SlideShare a Scribd company logo
1 of 69
1
2
Ивона Дамеска ~ Ида
Душата на дланка
3
Предговор
Драги мои, со огромно задоволство, сакам да Ви се обратам
за да Ви соопштам дека трудот секогаш се исплатува, бидејќи по
три години “ДУШАТА НА ДЛАНКА”, конечно се појави.
Во овој светол час, тврдам дека го открив грнето на среќата,
што беше сум го заборавила, затрупано меѓу најразлични невкусни
случки кои се вдомиле длабоко во мене.
Нема многу да зборувам, бидејќи си ветив дека отсега само ќе
славам и на животните успеси несебично ќе им се радувам ... И,
како по навика, ги слушам внатрешните гнили, распаднати гласови
како немоќно се кикотат: ”Ха, ха, ха, кои се твоите успеси!?“ –
зајадливо и со подсмев упорно се обидуваат, но не успеваат да ми
ја симнат насмевката.
Не дека сакам ним да им одговорам, но пред сите Вас гордо
сакам да се дообјаснам. Да! - јас успеа, благодарение на
родителите и пријателите кои давајќи ми целосна поддршка,
чекореа со мене по патот кој водеше до успехот. Тие со кои и во
добро и во зло секогаш сум заедно.
Во овие среќни моменти кога на сите лицата ни се оросени со
солзи радосници, ќе си приспомнам и за моите најмили ... моите
Ангели, кои иако физички се отсутни, сепак, јас ја чувствувам
нивната близина, присуството сега и тука.
Знам, прв е Бог, а Тоше и Роберт седнати до него, ми
ракоплескаат за успешната приказна во која по игра на судбината и
тие станаа дел од неа..
Радувајте се Ангели, Вашата мисија се исполни !
Бог ме послуша, преку Вас ме услиша !
Небото спонтано ми го испрати човекот што животот ми го
промени !
Никогаш досега не сум запознала повеликодушен човек, кој
искрено ќе те сослуша и ќе те разбере, зашто сите ние сме луѓе, но
да бидеш човек е титула која треба да умееш да ја носиш.
Мило ми е што неочекувано најпрекрасните работи ми се
случија под закрила на личноста која со широкоградо срце ги
4
отвори портите од моите дамнешни скриени сништа, докажувајќи ми
дека вредам и дека никогаш не треба да престанам да се борам.
И милион пати да му се заблагодарам, знам дека нему не ќе
можам да му се оддолжам, па затоа само ќе кажам дека :
“ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ ЌЕ СЕ ПАМЕТИ, СЕ
ДОДЕКА ЖИВОТОТ ВО МЕНЕ ПОСТОИ !”
Ве сака, Вашата Ида !
5
... Оваа книга им ја посветувам на трите најдрагоцени
личности во мојот живот:
Мајка ми, Добрата Вила која како сонце грее и секогаш е до мене.
Двајцата АНГЕЛИ кои, за жал, повеќе не се покрај мене, но јас знам
дека се секогаш со мене:
Тоше, мојата Вечна Илузија ... Се што не успеав да ти кажам, во
книгава ти напишав.
Роберт, Најубавиот Гулаб од детството.
6
ТВОРБИ ВО ПРОЗА
7
Ивона Дамеска ~ Ида
Писмо до Ангелот
По три години откако си отиде, еве и јас собрав сили да ти
напишам писмо за да ти кажам како се чувствувам.
Пред три години на овој датум сите бевме во шок и неверување од
веста што како ехо одекна и го замрачи целиот Балкан. И додека
плачевме и му се лутевме на Бога затоа што те зеде со себе, надвор
блесна сонце. Небото се радуваше бидејќи во неговиот бескрај ќе лета
уште еден Ангел.
Луѓето те нарекуваа човек со Ангелски лик, но ...
АНГЕЛИТЕ, се на небото. Твојот мил и убав лик, заедно со твоите раце
кои постојано се ширеа некого да прегрнат, како крилја одлетаа кон
небото.
Велеа дека си ...
ЅВЕЗДА, всушност, мислејќи на твојата блескава насмевка, која сега
одозгора сјае и нѝ ги топли срцата.
Рекоа дека си ...
ИКОНА, која денес како слика стои во сите наши домови. Убаво е кога
знаеш дека откако ќе заспиеш има некој кој што ќе те штити и чува.
Затоа немам право да му се лутам на Бога.
Животот, велат, бил суров учител, прво го давал тестот, а потоа
лекцијата. Жал ми е што тестот беше токму ти, а лекцијата некој
подобро, некои полошо ја научивме, но мило ми е што сите запомнавме
дека треба да си помагаме, да се сакаме и да му се радуваме на
животот.
Еднаш ти рече дека ќе пееш па дури и да остане само еден што ќе
ја слуша твојата музика. Пеј, Тоше, пеј, затоа што јас ќе бидам таа што
секогаш ќе ги слуша твоите песни.
Ако некогаш посакаш да ги прочиташ моиве зборови и слеташ на
овој стол, знај дека овие зборови се откорнати од најдлабоките делови
на моето срце со искрена и чиста душа.
8
Ивона Дамеска ~ Ида
Зошто отиде ?
НЕМИР, ... и сенка од пурпурна светлина која надоаѓа од
бакарната МЕСЕЧИНА, осветлувајќи ги ѕидовите со гоблени од
вештачка лага зашиени, во оваа СОБА ЗА ТАГА.
Настани, случки и спомени заглибани, врз везот исшнирано
ПОЛСКО ЦВЕЌЕ развиорено, со величествени листови во
раскошни вишна-тонови.
Ти си ДАЛЕКУ ОД МЕНЕ, но те чувствувам толку блиску до
себе, не можам да ти речам ПУШТИ МЕ, ајде се изморив веќе, не
задушувај ме повеќе. Не ми е важно што ми зборуваат другите,
остави ги, нека им се отворат РАНИ НА УСНИТЕ. Тие не знаат
колку боли разделбата што две души двои, бесцелно брборат,
ЛОШО ТИ СТОИ солзата во очите твои.
КАЗНА МОЈА СИ ТИ !, ме СЛУШАШ ЛИ !?, уживам во
пресудата која ми ја додели.
ЅВЕЗДО СЕВЕРНИЦЕ блескај на небото како жар, ти си ми
најубавиот дар од ВЕЧНИОТ КРАЛ. ОСТАНИ ДО КРАЈ со СИНОТ
БОЖЈИ во небесниот РАЈ.
Верувај, ЗА ОВОЈ СВЕТ не вреди да се коцкаш на РУСКИ
РУЛЕТ, зашто злобните итровито ќе те изиграат, токму тогаш кога
ти останала УШТЕ ЕДНА СКАЛА до моралната победа.
Ноќва прилега на свеќа што догорува и полека се топи и
согорува ...
... Во светилникот што се гаси ДУША ОСТАНА, како аманет
изгрејсонцето да го краси.
9
Ивона Дамеска ~ Ида
Копнеж
Ноќта тивко се спушта на мојот прозорец, везејќи превез од
блескава ткаенина.
Додека сите се потонати во најсладок сон, јас како месечар во
собата прекриена од темнината, единствено другарувам со тишината.
Мрак, несоница, тишина и знам, оваа ноќ е како создадена за
разголување на душата.
Ти спиеш на облак покриен со ѕвездена покривка, а во мојата
глава повторно се шета истото прашање кое не ми дава мир, како да не
знае за време и оваа ноќ како со најостро ноже ми ги пара мислите и ме
остава без сон.
За миг ме обзема среќа помислувајќи на убавите денови поминати
заедно, тогаш кога живеев само за да го слушнам гласот на СЛАВЕЈОТ
и да ја видам најубавата насмевка на твоето лице.
Обземена од чувствата кои не можам да ги погазам збунето се
прашувам : ЗОШТО ЗАМИНА БЕЗ ЗБОР И МЕ ОСТАВИ ВЕЧНО ДА
КОПНЕАМ ПО ТВОИТЕ СЈАЈНИ ОЧИ !?
Копнежот како факел со најсилен оган излета од градиве и
правејќи трага се вивна во небото таму каде што си ти. Сега сум
спокојна бидејќи знам дека ти ги имаш конците и ме држиш доволно
високо за да не паднам во канџите на бездната, но и доволно ниско за
да не можам да одлетам, бидејќи не можам да летам, затоа што немам
крилја како твоите, така што повторно би се нашла во безмилосното
пространство.
Барајќи зборови со кои ќе ја разјаснам енигмата на ова прашање,
не ни забележав дека веќе зората почнала нежно да го милува утрото.
10
Ивона Дамеска ~ Ида
Илузијата на заливот во душата
Монсунските ветрови кои дивееја по кревките врвови од
кршливите вериги, вкопани во темелот на крвта, со години и се
насладуваа на сржта.
Но, денес веќе не е така !
По илјадници минати сенилни минути, денеска во твоето
отсуство, го одгатнав моето присуство .
Зар тоа не е чудесно ?!
Бунарот од солзи во кој ги натопуваше своите ѕвездени очи,
во твоите раце се излеа и пресуши, обликувајќи го океанот од
бисерни школки, кој се виори во моите духовни одаи.
Таму, во дамарите на ова величествено здание, со жиците од
двожична гитара се расплетува приказната за бајковидната сказна.
И после сѐ, ти си силна недоречена емоција која болскоти како
огнена секавица, што ја разорува едноличната темнина.
Опкружена со крепоста на заливот во душава, кришум како
пират ќе се нурнам во илузијата на мистичните нешта.
11
Ивона Дамеска ~ Ида
Ангел Чувар
Врнежлива мајска ноќ. Дождот неуморно ги мие прозорците од
калта, која беше се надвиснала над нив, наликувајќи на `рѓа која се
раствара во милиони неспокојни солзи, кои како тажни капки паѓаат на
расплаканите улици.
Седев во собата потоната во мрак и темнина, чекајќи
грмотевиците кои одекнуваа наоколу и ми ги параа ушите, што поскоро
да стивнат, а дождот кој непрестајно тропаше по лимените олуци, се
чинеше како неканет гостин во овој мрачен дом.
Очајно лутајќи го погледот на сите страни како трагач по утеха, за
миг на ѕидот ненадејно го здогледав твојот лик. Во моментот кога моите
неспокојни очи ненадејно го здогледаа твојот спокоен поглед, чинам
дека во мојата душа удри молња, која ја растера бурата и донесе
блескаво виножито кое секогаш доаѓа како дар од небото.
Додека треперејќи нестрпливо очекував ветерот како бел прав да
ја одвее бурата некаде далеку од мојот видик, непрестајно гледав во
твојот насмеан лик, откривајќи дека секогаш ми доаѓаш како мевлем на
рана, носејќи мир и спокој во мојава душа.
Оваа ноќ, додека сјајот од блескавите ѕвезди го прекри мрачен
превез, ти успеа да се протнеш меѓу облаците и да излезеш од
темнината, летајќи право во мојата одаја за по којзнае кој пат да ми
докажеш дека луѓето кои што ги сакаме никогаш нема да ги заборавиме.
Додека небото плаче молејќи го сонцето в зори да им исцрта
блескави траги на темно-сивите облаци полни со тага, во мојата душа
веќе процветаа лилавите јорговани, засадени од твојата волшебна
насмевка, маѓепсувајќи го просторот со својот неодоллив мирис.
Грижливо чувајќи ги, со ветување дека како аманет ќе го негувам
споменот кој ме потсетува на тебе.
12
Ивона Дамеска ~ Ида
Ангелски Венец на радоста
Како што поминува времето, болката исчезнува, раните
заздравуваат, но лузните не се лекуваат.
Можеби ќе речат дека сум станала креативна, но откако влезе ти
во мене направи поплава, така што емоциите како река почнаа да
пливаат кон површината.
Овој јануарски ден, рајските градини ќе бидат претесни за да ги
соберат сите Ангели кои ќе дојдат да ти посакаат среќа, а ти облечен во
костумот од слатка насмевка ќе ги пречекаш со зборовите “ВЕ САКАМ
СИТЕ”.
Знаеш, јас секој ден сум сѐ посреќна и посреќна бидејќи ти ми се
скри во душава, ми заспа во срцево во најслатки сни. Верувај, за мене
не постои поубаво чувство од тоа кога нежно ќе те погалам со мислите.
Луѓето денес натоварени со спомени и сеќавања ќе те посетат за
да ти подарат цвеќиња, срциња, кадифени мечиња ...
Мојот подарок за тебе ќе бидат овие зборови, бидејќи знам дека
зборовите секогаш се највредниот подарок што може да се добие.
Врзани со панделки од бакнежи, ќе ти ја пренесат најубавата честитка,
на која со многу љубов ќе биде пишано :
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНГЕЛУ МОЈ !
13
Ивона Дамеска ~ Ида
Октомвриска сага
Кога ноќта како мистериозна дама ќе ги распушти своите
долги црни коси врз светилките кои го осветлуваат градот, тогаш
само златно-српестата месечина, ездејќи во мракот со својот
блесок, ми го осветли прозорецот.
Како бледа сенка стоев зад завесата навезена со решместо
белузлав вез, потоната во длабочините на мислите, кои наликувајќи
ми на бедни просјаци, носени со звуците на мелодиите од ноќнте
штурски чувари, талкаа во далечините на непознатиот и сеуште
неоткриен свет.
Чекајќи што поскоро, несоницата како млада невеста да
заспие на нежно-меката постела, со озарени очи ѝ се восхитував на
небесната шир, која оваа ноќ прилегаше на новоотворена
златарница, во која имаше распослано прекрасен златно-
дијамантски накит.
Внимателно го набљудував овој мистичен свет, нестрпливо
трудејќи се од некаде да го здогледам милниот поглед на
белокрилестиот Ангел, кој секогаш ми ја следи мислата и постојано
ме инспирира.
Сакајќи да го поздравам и да му посакам пријатен лет кон
неговиот рајски свет, со моето духовно перо му испшав октомвриска
сага, која чекорејќи по патеката послана со ѕвездена прашина,
секогаш ќе го следи како моја вечна трага, потсетувајќи го дека
чистотата во која тој лебди, сега е единствениот пријател мој.
Додека ја пишувам оваа сага, со букви на кои како сув плевел,
шушкаат веќе засушени, бол, бес и тага, сакам да ти кажам дека во
оваа мрачна есенска доба, благодарение на твојата неминлива и
никогаш непотрошна Ангелска енергија и сила, успеа да направиш
да се чувствувам исполнета, безгрижна и среќна.
Некои мудри старци некогаш рекле дека крајот секогаш го
краси делото, па затоа сега оваа последна фраза ти ја посветувам
14
лично тебе, сакајќи да знаеш дека што и да се случи мојава душа за
тебе, секогаш ќе пишува и ќе твори.
Ивона Дамеска ~ Ида
Ново раѓање
Оној проклет есенски дожд, чиниш како од крбла го истури
кобниот ден, ... но годината е друга, годината е 5-та.
Денес вознемиреноста како чума, повторно почна да се шири
во мене, како чудовиште со презирно, ѓаволско лице.
Но, не, нема да попуштам, јас не сум слабак за на
провокацијата да потклекнам, тешко е, но ќе се обидам, иако
можеби нема да успеам.
Можеби од џамлакот видикот ми е ограничен, а просторот
делува како стегнат и пластичен, но, не, јас присилум не сакам од
оваа соба на спомени да бегам, знаете, одовде белото небо
совршено го гледам. Тука во костецот меѓу вратите и пастелно
ишараните ѕидови, расфрлена на сите страни, наликувајќи на
артерија која крвта ми ја собира, тука се наоѓа една душа чиста и
одана, која никогаш не била на злото предана.
“ЖИВОТОТ Е БУРА НЕКОГАШ ТЕ БУТУРИСУВА, НЕКОГАШ
ТЕ КРЕВА, ЗАТОА КОГА ПРЕПРЕКАТА НА ИСКУШЕНИЕТО ЌЕ ВЕ
СОПНЕ НЕ КОЛЕБАЈТЕ СЕ, ВЕДНАШ ОД ПОДОТ СКОКНЕТЕ И СО
ОЗАРЕНО ЛИЦЕ СТАНЕТЕ, БИДЕЈЌИ ТОА Е ВАШЕТО НОВО
РАЃАЊЕ.”
Ова не е животно мото, ниту пак дело никнато од моето
творечко перо, ова е само делче од енергијата што стоплува и
срцата како едно што ги сплотува.
Вознесена од чувството кое ме носи близу до него, одолевам
на аромата која како пеперуга, кружи низ собата. Телото ми е
прекриено со превез од проѕирна памучна прашина, а во него е тој
и прилега на слатка, шеќерна воздишка, чиниш создадена во
виртуелните детски соништа, која топејќи се ја надополнува
бесконечната празнина која старее исто како мене. Чувствувам
звук, бавен, краток такт од чукањето на срцето, кој, чинам, како да е
слепен веднаш до моето. Ова е како сон нестварен, имагинарен
15
сон, насекаде низ моите тајни фантазии се кријат отпечатоци од
неговите галантни допири. Чинам како се искрадува од портата на
срцето мое и ненаметливо ми скокнува во разнежнета прегратка.
Секогаш кога ми легнува под пазува, јас знам дека некаде сум
погрешила, а тој пак со добра намера е дојден само да ме
посоветува и лицето да ми го израдува.
Неразбирлив, многупати остар, а понекогаш и тажен, но
секогаш милозлив и снажен, таков е јазикот на кој постојано
комуницираме со Ангелот. Сеедно е дали пееме, се смееме или
заедно се разочаруваме и тагуваме, тој секогаш наоѓа време за да
ми шепне: “ПОСТОЈАНО МИСЛИ И СО ЉУБОВ СЕЌАВАЈ СЕ НА
МЕНЕ, НО НИКОГАШ НЕМОЈ ДА ПАТИШ И ПЛАЧЕШ ЗА МЕНЕ.”
... Залудно ќе ѝ се противставиме на судбината, која
прилегајќи на бесконечен океан полн со пелин и брилијант,
несносливо ќе нѐ турне во водата и упропастувајќи ни ја патеката,
за миг ќе не оттргне од панорамата со нашите неостварени
соништа.
16
Ивона Дамеска ~ Ида
Гласот на преубавиот Ангел
Кога ноќта ќе ја крене темната завеса, сонцето од над планините
го поздравува новиот ден.
Шумолењето на гранките, облечени во своите бели кошули, со
нивниот шепот раскажуваат за доаѓањето на пролетта, со своите зелени
кочии.
И додека гулабот од највисокиот рид и пее весела мелодија за
добредојде, во мојава глава се уште одекнува твојот милозвучен глас.
Чукајќи силно, храбро се бори со своите крилја да излета од
дамарите на мојата душа, како да сака со нивниот нежен допир да ми ги
избрише солзите, кои ми се тркалаат по лицето.
Потоната во море од емоции, очајно погледнувам кон небото,
сакајќи повторно да ја видам ...
РАДОСТА ОД ТВОИТЕ ОЧИ, КОЈА КАКО
ОГАН СЕ РАСПЛАМТИ НА НЕБОТО,
БЛЕСКАЈЌИ ВО
ЕГЗОТИЧНИТЕ ОДАИ НА
РАЈСКАТА
ТАИНСТВЕНОСТ.
Сега спокојот во моиве гради повторно ја предизвика твојата
ТРАГА ВО БЕСКРАЈОТ, кој со железен катанец го заклучив во срцево.
Во крошна исткаена од пердувеста ткаенина гулабите ќе ти ја
пренесат пораката што ти ја испраќам, немирно играјќи во прегратките
на небото.
17
Ивона Дамеска ~ Ида
Рождеството на Христа
Јануарската ноќ, која како зимска кралица гордо се спушти од
зад планините, чиниш како госпоѓа од високата класа, веднаш се
пофали дека со себе ја понела плетената снежна покривка, која
како подарок за градот, со своите неуморни раце, самата ја сплела.
Студена зимска ноќ, навев од снег и една ѕвезда што трепери
во недоглед, на која ѝ припадна честа, прва да ни ја соопшти веста,
за раѓањето на СВЕТАТА РОЖБА ДАДЕНА ОД БОГА.
Во овој светол мрак, мирно со високо подигнати и како за
прегратка широко раширени раце, сакам да викнам, нечујно на глас,
”Еј, ѕвездо мила, ме слушаш ли ти мене сега, јас сум девојка млада
која во овој миг помош од тебе бара, затоа те молам како сестра,
претвори ме во птица бела, која со своите раскошни крилја, за час
ќе одлета, во твоите возвишени небеса, сакајќи да се помоли во
ЦАРСТВОТО НА ХРИСТА.
Мала како снегулка, пред него стојам со раце преклопени како
за молитва и понизно надолу, кон земјата гледам, бидејќи не би
сакала да го навредам.
Ветувам, нема од него ништо да барам, сакам само да му
заблагодарам, бидејќи секогаш како верен пријател низ животот ме
следи, притоа покажувајќи ми ги смелите патеки.
Додека со наведена глава, се молам за неговата света правда
и вечна слава, чувството на пријатна топлина како струја, ми се
проби под замрзнатите делови од кожата.
Тогаш кога топлината, ми продре во вените, со своето
благотворно дејство, чинам како да ме просветли цела, бидејќи за
прв пат успеа да го скрши камениот оклоп, приклештен околу
градите.
Сега кога срцето ми свети како проѕирен светилник во длабок
мрак, без ни малку страв од зло, ќе тргнам од оваа патека, бидејќи
знам дека човекот е создаден за неволја, иако не знам каде овој пат
ќе ме одведе, признавам и тоа дека не сум сигурна во себе, но што
да правам кога ја сакам авантурата како мало дете.
18
Слободно фрли ме во рингот да се борам со ризикот, бидејќи
јас преферирам таков предизвик.
И за крај, бескрајно те молам, на овој меч ти, Драг мој, биди
ми тренер и судија и никогаш немој да ми вртиш глава, а јас
секогаш ќе ја чувам зацртаната цел, како главен адут во мојата
потсвест.
19
Ивона Дамеска ~ Ида
Молитва до Господа
Ноќта полека ја спушта црната завеса, навезана со светликава
срма на платно од златно-жолта свила, напрскано со ѕвездена прашина.
Во ноќната тишина далеку од секојдневните грижи и напнатоста
која ја чувствувам, повторно размислувам за пречекот на празничните
ѕвона, кои со нетрпение ги очекувам да пристигнат и силно да затропаат
на портите, накитени со прекрасни шаренкасти цветови.
