Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

(8,6) pojava na evropska unija

920 views

Published on

Published in: Entertainment & Humor
  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

(8,6) pojava na evropska unija

  1. 1. ПОЈАВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
  2. 2. Од ЕЕЗ, преку Единствениот eвропски акт (EEA) до Европската Унија (ЕУ) Кратката рамка на развојот, која што досега ја анализиравме, ни овозможи да препознаеме 2 централни карактеристики на процесот на Европска интеграција кои се врежани во овој процес а тоа се: Првата карактеристика е постојаната затегнатост меѓу: Наднационални тенденции, кое го наоѓаме во ЕЗЈЧ, и Меѓудржавните тенденции, што ги наоѓаме во Договорите за ЕЕЗ, каде можеше да се констатира поместување на надлежностите од наднационалните органи кон државите- членки. Втората карактеристика е постојаната затегнатост меѓу: проширувањето во смисла на зголемување на бројот на членките на заедницата Продлабочувањето во смисла на јакнење на степенот на интеграцијата на парцијалните заедници во една поширока и посеопфатна заедница како што е Европската Унија
  3. 3. Пример за судирот меѓу наднационални имеѓувладини (меѓудржавни) тенденцииСвоевремено Советот на министри, централниот орган на ЕЕЗ,според Договорот од 1 јануари 1966 требаше да премине одедногласно одлучување во мнозинско одлучување.Но, француската влада под Де Гол одлучно го одби тоа. Откакопотоа кон средината на 1965 не се дојде до согласност заспорното финансирање на аграрот, Таа ги повлече своитепретставници во Советот за да спречи донесување одлуки.Оваа т.н. „Политика на празен стол“ беше прватаголема криза на ЕЕЗ.Таа беше разрешена во јануари 1966 со „Луксембуршкиоткомпромис“. Во него државите-членки се согласија да сеоткажат од предвиденото мнозинско одлучување, кога сезасегнати виталните интереси на една држава. Затоа де фактоважеше принципот на едногласност, како што екарактеристично за традиционалните форми на меѓудржавнасоработка.Ова значеше јасен засек во историјата на интеграцијата.
  4. 4. Европскиот суд (ЕС) како фактор во наднационални тенденцииЕС даде предност на правото на заедницатапред националното право.Националните судови без вклучени во ЕУ-судството со тоа што беа охрабрени да се јаватво ЕС при нејаснотии по прашања во правотона ЕУ.На тој начин со Европскиот суд беше создаденеден правен поредок, кој беше сличен на ониеод националните системи, беше над сето тоашто дотогаш беше познато од доменот намеѓудржавните односи.Тој правен поредок стана препознатливакарактеристика за единственоста на ЕЕЗ.
  5. 5. Преговорите за Договорот од Мастрихт беа многу тешкиВо процесот на дизајнирање на идното Европскозаедништво посебно значење има договорот заосновање на Европската Унија од7 февруари 1992 година во Мастрихт.Преговорите беа исклучително тешки заради различнитеинтереси и донекаде јасните разлоки во претставите надржавите-членки по прашањето дали и како Европскотозаедништво треба да се развива понатаму.Континуираниот отпор на Велика Британија кон секаковвид ширење на социјално-политичката компонента наЗаедницата и нејзиното противење да се вклучи вопланирата монетарна унија, мораа да бидат обработениод страна на самите шефови на држави и влади насамитот во Мастрихт.А, дури и овде договорањето беше можно само со големброј исклучоци и дополнителни протоколи.
  6. 6. Проблеми со ратификацијата на Договорот за ЕУДоговорот од Мастрихт беше одбиен во јуни 1992 нареферендумот во Данска, со сосем тенко мнозинство од50,7 наспроти 49,3 проценти, со што целиот проектповторно се доведе во прашање, бидејќи сите држави-членки мора да ја одобрат примената на договорот.Дури по натамошни преговори и концесии за Данска,следното гласање во мај 1993 го донесе саканиотуспех (56,8 наспроти 43,2 проценти).Но, проблеми со потребното одобрување имаше и водругите држави-членки. Тука се мисли, на навистинатенкиот исход на еден референдум во Франција (51,05наспроти 48,95 проценти во полза на „за“) илитужбите против Договорот во Германија, кои билеодбиени од страна на германскиот Сојузен уставен суддури во октомври 1993.Сето ова доведе до тоа Договорот за унијата да влезево сила со значително задоцнување на 1 ноември 1993година.
  7. 7. Новини на Договорот од МастрихтСо договорот од Мастрихт беше формиранаедна нова организација на Европската унија,која, како што е прикажано на сликата, опфаќатри столба под еден ист, заеднички кров.
  8. 8. Европската Унија како градбакоја се темели на три столбаEЗ-столбот, значи соработката што сепотпира на Парискиот договор (ЕЗЈЧ), Римскитедоговори, како и на EEA, кој сега, со Договоротод Мастрихт доживува неколку важнидополнувања и промени.Заедничка надворешна ибезбедносна политика (ЗНБП) како„втор столб“, со кој понатаму се развивамеѓудржавната соработка во областа нанадворешната политика и истата се поставува надоговорна основа.Соработката во областите правда ивнатрешни работи како „трет столб“. И таане е создадена од ништо, туку тематизира веќепостојни, но и мошне рудиментарни приоди наевропско усогласување во овие полиња.
