Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

Fiziologija na emocii

Predavanje nameneto za psiholozi: Fiziologija na emocii

  • Be the first to comment

Fiziologija na emocii

  1. 1. 1 ФИЗИОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИ  Зборот емоција се однесува на позитивни или негативни чувства кои се предизвикани во одредени ситуации.  Емоциите кај организмите се состојат од образец на физиолошки одговори и типични обрасци на однесување поврзани за видот.  Кај луѓето овие физиолошки однесувања се пратени со чувства, така што зборот емоција се однесува на чувства, а не на образец на однесување.  Корисната улога на емоционалното однесување ја поттикнала еволуцијата на мозокот.
  2. 2. 2 ЕМОЦИОНАЛНИ ОБРАСЦИ (1)  Емоционалниот одговор се состои од 3 компоненти: однесување, одговор на АНС и одговор на ендокриниот систем.  Однесувањето се состои од движење на мускули на лицето кои се пригодни на ситуацијата која ги предизвикува. На прим. кучето при одбрана на својата територија прво зазема одбрамбена положба, ‘ржи, покажува заби и ако натрапникот не се тргне, тоа ќе го нападне него.  Автономниот одговор го олеснува изведувањето на активностите на емоционалниот одговор и обезбедува брза мобилизација на енергија за брзи движења. Активноста на симпатикус се зголемува, а на парасимпатикус се намалува. Симпатичката активност ја зголемува срцевата фреквенција кај кучето и прерасподелба на крвта во мускулите.
  3. 3. 3 ЕМОЦИОНАЛНИ ОБРАСЦИ (2)  Ендокриниот одговор го засилува автономниот одговор. Срцевината на надбубрежната жлезда лачи адреналин и норадреналин кои дополнително го зголемуваат притисокот. Кората на надбубрежната жлезда лачи кортикостероиди кои ја зголемуваат достапноста на нутрициенти (глукоза) во мускулите.  Со стимулација на одредени подрачја предизвикувани се емоционални одговори кои биле поврзани со реакција на страв и бес.  Конкретните движења, автономнот одговор и секрецијата на хормоните се контролирани од посебни нервни структури.  Интеграцијата на овие одговори е контролирана од амигдала и амигдалните јадра.
  4. 4. 4 Анатомија на амигдала (1)  Амигдалите имаат посебна улога како во физиолошките реакции, така и во изведување на работи поврзани со предмети и ситуации од посебно биолошко значење (укажуваат на извор на опасност како пламен или присуство на храна.  Одредени неврони во различните амигдални јадра реагираат кога на испитаникот ќе му се предочи релевантен стимул.  Амигдалните јадра се наоѓаат во темпоралниот резен. Главни компоненти се: медијални јадра, латерално-базални јадра, централни јадра и базални јадра. Сите тие имаат посебни аферентни и еферентни патишта и специфични функции.
  5. 5. 5 Анатомија на амигдала (2)  Медијалното јадро се состои од неколку субјадра кои примаат сензорни информации (вклучувајќи мирис и феромони кои доаѓаат од олфакторниот булбус) и ги пренесува во медијално базалните делови на предниот мозок и во хипоталамус. На тој начин медијалните јадра учествуваат во репродуктивното однесување.  Латерално-базолатералните јадра добиваат информација од примарниот соматосензорен кортекс, асоцијативниот кортекс, таламус и хипокампус. Ги проектираат во вентралниот стријатум (регија која придонесува за ефикасност во учењето по пат на засилена стимулација) и дорзомедијалните јадра на таламус кои своите проекции ги праќаат во фронталниот кортекс. Овие јадра овозможуваат влезни сензорни патишта во централните јадра кои претставуваат дел од амигдалниот комплекс.
  6. 6. 6 Директни и индиректни патишта на амигдала
  7. 7. Влезни сигнали во амигдала 7
  8. 8. 8 Анатомија на амигдала (3)  Централните јадра свои проекции праќаат во хипоталамус, среден мозок, понс и продолжен мозок. Тие се одговорни за истражување на различни компоненти на емоционалниот одговор.  Базалните јадра се состојат од неколку подјадра кои примаат сензорни влезни сигнали од латералните и базолатералните јадра, а ги пренесуваат до останатите амигдални јадра како и во периакведукталната сива маса во средниот мозок.  Централните јадра имаат најважна улога во изразување на емоционалниот одговор на стимули. Кога ќе се појави претечки стимул доаѓа до заисилена активност на централното јадро.
  9. 9. 9 Анатомија на амигдала (4)  Оштетување на централното јадро го редуцира или пак во потполност го укинува широкиот спектар на емоционални однесувања и физиолошки одговори.  На животно што му е уништено централното јадро нема да покажува знаци на страв, ќе се однесува попитомо, со намалено ниво на хормони за стрес, со помала веројатност да добие чир. Наспроти тоа кога се стимулирани централните јадра животното покажува страв и вознемиреност. Нивната долготрајна стимулација предизвикува стрес или чир на желудник.
  10. 10. 10 Врски на амигдала