Не знам, можеби не сум достојна, но со огромна почит и љубов кон
мојот Свет Татко и неговиот Син, сакам да им се заблагодарам затоа
што ме следат во секој мој чекор и сите мои недостижни мечти ги
претвораат во реалност.
Затоа сега со мои зборови ќе им испишам благодарница, која, се
надевам дека ќе ги краси нивните дворови, во овие празнични денови.
Пред две илјади години во една ваква ѕвездена ноќ, на небото се
појави Божилак, тогаш кога во прегратките на Светата Мајка
благословена од Бога, се роди Синот Божји.
Таа блескава ноќ ќе остане вечно врежана во моите мисли,
бидејќи сакам да почувствувам барем дел од таа славеничка атмосфера
на небото и повторно да ја видам радоста во очите на Ангелите, кои му
пееја весели мелодии на Светиот Син, кој го нарекоа Исус Христос.
Како што растеше Синот Божји така растеа и неговите добри дела,
кои луѓето ги гледаа со восхит нарекувајќи ги Божји чуда.
Не можејќи да се помират со фактот што постои човек пратен од
Бога, кој шета на земјата само за да им помага на болните и немоќните
луѓе, злобните човекојадци ги згазија сите Божји и човечки правила,
распнувајќи го на крст и мачејќи го до смрт човекот со широка душа и
Ангелско срце. Земјата обвиткана во црна марама тагуваше за
згаснувањето на младото Ангелско срце, кое го даде својот живот
жртвувајќи се за човечкиот род.
И токму тогаш кога најмалку очекуваа, Господ им приреди Божјо
чудо на луѓето, сакајќи да ги спаси од страдањата со Исусовото
Воскресение, воскреснувајќи ги силната верба и огромната надеж во
Бога како и во неговата несрушлива моќ.
20
Без сомнеж, Исусовото Воскресение создаде нов начин на живот
во кој царува Божјата волја.
Затоа денес кога се празнува победата на животот над смртта,
сакам да се помолам на Бога во моите вени да потечат спокојот и
трпението, кои ќе ми влеат мир во душата и ќе ме спасат од гневот и
очајот од кои сум обземена.
На крајот посакувам Господ да ги штити сите мои драги луѓе кои
како Ангели блескаат горе на небото, но и да ги пази и чува моите
најмили кои што секогаш се крај мене.
21
Ивона Дамеска ~ Ида
Пролетна убавица
Кога зимата ќе ја крене постелата од снежна прекривка,
блескавото сонце со својот нежен допир ги брише кристалните солзи од
прозорецот.
Вредни како пчели сончевите зраци со сиот свој сјај ги прават
последните подготовки за достоен пречек на нивната слатка сестричка.
Новиот ден сакајќи прв да ѝ посака добредојде на прекрасната
дама, ширум ги отвори портите накитени со жолто-зелени панделки, за
да може на неговиот цветен тепих да се паркира раскошната лимузина
на пролетната убавица.
Птиците застанати на тенките гранки од високите дрвјасо очи
полни радост, маѓепсани од нејзините нежни мириси и пееја песни со
весели рефрени на младата невеста со бело венче на главата.
Додека се слушаа звуците од распеаните славејчиња, над
бистрите поточиња пеперугите го играа првиот танц, облечени во долги
раскошни фустани.
Тивкиот развигорец нежно ги лулаше гранките, како да сакаше со
својот свеж мирис да ги напрска жешките стебла.
Оваа преубава бајка за миг ја прекина магичниот дожд, кој
прекрасната бујна вегетација грижливо ја искапе со своите волшебни
капки, нестрпливо чекајќи сонцето повторно да се појави носејќи го
виножитото во своите раце.
Штом сонцето изморено од напорниот ден се сокри зад високите
ридови, светлосиното небо навезено со конец од сребрена свила ѝ
подготви ѕвездена покривка на својата гостинка.
22
Ивона Дамеска ~ Ида
Магичен ден
Штом зората ќе го прегрне блескавото утро, тогаш сјајното сонце
го позлатува убавиот ден.
Синото небо наликува на златно-жолт килим по кој танцуваат
птиците, понесени од звуците на своите омилени стихови.
Овој фантастичен концерт на прекрасен пој прелива во бистрата
вода, чиниш како да се проектира на тиркизно стакло.
Воодушевена од преубавата панорама, седев на брегот потоната
во жешките допири на сончевите зраци кои нежно ми го галеа лицето, со
погледот свртен кон брановидното море, кое ме канеше на бал во
своите разиграни води.
Газејќи во ситниот песок се чувствував како балерина, која
галантно чекори по мека сребреникава свила.
Шетајќи се по брегот, со своите чекори ненамерно се сплеткав во
романсата на брановите, кои страсно го милуваа брегот накитен со бели
бисери.
Не сакајќи да ја прекинам оваа страсна љубовна врска, веднаш се
фрлив во прегратките на светлосините води, кои како кристали блескаа
на сонцето, нежно лизгајќи ми се по чоколадната кожа, и со своите
допири слатко ме скокоткаа по телото.
Кога сонцето се искачи во височините и запали силен оган во
облаците, пламенот што го предизвика остави портокалов жар на
небото.
Весело гледајќи го залезот на сонцето, кој како со опиум ми го
опијани срцето, испратив уште еден магичен ден исполнет со волшебни
доживувања.
23
Ивона Дамеска ~ Ида
Магична приказна
Зората скришум се искрадува од прегратките на ноќта, за да го
земе в пазуви блескавото сонце и да отрча прва да ѝ го погали лицето
на заспаната убавица. Зраците од сонцето полека се тркалаат по
нејзиниот кревет, сакајќи со својот нежен допир да ја разбудат од сонот.
Насетувајќија сончевата игра во собата, како да се вознемири и веднаш
скокна од постелата.
Исплашена, погледна на сите страни мислејќи дека се случило
нешто страшно, веднаш истрча на прозорецот.
Гледајќи низ него, како во некоја волшебна бајка, ветерот играше
танго со листовите во ритамот на црцорот на птиците, опиени од
магичниот мирис на розите.
Не сакајќи со своето присуство да ја уништи оваа прекрасна глетка,
тивко се повлече во својата постела.
Зад превезот од немир и страв оваа ранета срна тажно чекореше
низ животот, во светот на арогантните погледи и завидливите насмевки.
Во овој бал под маски не сакајќи да биде ничија кукла во рацете на некој
безмилосен ѕвер, мечтаеше да ги вкуси убавите плодови на животот.
Ни часовникот веќе не го мереше времето. Единствената сила која
се бореше да го урне неспокојот од нејзините гради беа вербата и
надежта, а само изгорениците на нејзиното тело оставија неизбришлива
трага во нејзиниот живот и ѝ влеаја итрина и мудрост за да излезе од
под урнатините на својата душа.
Итајќи низ животот натоварена со своите мечти и планови, не ни
помислуваше дека некој како со волшебно стапче може да ѝ го маѓепса
срцето.
Потребен беше само миг, сјајот во нивните очи и нежниот допир на
дланките, како жар кој вечно ќе тлее, се закопа во нивните души.
Овие две гулапчиња маѓепсани од волшепството на љубовта, како
опиени играа во ритамот на страста.
Се чинеше дека волшебната бајка од прозорецот која некогаш ја
гледаше и за која честопати сонуваше, сега стана реалност.
24
Ивона Дамеска ~ Ида
Вечна лага
Штом рујна зора се буди од сладок сон, небото како со врел
жар, ќе порумени од срам.
Поигрувајќи си со белузлавите облачиња, зраците скришум
продираат до светлосиното небо, вешто криејќи го мамурлакот,на
сѐ уште сонјливото жарко сонце.
Додека сонцето се колеба, дали со својот сјај да го блесне
новиот ден, на широкиот чардак, од една пресно варосана
жолтникава куќичка, се наоѓа распослана една мека бела постела.
Од ширум отворените прозорци можеа да се забележат само
кристално чистите стакла, урамени во рамки од дебело дабово
дрво, на кои како морски пијавици стоеја едни прекрасно збунети
сини очи.
Тоа беше таа прекрасна гулабица бела, која ова утро беше
задоцнила, па со своите раце вредни како пчела, за час ја свитка
косата како црна свила, во шамија везена со златести конци од
свила.
Не е важно дали е девојка или жена, кога работа во полето ја
чека, a таа газејќи како на трња, на дрвени налани иташе како срна,
за побргу на нива да втаса и таму како аргатинка млада надвор да
се мачи, се додека сонцето зад ридот не се смрачи.
Кога стигна задишена и уморна од патот, веднаш седна на
влажната трева послана со утринска роса, сакајќи малку душата да
ја soбере, се напи ладна изворска вода од барде оd глина.
Постојано шараше со очите и гледаше на сите страни, сакајќи
за миг да ги здогледа лебедот бел и неговиот поглед врел.
Помислувајќи дека е затскриен зад багремските јасли веднаш
како видра скокна и се фати за мотиката вредна, која ѝ беше
нејзина пријателка верна.
А таму како наострени српови ја чекаа острите погледи, на
навидум вредните и секогаш верни, обични слуги и аргати по ниви,
кои како да беа секогаш за кавга спремни.
Со потсмев ја гледаа во очи и брмчеа како оси, а пак неа
тешка јанѕа ја мачеше, која како со остар нож душата ѝ ја корнеше ,
бидејќи не можеше да сфати што мака ја фати.
25
Но набргу јанѕата како пламен на небото се вивна, а клетиот
абер дури на нивата ја стигна и како змија срцето ѝ го скина.
Лута, бесна и од болка свиена прилегаше на млада тигрица
здивена, која до вчера живеејќи во рај, не ни помислуваше дека
денес некој како со црно перо на нејзините нежни дланки може да ѝ
испише крај.
Не можејќи да се помири со судбината сурова и клета,
обземена од емоциите кои како да ја туркаа во длабока бездна, не
можеше да најде одговор на прашањето кое засекогаш ќе остане
како вечна дилема: ЗОШТО ЧОВЕКОТ ШТО БЕСКРАЈНО ГО САКА,
ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА ДЕВОЈКА ОД ПОВИСОКА КЛАСА ?
Лутата рана која како со жар и ја гореше душата и многу ја
болеше, беше сведок дека повеќе никогаш нема толку силно да
сака, бидејќи не сакаше да си создаде уште една горка мака.
Заминувајќи кај друга не ни помислуваше дека како со лут
камен, ќе ѝ го скрши срцето наполу, бидејќи заслепен за слава
сакаше преку ноќ од амал да стане ага, кој отсега засекогаш ќе
живее во вечна лага.
Можеби еден ден кога грешката ќе ја сфати, чувствувајќи се
како роб кој многу пати, ќе дојде кај неа и клекнат на колена, до
сјајното небото за прошка ќе ја моли, а таа како студена кралица
гордо пред него ќе стои и тогаш за него воопшто нема душата да ја
боли, сакајќи еднаш како човек да сфати дека лузните кои ѝ ги
остави како дар, всушност, се само дамки кои за неа не оставиле
никаква љубовна трага.
26
Ивона Дамеска ~ Ида
Недосонуван сон
На врвот од ридот, таму каде што сонцето со својот допир
нежно го гали килимот извезан со прекрасните цветови на штотуку
будните бели ради, се наоѓа една стара, но добро сочувана мала
куќичка.
Во мир и тишина далеку од сообраќајниот метеж, во дворот,
на тревникот од цветната градина оpкружена со високи багреми, од
кои наоколу како опиум се шири ароматичен мирис, во убава
платнена лулашка се лула преубава девојка.
Слушајќи го црцорењето на птиците, кои се чини како да ѝ
пеат приспивна мелодија на прекрасната девојка, која лежи во полу-
свесна состојба, сакајќи бар за миг да ѝ излетаат од глава мрачните
мисли, кои овие денови се чест гостин во нејзината треперлива
душа.
Горчливата мисла е како мрежа од пелин, во која е заробена и
еве веќе деветта година ѝ ја гори душата.
Можеби со текот на годините болката потонува се подлабоко
во душата, но постојат денови, кога сништата се враќаат, а тогаш
емоциите не се контролираат.
Седејќи во лулката, како низ празно гледа во сликата на
човекот кој на овој ден се одвои од топлото гнездо и замина во
студените краеви на една далечна земја, за таму да и слугува на
државата...
Гледајќи во неговите кафеави очи, кои се смешкаа како
бадеми готови да ѝ бидат сладок десерт на својата сакана,
безуспешно бараше одговори на прашањата кои секојдневно ѝ се
вртеа во главата.
Додека тонеше во прашања без одговор, држејќи го в рака
неговото последно писмо во кое пишуваше дека бескрајно ја сака и
со нетрпение го чека мигот кога повторно, за многу скоро време ќе
ги бакне нејзините сјајни очи, по којзнае кој пат беше сведок на еден
недосонуван сон, за една неостварена љубов.
Не можејќи да се помири со грубата вистина, тонеше во море
од солзи, во кое како тажни бродови ѝ потонаа сите мечти и
планови.
Не знаејќи што се случило, постојано живее во сомнеж и
исчекување дека ќе дојде ден кога силно ќе затропа железното
ѕвоно на старата порта, а на прагот од домот повторно ќе го
здогледа остриот поглед на саканиот и пак како некогаш ќе потоне
во неговите длабоки очи, за таму да ја пронајде љубовта,
27
преточувајќи се во блескава насмевка која секогаш му го красеше
лицето.
Ивона Дамеска ~ Ида
Двојна измама
Ти повторно си тука, а јас како по навика, претпочитам да
останам нема.
Нема да ти речам добре дојде, ти не си тој, знам, ни на оној
свет нема да си мој, но кога веќе си тука дојди, влези, бар на кратко
со своето присуство удостои го ова безживотно суштество.
Чувството е грозно, притисокот од вените што ми татни во
слепоочниците се претвора во вресклив бес, кој се провира во
твојата зеница и чинам како со сатар ти ја раскинува рожницата, но
залудно бидејќи зборовите мои, никогаш нема да допрат до ушите
твои.
Впрочем, ти не си виновен и кога на глас: “Бегај од мене !” -
сакам да извикам јас. Навистина не сфаќам, како можеш да седиш
овде, зарем реата од гнила лага, не ти создава мака ?
“ Јас нема, ти глув, каде ли ќе нѐ одведе овој заслепувачки дух !? “
Оваа двојно нерешлива равенка, наликува на чадорова стреа,
која секогаш притаено стои покрај жолтите месечеви ламби, за во
секое време подготвено да ги прикрива сомнителните изговори.
Ова што се случува не е сетилна човекова мана, туку само
изнудена гнила вистина што пред тебе се распаѓа.
Знам, совршено добро знам кој си ти и што бараш овде, иако
со потиштено срце, ти велам, “Губи се одовде !” Знаеш, јас молкум
во тишината ја разоткрив мизеријата, ова, мистеријата. Чудно, но и
ти како и јас, си еден напуштен, самотен “ АС ”.
И ете сега повторно молчиме и нема што да си кажеме.
Уф, ама е здодевно ова, зар јас секогаш прва ќе превземам
иницијатива за да спасам ситуација ? !
Ноќна смена, “ казиното ” работи со полна пареа, коцките се
фрлени, картите поделени, тука е и љубезната хостеса која подоко
со насмевка ќе ѝ каже :
“ Добредојде на уште една партија лажење.”
28
Ивона Дамеска ~ Ида
Бездушен век
Одамна, на мои три-четиринаесет години, пред речиси нешто
повеќе од десетина лета господови.
Како вчера да беше кога излупените клупи во училиштето
“вриштеа” кога мастилата нерамномерно поминуваа преку нивните
накривени рабови, и како игли несмасно им се зариваа во нивните
длабини, жестоко тетовирајќи ги нивните голи делови.
Тогаш бевме млади и неискусни, како кокичиња мали и
несозреани и да бидам искрена, како и моите врсници, така и јас, не
се потрудив успешно да ја совладам лекцијата за тежината на
бремето кое подоцна ревносно ќе се повторува, во бесконечни
етапи со повремени паузи и застои.
Па, сега кога сум свесна дека животот нема да ми понуди
многу избори, полека сфаќам дека темата на која тогаш доволно не
и се сосредоточив, впрочем е една лажна фарса, дека наводно,
“Човекот е чело на векот”, но од оваа дистанца јас навистина со
жалење можам да признам дека, човекот, всушност, е само едно
минорно делче од речиси невидливото балонче од сапунична пена,
која кога бев дете, лебдејќи се губеше над мене.
Да, денес е сосема поинаку, мислите како на езера полни со
гнев, често пати ми затапуваат, чиниш како врз нив да се натрупале
килниците мраз од некој непрооден пат, но живеејќи во денешниов
суров свет во којшто дивее безочниот ѕвер, едноставно, сакал или
не, ти, мораш да бидеш во чекор со времето, за тактички да го
следиш пулсирањето на бездушниот век.
Иако не постои човек кој не робува во сопствената ќелија,
сепак, секоја чест на тие кои ја одгатнале тајната на мирниот сон, не
чувствувајќи го заморот, што им се натоварил на нивниот грб. Но, за
мене не е баш така, па често се прашувам, како луѓето добиваат се,
така лесно, без мака ? Несомнено, со текот на годините станав
доволно издржлива и максимално прониклива, но според мене,
сепак, најбитно е тоа што го научив откако се запишав на
доживотниот факултет за човековиот респект. Таму нема
29
попустивост, препишување и учтив професор, кој ќе ти дозволи да
одговараш на полесен материјал.
Со секое ново сонце што угреало во ридот зад патот со
свиокот, опточена со нагонски страв од беспомошност, или подобро
речено пропаст на моралот, ревносно го молам туторот да ја
прекине оваа тортура на умот и така засекогаш да им стави крај на
изживувањата и свесното и ѕверско силување на свеста.
По толку многу молења, колења и со глава во ѕид стоења,
сфатив дека разочарувањето и бесот, ќе ми донесат само
дополнителен стрес, а тој и онака мртов ладен засекогаш ќе остане
како лепрозен камен.
Па така немајќи дополнителна стратегија и резервен план,
безглаво ќе талкам барајќи го скриениот рецепт за безгрижен
животен сон и топол среќен дом.
30
Ивона Дамеска ~ Ида
Заглибан свет
Таму долу на југ, во царството на непокорниот дух, обвиткана
со густи јасенови шуми над кои како вечни чувари се надвиснале
стари грамадни планини, кои им љубоморат на убавите бистри и
кристално чисти езерски води, се наоѓа неутешната лика на
пожртвуваната мајка што своите чеда за слобода ги дала.
Во затишјето на ноќта, дождот од куршумите кој беснееше по
планините и како со игла ги параше ушите, беше предвесник на
ужасот кој допрва следуваше.
Насекаде рафали, земја преплавена со топови и истрели, кои
како стрели проникнуваа во срцата на вжештените јуначки глави.
Тогаш плачот како молња се зари во мајчината утроба,
расчеречувајќи ѝ ја душата наполу. Калдисана од болка молкум
тивко чмае, за синот што на злокобот му го предаде. Беше тешко да
се гледа оваа морничава глетка, кога неспокојот како со крбла го
истури револтот од сурово зададените удари.
Искушенија, патила и страдања. Битката што тогаш на
фронтот од очајот се водеше, од оваа дистанца ите како вредеше.
Можеби реката на смртта на површина остави многу гнилосани
тела, но крвта што тогаш се пролеа ќе биде одмаздена од
ороводецот што со бесен вик, ТЕШКОТО низ корија со разуздан
крик го крева. Сето она од небото што како црн облак тежеше
исчезна, небаре некој како со рака да го однесе, како див ветер да
го развеа и отресе.
Сега старите денови се само спомени, втиснати во нашите
корени.
Вознесени од поривот на нашите предци и ден-денес ќе
носиме букети со лотосов цвет, во алејата на заглибаниот свет. Во
пресрет на новото изгрејсонце што од зад ридот ќе се роди, немите
сведоци нека бидат копнеж, што љубовта во градите ќе ни ја
разбудат.
31
Ивона Дамеска ~ Ида
Куќа од спомени
Сонцето, како со сабја ја раскина темнината на модрото небо,
срамежливо ѕиркајќи од под сивите облачиња кои прилегаа на
насмеани детски обравчиња.
Заслепувачка светлина ми поминуваше пред очи, додека од
патот се одморав на каменот, кој навидум ми изгледаше како да е
млак, но набргу осетив дека сонцето, со своите остри заби, по
целото телото, почна „луто да ме каса“.
Наеднаш се сепнав, скокнав од навлажнета карпа, сакајќи да
