SlideShare a Scribd company logo
Методија Најчевски, чичко Мето: „За мојата радиоаматерска работа, добив и официјално
признание!“
Во не така далечната 1992 година во распаѓањето на СФРЈ кога отпочна војната во Словенија, јас
бев вклучен во Хрватска како радиоаматер со својата кусобранова радиометарска станица, со цел
да им помагам на граѓаните од тогашната СФРЈ, а најмногу на граѓаните од Република Македонија,
без оглед на националноста. Преку радиоаматерите од речиси сите тогашни републики
воспоставував радиоврски со пораки да ги пронајдат роднините, браќата, сестрите, посебно кои
служеа во тогашната ЈНА. За мојата работа бргу се дозна и мене не ми е јасно како, ама ми се
јавуваа од Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија речиси од секаде на Балканот со молба да
дознаат дали се живи нивните најблиски, како се и дали им треба помош. Можам да речам дека
многу бргу почна многу жестоката војна во Босна и Херцеговина.
Во меѓувреме МРТ сними за мене получасовен документарец како им помагам на народите. Кога
почна војната во БиХ, бидејќи јавноста преку филмот беше запознаена, речиси од цела
Македонија бараа роднини, пријатели, војници да ги пронаоѓам преку етерот. Многу
благодарност, посебно за босанските аматери кои, иако зафатени со војна, многу бргу и тие се
зафатија со јака организација за пружање на нужни радиоповици, да пронајдуваат луѓе и да
добиваме среќни и жалосни одговори.
По почнувањето на БиХ почнаа да се засолнуваат бегалци од БиХ кон Македонија и други
републики од СФРЈ. Кога надојдоа голем број на бегалци од Босна, како дознале за мене не ми
беше јасно. Станот мој се претвори во железничка чекална. Првите Босанци кои дојдоа во Скопје,
од мене бараа да ги пронајдам низ тој вител на војна нивни роднини, пријатели итн. Во првите
мигови сè додека имаа во БиХ телефонски врски, беше полесно бидејќи радиоаматерите од БиХ
беа многу добро организирани. Откако се прекинаа телефонските врски поради бомбардирање на
телефонските централи од страна на ЈНА, понатаму многу тешко одеше со радиопораките.
Еден ден дојдоа кај мене Миралем Зупчевиќ со својата фамилија, жената на познатиот шахист
Бојан Кураица, спортскиот новинар од Сараево Јово Димитриевиќ и други. Собата се наполни со
бегалци. Откако им ги остварив радиопораките, а некои и директно се слушаа со своите преку
радиостаницата, пред да си одат, останаа Миралем и Јово и ми рекоа: „Чичко Мето, вака како што
работиш, ти би требало да се приклучиш во Детската амбасада МЕЃАШИ .
Јас им реков знам дека таква амбасада е организирана во Скопје како членка на Босанската
амбасада МЕЃАШИ, ама не знам ни каде се, ни каква им е целта. Јас сум организиран во ова
радиоаматерско подрачје уште од 1947 година. Мислам дека беше Јово и ми рече: „Јас те
пријавам за член на Детската амбасада зашто твојот ангажман околу радиоаматерството е исто
хуманост, а и Детска амбасада работи на хумани работи. Гледаш, да не беа тие, кој ќе ги
згрижуваше бегалците, посебно децата?“. Јас им реков дека се согласувам да бидам член.
Следниот ден дојдоа Јово и Миралем и ми ја донесоа членската карта, а по ден-два дојде и
генералниот секретар на амбасадата, Гордана Змијанац. Па, така и јас на млади години станав
член на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.
Како член на ПДАСМ дадов онолку придонес колку што ми даваа можностите. Мислам дека многу
дадов. За мојата хуманитарна работа за време на војната во БиХ,од страна на Радиоаматерската
асоцијација на радиоаматерите од БиХ добив признание. Такви признанија добија уште и двајца
радиоаматери од Македонија, Јоле Јолески од Скопје и Цобе од Катланово. Можам да речам дека
се издадени само 50 такви признанија од страна на БиХ наменети за радиоаматери од Европа и
светот, за аматери кои беспрекорно работеле се до Дејтонската спогодба.
(Драгиот чичко Мето нè напушти во 2012 година. Во годините на војна кога врските на бегалците
со нивните најблиски во Босна и Херцеговина беа прекинати, тој со неговата радиостаница беше
единствениот спас. Благодарение на неговиот бескраен ентузијазам и добрина, тој и неговата
Блага им помогнаа на илјадници семејства во времето на тешката војна за да стапат во контакт).
***
Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa

More Related Content

More from First Children's Embassy in the World

АЛО БУШАВКО ФИНАЛЕН Годишен извештај 2023
АЛО БУШАВКО ФИНАЛЕН Годишен извештај 2023АЛО БУШАВКО ФИНАЛЕН Годишен извештај 2023

First Children's Embassy in the World
 
Okulda şiddetin önlenmesi ve mücadelede ebeveynlerin rolü Yayımcı:
Okulda şiddetin önlenmesi ve mücadelede ebeveynlerin  rolü  Yayımcı:Okulda şiddetin önlenmesi ve mücadelede ebeveynlerin  rolü  Yayımcı:

Udhërrëfyes:Roli i prindërve në parandalimin dhe përbaljen me dhunën në shkola
Udhërrëfyes:Roli i prindërve në parandalimin dhe përbaljen me  dhunën në shkolaUdhërrëfyes:Roli i prindërve në parandalimin dhe përbaljen me  dhunën në shkola

В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО...
В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО...В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО...

Драги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децата
Драги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децатаДраги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децата

Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender 1.pdf
Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender 1.pdfDragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender 1.pdf

📣Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi објавува ПОВ...
📣Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi објавува ПОВ...📣Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi објавува ПОВ...

📣ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ДВЕ СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРИРАЧНИК ЗА УЛОГАТА Н...
📣ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ДВЕ СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРИРАЧНИК ЗА УЛОГАТА Н...📣ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ДВЕ СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРИРАЧНИК ЗА УЛОГАТА Н...

Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdf
Dragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdfDragi Zmijanac, MA - Advocacy and Children's Rights Defender.pdf

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ РАКОВОДИТЕЛ/КА НА ПРОЕКТИ
                        ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ РАКОВОДИТЕЛ/КА НА ПРОЕКТИ                          ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ РАКОВОДИТЕЛ/КА НА ПРОЕКТИ

МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdfМОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf

ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...

ПРОДОЛЖЕН РОК за TOR - Обучувачи за градење на капацитетите.pdf
ПРОДОЛЖЕН РОК за TOR - Обучувачи за градење на капацитетите.pdfПРОДОЛЖЕН РОК за TOR - Обучувачи за градење на капацитетите.pdf

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТОПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ „Предизвик е да се биде лидер на ова големо светско движење!“...
ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ  „Предизвик е да се биде лидер на ова големо светско движење!“...ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ  „Предизвик е да се биде лидер на ова големо светско движење!“...

DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...

More from First Children's Embassy in the World (20)

Методија Најчевски, чичко Мето „За мојата радиоаматерска работа, добив и официјално признание!“.pdf

