Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...
Изучување тригонометриски функции со Геогебра
1. Изучување некои својства на тригонометриски функции со помош на Геогебра М-р Зоран Трифунов Проф. д-р. Линда Стојановска Learning Trigonometric Functions Using GeoGebra
2. Цел Цел на оваа презентација е да покажеме: Како може на едноставен начин учениците да изработат динамички цртеж во Геогебра, Како да го искористат истиот за проширување и утврдување на своето знаење. 2
3. За Гимназијата „Кочо Рацин“ -Велес 890 ученика – 1000 компјутерски места, Модерно опремени училници, поврзани компјутери во мрежа и интернет врска, Инсталирани 46 апликации, кои се користат во наставниот процес, Секој наставник има сопствен лаптоп, Во РМ соодносот 1,4 : 1 ученик - компјутер 3
5. Својства на тригонометриски функции Дефиниција: Кружница со центар во координатен почеток О и радиус r=1, ја викаме тригонометриска кружница. Дефиниција: Агол е во стандардна положба ако неговото теме е во координатниот почеток О на правоаголниот координатен систем, а почетниот крак се поклопува со позитивниот крак на x-оската. 5 Геогебра
6. Својства на тригонометриски функции Дефиниција: Синусот на произволен агол во стандардна положба е еднаков на ординатата на пресечната точка М на крајниот крак на аголот со тригонометриската кружница 6 Геогебра
7. Својства на тригонометриски функции Дефиниција: Косинусот на произволен агол во стандардна положба е еднаква на апсцисата на пресечната точка М на крајниот крак на аголот со тригонометриската кружница. 7 Геогебра
8. Својства на тригонометриски функции Дефиниција: Тангенсна оска tја нарекуваме тангентата на тригонометриската кружница во точката А(1,0), чија насока е еднаква со насоката на Oy – оската. Нека: OMt=Mt Тангенс на аголот е еднаков на ординатата Y на точката Mt (1,Y). 8 Геогебра
9. Својства на тригонометриски функции Дефиниција: Котангенсна оска ја нарекуваме оската cшто ја допира тригонометриската кружница во точката B(0,1) и има иста насока со апсцисната оска. Нека OMc=Mc Котангенс на аголот е еднаков на апсцисата X на точката Mc (X,1) 9 Геогебра
16. Анкета Дали си користел геогебра во училиште? Да 100% Дали си користел геогебра во домот? Да 70%, понекогаш 20%, никогаш 10% Со користење на геогебра во наставата по математика, полесно се совладуваат наставните содржини? Да 73%, понекогаш 17%, нема одговор 10% Си ја користел ли геогебрата при решавање на некои проблеми од другите науки. Да 20%, понекогаш 13% никогаш 67% 16
17. Анкета Што можеш да кажеш за геогебра?(опиши ја со неколку зборови) Некои одговори: Интересна, забавна, едноставна, најдобра. Програма за совладување на геометриските проблеми. Најлесен начин за совладување на некои од наставните содржини. 17 Геогебра
18. Анкета (прод.) Што можеш да кажеш за геогебра?(опиши ја со неколку зборови) Некои одговори: Добра замена за цртање во тетратка. Едноставна, лесна. Едукативна, корисна и лесна. Најбрз и најлесен начин за цртање и изучување на графиците на функциите. Сликовито објаснета теоријата. 18 Геогебра