ги згреам ладните раце ги стуткав под пазувите и со брзи чекори
поитав по угорницата од калдрми. Иако студено, по патот во ниеден
момент не се почувствував осамено и пусто. Напротив, ми беше
задоволство одблизу да ја гледам природата како во рана пролет
нечујно се буди. Чинам дека во еден здив ја впив сета убавина на
пресно жугнатите темјанушки кои како смешни човечки ликови, ме
поздравуваа со своите разиграни цветови. Во еден миг,
непрестајното шушкање под моите нозе, ми го одзеде целото
внимание, насочено кон регистрирање на звуците кои доаѓаа
оддалеку, од птиците. Кога ја наведнав главата, самата се збунив
од неочекуваната глетка, која, пак, ме поттикна да се запрашам:
“Што ли барам сред новоникнатава тревка, јас?“ Ми падна жал, кога
со свои очи гледав како не сакајќи стапнав во новородениот флоров
свет. Тогаш го слушнав внатрешениот глас, кој водејќи се од својата
самопочит и свест, посака да ѝ се извини на секоја повредена
тревка. Знаејќи за своите ненамерни постапки, решив да ја погалам
за поскоро да оздрави и да ја утешам со своите пријателски
зборови:
“Прости ми, не сакав да те газам, но во бабината куќа треба што
поскоро да втасам.”
Занесена во пастелните бои на Марта, чинам дека одлетав
високо горе над облаците, предизвикувајќи си намалување на
рамнотежата, а со тоа и губење на правецот и насоката на
движење.
“ Ништо страшно ” – промрморев во себе. “ Не ми е првпат да
изгубам рамнотежа и да се ничкосам на земја, но денеска за прв
пат, се извинив некому за мојата несносливост “. - Со насмевка на
лицето, продолжив понатаму.
Потоа, долго трагав по полјанката на височинката, на која се
наоѓаше куќата стара од мојата баба.
32
Во еден жбун од штотуку раззеленети дрвја, како во сон ми се
причини дека ја гледам, речиси распаднатата куќа од мојата
младост дамна.
Тогаш молскавично се искачив на ритчето, а таму, пред
портата, прва ме пречека исушената врба која прилегаше на
подгрбавена старица, на која денес не останало ништо од нејзиното
тенко и високо тело со кое некогаш ги шармираше сите. Рацете ми
трепереа од возбуда, кога за прв пат повторно, по десет години со
прстите го отклучив железниот катинар од дрвената порта и влегов
во запуштениот двор од баба. Иако кога влегов во распостранетото
двориште повторно како некогаш ме облеаја топлина и спокој,
сепак, воопшто не ми беше мило што го гледав сувиот плевел како
пушта длабоки корења низ дворот.
“Сигурно би се ужаснала сета, кога од некоја страна, би го
видела ова баба“. – Одненадеж оваа мисла, како комета ми слета,
во мојата глава.
Сакав, но не умеев повторно да ја оживеам сликата од веќе
преживеаните спомени, коишто некогаш се одиграа на оваа ливада.
Напливот од емоции веднаш ме одведе крај веќе изгубената дива
смоква, од која како сега се сеќавам, јадев со сласт, додека баба
ми, ги налеваше лалињата со вода, кои беа украс во градината со
цвеќиња.
Понесена од поривот на чувствата, кои чинам како со сврдел
длабеа се подлабоко во душава, плашејќи се да не паднам, рацете
ги имав приклештено за тарабите од дотраените летви, додека се
качував по урнатите скали, од камени тули. Потиштена, со солзи во
очите, долго време се двоумев и како распарчен бедник, стоев пред
вратата. Кога конечно се решив да се соочам со минатото и со
спомените и полека тивко ја отворив, однекаде како да го имав
наслушнато идентичниот звук на чкрипење на влезната врата. Да,
тоа беше тој, ист, многу добро познат звук на крцкање од врата,
само што денес ја немаше баба, од подотвореното прозорче да
ѕирне со својата глава и веднаш да истрча, да ме пречека, со
својата широка насмевка.
Кога влегов внатре, пред мене стоеше некогашниот широк
трем, во кој беа поставени тркалезна дрвена синија и два долги
миндера прекриени со црвени јамболии. Наспроти нив, го здогледав
и излупениот долап, вграден во ѕидот, кој во тоа време ни служеше
за чување на храната. Примамливиот мирис од пресно печеното
лепче, кое од домашно `ржано брашно секогаш со своите неуморни
раце, само за мене го приготвуваше баба, сѐ уште се насетуваше
во секој агол од овој дом.
Сакајќи повторно да се потсетам на одајата во која дење
напладне преспивав, а ноќе не спиев бидејќи секогаш ја
набљудував полната месечина како светка и очекував да ја видам
33
ѕвездата што паѓа, речиси бесшумно газев по душемето, кое секој
миг чинам дека можеше да се расцепи и да пропадне долу.
Во неа, во напукнатите пори од ѕидовите како да се наоѓаа
делови од мене. Мали и сосема ситни парчиња од мојата душа, кои
ќе останат засекогаш вдахнати во собата, каде што ги сонев
најубавите, невини и помалку наивни детски сни.
И,и,и ... конечно, по долгото патешествие, поминато во еден
ден, со минатото детство и со мене, сакате ли да слушнете уште
нешто од мене ?
Не знам колку од вас би се согласиле со мене, но сега кога
пораснав и созреав, сфатив дека “ЧОВЕКОТ КОЛКУ ПОВЕЌЕ ГИ
РЕАЛИЗИРА СВОИТЕ ТОЧНО ОПРЕДЕЛЕНИ ФАНТАЗИИ, ТОЛКУ
ПОБРЗО ДОАЃА НА МЕСТОТО НА `ЗЛОСТОРСТВОТО`, ОДНОСНО
СЕ ВРАЌА ОНАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃА”. Бидејќи, сакале ние да
признаеме или не, “МИНАТОТО СЕКОГАШ НÈ ПРОГОНУВА ВО
СЕГАШНОСТА, НО, НИ СЛУЖИ И КАКО ПАТОКАЗ ЗА ИДНИНАТА”.
34
Ивона Дамеска ~ Ида
Во дното на душата
Во сонливите мугри обвиткани со прекрасните нијанси од
илјадници сончеви зраци, на кои им пркоси тивкото ветре кое носејќи го
во дланките мирисот на парфемизираниот воздух, со својот свеж допир
ме разбуди од сонот.
Пред мене е уште едно насмеано утро кое буди нови надежи, и ми
влева храброст за да можам со нови сили да се закитам со победа во
битката која ме очекува на фронтот од прагот на новиот ден.
Секако, не очекувам да освојам трофеј за издржливост, но доколку
успеам да ја смирам својата душа, која трепери како млада фиданка на
силен ветар, само тогаш ќе можам да си доделам орден кој ќе биде
симбол на мојата нескршлива надеж.
Не можејќи да излезам од лавиринтот во кој сум заробена, живеам
во свет опкружен со огромни овални огледала, изработени од сиво
непробојно стакло, урамени во тенко резбарени розови рамки.
Безуспешно се трудам од замаглените стакла да го видам убавиот ден и
да го почувствувам блескавото сонце како со својот нежен допир ме
гали по лицето.
Во собата потоната во бескрајната тишина, како хероина од некој
хорор филм со огромна жар која секој миг дека ќе се распламти наоколу,
им се лутам на огромните ѕидови во кои како бесконечни бројаници ми
се лизгаат низ рацете неспокојните денови.
Без срам, немајќи ни ронка почит и жал се надвиснале над мене
како мрачни облаци кои, безмилосно ме задушуваат во своите темни
зандани. Започнувајќи студена војна, како ледени војници со своите
остро шилести сабји помислуваа дека ќе ми го замрзнат телото со
ледени окови, всушност не знаејќи дека оваа уморна душа со своето
рането срце ќе се бори се додека не ги урне големите авлии.
Можеби подоцна, но со огромна посветеност и сигурност во
себеси, со своите солзи кои извирајќи ми од срцето и течејќи ми по
лицето ми создадоа болни грутки на душата, ќе ги срушам големите
ѕидови откорнувајќи им го малтерот, кој дел по дел со целата своја
35
нечистотија и кал во огромни грутки ќе паѓа на земјата, сакајќи и тие да
ја почувствуваат неиздржливата болка на своите рамења.
Се додека во моите вени како од некој непресушен извор тече
врела крв, ќе живеам за денот кога ќе ги скршам железните пранги
оковани на нозете и со свои раце ќе ги срушам бетонските ѕидови.
И штом целата нечистотија како бел прав ќе ја турнам од плеќиве,
во дното на мојава душа ќе израсне црвена ружа која спокојно ќе цвета
пиејќи од волшебните капки на радоста и ќе се храни од сончевите
зраци кои ќе продрат до нејзината магична убавина, која како кралица ќе
царува во блескавите одаи на срцето.
36
Ивона Дамеска ~ Ида
Добра Вила
Седејќи во собата со погледот свртен кон прозорецот, ненадејно
здогледав една гулабица во лет која во прегратката го носеше своето
штотуку родено гулапче, плашејќи се да не и се лизне од пазувите,
цврсто го имаше стегнато на градите.
Не сакајќи да го избришам од меморијата восхитот со кој ја
набљудував оваа прекрасна глетка, го преточив во зборови, кои почнаа
немирно да се тркалаат по хартијата.
Оваа глетка беше несекојдневна, неповторлива, незаменлива,
исто каква што е и мојата хероина од оваа приказна.
Без сомнеж, главната рољжлја ќе ѝ припадне на една прекрасна
волшебна самовила, која како со магично стапче успева сите мои
неспокојни утра да ги претвори во спокојни денови, исполнети со љубов
и разбирање.
Кога сите бродови потонаа во длабочините на морето, од бурата
што ги зафати нејзините бистри води по кои дотогаш мирно пловеше
сакајќи да стигне до својата цел, се чинеше дека засекогаш и го смени
текот по кој се движеше нејзиниот живот.
Додека храбро се бореше со разбеснетите води и безмилосните
бранови, мечтаеше што побргу да исплива далеку од оваа бура, а
ветрот да ја однесе на некое мирно и топло место, каде што ќе може
спокојно да си ја одмори душата.
Пливајќи по немирните води единствената надеж и утеха ѝ беше
ранетата сирена која залепена за нејзините перки, блескаше како
светилка и ѝ го осветлуваше патот по кој се движеше.
Можеби некогаш чувствуваше голем товар носејќи ја со себе
сирената на своите плеќи, но едноставно не можеше да ја остави зад
себе, бидејќи знаеше дека таа ѝ е единствената верна придружба која
бескрајно ја сака.
И ден-денес кога и да заврне дожд, прекрасната самовила се
сеќава на деновите кога дуваа силни и студени ветрови, а камењата
што ги носеа брановите, оставија модринки по нејзиното тело.
Затоа сега со овие зборови ќе изградам споменик во чест на
мојата Добра Вила, бидејќи таа е единствената хероина во мојот живот.
37
Поставен на столб од солзи радосници, со кои му се
заблагодарувам на Бога затоа што ја прати неа, за да ме води по
трнливите патеки на животот, посакувајќи сонцето кое ни ги грее лицата,
веќе никогаш да не згасне.
38
Ивона Дамеска ~ Ида
Дајте ни крилја
Во прекрасните предели обвиткани со раскошна вегетација, таму
каде што сонцето се капе во бистрите води на потоците, во крошните на
раззеленетите дрвја, како во лулка извезена од најубава цветна
ткаенина, се слушна плачот на штотуку родените гулапчиња.
Вознесена од емоции помешани со возбуда и среќа, гулабицата
весело погледна кон своите малечки. Гледајќи ги како слатко спијат во
нејзината прегратка, забележа дека на малите и тенки крилца имаат
огромни рани, од кои непрекинато тече крв.Обидувајќи се да им ги
залекува раните, како пчела иташе што поскоро да ги нахрани, сакајќи
што побрзо да оздрават, за да можат заедно среќно да летаат над
високите ридови.
Нежни и меки како свила, со тажен поглед гледаа кон гулабицата,
која се обидуваше да ја сокрие болката, пеејќи им весели мелодии на
своите најмили.
Насетувајќи ги оваа нивна вознемиреност и немоќ, безмилосниот
орел лукаво ги демнеше од зад грмушките, чиниш секој момент ќе им
скокне во гнездото и ќе ги распарталави нивните нежни крилја.
Навидум овие грди пајчиња, како што обожаваа да ги нарекуваат
некои немилосрдни грабливци, безуспешно се бореа со своите крилја да
слетаат над бистрите поточиња, сакајќи да се напијат чиста изворска
вода.
Додека славејчињата ги пееја своите омилени рефрени, искачени
на гранките, облечени во своите преубави облеки кои сјаеја како
светилки на блескавото сонце, не можејќи да ја почувствуваат
убавината на оваа прекрасна глетка, тажно се повлекоа во своето
гнездо.
Злобните натрапници, мислејќи дека овие мали и беспомошни
суштества им се сигурен плен со кој на лесен начин ќе го заситат својот
глад, всушност, не знаеја дека во нивните вени течи вжештена лава,
која ќе го изгори секој што ќе ги растажи, а нивното срце е камен кој не
може така лесно да се скрши, чекорејќи по шумите посеани со трнливи
коприви.
39
Со тивкиот црцор како да сакаа на безмилосните штетници да им
порачаат веќе да не се задушуваат во гневот, и да ги срушат
прозорците од презир и потсмев, за да може во нивните души да влезе
свеж и чист воздух.
Ивона Дамеска ~ Ида
Јаже на животот
... Навистина, неподносливо ми е тешко, кога се двоумам од
каде да започнам. Искрено, нерешителноста отсекогаш ми била
слаба страна. Ах, оваа моја расеаност и несносливост.
Впрочем, неурамнотеженоста на постапките, јас секогаш ја
ставам на сметка на нелогичностите, кои, пак, се производ на
загадочноста во мислите.
Не земајте ми за зло. Јас, едноставно, сум таква, за
мнозинството никаква. Пред себе збунета, за другите вечно
осудена.
Знаете, можеби сум личност која од досада сенешто тропа, но
не сум подмолна кукавица која постојано кука. Секогаш сум овде,
никогаш не бегам никаде. Соочувајќи се со проблемите, радо би ги
презела одговорностите, па макар и би ме обвиниле, за погрешно
толкување на зборовите.
Како што велат, подобро една грешка, отколку цел живот да ја
туркаш неправдата која иронично ти се смешка !
Веќе нема бегање, оттука нема враќање.
Затоа комплексноста на зборовите, ќе се потрудам вешто да ја
ублажам, затскривајќи ја зад точно определената реторика, со која
што ќе се служам при искажувањето на фразите и изразите.
Впрочем, ограничувањето на Бесконечноста, само по себе би
значело смрт за живородните убавини. Патем, негирањето на
природните начела, несомнено, би довело до општо, ментално
растројство, во нашето духовно општество.
Не, никаде не погрешив, напротив, намерно почнав од крајот
бидејќи сакам на свој начин да ви ја објаснам филозофијата на
животот и целта која нѐ крева високо до планинските стебла.
40
Според мене, никако не смееме да ја занемариме Моќта на
Бесконечноста која претставува збир од принципи собрани на едно
место, кои искажувајќи се како Семоќни и Свети, всушност, се
олицетворение на добрите дела коишто се погребани во нашите
духовни тела.
Во овој лажен свет, во кој отровот ни го сервираат како лек,
зар треба да се поистовети со некои лица згазени, кои се
идентификуваат како поразени ? – Секако дека не можеме да се
идентигикуваме со другите и да попримаме лажни чувства во себе.
Никогаш не жалете за минатите денови, пробајте што поскоро
да ги заборавите лошите епизодни спомени, бидејќи тие им
припаѓаат на мртвите филмови. Наместо тоа живејте со полна
пареа, сега е моментот за промена на нештата, бидејќи новиот
почеток, несомнено го означува и блескавиот завршеток на делата.
Иако можеби сум последната што треба да говори на оваа
тема, јас без никаква скепса, сметам дека ви ги презентирав
најсилните аргументи со кои, впрочем, ќе продолжите да живеете и
кои постојано треба да ги надградувате, секако, ако сакате да си
обезбедите квалитетна иднина базирана на склопот од
Безвременските животни правила.
.
41
Ивона Дамеска ~ Ида
Непокорна мисла
Таму најгоре, каде што сонцето заробено во светлосините
пазуви на кристално ведрото небо, со блескавиот допир на топлите
зраци, грижливо ја храни густата бадемова шума.
Високите бадемови гранки прилегаат на смели војници, кои во
своите нежни прегратки вешто ги кријат огромните древни камени
карпи, како да се човечки статуи, со восочен лик.
Восхитено набљудувајќи ја оваа недопрена природа со
божествена убавина, во еден миг забележав дека студеното ветре
со својот силен крик, личи на строг учител кој со своите студени
допири, ми удира тешки шлаканици по лицето.
Диво беснеејќи по планинскиот рид, со својот суров вик чиниш
како со ладен здив, остро се труди да ми раскаже за магичната
таинственост на напукнатите карпести кули.
Облеани со цврстина и храброст, останаа како неми сведоци
да сведочат за мноштвото неостварени младешки сни, на воинот со
пркосен дух, кој секогаш седел на тронот со својот разигран коњ.
Неговиот шарец-коњ бил како лукав крилест ат, кој снажно се
борел и луто го гонел секој кој што ќе се обидел со непријателски
чекори да влезе низ широките царски порти.
Додека со огромна љубов гледав кон остатоците од овој
колоритен пејзаж, воодушевено воздивнувајќи стоев на еден
сивкасто- темен со мов камен, чувствувајќи ја врелата крв која како
силен жар ми врие во вените и со црвен пламен ми ги порумени
образите.
Чекорејќи по стрмните и непроодни калдрми кои го покажуваа
патот кон врвот на карпата, од каде што кралот им давал мудри
заповеди на своите верни поданици и војници, уморна и истоштена
носејќи го товарот на заморот кој беше се надвиснал над моите
мали и кревки плеќи, се чувствував немоќно за да продолжам и да
се искачам на тронот.
Злите јазици сигурно ќе помислат дека не сум достојна и
немам харизма, да стојам рамо до рамо со човекот кој има своја
историја и непобедлива сила.
42
Не сакајќи да правам споредби со моите идоли, овој мој мал
пад го сметам за добар почеток, којшто се надевам дека еден ден
ќе ми даде Господова сила и со својата испружена пријателска
рака, ќе ме поведе по патот послан со зеленикаво- кадифена свила,
воздигнувајќи ме на тронот изграден со моќта на мојата непокорна
мисла.
43
Ивона Дамеска ~ Ида
Возвишени цели
Пладневно матине, светлината калдиса во првата четвртина
од квечерината.
Залезот спонтано и набрзина го прикачи сонцето удолу, како
лунарно огледало во далечина, коешто чиниш со бордо
раштрканите нијанси, кои како рубини ѓердани блескаат на сите
страни и даваат префинет одблесок на небесната шир, сакајќи
таму да го пронајде својот мир.
Искрено, не сум тип кој постојано гледа во својот будилник, но
отприлика, претежно кога стрелките од часовникот ќе покажат осум
ипол, наместо да си легнам в кревет, јас будна сонувам и со
отворени очи патувам низ фантастичните одаи на имагинарниот
свет, во библиотеката со нагласен импулсивен ред.
Таму во средината на полицата која е моделирана со
лакирана иверица, се наоѓа ветвата повеска на дневникот со
скината корица.
Можеби ќе биде бесполезно тоа што сакам токму вечерва на
бирото со украсна свеќа, да ѝ ставам крај на оваа, судејќи според
недовршените временски етапи историска книга.
Да, да однапред се согласувам дека ова што сега го пишувам
звучи несмасно и брзоплето, но верувајте за животот пополно е
безопасно.
Патем, јас отсекогаш по природа сум била спонтана
авантуристка, која наместо вода го конзумира пишаниот збор како
дрога, која облагородувајќи ми го срцето, впрочем, ми го отпушта
телото.
Во оваа нечујна штама само копнежот, хартијата, тагата и
болката: хм .. БОЛКАТА Е МАЈКА НА УМЕТНОСТА, КОЈА ОД
ДУШАВА МИ СЕ РАЃА !
... Која ми беше мислата од пред малку ? ... Значи, секогаш е
вака кога се колкам со наркотична екстаза. Неподобна и расеана
чиниш како птица од јатото избегана. Но, за среќа подобро се
чувствувам сега.
Оваа нова димензија има разобличена и раритетна форма.
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка
Душата на  дланка

