1. Грчки пронајдок - сим - картичка за муслимани | Панорама | DW.DE ...
http://www.dw.de/грчки-пронајдок-сим-картичка-за-муслимани/a-172...
ТЕМИ / ПАНОРАМА
П АН О РА М А
Грчки пронајдок - сим - картичка за
муслимани
Специјална сим-картичка за мобилен телефон треба на верниците-муслимани да им
го олесни практикувањето на верата во секојдневието. Со оваа идеја грчки инженер
сака да ги освои пазарите во Африка и Азија.
Земјите со најголемиот број муслиманско население се наоѓаат во Африка и во Азија. На овие
континенти пазарот за мобилни телефони се развива особено брзо. Според актуелниот извештај
на Меѓународната унија за телекомуникации повеќе од половината од договорите за мобилни
телефони во светот се склучени во Азија. Но, мнозинството мобилни телефони кои се користат
во Африка и во Азија не се модерни смартфони, туку евтини модели од постарата генерација.
„Исламската сим - картичка“ која ја пронајде грчкиот електроинженер Јанис Хацопулос од
Солун треба да им помогне на верниците муслимани да ги извршуваат своите верски обврски,
сѐ едно дали користат смартфон или постар модел на мобилен телефон.
„Корисникот со телефонот може да одреди во кој правец се наоѓа Мека и со посебни звучни
сигнали да биде потсетен на дневните пет молитви, во текот на кои телефонот автоматски се
става во модус на бесчујност“, објаснува грчкиот инженер. Тој соработува со данската фирма
„Блуфиш Технолоџис“, еден од водечките производители на сим-картички во светот.
Погодно и за евтините мобилни телефони
Специјалните функции на мобилните телефони за муслиманите навистина не се во основа нова
идеја, но тие главно се насочени кон корисниците на модерните смартфони.
„Карактеристика за исламската сим-картичка е што е употреблива и за постарите мобилни
телефони од т.н. втора генерација, што е предност во однос на другите сим-картички или
епови“, вели исламологот Елиф Елма од фирмата „Исламик консалтинг“ во Манхајм. Таа е
уверена дека ова сим-картичка ќе биде прифатена кај муслиманите во светски рамки, посебно
поради функцијата за автоматско преминување во бесчуен модус:
„Неа ќе ја ценат сигурно и имамите, кои често се жалаат на ѕвонењето на мобилните телефони“,
1 of 3
30/12/2013 01:13 μμ
2. Грчки пронајдок - сим - картичка за муслимани | Панорама | DW.DE ...
http://www.dw.de/грчки-пронајдок-сим-картичка-за-муслимани/a-172...
вели Елиф Елма.
Веројатно ќе потрае период од неколку
години додека кај исламските земји се
пробијат смартфоните, смета Јанис
Хацопулос.
Неговата идеја за исламска сим-картичка е
родена во 2009. година, кога бил во посета
на Мобил Ворлд Конгресот во Барселона, се
Електроинженерот Јанис Хацопулос
присеќава тој. Тогаш фирмата „ЕлЏи“
претставила мобилен телефон со специјални функции за муслиманите, што го навело на
размислување дека овие функции можат да бидат понудени и на една сим-картичка. Така,
верниците муслимани ќе имаат можност секој евтин мобилен телефон да го префункционираат
во „исламски мобилен телефон“.
Предлози за дополнителни функции
Мујтаба Ахмед, кој работи како инженер во
Дубаи, за „исламската сим-картичка“ првпат
дознал од интернет, производот му се
допаднал.
„Навистина, и овде има сим-картички со
помошни функции за муслиманите, но во
Индија и во Дубаи нема ништо слично на оваа
сим-картичка“, вели тој за Дојче веле. Тој е по
потекло Индиец и самиот е муслиман, а има и
Англиски флаер за исламската сим-картичка
предлози за проширување на постојните
функции:
„Во текот на Рамазан мобилниот телефон може да го информира корисникот за почетокот и за
прекино на постот“.
Јанис Хацопулос пак како следен проект планира поврзување на најважните функции на
исламската сим-картичка со социјалната мрежа Фејсбук, за да ги придобие и помладите
муслимани.
Датум 30.11.2013
Автор Стефанос Јоргакопулос/ Жана Ацеска
Редактор А.Трајковска
Сподели
Испрати
Фејсбук
Твитер
google+
повеќе...
Ваш коментар: Пишете ни
Печати
Испечати ја страната
Пермалинк http://dw.de/p/1ALnz
П О ВЕ ЌЕ ОД О ВАА РУ Б Р И КА
Музика преку знаковниот
јазик 30.12.2013
Чудесната моќ на
светлината 28.12.2013
Лаура Швенгбер е преведувач на
2 of 3
Еколошка бомба на
устието на реката Бојана
29.12.2013
Светилки кои во внатрешните
30/12/2013 01:13 μμ
3. Грчки пронајдок - сим - картичка за муслимани | Панорама | DW.DE ...
знаковниот јазик. Таа на лицата
со оштетен слух не само што им
го доближува знаењето, туку и
музиката. Оваа млада
берлинчанка преведува
концерти на бендови.
3 of 3
Делтата на реката Бојана е една
од најубавите природни
атракции на источниот брег на
Јадранот. Но секоја есен на тој
простор можат да се видат
застрашувачки глетки.
http://www.dw.de/грчки-пронајдок-сим-картичка-за-муслимани/a-172...
простории треба да внесат
дневна светлина - тие сѐ повеќе
наоѓаат примена како во
болничките соби, така и во
приватните домови и трговските
центри.
30/12/2013 01:13 μμ