2. Карактеристики на пазарот на трудот во Република Македонија:
Ниска стапка на активност
Релативно ниска стапка на вработеност
Долгорочна невработеност
Слаба мобилност и флексибилност на пазарот на трудот
Ниска квалификациона структура на невработените, недостаток на работно искуство и
вештини
Несовпаѓање меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот
3. Задачи
• Обезбедување ефикасни, ефективни и навремени услуги за невработените лица и за
работодавачите
• Постојан развој и имплементација на активни програми и мерки за вработување
• Поддршка при креирањето на нови работни места
• Поддршка при вработување на ранливите категории невработени лица
• Инвестирање во човечките ресурси преку подобра едукација и стручна обука
4. Постојат 2 вида програми и мерки за вработување:
1. водат директно кон вработување
(самовработување, субвенции, обуки за познат работодавач,...)
2. ја зголемуваат вработливоста
(обуки за општи вештини, обуки за дефицитарни занимања, практикантство,….)
Проект за самовработување со кредитирање
Активни програми и мерки за вработување
5. РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Цел: Поддршка на невработените лица во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка
(неформална) дејност и создавање дополнителни вработувања
Опфат: 1176 невработени лица за 2018 година
Имплементација:
- Јавен повик до невработените лица
- Пријава и пополнување на прашалник
- Обука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“
- Изработка на бизнис план со советодавна поддршка
- Селекција на најуспешни бизнис планови
- Регистрација на фирма и вработување
- Дополнително вработување
- Набавка на нова опрема и материјали за основање и започнување на бизнис во висина од 246.000,00 до
307.500,00 денари или до 615.000,00 денари доколку се основа правен субјект од два содружника
- Менторска поддршка во период од 12 месеци од основањето на бизнисот (или вкупно 120 часа менторство)
ќе се обезбеди за млади лица, Роми, инвалидни лица, правни субјекти основани од два содружника, жени
од ранливи категории
Програма за самовработување
6. РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Постигнати резултати во изминатите години:
Програма за самовработување
Година жени мажи вкупно % жени
2007 142 417 559 25.40%
2008 238 404 642 37.07%
2009 319 585 904 35.29%
2010 343 607 950 36.11%
2011 334 616 950 35.16%
2012 329 571 900 36.56%
2013 306 624 930 32.90%
2014 338 602 940 35.96%
2015 333 613 946 35.20%
2016 427 582 1009 42.32%
2017 406 682 1088 37.32%
Вкупно 3581 6402 9983 35.87%
7. Цел: Да се зголеми пристапот и учеството на лицата со попреченост и да се зголемат можностите на пазарот на
трудот за нивно вработување
Опфат: 150 невработени лица, од кои 50 инвалидни лица и 100 дополнително вработени лица во новооснованите
бизниси
Имплементација:
- Обука за “меки” вештини;
- Обука за претприемништво и бизнис планирање
- Менторство и стручна поддршка во текот на програмата и по регистрација на бизнисот
- Регистрација на правен субјект во Централен регистар на РМ и самовработување
- Грант во опрема и/или материјали во износ од 270.000,00 денари
- Можност за дополнителен грант за дополнително вработување од 92.000,00 денари по лице
- Можност да користат бенифиции од Посебниот фонд согласно Законот за вработување на инвалидни лица
Програма за самовработување на лица со инвалидност (2016-2017)
8. РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Постигнати резултати:
Вкупно жени мажи
2016 116 32 84
2017 45 16 29
Вкупно 161 48 113
Програма за самовработување на лица со инвалидност (2016-2017)
9. Цел: Поддршка на невработени млади лица до 29 годишна возраст во основање сопствена фирма,
формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања во
дејностите информациски и комуникациски технологии (ИКТ), производство, туризам и органско земјоделие
Опфат: 196 невработени лица, од кои 50 инвалидни лица и 100 дополнително вработени лица во
новооснованите бизниси
Програмата вклучува:
- обука за претприемништво,
- помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање на дејност,
- грантови во форма на опрема и/или материјали во висина од 307.500,00 денари,
- 137.940,00 денари за дополнителна советодавна услуга, регистрација и други услуги испорачани во
период од 2 години по регистрација на фирмата,
- Дополнителен грант за вработување на едно лице на возраст над 29 години во износ од 92.000,00 денари,
односно 153.750,00 денари за лице до 29 годишна возраст,
- менторска поддршка во времетраење од 2 години по регистрацијата на бизнисот,
- советодавни услуги од експерти специјализирани во клучни менаџмент области.
Старт–ап бизниси за млади (2017 година)
11. Проект за Самовработување со кредитирање
Цел: На заинтересираните невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да
го легализираат својот неформален бизнис да им се овозможи поволен кредит, со што ќе се
отворат нови работни места заради самовработување.
• За дејности од помал обем се доделуваат по 3.000 евра (во денарска противвредност), за
секое новоотворено работно место, при што се финансираат проекти со најмногу 3
работни места, односно до 9.000 евра (во денарска противвредност).
• За дејности од поголем обем за кредитобарателот се доделуваат по 5.000 евра (во
денарска противвредност), а за секое новоотворено работно место по 3.000 евра при
што се финансираат проекти со најмногу 5 работни места односно до 17.000 евра (во
денарска противвредност).
• Каматна стапка - 1% на годишно ниво;
• Рок на враќање на средствата
- 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит до 9.000 евра,
- 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит над 9.000 евра
12. Самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години
Цел: Поголемо учество и опфат на поголем број млади невработени лица до 29 години за
започнување на сопствен бизнис
• за кредитобарателот - 7000 евра (во денарска противвредност)
• за секое новоотворено работно место 4000 евра (во денарска противвредност)
• може да се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23000 евра
• каматна стапка - 1% на годишно ниво,
• рок на враќање - 7 години со вклучен грејс период од 18 месеци