More Related Content

Featured

2024 State of Marketing Report – by Hubspot
2024 State of Marketing Report – by Hubspot2024 State of Marketing Report – by Hubspot
2024 State of Marketing Report – by HubspotMarius Sescu
 
Everything You Need To Know About ChatGPT
Everything You Need To Know About ChatGPTEverything You Need To Know About ChatGPT
Everything You Need To Know About ChatGPTExpeed Software
 
Product Design Trends in 2024 | Teenage Engineerings
Product Design Trends in 2024 | Teenage EngineeringsProduct Design Trends in 2024 | Teenage Engineerings
Product Design Trends in 2024 | Teenage EngineeringsPixeldarts
 
How Race, Age and Gender Shape Attitudes Towards Mental Health
How Race, Age and Gender Shape Attitudes Towards Mental HealthHow Race, Age and Gender Shape Attitudes Towards Mental Health
How Race, Age and Gender Shape Attitudes Towards Mental HealthThinkNow
 
AI Trends in Creative Operations 2024 by Artwork Flow.pdf
AI Trends in Creative Operations 2024 by Artwork Flow.pdfAI Trends in Creative Operations 2024 by Artwork Flow.pdf
AI Trends in Creative Operations 2024 by Artwork Flow.pdfmarketingartwork
 
PEPSICO Presentation to CAGNY Conference Feb 2024
PEPSICO Presentation to CAGNY Conference Feb 2024PEPSICO Presentation to CAGNY Conference Feb 2024
PEPSICO Presentation to CAGNY Conference Feb 2024Neil Kimberley
 
Content Methodology: A Best Practices Report (Webinar)
Content Methodology: A Best Practices Report (Webinar)Content Methodology: A Best Practices Report (Webinar)
Content Methodology: A Best Practices Report (Webinar)contently
 
How to Prepare For a Successful Job Search for 2024
How to Prepare For a Successful Job Search for 2024How to Prepare For a Successful Job Search for 2024
How to Prepare For a Successful Job Search for 2024Albert Qian
 
Social Media Marketing Trends 2024 // The Global Indie Insights
Social Media Marketing Trends 2024 // The Global Indie InsightsSocial Media Marketing Trends 2024 // The Global Indie Insights
Social Media Marketing Trends 2024 // The Global Indie InsightsKurio // The Social Media Age(ncy)
 
Trends In Paid Search: Navigating The Digital Landscape In 2024
Trends In Paid Search: Navigating The Digital Landscape In 2024Trends In Paid Search: Navigating The Digital Landscape In 2024
Trends In Paid Search: Navigating The Digital Landscape In 2024Search Engine Journal
 
5 Public speaking tips from TED - Visualized summary
5 Public speaking tips from TED - Visualized summary5 Public speaking tips from TED - Visualized summary
5 Public speaking tips from TED - Visualized summarySpeakerHub
 
