1. Богатиот и Сиромавиот човек
Еден ден, еден сиромашен човек одел од врата на
врата и барал помош. Заѕвонел на една убава куќа, а
богатиот домаќин се мислел што да му даде и на крај му
дал корпа полна со ѓубре.Сиромавиот се насмевнал ја
зел корпата и заминал.Ја испразнил, ја исчистил и ја
наполнил со преубави цвеќиња.Се вратил кај истиот
богаташ и му ја дал истата корпа.Богатиот се зачудил и
му рекол: зошто ми ја даваш оваа корпа полна со убави
цвеќиња, кога јас тебе ти ја дадов полна со ѓубре?
А, сиромавиот му одговорил: СИТЕ ГО ПОДАРУВААТ
ОНА ШТО ГО НОСАТ ВО СРЦЕТО!