалог помеѓу државните институции и граѓанските организации преку 70 јавни и настани од затворен карактер со повеќе од 2.000 учесници; 4.498.752 МКД Одржан и надграден квалитет на истражувања и сопствен истражувачки капацитет.За три години објавени 115 публикации; Креирање на јавното мислење за процесот на пристапување во ЕУ на национално,регионално и европско ниво преку организирање и учество на експертски дискусии и дебати.
  • 11.
    ЗДРУЖЕНИЕ ФОРУМ –ЦЕНТАР ЗА СТРАТЕШКИ ИСТРАЖУВАЊА И ДОКУМЕНТАЦИЈА Во 2020-та година Форум ЦСИД ини- цираше формирање на мрежа на граѓански организации за поддршка на развојот на локалната и месната самоуправа наречена МРЕЖА ЗАЕД- НИЦА. Оваа мрежа беше формално регистрирана и во неа членуваат седум организации: Форум ЦСИД, ФРЛЗ Штип, СППМД Кавадарци, МКЦ Битола, ЦЕД Теарце, Центар на заедницата на општина Струга и Агора од Скопје од повеќе плански региони кои се истакнати во рабо- тата со локалната самоуправа. Во јуни 2022 претставниците на мре- жата го објавија и првиот заеднички продукт, Анализа за поддршката на граѓанските организации од страна на општините во Република Север- на Македонија. Здружението помогна во изработ- ка на стратегии за соработка со граѓанскиот сектор за две општини. Првата општина со која беше пот- пишан Меморандумот за соработка е Кавадарци, а двете страни сорабо- туваа во процесот на изработка на „Стратегија за соработка со граѓан- скиот сектор 2021-2025 на Општина Кавадарци“. Се одржа работилница со претставници на ЕЛС и локалните ГО од Кавадарци како дел од проце- сот на стратешко планирање и из- работка на документот. Во декември 2021 г. новиот Совет на општината ја усвои со мнозинство гласови како официјален документ на Општина- та. Низ сличен процес беше подгот- вена и Стратегија за соработка на Општина Штип со граѓанскиот сек- тор 2022-2026. Форум ЦСИД ја иницираше и коор- динираше Платформата за инова- ции во органското земјоделство која започна да се реализира на 1 ноем- ври 2019 г. Иницијативата обедини организации од Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија кои сорабо- туваа за развој на нови и иноватив- ни ресурси во корист на граѓаните, даватели на образовни услуги за возрасни и локални ГО кои работат на полето на земјоделството и жи- вотната средина. Во фокусот на ак- тивностите беше образованието на возрасни за производство на орган- ска храна. 1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г. Формирање на МРЕЖА ЗАЕДНИЦА,мрежа на ГО за поддршка на развој на локална и месна самоуправа 4.499.912 МКД Изработка на стратегии за соработка со граѓанскиот сектор во општина Кавадарци и Штип Формирана Платформа за иновации во органско земјоделство во која членуваат ГО од Србија, Хрватска,Бугарија и Северна Македонија
  • 12.
    АСОЦИЈАЦИЈА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СОЦИЈАЛНАПРОМЕНА - ИНСОК Асоцијацијата - Иницијатива за со- цијална промена - ИнСоК иницира- ше и формираше Тематска мрежа на граѓански организации за заста- пување за системски и трајни ре- шенија за интеграција на Ромите во општеството. Мрежата брои 15 здруженија на граѓани кои работат на прашања поврзани со Ромската заедница. Во периодот 2019 – 2022 година беа реализирани 20 состано- ци на кои беа разгледани преку 50 прашања за потреби и проблеми со кои се соочуваа Ромите во држава- та. Вработување, образование, до- мување, здравство, култура и тради- ција, човекови права и сиромаштија се темите кои беа обработени. Од асоцијацијата упатија и предлог Де- кларација за Интеграција на Ромите во Република Северна Македонија до Интер-партиската парламентар- на група за прашања на Ромите во Собранието на Република Северна Македонија за усвојување и делу- вање. Како континуитет на заложбите на граѓанскиот сектор кој работи на прашањата за интеграција на Ро- мите во општеството, Собранието на РСМ го донесе Законот за нееви- дентирани лица во матичната книга на родени. ИнСоК преку соработка, застапување и упатување на ко- ментари за содржината на Законот, учествуваше во процесот на но- сење и упати 20 коментари на пред- лог Законот од кои се прифатија 10 коментари и истите беа вградени во новиот текст на Законот. На иницијатива на ИнСоК, Мрежата за застапување за системски трајни решенија за интеграција на Ромите во РСМ и Пратеничката г-ѓа Латифа Шиковска, Собранието на РСМ ја формираше Интерпартиската пар- ламентарна група (ИППГ) за под- дршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во РСМ, во која ќе членуваат пратеници од по- стоечкиот собраниски состав од раз- лични политички партии. Низ работни седници и други ак- тивности членовите на оваа група ќе застапуваат за законски реше- нија како и носење на препораки и декларации кои ќе обезбедуваат трајно решение за интеграцијата на Ромската заедница. 1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г. Формирана Тематска мрежа на граѓански организации за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во општеството,која брои 15 ГО 4.481.160 МКД Учество во процесот на носење и измени на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени На инцијатива на ИнСок Собранието на РСМ ја формираше Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за поддршка на правата на Ромите,нивна инклузија и интеграција во РСМ
  • 13.
    КОАЛИЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЈАНА ГРАЃАНИ „СИТЕ ЗА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ“ Коалицијата „Сите за правично су- дење“ во септември 2021 година, одржа завршна конференција на која ја презентираше анализата: „Влијание на мерит системот врз судската независност и професио- налност во Северна Македонија“. Анализата се однесува на работење- то на Судскиот совет на Р.Северна Македонија како и на седниците кои што беа следени од страна на Коа- лицијата. По објавената анализа и јавната реакција на коалицијата за недоволно транспарентното рабо- тење на Судскиот совет, истиот на понатамошните седници започна пракса на темелно и со аргументи- рана дебата да ги разгледува прет- ставките поднесени од страна на граѓаните, посветувајќи им доволно време и внимание на секоја индиви- дуално. Во рамки на институционалната под- дршка од Цивика мобилитас беше остварена соработка со Основниот кривичен суд во Скопје, каде успеш- но заврши процесот на анонимиза- ција на судски пресуди. Успешно се анонимизирани вкупно 1.622 судски пресуди кои се јавно објавени на веб страната на судот. Петте анони- мизирачи од коалицијата со нивно- то залагање допринесоа за поголе- ма транспарентност и отчетност на судот, а воедно имаа можност да се стекнат со практично искуство за ра- бота со судски предмети. „Сите за правично судење“ изгот- вија прирачници од областа на граѓанските и кривичните судски по- стапки насловени „Прв пат во суд“. Овие прирачници имаат за цел да има помогнат на граѓаните да имаат полесен пристап на јасен, неправ- нички јазик за текот на судските по- стапки пред судовите во Република Северна Македонија. Прирачниците ќе им дадат насоки и препораки на граѓаните кои немаат доволно по- знавање од областа на правото, а сакаат да дознаат повеќе за текот на една судска постапка. 1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г. Презентирана анализа „Влијание на мерит системот врз судската независност и професионалност во Северна Македонија“која обезбеди транспарентно работење на Судскиот совет 4.498.432 МКД Анонимизирани вкупно 1.622 судски пресуди,јавно достапни на веб страната на Основниот кривичен суд во Скопје Објавени прирачници за кривична и граѓанска постапка со цел граѓаните да имаат полесен пристап на јасен,неправнички јазик за текот на судските постапки
  • 14.