ChatGPT and the Future of Work - Clark Boyd
ChatGPT and the Future of Work - Clark Boyd ChatGPT and the Future of Work - Clark Boyd
ChatGPT and the Future of Work - Clark Boyd Clark Boyd
 
Getting into the tech field. what next
Getting into the tech field. what next Getting into the tech field. what next
Getting into the tech field. what next Tessa Mero
 
Google's Just Not That Into You: Understanding Core Updates & Search Intent
Google's Just Not That Into You: Understanding Core Updates & Search IntentGoogle's Just Not That Into You: Understanding Core Updates & Search Intent
Google's Just Not That Into You: Understanding Core Updates & Search IntentLily Ray
 
Time Management & Productivity - Best Practices
Time Management & Productivity -  Best PracticesTime Management & Productivity -  Best Practices
Time Management & Productivity - Best PracticesVit Horky
 
The six step guide to practical project management
The six step guide to practical project managementThe six step guide to practical project management
The six step guide to practical project managementMindGenius
 
Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...
Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...
Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...RachelPearson36
 

Featured (20)

2024 State of Marketing Report – by Hubspot
2024 State of Marketing Report – by Hubspot2024 State of Marketing Report – by Hubspot
2024 State of Marketing Report – by Hubspot
 
Everything You Need To Know About ChatGPT
Everything You Need To Know About ChatGPTEverything You Need To Know About ChatGPT
Everything You Need To Know About ChatGPT
 
Product Design Trends in 2024 | Teenage Engineerings
Product Design Trends in 2024 | Teenage EngineeringsProduct Design Trends in 2024 | Teenage Engineerings
Product Design Trends in 2024 | Teenage Engineerings
 
How Race, Age and Gender Shape Attitudes Towards Mental Health
How Race, Age and Gender Shape Attitudes Towards Mental HealthHow Race, Age and Gender Shape Attitudes Towards Mental Health
How Race, Age and Gender Shape Attitudes Towards Mental Health
 
AI Trends in Creative Operations 2024 by Artwork Flow.pdf
AI Trends in Creative Operations 2024 by Artwork Flow.pdfAI Trends in Creative Operations 2024 by Artwork Flow.pdf
AI Trends in Creative Operations 2024 by Artwork Flow.pdf
 
Skeleton Culture Code
Skeleton Culture CodeSkeleton Culture Code
Skeleton Culture Code
 
PEPSICO Presentation to CAGNY Conference Feb 2024
PEPSICO Presentation to CAGNY Conference Feb 2024PEPSICO Presentation to CAGNY Conference Feb 2024
PEPSICO Presentation to CAGNY Conference Feb 2024
 
Content Methodology: A Best Practices Report (Webinar)
Content Methodology: A Best Practices Report (Webinar)Content Methodology: A Best Practices Report (Webinar)
Content Methodology: A Best Practices Report (Webinar)
 
How to Prepare For a Successful Job Search for 2024
How to Prepare For a Successful Job Search for 2024How to Prepare For a Successful Job Search for 2024
How to Prepare For a Successful Job Search for 2024
 
Social Media Marketing Trends 2024 // The Global Indie Insights
Social Media Marketing Trends 2024 // The Global Indie InsightsSocial Media Marketing Trends 2024 // The Global Indie Insights
Social Media Marketing Trends 2024 // The Global Indie Insights
 
Trends In Paid Search: Navigating The Digital Landscape In 2024
Trends In Paid Search: Navigating The Digital Landscape In 2024Trends In Paid Search: Navigating The Digital Landscape In 2024
Trends In Paid Search: Navigating The Digital Landscape In 2024
 
5 Public speaking tips from TED - Visualized summary
5 Public speaking tips from TED - Visualized summary5 Public speaking tips from TED - Visualized summary
5 Public speaking tips from TED - Visualized summary
 
ChatGPT and the Future of Work - Clark Boyd
ChatGPT and the Future of Work - Clark Boyd ChatGPT and the Future of Work - Clark Boyd
ChatGPT and the Future of Work - Clark Boyd
 
Getting into the tech field. what next
Getting into the tech field. what next Getting into the tech field. what next
Getting into the tech field. what next
 
Google's Just Not That Into You: Understanding Core Updates & Search Intent
Google's Just Not That Into You: Understanding Core Updates & Search IntentGoogle's Just Not That Into You: Understanding Core Updates & Search Intent
Google's Just Not That Into You: Understanding Core Updates & Search Intent
 
How to have difficult conversations
How to have difficult conversations How to have difficult conversations
How to have difficult conversations
 
Introduction to Data Science
Introduction to Data ScienceIntroduction to Data Science
Introduction to Data Science
 
Time Management & Productivity - Best Practices
Time Management & Productivity -  Best PracticesTime Management & Productivity -  Best Practices
Time Management & Productivity - Best Practices
 
The six step guide to practical project management
The six step guide to practical project managementThe six step guide to practical project management
The six step guide to practical project management
 
Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...
Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...
Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...
 

