ДЕЦАТА СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ЖРТВИ ВО СЕМЕЈСТВАТА КАДЕ ШТО ИМА НАСИЛСТВО ПОТРЕБНА Е ПОСЕРИОЗНА ПРЕВЕНЦИЈА Нова Македонија, Хроника стр.9, 10.03.2015 ПНовинар Александар А.Самарџиски Во 2014 на нашиот СОС телефон за деца 0800 12222 при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ вкупно се пријавиле 62 деца кои биле жртви на семејно насилство. Правата детска амбасада во светот Меѓаши смета дека за да се превенира насилството на подолготрајна осонова потребно е навремено санкционирање и казнување на сторители без разлика за каков вид на насилство станува збор и кој е вршителот на насилството. Доколку децата се јават како сторители потребно е стручните лица од соодветните институции да да ги преземат сите неопходни мерки и активности со цел да се рехабилитира детето насилник и да се откријат подлабоките причини за појава на таков вид однесување. Како препораки и идни чекори неопходно е превентивно да се делува и да се разработат ефективни стратегии за заштита на децата ос семејно насислтво. Превенцијата не само што е потребна таа е од суштинско значење. При изработка на превентивните програми потребно е да се вклучат повеќе релевантни чинители како: државни институции, граѓански организации, родители, воспитувачи, наставници, децата и целокупната заинтересирана јавност. Сите они кои дирекно или индирекно, свесно или несвесно влијаеле и предизвикале последици кај детето во заедница каде поsтои семејно насилство треба да се санкционираат. Потикнувањето на агресија, дискриминација и нетолеранција исто така треба да биде казнето и санкционирано. Доколку сторителите не се казнат, тие повторно ќе продолжат со својот модел на однесување и