    „Ги поттикнавме граѓанитездружено да донираат на нивниот природен партнер – граѓанските организации (ГО). Донаторскиот кружок е заед- ница на индивидуални филантропи што ја негуваме помагајќи ѝ да ин- вестира во вистински промени на- место во санирање на последици“, велат од Конект. На два специјални настани, донаторскиот кружок здру- жи 118 донации и обезбеди 869.528 ден за 6 внимателно одбрани ГО. 111 членки од Мрежата за финан- сиска одржливост на ГО раководена од Конект застапуваат низа закони од заеднички интерес. По 8 годи- ни стагнација го отворија процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности што ќе го олесни и зголеми дони- рањето во ГО. Мрежата придоне- се за подобрување на законите и политиките за волонтерството, со- цијалното претприемништво и за исполнување на Стратегија за со- работка на Владата со граѓанското општество. Со ова Р.С Македонија стана светски пример за соработка во заштитата на правото за здружу- вање при креирање мерки за спре- чување перење пари и финанси- рање тероризам за непрофитниот сектор (НПО). „Агенда 2030 и Целите за одржлив развој (ЦОР) на ОН се наша платфор- ма за меѓу-секторски партнерства на институциите, компаниите, ГО и локалните заедници“, посочуваат од здружението. Над 80 претставни- ци на различни сектори дефинираа заеднички цели од кои произлегоа 4 иницијативи кои покажаа дека за- еднички може да правиме промени. Иницијативите собраа донации и нефинансиска поддршка од бизни- си и граѓани во вредност од 14.836 EUR. Со тоа им овозможија на над 200 млади од кои 32% од семејства со ниски примања да ја зголемат својата вработливост, на 4 самохра- ни родители да стекнат вештини за самовработување и органско про- изводство на храна, на 72 деца од улица да се едуцираат и стекнат со поздрави животни навики, и на 100 жени од руралните средини во пан- демијата да продаваат онлајн. 1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г. Филантропија на дело: Донаторски кружок здружи 118 донации и обезбеди 869.528 ден за 6 внимателно одбрани ГО 3.999.911 МКД Мрежата за финансиска одржливост на ГО раководена од Конект по 8 години стагнација го отвори процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности 4 иницијативи и +80 претставници на различни сектори собраа донации од бизниси и граѓани во вредност од 14.836 EUR.Поддржаа 200 млади,4 самохрани родители, 72 деца од улица и 100 жени од рурални средини. КОНЕКТ
  • 15.
    КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“ Кризенцентар „Надеж“ во рамки на институционалната поддршка од Цивика мобилитас, обезбеди за- солниште за вкупно 130 жртви на семејно насилство во период од 24-48 часа пред да бидат преземе- ни од надлежните институции за натамошна заштита. Обезбедена е психо-социјална и правна помош на вкупно 301 лице, додека преку СОС линијата и социјалните мрежи обезбедена е поддршка на вкупно 1711 лица. Организирани се пре- давања, трибини и улични акции, вкупно 30, на кои учествувале 770 лица. Реализирана е и онлајн кам- пања која опфатила повеќе 81.460 лица. Организирани се две обуки за зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации и институ- циите на кои учествувале вкупно 42 лица, претставници од релевантни- те институции: Центри за социјална работа, полициски станици, јавни обвинителства и граѓански органи- зации кои работат во областа на со- цијалната заштита. Зајакната соработката со јавни ин- ституции на локално и национал- но ниво - подготвена, усвоена и се спроведува Стратегија за соработка со институциите на национално и локално ниво. Во рамки на спро- ведување на стратегијата се одр- жаa вкупно 159 состаноци со реле- вантни чинители за обезбедување финансиска поддршка од јавните институции, обезбедена од Минис- терството за труд и социјална поли- тика, општина Гази Баба и од град Скопје. Преку бројни состаноци за обезбедување програмска поддрш- ка од институcиите подобрена е со- работката со центрите за социјална работа од цела држава, како и со инспекторите од Министерството за внатрешни работи кои работат на проблемот семејно насилство. Дополнително, во период од две го- дини, со процесот на е-менторство, креиран е план за организациски развој кој сеуште се спроведува. Во рамки на планот, направена е вна- трешна структура во организацијата каде се вработија 4 лица, а дополни- телно хонорарно се ангажирани 5 лица и 4 волонтери. 1 јули 2020 г.–30 јуни 2022 г. Обезбедено засолниште за вкупно 130 жртви на семејно насилство во период од 24-48 часа 3.985.600 МКД Обезбедена психо-социјална и правна помош на вкупно 301 лице СОС линијата и социјалните мрежи обезбедија поддршка за вкупно 1711 лица Организирани вкупно 30 предавања,трибини и улични акции на кои учествуваа 770 лица
  • 16.
    ЗДРУЖЕНИЕ ЗА КУЛТУРАИ РАЗВОЈ НА КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ КУЛТ-ТРАНЗЕН „Со помош на институционалниот грант дадовме можност на многу млади таленти и уметници да ја до- бијат својата прва шанса за умет- нички да се изразат и со тоа со- цио-економски да зајакнат. Ваквиот придонес кон децентрализацијата на културата овозожува независна- та сцена во државата се повеќе да се зајакнува и да биде двигател на културниот живот во малите сре- дини“, велат од „Култ-Транзен“. Во овој контекст беа реализирани по- веќе театарски претстави, изложби, издавање на книги и гостување на театарски претстави и изложби во продукција на здружението по други градови во држвата и странство. Од здружението посочуваат дека граѓанскиот сектор секогаш е важен фактор за креирањето на културни политики бидејќи тие секогаш треба да се градат по принципот одоздо- ла па нагоре и според потребите на граѓаните. Затоа тие како органи- зација секогаш ќе се залагаат и ќе придонесуваат за поттикнување на учеството на граѓанскиот сектор во одлучување и демократизација на процесите во креирањето на кул- турните локални и национални по- литики. Преку спроведување на по- веќе состаноци, средби и барање за пристап до информации од јавен ка- рактер беше направена соодветна анализа на степенот на имплемен- тација на локалната и националната стратегија за култура и беа дадени соодветни препораки за идно креи- рање на локалните политики. Во изминатите три години беше из- работен Годишен план и стратегија на делување каде беа вклучени сите добиени идеи од страна на заедни- цата и во исто време се подобри функционирањето на организација- та преку подобрување на стратеш- ките документи и практики, но и обу- ки со кои беа зајакнати капацитети на организацијата за проектно пи- шување и раководење со проекти. 1 јули 2020 г.–30 септември 2022 г. Децентрализација на културата преку театарски претстави, изложби,издавање на книги и гостување на театарски претстави и изложби 3.622.164 МКД Учеството на граѓанскиот сектор во одлучување и демократизација на процесите во креирањето на културните локални и национални политики Изработен Годишен план и стратегија на делување со кои се подобри функционирањето на здружението
  • 17.