Душата на дланка

  • 1. 1
  • 2. 2 Ивона Дамеска ~ Ида Душата на дланка
  • 3. 3 Предговор Драги мои, со огромно задоволство, сакам да Ви се обратам за да Ви соопштам дека трудот секогаш се исплатува, бидејќи по три години “ДУШАТА НА ДЛАНКА”, конечно се појави. Во овој светол час, тврдам дека го открив грнето на среќата, што беше сум го заборавила, затрупано меѓу најразлични невкусни случки кои се вдомиле длабоко во мене. Нема многу да зборувам, бидејќи си ветив дека отсега само ќе славам и на животните успеси несебично ќе им се радувам ... И, како по навика, ги слушам внатрешните гнили, распаднати гласови како немоќно се кикотат: ”Ха, ха, ха, кои се твоите успеси!?“ – зајадливо и со подсмев упорно се обидуваат, но не успеваат да ми ја симнат насмевката. Не дека сакам ним да им одговорам, но пред сите Вас гордо сакам да се дообјаснам. Да! - јас успеа, благодарение на родителите и пријателите кои давајќи ми целосна поддршка, чекореа со мене по патот кој водеше до успехот. Тие со кои и во добро и во зло секогаш сум заедно. Во овие среќни моменти кога на сите лицата ни се оросени со солзи радосници, ќе си приспомнам и за моите најмили ... моите Ангели, кои иако физички се отсутни, сепак, јас ја чувствувам нивната близина, присуството сега и тука. Знам, прв е Бог, а Тоше и Роберт седнати до него, ми ракоплескаат за успешната приказна во која по игра на судбината и тие станаа дел од неа.. Радувајте се Ангели, Вашата мисија се исполни ! Бог ме послуша, преку Вас ме услиша ! Небото спонтано ми го испрати човекот што животот ми го промени ! Никогаш досега не сум запознала повеликодушен човек, кој искрено ќе те сослуша и ќе те разбере, зашто сите ние сме луѓе, но да бидеш човек е титула која треба да умееш да ја носиш. Мило ми е што неочекувано најпрекрасните работи ми се случија под закрила на личноста која со широкоградо срце ги
  • 4. 4 отвори портите од моите дамнешни скриени сништа, докажувајќи ми дека вредам и дека никогаш не треба да престанам да се борам. И милион пати да му се заблагодарам, знам дека нему не ќе можам да му се оддолжам, па затоа само ќе кажам дека : “ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ ЌЕ СЕ ПАМЕТИ, СЕ ДОДЕКА ЖИВОТОТ ВО МЕНЕ ПОСТОИ !” Ве сака, Вашата Ида !
  • 5. 5 ... Оваа книга им ја посветувам на трите најдрагоцени личности во мојот живот: Мајка ми, Добрата Вила која како сонце грее и секогаш е до мене. Двајцата АНГЕЛИ кои, за жал, повеќе не се покрај мене, но јас знам дека се секогаш со мене: Тоше, мојата Вечна Илузија ... Се што не успеав да ти кажам, во книгава ти напишав. Роберт, Најубавиот Гулаб од детството.
  • 7. 7 Ивона Дамеска ~ Ида Писмо до Ангелот По три години откако си отиде, еве и јас собрав сили да ти напишам писмо за да ти кажам како се чувствувам. Пред три години на овој датум сите бевме во шок и неверување од веста што како ехо одекна и го замрачи целиот Балкан. И додека плачевме и му се лутевме на Бога затоа што те зеде со себе, надвор блесна сонце. Небото се радуваше бидејќи во неговиот бескрај ќе лета уште еден Ангел. Луѓето те нарекуваа човек со Ангелски лик, но ... АНГЕЛИТЕ, се на небото. Твојот мил и убав лик, заедно со твоите раце кои постојано се ширеа некого да прегрнат, како крилја одлетаа кон небото. Велеа дека си ... ЅВЕЗДА, всушност, мислејќи на твојата блескава насмевка, која сега одозгора сјае и нѝ ги топли срцата. Рекоа дека си ... ИКОНА, која денес како слика стои во сите наши домови. Убаво е кога знаеш дека откако ќе заспиеш има некој кој што ќе те штити и чува. Затоа немам право да му се лутам на Бога. Животот, велат, бил суров учител, прво го давал тестот, а потоа лекцијата. Жал ми е што тестот беше токму ти, а лекцијата некој подобро, некои полошо ја научивме, но мило ми е што сите запомнавме дека треба да си помагаме, да се сакаме и да му се радуваме на животот. Еднаш ти рече дека ќе пееш па дури и да остане само еден што ќе ја слуша твојата музика. Пеј, Тоше, пеј, затоа што јас ќе бидам таа што секогаш ќе ги слуша твоите песни. Ако некогаш посакаш да ги прочиташ моиве зборови и слеташ на овој стол, знај дека овие зборови се откорнати од најдлабоките делови на моето срце со искрена и чиста душа.
  • 8. 8 Ивона Дамеска ~ Ида Зошто отиде ? НЕМИР, ... и сенка од пурпурна светлина која надоаѓа од бакарната МЕСЕЧИНА, осветлувајќи ги ѕидовите со гоблени од вештачка лага зашиени, во оваа СОБА ЗА ТАГА. Настани, случки и спомени заглибани, врз везот исшнирано ПОЛСКО ЦВЕЌЕ развиорено, со величествени листови во раскошни вишна-тонови. Ти си ДАЛЕКУ ОД МЕНЕ, но те чувствувам толку блиску до себе, не можам да ти речам ПУШТИ МЕ, ајде се изморив веќе, не задушувај ме повеќе. Не ми е важно што ми зборуваат другите, остави ги, нека им се отворат РАНИ НА УСНИТЕ. Тие не знаат колку боли разделбата што две души двои, бесцелно брборат, ЛОШО ТИ СТОИ солзата во очите твои. КАЗНА МОЈА СИ ТИ !, ме СЛУШАШ ЛИ !?, уживам во пресудата која ми ја додели. ЅВЕЗДО СЕВЕРНИЦЕ блескај на небото како жар, ти си ми најубавиот дар од ВЕЧНИОТ КРАЛ. ОСТАНИ ДО КРАЈ со СИНОТ БОЖЈИ во небесниот РАЈ. Верувај, ЗА ОВОЈ СВЕТ не вреди да се коцкаш на РУСКИ РУЛЕТ, зашто злобните итровито ќе те изиграат, токму тогаш кога ти останала УШТЕ ЕДНА СКАЛА до моралната победа. Ноќва прилега на свеќа што догорува и полека се топи и согорува ... ... Во светилникот што се гаси ДУША ОСТАНА, како аманет изгрејсонцето да го краси.
  • 9. 9 Ивона Дамеска ~ Ида Копнеж Ноќта тивко се спушта на мојот прозорец, везејќи превез од блескава ткаенина. Додека сите се потонати во најсладок сон, јас како месечар во собата прекриена од темнината, единствено другарувам со тишината. Мрак, несоница, тишина и знам, оваа ноќ е како создадена за разголување на душата. Ти спиеш на облак покриен со ѕвездена покривка, а во мојата глава повторно се шета истото прашање кое не ми дава мир, како да не знае за време и оваа ноќ како со најостро ноже ми ги пара мислите и ме остава без сон. За миг ме обзема среќа помислувајќи на убавите денови поминати заедно, тогаш кога живеев само за да го слушнам гласот на СЛАВЕЈОТ и да ја видам најубавата насмевка на твоето лице. Обземена од чувствата кои не можам да ги погазам збунето се прашувам : ЗОШТО ЗАМИНА БЕЗ ЗБОР И МЕ ОСТАВИ ВЕЧНО ДА КОПНЕАМ ПО ТВОИТЕ СЈАЈНИ ОЧИ !? Копнежот како факел со најсилен оган излета од градиве и правејќи трага се вивна во небото таму каде што си ти. Сега сум спокојна бидејќи знам дека ти ги имаш конците и ме држиш доволно високо за да не паднам во канџите на бездната, но и доволно ниско за да не можам да одлетам, бидејќи не можам да летам, затоа што немам крилја како твоите, така што повторно би се нашла во безмилосното пространство. Барајќи зборови со кои ќе ја разјаснам енигмата на ова прашање, не ни забележав дека веќе зората почнала нежно да го милува утрото.
  • 10. 10 Ивона Дамеска ~ Ида Илузијата на заливот во душата Монсунските ветрови кои дивееја по кревките врвови од кршливите вериги, вкопани во темелот на крвта, со години и се насладуваа на сржта. Но, денес веќе не е така ! По илјадници минати сенилни минути, денеска во твоето отсуство, го одгатнав моето присуство . Зар тоа не е чудесно ?! Бунарот од солзи во кој ги натопуваше своите ѕвездени очи, во твоите раце се излеа и пресуши, обликувајќи го океанот од бисерни школки, кој се виори во моите духовни одаи. Таму, во дамарите на ова величествено здание, со жиците од двожична гитара се расплетува приказната за бајковидната сказна. И после сѐ, ти си силна недоречена емоција која болскоти како огнена секавица, што ја разорува едноличната темнина. Опкружена со крепоста на заливот во душава, кришум како пират ќе се нурнам во илузијата на мистичните нешта.
  • 11. 11 Ивона Дамеска ~ Ида Ангел Чувар Врнежлива мајска ноќ. Дождот неуморно ги мие прозорците од калта, која беше се надвиснала над нив, наликувајќи на `рѓа која се раствара во милиони неспокојни солзи, кои како тажни капки паѓаат на расплаканите улици. Седев во собата потоната во мрак и темнина, чекајќи грмотевиците кои одекнуваа наоколу и ми ги параа ушите, што поскоро да стивнат, а дождот кој непрестајно тропаше по лимените олуци, се чинеше како неканет гостин во овој мрачен дом. Очајно лутајќи го погледот на сите страни како трагач по утеха, за миг на ѕидот ненадејно го здогледав твојот лик. Во моментот кога моите неспокојни очи ненадејно го здогледаа твојот спокоен поглед, чинам дека во мојата душа удри молња, која ја растера бурата и донесе блескаво виножито кое секогаш доаѓа како дар од небото. Додека треперејќи нестрпливо очекував ветерот како бел прав да ја одвее бурата некаде далеку од мојот видик, непрестајно гледав во твојот насмеан лик, откривајќи дека секогаш ми доаѓаш како мевлем на рана, носејќи мир и спокој во мојава душа. Оваа ноќ, додека сјајот од блескавите ѕвезди го прекри мрачен превез, ти успеа да се протнеш меѓу облаците и да излезеш од темнината, летајќи право во мојата одаја за по којзнае кој пат да ми докажеш дека луѓето кои што ги сакаме никогаш нема да ги заборавиме. Додека небото плаче молејќи го сонцето в зори да им исцрта блескави траги на темно-сивите облаци полни со тага, во мојата душа веќе процветаа лилавите јорговани, засадени од твојата волшебна насмевка, маѓепсувајќи го просторот со својот неодоллив мирис. Грижливо чувајќи ги, со ветување дека како аманет ќе го негувам споменот кој ме потсетува на тебе.
  • 12. 12 Ивона Дамеска ~ Ида Ангелски Венец на радоста Како што поминува времето, болката исчезнува, раните заздравуваат, но лузните не се лекуваат. Можеби ќе речат дека сум станала креативна, но откако влезе ти во мене направи поплава, така што емоциите како река почнаа да пливаат кон површината. Овој јануарски ден, рајските градини ќе бидат претесни за да ги соберат сите Ангели кои ќе дојдат да ти посакаат среќа, а ти облечен во костумот од слатка насмевка ќе ги пречекаш со зборовите “ВЕ САКАМ СИТЕ”. Знаеш, јас секој ден сум сѐ посреќна и посреќна бидејќи ти ми се скри во душава, ми заспа во срцево во најслатки сни. Верувај, за мене не постои поубаво чувство од тоа кога нежно ќе те погалам со мислите. Луѓето денес натоварени со спомени и сеќавања ќе те посетат за да ти подарат цвеќиња, срциња, кадифени мечиња ... Мојот подарок за тебе ќе бидат овие зборови, бидејќи знам дека зборовите секогаш се највредниот подарок што може да се добие. Врзани со панделки од бакнежи, ќе ти ја пренесат најубавата честитка, на која со многу љубов ќе биде пишано : СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНГЕЛУ МОЈ !
  • 13. 13 Ивона Дамеска ~ Ида Октомвриска сага Кога ноќта како мистериозна дама ќе ги распушти своите долги црни коси врз светилките кои го осветлуваат градот, тогаш само златно-српестата месечина, ездејќи во мракот со својот блесок, ми го осветли прозорецот. Како бледа сенка стоев зад завесата навезена со решместо белузлав вез, потоната во длабочините на мислите, кои наликувајќи ми на бедни просјаци, носени со звуците на мелодиите од ноќнте штурски чувари, талкаа во далечините на непознатиот и сеуште неоткриен свет. Чекајќи што поскоро, несоницата како млада невеста да заспие на нежно-меката постела, со озарени очи ѝ се восхитував на небесната шир, која оваа ноќ прилегаше на новоотворена златарница, во која имаше распослано прекрасен златно- дијамантски накит. Внимателно го набљудував овој мистичен свет, нестрпливо трудејќи се од некаде да го здогледам милниот поглед на белокрилестиот Ангел, кој секогаш ми ја следи мислата и постојано ме инспирира. Сакајќи да го поздравам и да му посакам пријатен лет кон неговиот рајски свет, со моето духовно перо му испшав октомвриска сага, која чекорејќи по патеката послана со ѕвездена прашина, секогаш ќе го следи како моја вечна трага, потсетувајќи го дека чистотата во која тој лебди, сега е единствениот пријател мој. Додека ја пишувам оваа сага, со букви на кои како сув плевел, шушкаат веќе засушени, бол, бес и тага, сакам да ти кажам дека во оваа мрачна есенска доба, благодарение на твојата неминлива и никогаш непотрошна Ангелска енергија и сила, успеа да направиш да се чувствувам исполнета, безгрижна и среќна. Некои мудри старци некогаш рекле дека крајот секогаш го краси делото, па затоа сега оваа последна фраза ти ја посветувам
  • 14. 14 лично тебе, сакајќи да знаеш дека што и да се случи мојава душа за тебе, секогаш ќе пишува и ќе твори. Ивона Дамеска ~ Ида Ново раѓање Оној проклет есенски дожд, чиниш како од крбла го истури кобниот ден, ... но годината е друга, годината е 5-та. Денес вознемиреноста како чума, повторно почна да се шири во мене, како чудовиште со презирно, ѓаволско лице. Но, не, нема да попуштам, јас не сум слабак за на провокацијата да потклекнам, тешко е, но ќе се обидам, иако можеби нема да успеам. Можеби од џамлакот видикот ми е ограничен, а просторот делува како стегнат и пластичен, но, не, јас присилум не сакам од оваа соба на спомени да бегам, знаете, одовде белото небо совршено го гледам. Тука во костецот меѓу вратите и пастелно ишараните ѕидови, расфрлена на сите страни, наликувајќи на артерија која крвта ми ја собира, тука се наоѓа една душа чиста и одана, која никогаш не била на злото предана. “ЖИВОТОТ Е БУРА НЕКОГАШ ТЕ БУТУРИСУВА, НЕКОГАШ ТЕ КРЕВА, ЗАТОА КОГА ПРЕПРЕКАТА НА ИСКУШЕНИЕТО ЌЕ ВЕ СОПНЕ НЕ КОЛЕБАЈТЕ СЕ, ВЕДНАШ ОД ПОДОТ СКОКНЕТЕ И СО ОЗАРЕНО ЛИЦЕ СТАНЕТЕ, БИДЕЈЌИ ТОА Е ВАШЕТО НОВО РАЃАЊЕ.” Ова не е животно мото, ниту пак дело никнато од моето творечко перо, ова е само делче од енергијата што стоплува и срцата како едно што ги сплотува. Вознесена од чувството кое ме носи близу до него, одолевам на аромата која како пеперуга, кружи низ собата. Телото ми е прекриено со превез од проѕирна памучна прашина, а во него е тој и прилега на слатка, шеќерна воздишка, чиниш создадена во виртуелните детски соништа, која топејќи се ја надополнува бесконечната празнина која старее исто како мене. Чувствувам звук, бавен, краток такт од чукањето на срцето, кој, чинам, како да е слепен веднаш до моето. Ова е како сон нестварен, имагинарен
  • 15. 15 сон, насекаде низ моите тајни фантазии се кријат отпечатоци од неговите галантни допири. Чинам како се искрадува од портата на срцето мое и ненаметливо ми скокнува во разнежнета прегратка. Секогаш кога ми легнува под пазува, јас знам дека некаде сум погрешила, а тој пак со добра намера е дојден само да ме посоветува и лицето да ми го израдува. Неразбирлив, многупати остар, а понекогаш и тажен, но секогаш милозлив и снажен, таков е јазикот на кој постојано комуницираме со Ангелот. Сеедно е дали пееме, се смееме или заедно се разочаруваме и тагуваме, тој секогаш наоѓа време за да ми шепне: “ПОСТОЈАНО МИСЛИ И СО ЉУБОВ СЕЌАВАЈ СЕ НА МЕНЕ, НО НИКОГАШ НЕМОЈ ДА ПАТИШ И ПЛАЧЕШ ЗА МЕНЕ.” ... Залудно ќе ѝ се противставиме на судбината, која прилегајќи на бесконечен океан полн со пелин и брилијант, несносливо ќе нѐ турне во водата и упропастувајќи ни ја патеката, за миг ќе не оттргне од панорамата со нашите неостварени соништа.
  • 16. 16 Ивона Дамеска ~ Ида Гласот на преубавиот Ангел Кога ноќта ќе ја крене темната завеса, сонцето од над планините го поздравува новиот ден. Шумолењето на гранките, облечени во своите бели кошули, со нивниот шепот раскажуваат за доаѓањето на пролетта, со своите зелени кочии. И додека гулабот од највисокиот рид и пее весела мелодија за добредојде, во мојава глава се уште одекнува твојот милозвучен глас. Чукајќи силно, храбро се бори со своите крилја да излета од дамарите на мојата душа, како да сака со нивниот нежен допир да ми ги избрише солзите, кои ми се тркалаат по лицето. Потоната во море од емоции, очајно погледнувам кон небото, сакајќи повторно да ја видам ... РАДОСТА ОД ТВОИТЕ ОЧИ, КОЈА КАКО ОГАН СЕ РАСПЛАМТИ НА НЕБОТО, БЛЕСКАЈЌИ ВО ЕГЗОТИЧНИТЕ ОДАИ НА РАЈСКАТА ТАИНСТВЕНОСТ. Сега спокојот во моиве гради повторно ја предизвика твојата ТРАГА ВО БЕСКРАЈОТ, кој со железен катанец го заклучив во срцево. Во крошна исткаена од пердувеста ткаенина гулабите ќе ти ја пренесат пораката што ти ја испраќам, немирно играјќи во прегратките на небото.
  • 17. 17 Ивона Дамеска ~ Ида Рождеството на Христа Јануарската ноќ, која како зимска кралица гордо се спушти од зад планините, чиниш како госпоѓа од високата класа, веднаш се пофали дека со себе ја понела плетената снежна покривка, која како подарок за градот, со своите неуморни раце, самата ја сплела. Студена зимска ноќ, навев од снег и една ѕвезда што трепери во недоглед, на која ѝ припадна честа, прва да ни ја соопшти веста, за раѓањето на СВЕТАТА РОЖБА ДАДЕНА ОД БОГА. Во овој светол мрак, мирно со високо подигнати и како за прегратка широко раширени раце, сакам да викнам, нечујно на глас, ”Еј, ѕвездо мила, ме слушаш ли ти мене сега, јас сум девојка млада која во овој миг помош од тебе бара, затоа те молам како сестра, претвори ме во птица бела, која со своите раскошни крилја, за час ќе одлета, во твоите возвишени небеса, сакајќи да се помоли во ЦАРСТВОТО НА ХРИСТА. Мала како снегулка, пред него стојам со раце преклопени како за молитва и понизно надолу, кон земјата гледам, бидејќи не би сакала да го навредам. Ветувам, нема од него ништо да барам, сакам само да му заблагодарам, бидејќи секогаш како верен пријател низ животот ме следи, притоа покажувајќи ми ги смелите патеки. Додека со наведена глава, се молам за неговата света правда и вечна слава, чувството на пријатна топлина како струја, ми се проби под замрзнатите делови од кожата. Тогаш кога топлината, ми продре во вените, со своето благотворно дејство, чинам како да ме просветли цела, бидејќи за прв пат успеа да го скрши камениот оклоп, приклештен околу градите. Сега кога срцето ми свети како проѕирен светилник во длабок мрак, без ни малку страв од зло, ќе тргнам од оваа патека, бидејќи знам дека човекот е создаден за неволја, иако не знам каде овој пат ќе ме одведе, признавам и тоа дека не сум сигурна во себе, но што да правам кога ја сакам авантурата како мало дете.
  • 18. 18 Слободно фрли ме во рингот да се борам со ризикот, бидејќи јас преферирам таков предизвик. И за крај, бескрајно те молам, на овој меч ти, Драг мој, биди ми тренер и судија и никогаш немој да ми вртиш глава, а јас секогаш ќе ја чувам зацртаната цел, како главен адут во мојата потсвест.
  • 19. 19 Ивона Дамеска ~ Ида Молитва до Господа Ноќта полека ја спушта црната завеса, навезана со светликава срма на платно од златно-жолта свила, напрскано со ѕвездена прашина. Во ноќната тишина далеку од секојдневните грижи и напнатоста која ја чувствувам, повторно размислувам за пречекот на празничните ѕвона, кои со нетрпение ги очекувам да пристигнат и силно да затропаат на портите, накитени со прекрасни шаренкасти цветови. Не знам, можеби не сум достојна, но со огромна почит и љубов кон мојот Свет Татко и неговиот Син, сакам да им се заблагодарам затоа што ме следат во секој мој чекор и сите мои недостижни мечти ги претвораат во реалност. Затоа сега со мои зборови ќе им испишам благодарница, која, се надевам дека ќе ги краси нивните дворови, во овие празнични денови. Пред две илјади години во една ваква ѕвездена ноќ, на небото се појави Божилак, тогаш кога во прегратките на Светата Мајка благословена од Бога, се роди Синот Божји. Таа блескава ноќ ќе остане вечно врежана во моите мисли, бидејќи сакам да почувствувам барем дел од таа славеничка атмосфера на небото и повторно да ја видам радоста во очите на Ангелите, кои му пееја весели мелодии на Светиот Син, кој го нарекоа Исус Христос. Како што растеше Синот Божји така растеа и неговите добри дела, кои луѓето ги гледаа со восхит нарекувајќи ги Божји чуда. Не можејќи да се помират со фактот што постои човек пратен од Бога, кој шета на земјата само за да им помага на болните и немоќните луѓе, злобните човекојадци ги згазија сите Божји и човечки правила, распнувајќи го на крст и мачејќи го до смрт човекот со широка душа и Ангелско срце. Земјата обвиткана во црна марама тагуваше за згаснувањето на младото Ангелско срце, кое го даде својот живот жртвувајќи се за човечкиот род. И токму тогаш кога најмалку очекуваа, Господ им приреди Божјо чудо на луѓето, сакајќи да ги спаси од страдањата со Исусовото Воскресение, воскреснувајќи ги силната верба и огромната надеж во Бога како и во неговата несрушлива моќ.
  • 20. 20 Без сомнеж, Исусовото Воскресение создаде нов начин на живот во кој царува Божјата волја. Затоа денес кога се празнува победата на животот над смртта, сакам да се помолам на Бога во моите вени да потечат спокојот и трпението, кои ќе ми влеат мир во душата и ќе ме спасат од гневот и очајот од кои сум обземена. На крајот посакувам Господ да ги штити сите мои драги луѓе кои како Ангели блескаат горе на небото, но и да ги пази и чува моите најмили кои што секогаш се крај мене.
  • 21. 21 Ивона Дамеска ~ Ида Пролетна убавица Кога зимата ќе ја крене постелата од снежна прекривка, блескавото сонце со својот нежен допир ги брише кристалните солзи од прозорецот. Вредни како пчели сончевите зраци со сиот свој сјај ги прават последните подготовки за достоен пречек на нивната слатка сестричка. Новиот ден сакајќи прв да ѝ посака добредојде на прекрасната дама, ширум ги отвори портите накитени со жолто-зелени панделки, за да може на неговиот цветен тепих да се паркира раскошната лимузина на пролетната убавица. Птиците застанати на тенките гранки од високите дрвјасо очи полни радост, маѓепсани од нејзините нежни мириси и пееја песни со весели рефрени на младата невеста со бело венче на главата. Додека се слушаа звуците од распеаните славејчиња, над бистрите поточиња пеперугите го играа првиот танц, облечени во долги раскошни фустани. Тивкиот развигорец нежно ги лулаше гранките, како да сакаше со својот свеж мирис да ги напрска жешките стебла. Оваа преубава бајка за миг ја прекина магичниот дожд, кој прекрасната бујна вегетација грижливо ја искапе со своите волшебни капки, нестрпливо чекајќи сонцето повторно да се појави носејќи го виножитото во своите раце. Штом сонцето изморено од напорниот ден се сокри зад високите ридови, светлосиното небо навезено со конец од сребрена свила ѝ подготви ѕвездена покривка на својата гостинка.
  • 22. 22 Ивона Дамеска ~ Ида Магичен ден Штом зората ќе го прегрне блескавото утро, тогаш сјајното сонце го позлатува убавиот ден. Синото небо наликува на златно-жолт килим по кој танцуваат птиците, понесени од звуците на своите омилени стихови. Овој фантастичен концерт на прекрасен пој прелива во бистрата вода, чиниш како да се проектира на тиркизно стакло. Воодушевена од преубавата панорама, седев на брегот потоната во жешките допири на сончевите зраци кои нежно ми го галеа лицето, со погледот свртен кон брановидното море, кое ме канеше на бал во своите разиграни води. Газејќи во ситниот песок се чувствував како балерина, која галантно чекори по мека сребреникава свила. Шетајќи се по брегот, со своите чекори ненамерно се сплеткав во романсата на брановите, кои страсно го милуваа брегот накитен со бели бисери. Не сакајќи да ја прекинам оваа страсна љубовна врска, веднаш се фрлив во прегратките на светлосините води, кои како кристали блескаа на сонцето, нежно лизгајќи ми се по чоколадната кожа, и со своите допири слатко ме скокоткаа по телото. Кога сонцето се искачи во височините и запали силен оган во облаците, пламенот што го предизвика остави портокалов жар на небото. Весело гледајќи го залезот на сонцето, кој како со опиум ми го опијани срцето, испратив уште еден магичен ден исполнет со волшебни доживувања.
  • 23. 23 Ивона Дамеска ~ Ида Магична приказна Зората скришум се искрадува од прегратките на ноќта, за да го земе в пазуви блескавото сонце и да отрча прва да ѝ го погали лицето на заспаната убавица. Зраците од сонцето полека се тркалаат по нејзиниот кревет, сакајќи со својот нежен допир да ја разбудат од сонот. Насетувајќија сончевата игра во собата, како да се вознемири и веднаш скокна од постелата. Исплашена, погледна на сите страни мислејќи дека се случило нешто страшно, веднаш истрча на прозорецот. Гледајќи низ него, како во некоја волшебна бајка, ветерот играше танго со листовите во ритамот на црцорот на птиците, опиени од магичниот мирис на розите. Не сакајќи со своето присуство да ја уништи оваа прекрасна глетка, тивко се повлече во својата постела. Зад превезот од немир и страв оваа ранета срна тажно чекореше низ животот, во светот на арогантните погледи и завидливите насмевки. Во овој бал под маски не сакајќи да биде ничија кукла во рацете на некој безмилосен ѕвер, мечтаеше да ги вкуси убавите плодови на животот. Ни часовникот веќе не го мереше времето. Единствената сила која се бореше да го урне неспокојот од нејзините гради беа вербата и надежта, а само изгорениците на нејзиното тело оставија неизбришлива трага во нејзиниот живот и ѝ влеаја итрина и мудрост за да излезе од под урнатините на својата душа. Итајќи низ животот натоварена со своите мечти и планови, не ни помислуваше дека некој како со волшебно стапче може да ѝ го маѓепса срцето. Потребен беше само миг, сјајот во нивните очи и нежниот допир на дланките, како жар кој вечно ќе тлее, се закопа во нивните души. Овие две гулапчиња маѓепсани од волшепството на љубовта, како опиени играа во ритамот на страста. Се чинеше дека волшебната бајка од прозорецот која некогаш ја гледаше и за која честопати сонуваше, сега стана реалност.
  • 24. 24 Ивона Дамеска ~ Ида Вечна лага Штом рујна зора се буди од сладок сон, небото како со врел жар, ќе порумени од срам. Поигрувајќи си со белузлавите облачиња, зраците скришум продираат до светлосиното небо, вешто криејќи го мамурлакот,на сѐ уште сонјливото жарко сонце. Додека сонцето се колеба, дали со својот сјај да го блесне новиот ден, на широкиот чардак, од една пресно варосана жолтникава куќичка, се наоѓа распослана една мека бела постела. Од ширум отворените прозорци можеа да се забележат само кристално чистите стакла, урамени во рамки од дебело дабово дрво, на кои како морски пијавици стоеја едни прекрасно збунети сини очи. Тоа беше таа прекрасна гулабица бела, која ова утро беше задоцнила, па со своите раце вредни како пчела, за час ја свитка косата како црна свила, во шамија везена со златести конци од свила. Не е важно дали е девојка или жена, кога работа во полето ја чека, a таа газејќи како на трња, на дрвени налани иташе како срна, за побргу на нива да втаса и таму како аргатинка млада надвор да се мачи, се додека сонцето зад ридот не се смрачи. Кога стигна задишена и уморна од патот, веднаш седна на влажната трева послана со утринска роса, сакајќи малку душата да ја soбере, се напи ладна изворска вода од барде оd глина. Постојано шараше со очите и гледаше на сите страни, сакајќи за миг да ги здогледа лебедот бел и неговиот поглед врел. Помислувајќи дека е затскриен зад багремските јасли веднаш како видра скокна и се фати за мотиката вредна, која ѝ беше нејзина пријателка верна. А таму како наострени српови ја чекаа острите погледи, на навидум вредните и секогаш верни, обични слуги и аргати по ниви, кои како да беа секогаш за кавга спремни. Со потсмев ја гледаа во очи и брмчеа како оси, а пак неа тешка јанѕа ја мачеше, која како со остар нож душата ѝ ја корнеше , бидејќи не можеше да сфати што мака ја фати.
  • 25. 25 Но набргу јанѕата како пламен на небото се вивна, а клетиот абер дури на нивата ја стигна и како змија срцето ѝ го скина. Лута, бесна и од болка свиена прилегаше на млада тигрица здивена, која до вчера живеејќи во рај, не ни помислуваше дека денес некој како со црно перо на нејзините нежни дланки може да ѝ испише крај. Не можејќи да се помири со судбината сурова и клета, обземена од емоциите кои како да ја туркаа во длабока бездна, не можеше да најде одговор на прашањето кое засекогаш ќе остане како вечна дилема: ЗОШТО ЧОВЕКОТ ШТО БЕСКРАЈНО ГО САКА, ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА ДЕВОЈКА ОД ПОВИСОКА КЛАСА ? Лутата рана која како со жар и ја гореше душата и многу ја болеше, беше сведок дека повеќе никогаш нема толку силно да сака, бидејќи не сакаше да си создаде уште една горка мака. Заминувајќи кај друга не ни помислуваше дека како со лут камен, ќе ѝ го скрши срцето наполу, бидејќи заслепен за слава сакаше преку ноќ од амал да стане ага, кој отсега засекогаш ќе живее во вечна лага. Можеби еден ден кога грешката ќе ја сфати, чувствувајќи се како роб кој многу пати, ќе дојде кај неа и клекнат на колена, до сјајното небото за прошка ќе ја моли, а таа како студена кралица гордо пред него ќе стои и тогаш за него воопшто нема душата да ја боли, сакајќи еднаш како човек да сфати дека лузните кои ѝ ги остави како дар, всушност, се само дамки кои за неа не оставиле никаква љубовна трага.
  • 26. 26 Ивона Дамеска ~ Ида Недосонуван сон На врвот од ридот, таму каде што сонцето со својот допир нежно го гали килимот извезан со прекрасните цветови на штотуку будните бели ради, се наоѓа една стара, но добро сочувана мала куќичка. Во мир и тишина далеку од сообраќајниот метеж, во дворот, на тревникот од цветната градина оpкружена со високи багреми, од кои наоколу како опиум се шири ароматичен мирис, во убава платнена лулашка се лула преубава девојка. Слушајќи го црцорењето на птиците, кои се чини како да ѝ пеат приспивна мелодија на прекрасната девојка, која лежи во полу- свесна состојба, сакајќи бар за миг да ѝ излетаат од глава мрачните мисли, кои овие денови се чест гостин во нејзината треперлива душа. Горчливата мисла е како мрежа од пелин, во која е заробена и еве веќе деветта година ѝ ја гори душата. Можеби со текот на годините болката потонува се подлабоко во душата, но постојат денови, кога сништата се враќаат, а тогаш емоциите не се контролираат. Седејќи во лулката, како низ празно гледа во сликата на човекот кој на овој ден се одвои од топлото гнездо и замина во студените краеви на една далечна земја, за таму да и слугува на државата... Гледајќи во неговите кафеави очи, кои се смешкаа како бадеми готови да ѝ бидат сладок десерт на својата сакана, безуспешно бараше одговори на прашањата кои секојдневно ѝ се вртеа во главата. Додека тонеше во прашања без одговор, држејќи го в рака неговото последно писмо во кое пишуваше дека бескрајно ја сака и со нетрпение го чека мигот кога повторно, за многу скоро време ќе ги бакне нејзините сјајни очи, по којзнае кој пат беше сведок на еден недосонуван сон, за една неостварена љубов. Не можејќи да се помири со грубата вистина, тонеше во море од солзи, во кое како тажни бродови ѝ потонаа сите мечти и планови. Не знаејќи што се случило, постојано живее во сомнеж и исчекување дека ќе дојде ден кога силно ќе затропа железното ѕвоно на старата порта, а на прагот од домот повторно ќе го здогледа остриот поглед на саканиот и пак како некогаш ќе потоне во неговите длабоки очи, за таму да ја пронајде љубовта,
  • 27. 27 преточувајќи се во блескава насмевка која секогаш му го красеше лицето. Ивона Дамеска ~ Ида Двојна измама Ти повторно си тука, а јас како по навика, претпочитам да останам нема. Нема да ти речам добре дојде, ти не си тој, знам, ни на оној свет нема да си мој, но кога веќе си тука дојди, влези, бар на кратко со своето присуство удостои го ова безживотно суштество. Чувството е грозно, притисокот од вените што ми татни во слепоочниците се претвора во вресклив бес, кој се провира во твојата зеница и чинам како со сатар ти ја раскинува рожницата, но залудно бидејќи зборовите мои, никогаш нема да допрат до ушите твои. Впрочем, ти не си виновен и кога на глас: “Бегај од мене !” - сакам да извикам јас. Навистина не сфаќам, како можеш да седиш овде, зарем реата од гнила лага, не ти создава мака ? “ Јас нема, ти глув, каде ли ќе нѐ одведе овој заслепувачки дух !? “ Оваа двојно нерешлива равенка, наликува на чадорова стреа, која секогаш притаено стои покрај жолтите месечеви ламби, за во секое време подготвено да ги прикрива сомнителните изговори. Ова што се случува не е сетилна човекова мана, туку само изнудена гнила вистина што пред тебе се распаѓа. Знам, совршено добро знам кој си ти и што бараш овде, иако со потиштено срце, ти велам, “Губи се одовде !” Знаеш, јас молкум во тишината ја разоткрив мизеријата, ова, мистеријата. Чудно, но и ти како и јас, си еден напуштен, самотен “ АС ”. И ете сега повторно молчиме и нема што да си кажеме. Уф, ама е здодевно ова, зар јас секогаш прва ќе превземам иницијатива за да спасам ситуација ? ! Ноќна смена, “ казиното ” работи со полна пареа, коцките се фрлени, картите поделени, тука е и љубезната хостеса која подоко со насмевка ќе ѝ каже : “ Добредојде на уште една партија лажење.”
  • 28. 28 Ивона Дамеска ~ Ида Бездушен век Одамна, на мои три-четиринаесет години, пред речиси нешто повеќе од десетина лета господови. Како вчера да беше кога излупените клупи во училиштето “вриштеа” кога мастилата нерамномерно поминуваа преку нивните накривени рабови, и како игли несмасно им се зариваа во нивните длабини, жестоко тетовирајќи ги нивните голи делови. Тогаш бевме млади и неискусни, како кокичиња мали и несозреани и да бидам искрена, како и моите врсници, така и јас, не се потрудив успешно да ја совладам лекцијата за тежината на бремето кое подоцна ревносно ќе се повторува, во бесконечни етапи со повремени паузи и застои. Па, сега кога сум свесна дека животот нема да ми понуди многу избори, полека сфаќам дека темата на која тогаш доволно не и се сосредоточив, впрочем е една лажна фарса, дека наводно, “Човекот е чело на векот”, но од оваа дистанца јас навистина со жалење можам да признам дека, човекот, всушност, е само едно минорно делче од речиси невидливото балонче од сапунична пена, која кога бев дете, лебдејќи се губеше над мене. Да, денес е сосема поинаку, мислите како на езера полни со гнев, често пати ми затапуваат, чиниш како врз нив да се натрупале килниците мраз од некој непрооден пат, но живеејќи во денешниов суров свет во којшто дивее безочниот ѕвер, едноставно, сакал или не, ти, мораш да бидеш во чекор со времето, за тактички да го следиш пулсирањето на бездушниот век. Иако не постои човек кој не робува во сопствената ќелија, сепак, секоја чест на тие кои ја одгатнале тајната на мирниот сон, не чувствувајќи го заморот, што им се натоварил на нивниот грб. Но, за мене не е баш така, па често се прашувам, како луѓето добиваат се, така лесно, без мака ? Несомнено, со текот на годините станав доволно издржлива и максимално прониклива, но според мене, сепак, најбитно е тоа што го научив откако се запишав на доживотниот факултет за човековиот респект. Таму нема
  • 29. 29 попустивост, препишување и учтив професор, кој ќе ти дозволи да одговараш на полесен материјал. Со секое ново сонце што угреало во ридот зад патот со свиокот, опточена со нагонски страв од беспомошност, или подобро речено пропаст на моралот, ревносно го молам туторот да ја прекине оваа тортура на умот и така засекогаш да им стави крај на изживувањата и свесното и ѕверско силување на свеста. По толку многу молења, колења и со глава во ѕид стоења, сфатив дека разочарувањето и бесот, ќе ми донесат само дополнителен стрес, а тој и онака мртов ладен засекогаш ќе остане како лепрозен камен. Па така немајќи дополнителна стратегија и резервен план, безглаво ќе талкам барајќи го скриениот рецепт за безгрижен животен сон и топол среќен дом.
  • 30. 30 Ивона Дамеска ~ Ида Заглибан свет Таму долу на југ, во царството на непокорниот дух, обвиткана со густи јасенови шуми над кои како вечни чувари се надвиснале стари грамадни планини, кои им љубоморат на убавите бистри и кристално чисти езерски води, се наоѓа неутешната лика на пожртвуваната мајка што своите чеда за слобода ги дала. Во затишјето на ноќта, дождот од куршумите кој беснееше по планините и како со игла ги параше ушите, беше предвесник на ужасот кој допрва следуваше. Насекаде рафали, земја преплавена со топови и истрели, кои како стрели проникнуваа во срцата на вжештените јуначки глави. Тогаш плачот како молња се зари во мајчината утроба, расчеречувајќи ѝ ја душата наполу. Калдисана од болка молкум тивко чмае, за синот што на злокобот му го предаде. Беше тешко да се гледа оваа морничава глетка, кога неспокојот како со крбла го истури револтот од сурово зададените удари. Искушенија, патила и страдања. Битката што тогаш на фронтот од очајот се водеше, од оваа дистанца ите како вредеше. Можеби реката на смртта на површина остави многу гнилосани тела, но крвта што тогаш се пролеа ќе биде одмаздена од ороводецот што со бесен вик, ТЕШКОТО низ корија со разуздан крик го крева. Сето она од небото што како црн облак тежеше исчезна, небаре некој како со рака да го однесе, како див ветер да го развеа и отресе. Сега старите денови се само спомени, втиснати во нашите корени. Вознесени од поривот на нашите предци и ден-денес ќе носиме букети со лотосов цвет, во алејата на заглибаниот свет. Во пресрет на новото изгрејсонце што од зад ридот ќе се роди, немите сведоци нека бидат копнеж, што љубовта во градите ќе ни ја разбудат.
  • 31. 31 Ивона Дамеска ~ Ида Куќа од спомени Сонцето, како со сабја ја раскина темнината на модрото небо, срамежливо ѕиркајќи од под сивите облачиња кои прилегаа на насмеани детски обравчиња. Заслепувачка светлина ми поминуваше пред очи, додека од патот се одморав на каменот, кој навидум ми изгледаше како да е млак, но набргу осетив дека сонцето, со своите остри заби, по целото телото, почна „луто да ме каса“. Наеднаш се сепнав, скокнав од навлажнета карпа, сакајќи да ги згреам ладните раце ги стуткав под пазувите и со брзи чекори поитав по угорницата од калдрми. Иако студено, по патот во ниеден момент не се почувствував осамено и пусто. Напротив, ми беше задоволство одблизу да ја гледам природата како во рана пролет нечујно се буди. Чинам дека во еден здив ја впив сета убавина на пресно жугнатите темјанушки кои како смешни човечки ликови, ме поздравуваа со своите разиграни цветови. Во еден миг, непрестајното шушкање под моите нозе, ми го одзеде целото внимание, насочено кон регистрирање на звуците кои доаѓаа оддалеку, од птиците. Кога ја наведнав главата, самата се збунив од неочекуваната глетка, која, пак, ме поттикна да се запрашам: “Што ли барам сред новоникнатава тревка, јас?“ Ми падна жал, кога со свои очи гледав како не сакајќи стапнав во новородениот флоров свет. Тогаш го слушнав внатрешениот глас, кој водејќи се од својата самопочит и свест, посака да ѝ се извини на секоја повредена тревка. Знаејќи за своите ненамерни постапки, решив да ја погалам за поскоро да оздрави и да ја утешам со своите пријателски зборови: “Прости ми, не сакав да те газам, но во бабината куќа треба што поскоро да втасам.” Занесена во пастелните бои на Марта, чинам дека одлетав високо горе над облаците, предизвикувајќи си намалување на рамнотежата, а со тоа и губење на правецот и насоката на движење. “ Ништо страшно ” – промрморев во себе. “ Не ми е првпат да изгубам рамнотежа и да се ничкосам на земја, но денеска за прв пат, се извинив некому за мојата несносливост “. - Со насмевка на лицето, продолжив понатаму. Потоа, долго трагав по полјанката на височинката, на која се наоѓаше куќата стара од мојата баба.
  • 32. 32 Во еден жбун од штотуку раззеленети дрвја, како во сон ми се причини дека ја гледам, речиси распаднатата куќа од мојата младост дамна. Тогаш молскавично се искачив на ритчето, а таму, пред портата, прва ме пречека исушената врба која прилегаше на подгрбавена старица, на која денес не останало ништо од нејзиното тенко и високо тело со кое некогаш ги шармираше сите. Рацете ми трепереа од возбуда, кога за прв пат повторно, по десет години со прстите го отклучив железниот катинар од дрвената порта и влегов во запуштениот двор од баба. Иако кога влегов во распостранетото двориште повторно како некогаш ме облеаја топлина и спокој, сепак, воопшто не ми беше мило што го гледав сувиот плевел како пушта длабоки корења низ дворот. “Сигурно би се ужаснала сета, кога од некоја страна, би го видела ова баба“. – Одненадеж оваа мисла, како комета ми слета, во мојата глава. Сакав, но не умеев повторно да ја оживеам сликата од веќе преживеаните спомени, коишто некогаш се одиграа на оваа ливада. Напливот од емоции веднаш ме одведе крај веќе изгубената дива смоква, од која како сега се сеќавам, јадев со сласт, додека баба ми, ги налеваше лалињата со вода, кои беа украс во градината со цвеќиња. Понесена од поривот на чувствата, кои чинам како со сврдел длабеа се подлабоко во душава, плашејќи се да не паднам, рацете ги имав приклештено за тарабите од дотраените летви, додека се качував по урнатите скали, од камени тули. Потиштена, со солзи во очите, долго време се двоумев и како распарчен бедник, стоев пред вратата. Кога конечно се решив да се соочам со минатото и со спомените и полека тивко ја отворив, однекаде како да го имав наслушнато идентичниот звук на чкрипење на влезната врата. Да, тоа беше тој, ист, многу добро познат звук на крцкање од врата, само што денес ја немаше баба, од подотвореното прозорче да ѕирне со својата глава и веднаш да истрча, да ме пречека, со својата широка насмевка. Кога влегов внатре, пред мене стоеше некогашниот широк трем, во кој беа поставени тркалезна дрвена синија и два долги миндера прекриени со црвени јамболии. Наспроти нив, го здогледав и излупениот долап, вграден во ѕидот, кој во тоа време ни служеше за чување на храната. Примамливиот мирис од пресно печеното лепче, кое од домашно `ржано брашно секогаш со своите неуморни раце, само за мене го приготвуваше баба, сѐ уште се насетуваше во секој агол од овој дом. Сакајќи повторно да се потсетам на одајата во која дење напладне преспивав, а ноќе не спиев бидејќи секогаш ја набљудував полната месечина како светка и очекував да ја видам
  • 33. 33 ѕвездата што паѓа, речиси бесшумно газев по душемето, кое секој миг чинам дека можеше да се расцепи и да пропадне долу. Во неа, во напукнатите пори од ѕидовите како да се наоѓаа делови од мене. Мали и сосема ситни парчиња од мојата душа, кои ќе останат засекогаш вдахнати во собата, каде што ги сонев најубавите, невини и помалку наивни детски сни. И,и,и ... конечно, по долгото патешествие, поминато во еден ден, со минатото детство и со мене, сакате ли да слушнете уште нешто од мене ? Не знам колку од вас би се согласиле со мене, но сега кога пораснав и созреав, сфатив дека “ЧОВЕКОТ КОЛКУ ПОВЕЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА СВОИТЕ ТОЧНО ОПРЕДЕЛЕНИ ФАНТАЗИИ, ТОЛКУ ПОБРЗО ДОАЃА НА МЕСТОТО НА `ЗЛОСТОРСТВОТО`, ОДНОСНО СЕ ВРАЌА ОНАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃА”. Бидејќи, сакале ние да признаеме или не, “МИНАТОТО СЕКОГАШ НÈ ПРОГОНУВА ВО СЕГАШНОСТА, НО, НИ СЛУЖИ И КАКО ПАТОКАЗ ЗА ИДНИНАТА”.
  • 34. 34 Ивона Дамеска ~ Ида Во дното на душата Во сонливите мугри обвиткани со прекрасните нијанси од илјадници сончеви зраци, на кои им пркоси тивкото ветре кое носејќи го во дланките мирисот на парфемизираниот воздух, со својот свеж допир ме разбуди од сонот. Пред мене е уште едно насмеано утро кое буди нови надежи, и ми влева храброст за да можам со нови сили да се закитам со победа во битката која ме очекува на фронтот од прагот на новиот ден. Секако, не очекувам да освојам трофеј за издржливост, но доколку успеам да ја смирам својата душа, која трепери како млада фиданка на силен ветар, само тогаш ќе можам да си доделам орден кој ќе биде симбол на мојата нескршлива надеж. Не можејќи да излезам од лавиринтот во кој сум заробена, живеам во свет опкружен со огромни овални огледала, изработени од сиво непробојно стакло, урамени во тенко резбарени розови рамки. Безуспешно се трудам од замаглените стакла да го видам убавиот ден и да го почувствувам блескавото сонце како со својот нежен допир ме гали по лицето. Во собата потоната во бескрајната тишина, како хероина од некој хорор филм со огромна жар која секој миг дека ќе се распламти наоколу, им се лутам на огромните ѕидови во кои како бесконечни бројаници ми се лизгаат низ рацете неспокојните денови. Без срам, немајќи ни ронка почит и жал се надвиснале над мене како мрачни облаци кои, безмилосно ме задушуваат во своите темни зандани. Започнувајќи студена војна, како ледени војници со своите остро шилести сабји помислуваа дека ќе ми го замрзнат телото со ледени окови, всушност не знаејќи дека оваа уморна душа со своето рането срце ќе се бори се додека не ги урне големите авлии. Можеби подоцна, но со огромна посветеност и сигурност во себеси, со своите солзи кои извирајќи ми од срцето и течејќи ми по лицето ми создадоа болни грутки на душата, ќе ги срушам големите ѕидови откорнувајќи им го малтерот, кој дел по дел со целата своја
  • 35. 35 нечистотија и кал во огромни грутки ќе паѓа на земјата, сакајќи и тие да ја почувствуваат неиздржливата болка на своите рамења. Се додека во моите вени како од некој непресушен извор тече врела крв, ќе живеам за денот кога ќе ги скршам железните пранги оковани на нозете и со свои раце ќе ги срушам бетонските ѕидови. И штом целата нечистотија како бел прав ќе ја турнам од плеќиве, во дното на мојава душа ќе израсне црвена ружа која спокојно ќе цвета пиејќи од волшебните капки на радоста и ќе се храни од сончевите зраци кои ќе продрат до нејзината магична убавина, која како кралица ќе царува во блескавите одаи на срцето.
  • 36. 36 Ивона Дамеска ~ Ида Добра Вила Седејќи во собата со погледот свртен кон прозорецот, ненадејно здогледав една гулабица во лет која во прегратката го носеше своето штотуку родено гулапче, плашејќи се да не и се лизне од пазувите, цврсто го имаше стегнато на градите. Не сакајќи да го избришам од меморијата восхитот со кој ја набљудував оваа прекрасна глетка, го преточив во зборови, кои почнаа немирно да се тркалаат по хартијата. Оваа глетка беше несекојдневна, неповторлива, незаменлива, исто каква што е и мојата хероина од оваа приказна. Без сомнеж, главната рољжлја ќе ѝ припадне на една прекрасна волшебна самовила, која како со магично стапче успева сите мои неспокојни утра да ги претвори во спокојни денови, исполнети со љубов и разбирање. Кога сите бродови потонаа во длабочините на морето, од бурата што ги зафати нејзините бистри води по кои дотогаш мирно пловеше сакајќи да стигне до својата цел, се чинеше дека засекогаш и го смени текот по кој се движеше нејзиниот живот. Додека храбро се бореше со разбеснетите води и безмилосните бранови, мечтаеше што побргу да исплива далеку од оваа бура, а ветрот да ја однесе на некое мирно и топло место, каде што ќе може спокојно да си ја одмори душата. Пливајќи по немирните води единствената надеж и утеха ѝ беше ранетата сирена која залепена за нејзините перки, блескаше како светилка и ѝ го осветлуваше патот по кој се движеше. Можеби некогаш чувствуваше голем товар носејќи ја со себе сирената на своите плеќи, но едноставно не можеше да ја остави зад себе, бидејќи знаеше дека таа ѝ е единствената верна придружба која бескрајно ја сака. И ден-денес кога и да заврне дожд, прекрасната самовила се сеќава на деновите кога дуваа силни и студени ветрови, а камењата што ги носеа брановите, оставија модринки по нејзиното тело. Затоа сега со овие зборови ќе изградам споменик во чест на мојата Добра Вила, бидејќи таа е единствената хероина во мојот живот.
  • 37. 37 Поставен на столб од солзи радосници, со кои му се заблагодарувам на Бога затоа што ја прати неа, за да ме води по трнливите патеки на животот, посакувајќи сонцето кое ни ги грее лицата, веќе никогаш да не згасне.
  • 38. 38 Ивона Дамеска ~ Ида Дајте ни крилја Во прекрасните предели обвиткани со раскошна вегетација, таму каде што сонцето се капе во бистрите води на потоците, во крошните на раззеленетите дрвја, како во лулка извезена од најубава цветна ткаенина, се слушна плачот на штотуку родените гулапчиња. Вознесена од емоции помешани со возбуда и среќа, гулабицата весело погледна кон своите малечки. Гледајќи ги како слатко спијат во нејзината прегратка, забележа дека на малите и тенки крилца имаат огромни рани, од кои непрекинато тече крв.Обидувајќи се да им ги залекува раните, како пчела иташе што поскоро да ги нахрани, сакајќи што побрзо да оздрават, за да можат заедно среќно да летаат над високите ридови. Нежни и меки како свила, со тажен поглед гледаа кон гулабицата, која се обидуваше да ја сокрие болката, пеејќи им весели мелодии на своите најмили. Насетувајќи ги оваа нивна вознемиреност и немоќ, безмилосниот орел лукаво ги демнеше од зад грмушките, чиниш секој момент ќе им скокне во гнездото и ќе ги распарталави нивните нежни крилја. Навидум овие грди пајчиња, како што обожаваа да ги нарекуваат некои немилосрдни грабливци, безуспешно се бореа со своите крилја да слетаат над бистрите поточиња, сакајќи да се напијат чиста изворска вода. Додека славејчињата ги пееја своите омилени рефрени, искачени на гранките, облечени во своите преубави облеки кои сјаеја како светилки на блескавото сонце, не можејќи да ја почувствуваат убавината на оваа прекрасна глетка, тажно се повлекоа во своето гнездо. Злобните натрапници, мислејќи дека овие мали и беспомошни суштества им се сигурен плен со кој на лесен начин ќе го заситат својот глад, всушност, не знаеја дека во нивните вени течи вжештена лава, која ќе го изгори секој што ќе ги растажи, а нивното срце е камен кој не може така лесно да се скрши, чекорејќи по шумите посеани со трнливи коприви.
  • 39. 39 Со тивкиот црцор како да сакаа на безмилосните штетници да им порачаат веќе да не се задушуваат во гневот, и да ги срушат прозорците од презир и потсмев, за да може во нивните души да влезе свеж и чист воздух. Ивона Дамеска ~ Ида Јаже на животот ... Навистина, неподносливо ми е тешко, кога се двоумам од каде да започнам. Искрено, нерешителноста отсекогаш ми била слаба страна. Ах, оваа моја расеаност и несносливост. Впрочем, неурамнотеженоста на постапките, јас секогаш ја ставам на сметка на нелогичностите, кои, пак, се производ на загадочноста во мислите. Не земајте ми за зло. Јас, едноставно, сум таква, за мнозинството никаква. Пред себе збунета, за другите вечно осудена. Знаете, можеби сум личност која од досада сенешто тропа, но не сум подмолна кукавица која постојано кука. Секогаш сум овде, никогаш не бегам никаде. Соочувајќи се со проблемите, радо би ги презела одговорностите, па макар и би ме обвиниле, за погрешно толкување на зборовите. Како што велат, подобро една грешка, отколку цел живот да ја туркаш неправдата која иронично ти се смешка ! Веќе нема бегање, оттука нема враќање. Затоа комплексноста на зборовите, ќе се потрудам вешто да ја ублажам, затскривајќи ја зад точно определената реторика, со која што ќе се служам при искажувањето на фразите и изразите. Впрочем, ограничувањето на Бесконечноста, само по себе би значело смрт за живородните убавини. Патем, негирањето на природните начела, несомнено, би довело до општо, ментално растројство, во нашето духовно општество. Не, никаде не погрешив, напротив, намерно почнав од крајот бидејќи сакам на свој начин да ви ја објаснам филозофијата на животот и целта која нѐ крева високо до планинските стебла.
  • 40. 40 Според мене, никако не смееме да ја занемариме Моќта на Бесконечноста која претставува збир од принципи собрани на едно место, кои искажувајќи се како Семоќни и Свети, всушност, се олицетворение на добрите дела коишто се погребани во нашите духовни тела. Во овој лажен свет, во кој отровот ни го сервираат како лек, зар треба да се поистовети со некои лица згазени, кои се идентификуваат како поразени ? – Секако дека не можеме да се идентигикуваме со другите и да попримаме лажни чувства во себе. Никогаш не жалете за минатите денови, пробајте што поскоро да ги заборавите лошите епизодни спомени, бидејќи тие им припаѓаат на мртвите филмови. Наместо тоа живејте со полна пареа, сега е моментот за промена на нештата, бидејќи новиот почеток, несомнено го означува и блескавиот завршеток на делата. Иако можеби сум последната што треба да говори на оваа тема, јас без никаква скепса, сметам дека ви ги презентирав најсилните аргументи со кои, впрочем, ќе продолжите да живеете и кои постојано треба да ги надградувате, секако, ако сакате да си обезбедите квалитетна иднина базирана на склопот од Безвременските животни правила. .
  • 41. 41 Ивона Дамеска ~ Ида Непокорна мисла Таму најгоре, каде што сонцето заробено во светлосините пазуви на кристално ведрото небо, со блескавиот допир на топлите зраци, грижливо ја храни густата бадемова шума. Високите бадемови гранки прилегаат на смели војници, кои во своите нежни прегратки вешто ги кријат огромните древни камени карпи, како да се човечки статуи, со восочен лик. Восхитено набљудувајќи ја оваа недопрена природа со божествена убавина, во еден миг забележав дека студеното ветре со својот силен крик, личи на строг учител кој со своите студени допири, ми удира тешки шлаканици по лицето. Диво беснеејќи по планинскиот рид, со својот суров вик чиниш како со ладен здив, остро се труди да ми раскаже за магичната таинственост на напукнатите карпести кули. Облеани со цврстина и храброст, останаа како неми сведоци да сведочат за мноштвото неостварени младешки сни, на воинот со пркосен дух, кој секогаш седел на тронот со својот разигран коњ. Неговиот шарец-коњ бил како лукав крилест ат, кој снажно се борел и луто го гонел секој кој што ќе се обидел со непријателски чекори да влезе низ широките царски порти. Додека со огромна љубов гледав кон остатоците од овој колоритен пејзаж, воодушевено воздивнувајќи стоев на еден сивкасто- темен со мов камен, чувствувајќи ја врелата крв која како силен жар ми врие во вените и со црвен пламен ми ги порумени образите. Чекорејќи по стрмните и непроодни калдрми кои го покажуваа патот кон врвот на карпата, од каде што кралот им давал мудри заповеди на своите верни поданици и војници, уморна и истоштена носејќи го товарот на заморот кој беше се надвиснал над моите мали и кревки плеќи, се чувствував немоќно за да продолжам и да се искачам на тронот. Злите јазици сигурно ќе помислат дека не сум достојна и немам харизма, да стојам рамо до рамо со човекот кој има своја историја и непобедлива сила.
  • 42. 42 Не сакајќи да правам споредби со моите идоли, овој мој мал пад го сметам за добар почеток, којшто се надевам дека еден ден ќе ми даде Господова сила и со својата испружена пријателска рака, ќе ме поведе по патот послан со зеленикаво- кадифена свила, воздигнувајќи ме на тронот изграден со моќта на мојата непокорна мисла.
  • 43. 43 Ивона Дамеска ~ Ида Возвишени цели Пладневно матине, светлината калдиса во првата четвртина од квечерината. Залезот спонтано и набрзина го прикачи сонцето удолу, како лунарно огледало во далечина, коешто чиниш со бордо раштрканите нијанси, кои како рубини ѓердани блескаат на сите страни и даваат префинет одблесок на небесната шир, сакајќи таму да го пронајде својот мир. Искрено, не сум тип кој постојано гледа во својот будилник, но отприлика, претежно кога стрелките од часовникот ќе покажат осум ипол, наместо да си легнам в кревет, јас будна сонувам и со отворени очи патувам низ фантастичните одаи на имагинарниот свет, во библиотеката со нагласен импулсивен ред. Таму во средината на полицата која е моделирана со лакирана иверица, се наоѓа ветвата повеска на дневникот со скината корица. Можеби ќе биде бесполезно тоа што сакам токму вечерва на бирото со украсна свеќа, да ѝ ставам крај на оваа, судејќи според недовршените временски етапи историска книга. Да, да однапред се согласувам дека ова што сега го пишувам звучи несмасно и брзоплето, но верувајте за животот пополно е безопасно. Патем, јас отсекогаш по природа сум била спонтана авантуристка, која наместо вода го конзумира пишаниот збор како дрога, која облагородувајќи ми го срцето, впрочем, ми го отпушта телото. Во оваа нечујна штама само копнежот, хартијата, тагата и болката: хм .. БОЛКАТА Е МАЈКА НА УМЕТНОСТА, КОЈА ОД ДУШАВА МИ СЕ РАЃА ! ... Која ми беше мислата од пред малку ? ... Значи, секогаш е вака кога се колкам со наркотична екстаза. Неподобна и расеана чиниш како птица од јатото избегана. Но, за среќа подобро се чувствувам сега. Оваа нова димензија има разобличена и раритетна форма.