2. Потекло на човекот Отсекогаш луѓето се интересирале за потеклото на човекот (антропогенеза). Одговорите биле различни во различните опшествени уредувања. Многу бројни факти укажуваат на сличноста на телото на човекот и многу други животни. Чарлс Дарвин во 1971 година во своето дело„Потекло на човекот”, за тоа време многу смело, но убедливо докажал дека човекот има животинско потекло.
3. Местото на човекот во системот на живиот свет Од проучувањата во споредбената анатомија, споредбената физиологија, енбриологија и други научни дисциплини, научниците најмногу ги согледуваат сличностите меѓу современиот човек и денешните човеколики мајмуни. Во човеколики мајмуни спаѓаат гибонот, орангутанот, шимпанзото и горилото. Тие имаат слична телесна температура, сличен состав на крвта, положбите на фетусот во матката и нивниот ембрионален развој, постои и сличност на скелетите, и внатрешните органи, потоа кај окото, увото и кожата, изразуваат чувства на радост, се грижат за своите мали и др. Овие и други сличности покажуваат на заедничкото, монофилетско потекло на човекот и човеколиките мајмуни.
4. Местото на човекот во системот на живиот свет Исто така меѓу нив постојат и многу разлики, ова ни покажува дека човекот не потекнува од некој вид на мајмун, туку тие дивергирале од ист предок, во различни правци. Научниците сугерираат предокот нивни да се бара во антропоидните мајмуни.Според тоа оправдано човекот е вклучен во групата на Примати, но бидејки многу се разликува од нив тој е сместен во фамилијата хоминиди, во видот, Хомо Сапиенс.