    ЛЕГИС Во текот надвегодишната поддрш- ка, Легис зајакна институционално со ревидирање и усвојување на внатрешни акти за подобрување на работата на организацијата и потпиша Меморандум за соработка со: Владата на Северна Македонија, Агенцијата за вработување и сора- ботка за реализација на Програма за менторство при вработување и активности за работни вештини за жени и други баратели на азил со престој во прифатниот центар на баратели на азил. Со финансиска поддршка од Владата за справување со последиците на пандемијата, Ле- гис започна курсеви за шиење за жени од локално население, обезбе- ди правна помош за 20 корисници на хуманитарна помош и обезбеди дополнителни 300 пакети храна во 2021 година. Легис ја продолжи со- работката со Народниот Правобра- нител во насока на набљудување на пристапот до права на бегалци и мигранти во РСМ. Навремено обезбедена и доставе- на помош за локалното население, бегалци и мигранти во вид на: пре- хранбени, хигиенски и антибакте- риски пакети. Во просек 200 луѓе од локалното население и повеќе од 4.000 луѓе во процес на миграција и/ или баратели на азил со престој во пограничните транзитни центри на северната и јужната граница, при- фатниот центар на баратели на азил и Центарот за прифат на странци во Скопје на дневно и месечно ниво добиваа соодветна помош. Легис ја формира неформалната мрежа за брза реакција во криза и сиромаштија под името Прва. Во ре- ализација на активностите, беа вклу- чени 10 граѓански организации и 2 локални здруженија. На официјална- та промоција на мрежата се органи- зираше дискусија и изложба на тема: Млади и сиромаштија. „Средствата од продадените слики се наменети за фонд за студентски стипендии за млади кои сакаат да студираат, а не- маат финансиски средства“, велат од Легис. 1 јули 2021 г..–30 септември 2022 г. Обезбедени курсеви за шиење за жени,правна помош за 20 корисници на хуманитарна помош и 300 пакети храна во 2021 година 3.939.760 МКД 200 луѓе од локалното население и повеќе од 4.000 луѓе во процес на миграција и/ или баратели на азил добија прехранбени,хигиенски и антибактериски пакети Формирана неформалната мрежа за брза реакција во криза и сиромаштија под името Прва
  • 18.
    ЛГБТ ЈУНАЈТЕД ТЕТОВО „Прекуспроведените активности ре- ализирани со помош на институцио- налната поддршка на Цивика моби- литас се зголеми бројот на посети во Центарот на ЛГБТИ заедницата во Тетово“, велат од ЛГБТ Јунајтед Тетово. Бројот на посетители и кон- ституенти на центарот се зголеми од 20 на 50 посетители кои во период од еден месец го посетиле Цента- рот неколку пати. На овој начин се придонесе за поголема видливост и посилна ЛГБТИ заедница. Донесен е новиот законот за Спречу- вање и заштита од дискриминација во кој како основи за дискримина- ција се додадени сексуалната ориен- тација и родовиот идентитет. ЛГБТ Јунајтед лобираше за донесување на овој закон, преку средби со пратени- ците на кои им беше презентирана потребата од донесување на истиот. „Овој закон е од голема важност за ЛГБТИ заедницата во Северна Маке- донија бидејќи конечно ЛГБТИ заед- ницата доби законска заштита преку која ќе може да пријави дискримина- ција по основ на сексуална ориента- ција и/или родов идентитет. „Се залагаме секој поединец да биде во можност да ги оствари и ужива човековите права и слободи, без ог- лед на личните карактеристики како што се сексуалната ориентација и родовиот идентитет, а согласно на- ционалната легислатива, меѓуна- родното право и ратификуваните конвенции“, посочуваат од ЛГБТ Ју- најтед Тетово. Покрај активностите за јакнење на ЛГБТИ заедницата од здружението работеа и на зајакнување на соп- ствените капацитети преку обуки и работилници за вработените во ЛГБТ Јунајтед Тетово. Квалитетот на работата на здружението се по- добри во насока на известување, пишување извештаи, пристап кон решавање на предизвици и сл. Обезбедена беше и директна мен- торска поддршка со која се мони- торираше и подобруваше начинот, квалитетот и пристапот на работа. 1 јуни 2019 г.-30 септември 2022 г. Зголемен број на посетители во Центарот на ЛГБТИ заедницата во Тетово 4.489.404 МКД Лобирање за донесување на новиот законот за Спречување и заштита од дискриминација Преку обуки,работилници и менторска поддршка зајакнати капацитети на здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово
  • 19.
    ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОМОШНА БЕЗДОМНИЦИ, СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА И ПОЕДИНЦИ ЉУБЕЗНОСТ - СКОПЈЕ „Во последните три години вдому- ваме бездомни лица во објекти под наем за кои наемнината ја плаќа на- шето здружение од средства добие- ни од Цивика мобилитас и други до- натори“, велат од Љубезност. За овој период вдомени се 14 бездомни се- мејства со 31 лице, за чие домување се платени 124 месечни закупнини. „Континуирано вршиме мониторинг на домувањето за да бидеме сигурни дека овие лица ќе стекнат соодветни хигиенски и домаќински навики и ќе го променат начинот на живот на подобро“, додаваат од здружението. На вкупно 143 социјално загрозе- ни семејства, преку платформата Ways2help, им бea подмирени долго- вите за електрична енергија и вода. Заостанатите сметки беа поставени онлајн, каде различни донатори из- вршија плаќање на истите. Заклучно со мај 2022 година, на овој начин се платени 1.792 заостанати сметки за електрична енергија на 119 семејст- ва и 210 заостанати сметки за вода на 24 семејства кои живеат во сиро- маштија. Во последните девет месеци од ин- ституционалната поддршка настана и проектот „Грижи се“. Мобилните тимови на „Љубезност“ за ранли- вите членови на заедницата обез- бедија социјални услуги, правна и медицинска помош. Во периодот од август 2021 до март 2022 г., 212 лица добија социјална поддршка и социјални услуги, од кои 100 добија техничка помош при остварување права на социјални трансфери. 184 лица добија медицинска помош или лекови, а 37 лица со помош на здружението беа остварија право на здравствено осигурување. 186 крај- ни корисници на Љубезност добија правни совети при остварување на нивните социјални права, од кои 108 добија поддршка во добивање лични карти и изводи од матично. Претходно, од јули 2019 до јули 2021 година „Љубезност“ има дадено пси- хосоцијална поддршка на 1.066 се- мејства. 1 јули 2019 г.–31 август 2022 г. На вкупно 14 бездомни семејства со 31 лице им беше обезбеден простор за домување 4.500.000 МКД Платени заостанати сметки за електрична енергија и вода за вкупно 143 социјално загрозени семејства Обезбедени социјални услуги, правна и медицинска помош за 582 социјално ранливи лица Психо-социјална поддршка за 1.066 семејства
  • 20.
    РОМСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗАЖЕНИ И МЛАДИ ЛУЛУДИ Ромската асоцијација за жени и мла- ди Лулуди веќе 20 години се бори за правата на жената Ромка во нашата држава. Како одговор на поставена- та цел на асоцијацијата отворен и воспоставен е Советодавен-правен центар при РАЖМ Лулуди наменет за жртви на семејно насилство, дис- криминација и социјално загрозени лица. Во период од една година цен- тарот регистрираше 125 лица кои побарале правен совет. „Во послед- ните месеци од институционалната поддршка на Цивика мобилитас се регистрирани пет жртви на семејно насилство на кои им се дадени по- требни совети, поддршка и помош“, велат од асоцијацијата. Лулуди се вклучува и во интернацио- налната кампања „16 дена активи- зам за борба против родово базира- но насилство“. Повеќе од 50 илјади корисници преку социјалните мрежи се едуцираа за родово базирано на- силство (РБН) преку кампањата под наслов: #ДалиЕоваЗнак. Активно- стите вклучуваа три јавни настани – инфо штандови во Скопје за инфор- мирање на граѓаните за важноста од превенција од РБН, навремено препознавање и реагирање. На јав- ните настани учествуваа околу 150 граѓани кои ја поддржаа кампањата. Истата беше поддржана од страна на Државниот секретар при Минис- терството за правда, пратеничката Љатифа Шиковска, амбасадорката на Обединетото Кралство, и бројни граѓански организации и активисти. Лулуди придонесува и за прошире- на и зајакната неформална мрежа на организации кои заедно рабо- тат на истражување, мониторинг и застапување на правата на жената Ромка. Мрежата вклучува 11 орга- низации и активистки од различни градови од државата. Членките на мрежата спроведоа мониторинг за имплементација на Истанбулската и CEDAW Конвенцијата, со фокус на жената Ромка. 1 јули 2021 г.–31 јули 2022 г. Основан Советодавен- правен центар при РАЖМ Лулуди наменет за жртви на семејно насилство, дискриминација и социјално загрозени лица; 3.803.174 МКД +50.000 лица на социјалните медиуми информирани за родово базирано насилство преку кампањата #ДалиЕоваЗнак; Проширена и зајакната неформална мрежа на организации кои заедно работат на истражување, мониторинг и застапување на правата на жената Ромка.
  • 21.
    ЗДРУЖЕНИЕ МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НАЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗАДРУГИ - МАЗЗ Македонската асоцијација на земјо- делски задруги - МАЗЗ со помош и поддршка на Институционалниот грант од Цивика мобилитас започ- на процес за зголемено учество на жени членки и управители на земјоделски задруги при креирање и донесување на одлуки во органи- зацијата. Ова значи поттикнување и мотивација на женско задругарство во МАЗЗ како и подготовка на Стра- тегија за вмрежување со „женски” организации кои работат во сектор земјоделство, со крајна цел вос- поставување на регионална мрежа на жени – членки на земјоделски за- други. Покрај поддршка и зајакнување на женско задругарство, зајакната е и регионалната соработка со задруж- ните сојузи и етаблирање на МАЗЗ како еден од водечките задружни сојузи на Западен Балкан. Потпи- шани Меморандуми за соработка со Задружни Сојузи од Војводина, Јужна Србија, Република Српска и Грција од што произлегоа 5 заеднички про- ектни апликации. Тоа значи регио- нално поврзување и вмрежување на MAЗЗ со сродни организации од регионот и градење платформи за заеднички акции. МАЗЗ учествуваше во подготовка на седумгодишната Стратегија за развој на земјоделски задруги во Р. Северна Македонија, како единстве- на чадор организација која работи на промоција и унапредување на задружната идеја во државата. На- ционалната Стратегија овозможу- ва развивање на поволна средина погодна за развој и унапредување на домашните земјоделски задруги, зајакнување на постоечките задру- ги и да се претпочита создавање на нови и ефикасни задруги. Исто така, заедно со Министер- ството за земјоделство, шумарство и водостопанство и други сродни организации и проекти беше дел од работната група за изработка на предлог Законот за задруги каде иницираше позитивни промени на законската легислатива во задруж- ниот сектор односно ги идентифи- куваше сите правни акти кои се од- несуваат на функционирањето на земјоделските задруги и сите закони кои ја регулираат работата на земјо- делските задруги. 1 јули 2020 г.–31 јули 2022 г. Започнат процес за зголемено учество на жени членки и управители на земјоделски задруги при на креирање и донесување на одлуки во МАЗЗ 3.446.451 МКД Учество во подготовка на седумгодишната Стратегија за развој на земјоделски задруги во Р.Северна Македонија Заедно со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и други сродни организации и проекти беше дел од работната група за изработка на предлог Законот за задруги
  • 22.
    ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДАВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 30 години борба за поправеден свет за децата, Меѓаши во април 2022г. го прослави триесеттиот роденден по чиј повод презентираше Моно- графија, документарен филм и орга- низираше Гала донаторска аукција со 300 гости кои со својата хуманост помогнаа во одржливост на „Ало Бу- шавко“ линија и платформа за деца и млади. Платформата нуди нов ко- муникациски канал – поддршка на различни теми од интерес за деца- та, младите, но и возрасните каде се понудени објаснувања на некои појави, проблеми, причините зошто се појавуваат како и совети и насоки што би можело да се стори. Во текот на 2021г., заклучно со 20 декември, добиени се вкупно 329 случаи и се остварени 473 разговори. Вкупниот број на деца и млади кои се опфате- ни со случаите изнесува 449. Спо- редбено со минатата година, бројот на случаите е зголемен за над 30%. По иницијатива на Меѓаши се реин- тегрираше и реактивираше Маке- донската национална коалиција за правата на детето, што беше фор- мирана пред повеќе од 10 години. Поводот за ова беше подготовка на третиот Алтернативен извештај на невладините организации за состој- бата со правата на детето во Маке- донија, што Меѓаши го поднесува до Комитетот за правата на детето при ООН. Извештајот е дело на тим од деца, на возраст од 12 до 17 години. Ова е продолжение на практиката што Меѓаши ја започна пред 10 го- дини, кога го поднесе првиот детски извештај до Комитетот за правата на детето при ООН. Првата детска амбасада учествува- ше на повеќе седници на Комисијата за донесување на Закон за правда на децата и во донесувањето на На- ционалната стратегија (2020-2025) и акцискиот план (2020-2025) за борба против насилство врз децата, усвое- на од владата на 3 Јануари 2020. Согласно стратешкиот план 2021- 2025 Меѓаши овозможува простор за учество на децата во прашања кои се од нивен интерес 1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г. 4.499.392 МКД Презентација на монографија и документарен филм „30 години Меѓаши“ Реактивирана е Македонската национална коалиција за правата на детето Учество на седници на Комисијата за донесување на Закон за правда на децата, Националната стратегија (2020-2025) и акцискиот план (2020-2025) за борба против насилство врз децата
  • 23.
    ЗДРУЖЕНИЕ ЗА РАЗВОЈНА МЕДИУМИ ОНЛИМИТ МЕДИА СКОПЈЕ Здружението за развој на медиуми Онлимит Медиа во соработка со неколку невладини организации кои активно дејствуваат во секто- рот медиуми, е еден од инициато- рите за основање на платформата www.promedia.mk. Станува збор за регистар на онлајн медиуми со цел промовирање на етичките и про- фесионални стандарди на онлајн новинарството. „Промедиа направи сериозен чекор кон подигнување на професионалноста на онлајн ме- диумите и го актуелизираше меха- низмот на саморегулација“, велат од Он Лимит. Во платформата до овој момент членуваат 156 медиуми. „Преку средбите со претставници на граѓанскиот сектор се усогласија ста- вовите за напредок и подобрување на положбата на онлајн медиумите за примена на новинарските стан- дарди“, посочуваат од здружението. Остварена беше соработка со Син- дикатот на новинари, ЗНМ и други организации. Целта на соработката е промовирање и подобрување на положбата на онлајн новинарството и правата на новинарите. Во рамки на институционалната поддршка на Цивика мобилитас основана беше билингуална плат- форма „ЗООМ“. Атипичниот билин- гуален пристап на ова платформа се заснова на борбата против ме- диумскиот јазичен паралелизам. „ЗООМ“ ги третира предизвиците со кои се соочува Северна Македонија на патот на реформите и нејзината демократизација и интеграцијата во Европската унија како и при хармо- низација на вредностите и принци- пите. Он Лимит се вклучија и во проект за мониторирање на лажни вести и вести нарачани од политичките центри во државата. Во овој проект здружението ги истражуваше зло- употребите на онлајн медиумски- от просторот за пропаганда, глав- но спонзорирана од политичките партии во Македонија. „Како итни приоритети сеуште остануваат по- дигнување на транспарентноста на онлајн медиумите, препознавање и адресирање на темите од важност за граѓаните како и борба против медиумскиот паралелизам и фено- менот лажни вести поддржан од центрите на моќ“, заклучуваат Он Лимит. 1 јули 2019 г.–30 јуни 2022г. Иницијатор и еден од основачите на платформата www.promedia.mk за промовирање на етичките и професионални стандарди на онлајн новинарството; 4.500.000 МКД Борба против медиумскиот јазичен паралелизам со основање билингуална платформа „ЗООМ“; Учество во проект за мониторирање на лажни вести и вести нарачани од политичките центри во државата.
  • 24.
    ПОЛИО ПЛУС –ДВИЖЕЊЕ ПРОТИВ ХЕНДИКЕП Полио плус организираше серија на активности во насока на зајакну- вање на капацитетите на Интер партиската парламентарна група (ИППГ) за промовирање и унапреду- вање на правата на лицата со хен- дикеп во Северна Македонија. Беа организирани три обуки поврзани со дискриминација по основ на хен- дикеп, а се изработи и Декларација за политичко учество на лицата со хендикеп. Декларацијата имаше за цел Собранието како законодавна власт да посочи на потребата од заштита и унапредување на правата на граѓаните со хендикеп во поли- тичкиот живот на државата. Усвоју- вањето на декларацијата од страна на Собранието е препознаено како напредок за земјава во последни- от извештај на ЕУ за напредокот на РСМ во 2020г. „Низ овие години се посветивме на работа и подигнување на капаците- тите на самите политички партии за поактивно вклучување и учество- то на лицата со хендикеп“, велат од здружението. Беа организирани три тридневни обуки за политички- те партии. Учество земаа вкупно 86 учесници, претставници на 7 поли- тички партии. Обуките беа насочени кон запознавање на учесниците со основите постулати на Конвенција- та на правата на лицата со хендикеп (КПЛХ) и со пристапот за човекови права кон лицата со хендикеп, како и со начините на комуникација и обезбедување пристапност и дос- тапност на нивните. Во 2020 г. беше создадена првата Политичка акаде- мија наменета за лица со хендикеп која обезбеди комбинирано поли- тичко образование и практична обу- ка. Како резултат на застапувањето на локалните избори во 2021 г. беа предложени неколку лица со хенди- кеп на листата на советници во 5 општини од страна на 3 политички партии. За време на пандемијата со КО- ВИД-19 прес конференциите на Вла- дата се одржуваа без толкување на знаковен јазик. Но, на барање на ор- ганизацијата истите беа толкувани и на знаковен јазик. 1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г. 4.499.965 МКД Полио Плус и ИППГ изработија Декларација за политичко учество на лицата со хендикеп усвоена во Собранието на РСМ Организирани три тридневни обуки за политички партии со цел вклучување на лицата со хендикеп во политичкиот живот.Учествуваа 86 лица од 7 партии во Македонија Креирана прва Политичка академија наменета за лица со хендикеп За време на КОВИД-19 прес конференциите на Владата беа толкувани на знаковен јазик
  • 25.
    ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕНА ОПШТЕСТВЕН РАЗВОЈ - РЕСИС Институтот РЕСИС од септември 2019 до јуни 2022 г. ја формира- ше Мрежата од совети на публики (МСП) со која е поттикната соработ- ката меѓу ГО кои ги застапуваат пра- вата на ранливите групи во доменот на медиумските политики и медиум- ските содржини. На Мрежата се при- клучија над 50 ГО на локално ниво кои работат со различни ранливи групи. Во овој период се направи Проценка на искуствата, мислењата и ставовите на членките за оства- рување на комуникациски права на ранливите групи во јавната сфера. Беше изработен и документ за поли- тики што ги идентификува главните пречки за остварување на овие пра- ва, а се одржа и јавна дебата со ме- диумскиот регулатор за начините на унапредување. РЕСИС учествуваше во процеси- те на креирање политики и доне- сување одлуки во медиумите и во јакнење на комуникациските ка- пацитети на државните институ- ции. Институтот спроведе некол- ку истражувања, анализи и други активности со кои придонесе во креирање политики и донесување одлуки во аудиовизуелната област и во јакнење на комуникациските капацитети и соработката на клучни државни институции: Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Државниот завод за ревизија и Собранието на РСМ. За потребите на АВМУ изработени беа 4 студии со кои се идентификуваа нивоата на медиумска писменост кај возрасното население во РСМ, родови прашања во програмите за деца, анализа на онлајн рекламниот пазар и претставување на мажите и жените во спортските програми на националните телевизии. За Држав- ниот завод за ревизија беше изра- ботена Комуникациска стратегија за периодот 2020-2023, а за Собрание- то изработија Процена на комуника- циските процеси и комуникациските практики. Учествуваше во следењето и спро- ведувањето на итните реформски приоритети во медиумската сфера и објави анализи за структурните пречки за развој на слободата на медиумите и плурализмот на меди- умската сопственост во новото ди- гитално опкружување. 1 јули 2019 г.–30 јуни 2022 г. Формирана Мрежа од совети на публики во која членуваат повеќе од 50 ГО 3.632.400 МКД Мрежата поттикна соработка меѓу ГО кои ги застапуваат правата на ранливите групи во доменот на медиумските политики и медиумските содржини Активно учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во медиумската област и во јакнење на комуникациските капацитети на државните институции
  • 26.
    РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА Ковид 19предизвика огромни еко- номски загуби кај жените во ру- ралните средини. Поаѓајќи од оваа состојба Рурална Коалиција (РК) во директна соработка со жените од руралните средини го создаде пр- виот женски рурален е-пазар „Наша тезга“. Пазарот е единствен од ва- ков вид во нашата земја, каде што се промовираат и може да се купат све- жи и преработени производи од над 130 жени од руралните средини од целата територија на нашата земја. РК преку членство во работната гру- па за родова еднаквост и економско јакнење на жените од руралните средини формирана во Министер- ството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) заедно со академската заедница, земјоделките и граѓанските организации успеа да учествува во подготовката на пр- вата мерка за директна финансиска поддршка на жените – носителки на земјоделски стопанства во рурални- те средини. „Преку застапување на нашата иницијатива се овозможи креирање на мерка која што им дава грант на жените во руралните сре- дини во износ од 3.000 евра“, велат од коалицијата. Во 2021г. 250 жени потпишаа договори со Агенцијата за финансиска поддршка во земјо- делството и руралниот развој за ко- ристење на средства. РК учествуваше во процесот на под- готовка на Националниот акциски план за Отворено Владино Парт- нерство 2021-2023 каде преку ди- ректна комуникација со Министер- ство за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство и Министерството за локална самоуправа успеа да усогла- си 3 заложби на чија реализација ќе работи до 2023 година. Заложбите на кои што ќе се работи се зголему- вање на достапноста на е-услугите кои ги нудат општините на uslugi. gov.mk и прикачување на каталог на услуги на МЗШВ и зајакнување на свеста кај земјоделците за при- мена на Добра земјоделска пракса и справување со климатските про- мени. 1 јули 2020 г.–30 јуни 2022 г. 3.528.992 МКД Креиран е првиот женски рурален е-пазар “Наша тезга“ во кој свои тезги имаат 130 жени од нашата земја Креирана и имплементирана првата мерка за финансиска поддршка на жени од рурални средини 250 жени од руралните средини добија финансиска поддршка,грант од 3.000 евра Три заложби на РК станаа дел од Националниот акциски план за Отворено Владино Партнерство 2021-2023
  • 27.
    СОВЕТ ЗА ЕТИКАВО МЕДИУМИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го формираше Регистарот на професионални он- лајн медиуми, www.promedia.mk, кој овозможи зголемена вклученост на онлајн медиумите во процесот на саморегулација, каде во момен- тов членуваат 156 медиуми. Во Из- вештајот на Репортери без грани- ци за слободата на медиумите во РСМ од 2020 година, како успех во полето на медиумите се посочува и креирањето на Регистарот. „Ова придонесе РСМ за една година да се искачи три места погоре на листата на слобода медиумите за 2020г., од- носно од 95-то претходната година земјата беше рангирана на 92-то место, од вкупно 180 држави и те- ритории колку што се опфатени со анализата“, велат од СЕММ. Во период од три години се работе- ше и на надградба на етичката рам- ка за професионално известување во медиумите, со што се поддржа не само континуираното ефикасно функционирање на Комисијата за жалби, туку се придонесе и во про- фесионализација на медиумското известување. За случаи на непро- фесионално известување, како и за појава на говор на омраза, прет- ставници на институциите, владини претставници и политички субјекти во континуитет се консултираат со СЕММ. Насоки за етичко известу- вање во онлајн медиумите, препо- раки за етичко известување за деца и млади, насоки за инклузивно ме- диумско известување за Ковид-19, упатсво за известување од воени конфликти и насоки за безбедно и професионално известување за ко- рона вирусот се дел од резултатите кои ги постигна СЕММ. Активното вмрежување и учество на Советот во иницијативите за афир- мација на медиумската писменост, како со граѓанскиот сектор, така и со регулаторот - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, придонесе во засилување на залож- бите за афирмација на медиумската писменост во образовниот систем во државата. СЕММ во континуитет активно учествува во организација на Деновите на медиумска писме- ност. 1 јули 2019 г.–30 септември 2022 г. Формирање на Регистарот на професионални онлајн медиуми,www.promedia.mk 4.464.407 МКД Надградба на етичката рамка за професионално известување во медиумите Активното вмрежување и учество на СЕММ во иницијативите за афирмација на медиумската писменост
  • 28.
    ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗАИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО СКУП-МАКЕДОНИЈА Во рамките на институционалниот грант на Цивика мобилитас, Цента- рот за истражувачко новинарство – СКУП беше дел од регионалниот проект „Робин Худ“. Станува збор за документарци со кои се укажува на системските слабости во државава на теми кои се заеднички за луѓето од регионот. Беа реализирани шест документарци: „Ковид 19 – мерки и вакцинација“, „Свиркачи“, „Загаду- вање на воздухот“, „Напади врз но- винари“, „Растот на цените и живот- ниот стандард“ и „Фемицид“. Преку овој проект се реализираше сора- ботка со организации и медиуми од Србија, Косово, Босна и Херцего- вина, а документарците беа емиту- вани на јавните сервиси или други медиуми во споменатите земји, со што опсегот на делување беше про- ширен и регионално. Покрај регио- налните соработки, во Македонија воспоставија и ја продлабочија со- работката со националниот јавен сервис – Македонската радио теле- визија и приватната ТВ 21. „Проду- ктите кои ние ги реализиравме во последниве две години беа емиту- вани на Македонската телевизија и на ТВ 21 со што сметаме дека успе- авме да ја зголемиме видливоста на нашата работа, како и видливоста на донаторите кои не поддржуваат за различни проектни активности“, велат од СКУП. Во мај 2022 година организираа ед- нодневна панел дискусија со која го одбележаа Меѓународниот ден на свиркачите. Панелот беше подржан од Европскиот центар за заштита на свиркачите и невладината Центар за демократија од Албанија. „Во рамки- те на целодневната панел-дискусија, имавме уникатна можност да слуш- неме несекојдневни доживувања на свиркачите, нивните потешкотии и проблеми со институциите, како и недоволната заштита од страна на државата. Со тоа успеавме да ја ани- мираме јавноста и медиумите по- веќе да се зборува на оваа тема во општеството. По одржувањето на еднодневната панел-дискусија која ја пренесоа повеќе медиуми, нови- нарите продолжија и понатаму да истражуваат и да пишуваат на оваа тема-заштита на свиркачите“, велат од СКУП. 1 јули 2020 г.–30 јуни 2021 г. 3.966.160 МКД Учество во регионалниот проект„Робин Худ“и изработка на шест документарци со кои се укажува на системските слабости во Македонија Регионални соработки со организации во Србија, Косово,Албанија и Босна и Херцеговина Започната соработката со националниот јавен сервис – Македонската радио телевизија и приватната ТВ 21
  • 29.
    СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНТИВАПРОТИВ МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА – СППМД, КАВАДАРЦИ Советот за превентива против ма- лолетничка деликвенција (СППМД) изработи Национална стратегија за превенција и правда за децата 2022-2027 која ќе обезбеди трајни подобрувања во системот за правда за децата во Северна Македонија. „Националната Стратегија поаѓа од тековната положба на децата во контакт/судир со законот и предла- га сеопфатна и прагматична про- грама на активности кои треба да обезбедат постепено остварување позитивна промена за овие деца“, велат од СППМ. Во согласност со ова, подготвен е и Акциски план за нејзино спроведување во периодот септември 2022 - декември 2023 го- дина. Двата документи се усвоени и донесени од страна на Државниот совет за превенција од детско прес- тапништво. СППМД во соработка со ЗГ Креатив е координатор на Младинскиот цен- тар во Кавадарци кој е првиот пи- лот - Младински центар отворен во Република Северна Македонија во согласност со Законот за Млади. Ко- ординирањето на работата на цен- тарот го обезбедуваат двајца обуче- ни и искусни младински работници, а во неговото работење се вклучени уште десетина активни волонтери на двете организации. Центарот ра- боти секој ден и брои повеќе од 600 редовни членови на возраст од 15 до 35 години. По иницијатива на СППМД и директ- на поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, а во соработка со Воспитно-Поправниот Дом Те- тово и Министерството за правда развиени се следните документи и алатки: Куќен ред за децата кои издр- жуваат воспитна мерка - упатување во воспитно поправен дом во Ре- публика Северна Македонија, Упат- ство за дисциплинска одговорност, Упатство за постапување во случај на сторена дисциплинска повреда и издвојување во посебни соби за деца, Протокол за пристигнување и прием на детето во ВПД Тетово, Протокол за престој на детето во приемното одделение и Протокол за отпуштање на децата од домот. 1 јули 2020 г.–30 септември 2022 г. Изработена Национална стратегија за превенција и правда за децата 2022- 2027 која обезбедува трајни подобрувања во системот за правда за децата во Северна Македонија 3.978.500 МКД СППМД во соработка со ЗГ Креатив е координатор на Младинскиот центар во Кавадарци кој е првиот пилот - Младински центар отворен во Република Северна Македонија Сите вработени во Воспитно- Поправниот Дом Тетово се обучени за редовно користење на новите документи и алатки
  • 30.
    ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ВИЛАЗОРА ВЕЛЕС „Во светот во кој живееме, многу е важно да преземеме максимални чекори за да го вратиме нашиот еко-систем. Расадниците помагаат да се осигура дека постои конзистен- тен метод за зачувување и промови- рање на зелениот живот“, велат од Вила Зора. Водени од овој порив, со поддршка на Цивика мобилитас, креираа расадник за зимзелени др- вја со посадени околу 800 садници кој во иднина ќе користи како тре- нинг центар за младите генерации и еко активисти. Но, нивната еко борба не застана тука. Во период од три години беа спроведени бројни акции за соби- рање и селектирање ПЕТ амбалажа во соработка со сите основни учи- лишта во општина Велес. Во цело- купното траење на акциите беа со- брани околу 5.000кг пластика која се рециклираше, со што се намали от- падот во општината, а со помош на најмалите се поткрена јавната свест. Со рециклирањето се намалуваат количините на пластика на депони- ите, емитувањето на стакленички гасови и загадувањето на почвата, подземните води и загадувањето на воздухот. Еколошкото друштво креираше Стратегија за деконтаминација на почва од тешки метали, со јасно одредени начини за финансирање на активностите од страна на ре- левантните институции. Драфт вер- зијата на Стратегијата е креирана со помош на формирано меѓу-сек- торско тело, сочинето од експерти и граѓански организации кои работат во областа. „Целта е оваа стратегија да биде усвоена и да се употреби како дел од донесувањето на зако- нот за почви“, велат од здружението. Стратегија за развој на граѓанскиот сектор е креирана со помош на екс- перт и голем број на граѓански ло- кални организации. „Со ова сакаме да го зголемиме вклучувањето на граѓанските организации на локал- но ниво во креирањето на политики и донесувањето на одлуки“, додава- ат тие. И двете Стратегии се дистри- буирани и презентирани пред сове- тот на Општина Велес. 1 јули 2019 г.–31 јули 2022 г. 4.484.235 МКД Креиран расадник на зимзелени дрвја со посадени 800 садници 5.000кг собрана,селектирана и рециклирана ПЕТ амбалажа во општина Велес Креирање Стратегија за деконтаминација на почва од тешки метали и за развој на граѓанскиот сектор на оваа тема
  • 31.
    ЗАЕДНО ПОСИЛНИ „Обезбедувајќи техничкаподдршка за Националната комисија за ХИВ, придонесовме да се одразат ста- вовите на пациентите со ХИВ, на заедниците засегнати од ХИВ и ре- левантни граѓански организации во насочувањето на националниот одговор кон ХИВ“, велат од Заед- но посилни. Граѓанската организа- ција учествуваше во развивање на две национални упатства со кои се предвидува во земјава да се воведат нови услуги како дел од сеопфатен пакет за превенција на ХИВ за сите граѓани што се изложени на ризик. Во 2020 и 2021г. Заедно посилни во консултација со Министерството за здравство и граѓанските органи- зации развија предлог за измени и дополнувања на Законот за здрав- ствената заштита со кој за прв пат се регулира механизмот на социјал- ни договори во областа на јавното здравје и здравствената заштита. „Со него за прв пат се предвидува и законска основа за здруженија да даваат одредени услуги од здрав- ствената дејност. Предлог-измени- те и дополнувањата беа усвоени од Владата на Република Северна Ма- кедонија во ноември 2021 г., по што влегоа во собраниска процедура“, посочуваат од здружението. Усвоју- вањето ќе осигура одржливост на пакет услуги од областа на јавното здравје за маргинализирани групи и ќе отвори можност за финансирање и на други услуги во областа на јав- ното здравје што би ги испорачува- ле граѓански организации. Врз основа на дебата во Национал- ната комисија за ХИВ, иницирана од Заедно посилни, за потребата да се зголеми буџетот на национал- ната програма за ХИВ, како и преку другите активности за застапување беше постигнато значително зголе- мување на буџетот на Програмата за 2022 година – во висина од око- лу 40% во однос на 2021г. Благода- рение на ова, лекувањето на паци- ентите со ХИВ ќе биде унапредено преку зголемување на застапеноста на поквалитетни опции за терапија и напуштање на постари лекови, кои веќе не се препорачани. 1 јули 2020 г.–30 септември 2022 г. Развивање на две национални упатства за воведување нови услуги како дел од сеопфатен пакет за превенција на ХИВ 3.920.302 МКД Учество во консултации со Министерството за здравство и ГО за предлог измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита на лицата со ХИВ Иницијатива за дебата во Националната комисија за ХИВ и зголемување на.буџетот на националната програма за ХИВ
  • 32.
    ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЛОКАЛЕНИ РУРАЛЕН РАЗВОЈ - ТЕТОВО Природните ресурси на кои се пот- пираат жените и младите од Мав- рово и Ростуше се менуваат, па- зарите и економските процеси се менуваат, информациите брзо се шират и институционалната среди- на е сѐ помалку стабилна. Креирана- та Стратегијата за промовирање на можностите од одржливо собирање на медицински и ароматични расте- нија во овој контекст е предуслов и инструмент на ефективно учество на собирачите: формулирање ви- зија, мисија, стратешки цели, пре- говарање, развивање и спроведу- вање на планови кои ги засегаат секој поединечно. Оваа стратегија е основа за воспоставување на ко- муникација помеѓу Националниот парк Маврово и собирачите и слу- жи за размена на информации, вос- поставувајќи консензус помеѓу раз- лични мислења и интереси. Активностите за подготовка на Стра- тегијата за соработка на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа на Маврово и Ростуше беа со фокус на подигнување на свеста на граѓан- ското општество и локалните невла- дини организации за потребите на локалното население. Креирањето на стратегијата овозможи формули- рање и промовирање на проекти за рурален развој и поддршка на тековните теренски активности и поттикнување на меѓусекторска со- работка и партнерства со локалната самоуправа, националниот Парк и граѓанскиот сектор. Во рамки на зголемувањето на сора- ботката помеѓу локалната самоупра- ва Маврово и Ростуше и локалното население ЗЛРР спроведе анали- за за инвестирањето во локални- от амбиент со фокус на руралниот развој. Резултатите покажаа дека создавањето на услови за развој на локалните заедници, особено во руралните области, бара имплемен- тација на (про)развојни инвестици- ски проекти. Анализата на инвести- рањето во локалниот амбиент од страна на општината отвора мож- ност за нова соработка и развој на идејни инвестициски решенија за локалното население. 1 јули 2020 г.–30 јуни 2022 г. 3.856.708 МКД Креирана Стратегијата за промовирање на можностите од одржливо собирање на медицински и ароматични растенија Подготовка на Стратегијата за соработка на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа на Маврово и Ростуше Анализа за инвестирањето на општината во локалниот амбиент со фокус на руралниот и одржлив развој
  • 33.
    СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА Завреме на Ковид19 пандемијата, во периодот со строги рестрикции за групирање, Специјална олимпија- да Македонија (СОМ) сними и еми- тува видео серијал на тренинзи за лицата со попреченост од 21 епизо- да „Остануваме шампиони“. Во ви- деата учествуваа тренери и атлети, а два пати неделно се емитуваа во утринската програма на МТВ, „Ма- кедонија наутро“. „Целта на видеата беше да се поттикнат на физичка ак- тивност лицата со посебни потреби, кои и онака поради нивните поп- речености најчесто се чувствуваат изолирани, а пандемијата ја засили таа состојба“, велат од СОМ. За да можат соодветно да ги реализира- ат домашните тренинзи на атлети- те на СОМ од Скопје и Тетово и им беа поделени 70 комплети со рек- визити за вежбање по дома. Видеа- та се поставени и на Јутјуб каналот на Специјална олимпијада за сите кои имаат потреба од мотирички и рекреативни активности за лица со попречености. СОМ потпиша меморандум за сора- ботка со Општина Тетово за корис- тење бесплатни сали за спортување и логистичка поддршка за партнер- ската организација „Active life“ – „Ак- тивен живот“ која на територија на Тетово овозможува бесплатни услу- ги за спорт и рекреација на лицата со попреченост. „Со воспоставу- вање на оваа директна комуника- ција и поддршка се овозможи кон- тинуитет на тренинзи за атлетите на Специјална олимпијада и нивен по- стојан развој“, велат од СОМ. Вкупно се активни 30 атлети со интелекту- ална попреченост и 10 тренери кои работат со нив. СОМ од септември 2020 година со Европската недела на спортот (БИ АКТИВ) започна постојана соработ- ка со Агенцијата за млади и спорт во реализирање на годишните спорт- ски програми: Европска кошаркар- ска недела и Европска фудбалска недела. Со нивна логистичка под- дршка, во обезбедување на простор за настани, досега се реализирани две фудбалски недели во септем- ври 2021г. и мај 2022г., како и една кошаркарска недела во декември 2021г. 1 јули 2020 г.–31 август 2022 г. Снимени и емитувани 21 епизода од серијалот „Остануваме шампиони“ со тренинзи за лицата со попреченост 3.892.055 МКД Поделени 70 комплети со реквизити за вежбање по дома за атлетите на Специјална олимпијада од Скопје и Тетово 30 лица со попреченост од Тетово добија бесплатни услуги за спорт и рекреација
  • 34.
    „Цивика мобилитас епрограма на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Дан- ска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Швед- ска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.