  9. 9. Од Договорот од Мастрихт до Договорот од АмстердамВеќе во јуни 1994 година, значи самополовина година по влегувањето восила на Договорот од Мастрихт, бешеангажирана таканареченарефлексивна група за подготовка навладината конференција од 1996.Врз основа на нејзиниот извештај,Европскиот совет во март 1996 година јаутврди работната програма законференцијата.
  10. 10. Договорот од АмстердамПроцесот на реформи сорефлексивната група и владинатаконференција се влеа во Договоротод Амстердам како нова големадоговорна ревизија, по Договоротод Мастрихт.Тој беше потпишан во 1997 и влезево сила на 1 мај 1999. и донесенеколку суштински новитети восите три столба на ЕУ.
  11. 11. Подготовката за проширувањето на Исток без успехОд друга страна не може, а да не се забележидека Договорот од Амстердам не исполни еднаод своите главни цели, подготовката на ЕУ запроширувањето на Исток.Со тоа, според многу критичари, Договорот одАмстердам не му беше „дораснат“ на огромниотпритисок од проблеми и загуби уште еднаможност за одржливо продлабочување наинтеграцијата, што беше уште потешко бидејќитребаше да не ја „промаши“ историскатаможност за создавање на целосна Европа штосе овозможи по епохалните промени од1989/90.
  12. 12. Теми на владината конференција 2000 година во НицаСамо после неколку месец повлегувањето во сила на Договорот одАмстердам, се одржа меѓувладинаКонференцијата во Ница која сезанимава со прашањата, кои не можеада бидат решени во Амстердам, илиподетално:големината и составот на Комисијата наЕУ;тежењето на гласовите во Советот наЕУ;можно проширување на одлуките соквалификувано мнозинство во Советотна ЕУ;
  13. 13. Одредбите на Договорот од НицаШто се однесува до големината и составот наКомисијата, Договорот предвидува секојадржава-членка од 2005 година да поставувасамо по еден член во Комисијата на ЕУ.Со пристапувањето на 27-та држава-членка(Бугарија и Романија) се ограничува бројот накомесари (тој мора да биде под 27).За обезбедување на ист третман на ситедржави-членки треба да се воведе ротацискисистем.
  14. 14. Донесување на устав на Европската УнијаНа 4 октомври 2003, под претседателство наИталија започна владината конференција, којатребаше да дебатира за предлог на Устав наЕУ и да го донесе до Самитот во Брисел на 13декември 2003.И покрај големата надеж не се успеа да сепостигне договор и тоа поради длабокитеразлики во мислењата за составот наКомисијата и распределбата на гласовите кајодлуките со квалификувано мнозинство послежестока караница помеѓу Шпанија и Полска одедна страна и другите земји, особеноГерманија и Франција од друга страна.
  15. 15. Октомври 2004: Потпишување на Договорот за уставПо исклучително тешки дебати, на 18 јуни 2004 конечно се постигна договор.Свеченото потпишување од страна на шефовите на држави и влади како инивните министри за надворешни работи се одржа на крајот од октомври воистата сала, во која пред точно 50 години беа потпишани договорите заосновање на ЕЕЗ.
  16. 16. Процес за ратификација за Договорот за устав Во ноември 2004 започна и процесот на донесување на уставот од страна на 25 држави-членки, во поголем дел преку парламентарна постапка, но дел и преку референдуми.• Почетокот го означи Литванија (парламент) веќе во средината на ноември 2004, потоа следуваа• Унгарија (парламент, 20 декември 2004),• Словенија (парламент, 01.02.2005),• Италија (парламент,06.05.2005),• Грција (парламент, 19.04.2005),• Словачка (парламент, 11.05.2005),• Шпанија - првата земја со референдум - (76,73%: да;17,24: не; потврдено од страна на парламентот на 19.05.2005)• Австрија (парламент, 25.05.2005) како и• Германија (парламент, 27.05.2005).
  17. 17. Ниски удари за проектот „Европски устав“Но, потоа следуваа два ниски удари едноподруго за проектот„Европски устав“, кои предизвикаа, уставот да не може повеќеда се реализира во постојната форма.Од една страна референдумот во Франција на 29 мај 2005година, во кој беше одбиен Договорот за устав со јасномнозинство од 54,87% (против) наспроти 45,13% (за) призабележливо учество во гласањето од 69,74%.А само неколку дена подоцна, референдумот во Холандија, накој гласаа дури 61,8% против и само 38,2% за. И тоа во двечленки-основачи на ЕЕЗ!Со тоа избирачите им сигнализираа на своите влади јасно„стоп“; дека на ЕУ повеќе не и се дозволува да постапува такаи понатаму и едноставно да го пречекорува дневниот ред.И јасното „за“ на референдумот, одржан на 10 јули 2005 воЛуксембург, не смени ништо.Така ни се поставуваат две прашања.Како прво, прашањето за причините за ова одбивање; икако второ, прашањето за последиците.
  18. 18. Како понатаму?Дали сознанијата за развојот на ЕУ би можеле дапомогнат за да се одговори на ова прашање и даможеме да даваме прогнози за нејзиниотнатамошен развој.Во секој случај веројатноста дека 27 држави-членки, ќе можат заеднички на ваков начин даодат понатаму е намалена од претходноспоменатите причини.Освен тоа, во случаите, во кои задолжително енеопходна едногласност - на пример кајбарањата за пристапување на други земји -реакциите се поконзервативни отколкудосега. Тоа најмногу се однесува на разговоритесо Турција како и со државите од Балканот.

×