  • 1. Методија Најчевски, чичко Мето: „За мојата радиоаматерска работа, добив и официјално признание!“ Во не така далечната 1992 година во распаѓањето на СФРЈ кога отпочна војната во Словенија, јас бев вклучен во Хрватска како радиоаматер со својата кусобранова радиометарска станица, со цел да им помагам на граѓаните од тогашната СФРЈ, а најмногу на граѓаните од Република Македонија, без оглед на националноста. Преку радиоаматерите од речиси сите тогашни републики воспоставував радиоврски со пораки да ги пронајдат роднините, браќата, сестрите, посебно кои служеа во тогашната ЈНА. За мојата работа бргу се дозна и мене не ми е јасно како, ама ми се јавуваа од Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија речиси од секаде на Балканот со молба да дознаат дали се живи нивните најблиски, како се и дали им треба помош. Можам да речам дека многу бргу почна многу жестоката војна во Босна и Херцеговина. Во меѓувреме МРТ сними за мене получасовен документарец како им помагам на народите. Кога почна војната во БиХ, бидејќи јавноста преку филмот беше запознаена, речиси од цела Македонија бараа роднини, пријатели, војници да ги пронаоѓам преку етерот. Многу благодарност, посебно за босанските аматери кои, иако зафатени со војна, многу бргу и тие се зафатија со јака организација за пружање на нужни радиоповици, да пронајдуваат луѓе и да добиваме среќни и жалосни одговори. По почнувањето на БиХ почнаа да се засолнуваат бегалци од БиХ кон Македонија и други републики од СФРЈ. Кога надојдоа голем број на бегалци од Босна, како дознале за мене не ми
  • 2. беше јасно. Станот мој се претвори во железничка чекална. Првите Босанци кои дојдоа во Скопје, од мене бараа да ги пронајдам низ тој вител на војна нивни роднини, пријатели итн. Во првите мигови сè додека имаа во БиХ телефонски врски, беше полесно бидејќи радиоаматерите од БиХ беа многу добро организирани. Откако се прекинаа телефонските врски поради бомбардирање на телефонските централи од страна на ЈНА, понатаму многу тешко одеше со радиопораките. Еден ден дојдоа кај мене Миралем Зупчевиќ со својата фамилија, жената на познатиот шахист Бојан Кураица, спортскиот новинар од Сараево Јово Димитриевиќ и други. Собата се наполни со бегалци. Откако им ги остварив радиопораките, а некои и директно се слушаа со своите преку радиостаницата, пред да си одат, останаа Миралем и Јово и ми рекоа: „Чичко Мето, вака како што работиш, ти би требало да се приклучиш во Детската амбасада МЕЃАШИ . Јас им реков знам дека таква амбасада е организирана во Скопје како членка на Босанската амбасада МЕЃАШИ, ама не знам ни каде се, ни каква им е целта. Јас сум организиран во ова радиоаматерско подрачје уште од 1947 година. Мислам дека беше Јово и ми рече: „Јас те пријавам за член на Детската амбасада зашто твојот ангажман околу радиоаматерството е исто хуманост, а и Детска амбасада работи на хумани работи. Гледаш, да не беа тие, кој ќе ги згрижуваше бегалците, посебно децата?“. Јас им реков дека се согласувам да бидам член. Следниот ден дојдоа Јово и Миралем и ми ја донесоа членската карта, а по ден-два дојде и генералниот секретар на амбасадата, Гордана Змијанац. Па, така и јас на млади години станав член на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Како член на ПДАСМ дадов онолку придонес колку што ми даваа можностите. Мислам дека многу дадов. За мојата хуманитарна работа за време на војната во БиХ,од страна на Радиоаматерската асоцијација на радиоаматерите од БиХ добив признание. Такви признанија добија уште и двајца радиоаматери од Македонија, Јоле Јолески од Скопје и Цобе од Катланово. Можам да речам дека се издадени само 50 такви признанија од страна на БиХ наменети за радиоаматери од Европа и светот, за аматери кои беспрекорно работеле се до Дејтонската спогодба. (Драгиот чичко Мето нè напушти во 2012 година. Во годините на војна кога врските на бегалците со нивните најблиски во Босна и Херцеговина беа прекинати, тој со неговата радиостаница беше единствениот спас. Благодарение на неговиот бескраен ентузијазам и добрина, тој и неговата Блага им помогнаа на илјадници семејства во времето на тешката војна за да стапат во контакт). *** Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa