Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

Polovo prenoslivi infekcii

Teodora Matovska i Elena Markoska

  • Login to see the comments

  • Be the first to like this

Polovo prenoslivi infekcii

  1. 1. ПОЛОВО ПРЕНОСЛИВИИНФЕКЦИИ-Ппи-
  2. 2. ВОВЕД: Што не прави сексуално активни !? -Желбата за секс, таа е резутлат на лачење на полови хормони најмногу во периодот на пубертет. Секс !? А зошто !? -Имање потомство (деца) -Добро здравје -Хормонска рамнотежа -Психичка смиреност -Задоволство -Изразување чуства меѓу партнерите Дали сексот ни е потребен !? ДА тој е потребен  Но помисливте ли дека носи несакани последици !?
  3. 3. -ППИ- Полово преносливи инфекции се заразни заболувања кои се пренесуваат по сексуален пат. Како се пренесуваат !? -Незаштитен полов однос со инфициран партнер -Крвен контакт: користење игли, шприцеви -Од заразена бремена жена на плод Кои се симптомите !? -На секоја болест се различно -Претежно бел исцедок Кои се последиците? -Секоја болест различно -Смртен исход (Хив/Сида или некои др поопасни ппи)
  4. 4. ГОНОРЕА Како се открива? *При редовен гениколошки преглед *При појава на симптоми *Анализа на исцедок, брис од пенис/вагина, крвни анализи Како се лекува? *Антибиотици за обата партнера *Апстиненција во тек на терапија *Ако не се лекува навремено и соодветно може да остави трајни последици до неплодност
  5. 5. СИФИЛИС Како се открива? *Лекарски преглед и откривање на примарната раничка *Земање примерок ( брис ) од раничката *Специфични крвни тестови Како се лекува и компликации? *Третман со антибиотици доволно долго *Компликации: сите трајни оштетувања од терциерниот стадиум, вроден сифилис ( со последици во текот на животот на детето)
  6. 6. КЛАМИДИЈАЗА  Како се открива? *При гениколошки преглед со земање брис за Кламидија *Крвни тестови - докажување на антитела против Кламидија *Најчесто се открива случајно ако се направат анализи за Кламидија или кога ќе одлучат партнерите да имаат дете, а при тоа имаат потешкотии Лекување и последици *Антибиотици - третман на обата партнера истовремено *Упорност во лекувањето! *Последици на нелекувана инфекција: постојана болка во долниот дел на стомакот; ширење на инфекцијата на внатрешните репродуктивни органи; намалена плодност до стерилитет или компликации во тек на бременост
  7. 7. ГЕНИТАЛЕН ХЕРПЕС Како се открива? *Лекарски преглед на кој се гледа типична промена *Брис од местото на инфекција *Крвни анализи за докажување антитела кон Херпес вирусот Лекување *Не постои лек кој може да го отстрани вирусот од организмот *Терапија локално (со масти) или со таблети помага побргу да се повлечат промените и болката како и да се продолжи времето на повторна епизода *Хигиена на инфицираното место *Немајте секс.однос со партнер кој има видливи ранички или кој се лекува од генитален херпес *Ако партнерот има ранички избегнувајте и орален секс
  8. 8. КОНДИЛОМИ  Откривање *Најчесто случајно на редовен гениколошки преглед *Папаниколау тест ( рутински се зема од гениколог ) *При сомневање за ХПВ се зема посебен брис за откривање директно на вирусот Лекување *Може промените да се повлечат сами по себе *Локално со вагиналети или креми *Хируршки
  9. 9. ТРИХОМОНИЈАЗА Како се открива и лекува? *Гениколошки преглед со брис од вагина *Лекување на обата партнера истовремено, за девојките и вагиналети ( таблети за во вагина) *Кондом при секс.однос *Редовни гениколошки прегледи Симптоми?! Кај Жени: *болка во генитална регија или болка при секс *пенушав, обилен, жолтеникав исцедок со лош мирис *Чешање и пецкање во вагина Кај Мажи: *болка при мокрење *исцедок со светла боја, често неприметлив
  10. 10.  Како се пренесува? * Секс без кондом со инфициранХИВ / СИДА партнер (анален, вагинален, орален заради контакт со инфицирана сперма, вегинален секрет или крв ) *Крвен пат- размена на употребени игли и шприцеви, нестерилни инструменти за тетовирање,пирсинг, и сл. *Од инфицирана мајка на дете ( бременост, породување, доење )  Како се открива? Единствен начин да се дознае ХИВ статусот е со ХИВ тест- посебен тест на крвта кој открива атитела т.е реакција на организмот ако е вирусот присутен. Треба да се направи по 3 месеци од ризичното однесување и да се повтори по 6 месеци
  11. 11.  Како се манифестира?ХИВ / СИДА Поминува долг временски период ( средно 10-15 години ) без да се манифестираат симптоми на инфекција. Во тој пероид лицето е носител на ХИВ, може да го пренесува на други без да е свесен за тоа, а единствен начин да дознае е ХИВ тест. СИДА е крајниот стадиум на ХИВ инфекција и се карактеризира со низа болести (состојби): * Долготрајно покачена температура,губење на тежина, јак умор *Долготрајни проливи ( цревни инфекции ) *Постојано зголемени жлезди на телото *Инфекции на бели дробови, мозок, кожа, кандида во органите за варење и гениталии, херпес и сл. *Тумори поврзани со ХИВ инфекција
  12. 12. ЗАКЛУЧОК:КОРИСТЕТЕ КОНДОМ ! 
  13. 13. ИЗРАБОТИЛЕ:1. Маркоска Елена2. Матовска Теодора3. Нестороска Александра4. Наумоска Елеонора5. Переска Мишела6. Коџоман Костадин

×