2. Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во
православниот календар. Христијанските верници со овој празник го
прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата
смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден
по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по
Велики петок. Марија
Православните христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот
„Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.
3. На велики Четврток,се вапсуваат првите три јајца.Првото јајце е посветено на Бога,второто на домаќинот на
куќата,и третото за бериќет и среќа.Тогаш не смее да се вапсува други јајца.На тој ден Исус го фатиле.
На велики Петок е строгиот пост.Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода,чај итн. На тој ден
Исус го распнуваат.Христијаните во тоа време постеле од жалост.Бидејќи јадењето претставувало задоволство
тие сметале дека не треба да јадат.
На велика Сабота Исус веќе умира.Тогаш навечер се оди во црква и некаде кај 00:00 часот се кружи околу
црквата,а пак по 00:00 часот се 'кршиме' со јајца.
Во неделата се мрси.На тој ден Исус воскреснува.