  11. 11. 11 Условен емоционален одговор (1)  Централните јадра на амигдала имаат посебна улога во процесите на емоционално учење. Одредени стимули можат автоматски да предизвикаат емоционални реакции како што е страв (гласен звук, приближување на големо животно).  Кога еднаш ќе бидеме уплашени тоа се научува и секогаш ќе се повтори таа емоција кога ќе се сретнеме со иста таква ситуација.  Срцевата фреквенција се зголемува, крвниот притисок и тонусот се зголемуваат, надбубрежната жлезда лачи адреналин, а ние ќе постапуваме внимателно и ќе бидеме спремни за адекватен одговор.  Факт е дека одредени ситуации кои не се опасни можат да предизвикаат емоционален одговор, а се последица на учење со условување.
  12. 12. 12 Условен емоционален одговор (2)  Ако некоја активност не е опасна по единката и биде проследена со болен стимул кој автоматски предизвикува одбрамбен емоционален одговор кој може да доведе до воспоставување на условен емоционален одговор. Кога единката повторно ќе ја изведува истата активност, таа ќе биде во состојба на претпазливост и ќе одреагира на најмал знак кој би можел да претставува повторно појавување на болен стимул.  Со дразнење на стаорец со електричен стимул што претставува безусловна дразба, т.е. животното ќе скокне. Ако покрај електричната дразба истовремено примениме звучен сигнал (условна дразба), може да предизвикаме создавање на условен емоционален одговор. Кога по неколку повторувања, стаорецот го чуе само звукот без електричен стимул, животното автоматски ќе потскокне.
  13. 13. 13 Условен емоционален одговор (3)  Докажано е дека е неоходно присуство на централните јадра за да дојде до условен емоционален одговор. Со нивно разорување ќе изостане условниот одговор.  Со разорување на латералниот хипоталамус (регија каде се проектираат централните јадра) ќе има отсуство на автоимун одговор.  Разорувањето на периакведукталната маса ќе ја спречи појавата на мускулен одговор на животното.  Ако организмот научи да го избегнува контактот со агресивните дразби (или успее да ја намали силата на болната надразба), повеќето неспецифични (условени) емоционални одговори со текот на времето ќе ги снема.  Оштетувањето на амигдалните јадра довело до опаѓање на емоционалното реагирање на луѓето.
  14. 14. 14 Условен емоционален одговор (4)  Оштетувањето на амигдала може да предизвика отсуство на емоционалните компоненти на сеќавањето.  Во тие случаи сеќавањето на одредени драматични епизоди од животот нема да доведе до поттикнување на емоциите кај лица чии амигдални јадра се оштетени.  Амигдала содржи голем број рецептори за анксиолитици (бензодијазепини), а централните јадра имаат многу опијатски рецептори, што упатува на можна нивна улога во патогенезата на многубројни анксиозни состојби.
  15. 15. 15 Социјално расудување и емоции (1)  Луѓето се способни емотивно да реагираат на комплексни ситуации. Разбирањето на некоја сложена општествена ситуација е многу покомплексно од забележувањето на поединечни стимули.  Анализата на општествената ситуација во себе вклучува многу повеќе од сензорна анализа. Вклучува искуство и сеќавање, заклучување и расудување.  Засега се знае дека десната хемисфера има значително поголема улога во овие процеси, а орбитофронталната кора игра специјална улога.  Орбитофронталната кора се наоѓа на базата на фронталниот лобус. Го зафаќа делот на мозокот над орбитите.
  16. 16. 16 Социјално расудување и емоции (2)  Орбитофронталната кора добива директни влезни информации од дорзомедијалниот таламус, темпорален кортекс, вентрален тегментален регион, олфакторен систем и амигдала.  Излезните информации ги праќа во цингуларниот кортекс, хипокампус, темпорален кортекс, латерален хипоталамус и амигдала.  Влезните информации го информираат орбитофронталниот кортекс за случувања во околината, како и за плановите на другата фронтална регија.  Излезните информации даваат можност да се влијае на широк спектар на форми на однесување, вклучувајќи ги емоционалните одговори од страна на амигдалните јадра.
  17. 17. 17 Орбитофронтален кортекс
  18. 18. 18 Социјално расудување и емоции (3)  Разорувањата на орбитофронталниот кортекс ја редуцираат човечката инхибиција и грижа за сопствената личност. Лицето станува незаинтересирано за последиците на своите дела.  Дури и ако е свесна за болните дразби, самата болка не им смета повеќе, бидејќи не доведува до емоционална реакција.  Што е работата на орбитофронталниот кортекс?  Една можност е процена на последиците на активностите што се одигруваат. Но тоа не е потполно точно зашто има лица на кои што им е оштетена оваа зона и кои можат да го проценат значењето на некоја ситуација, но во теоретски смисол (свесни се што е добро, а што е лошо, но не можат да ги применат моралните принципи во секојдневна животна ситуација.
  19. 19. 19 Експресија и препознавање на емоции  Емоциите како организиран одговор (преку однесување, автономна реакција, ендокрина реакција) се опишани како подготовка на организмот да се соочи со некоја ситуација. Со еволуцискиот развој, емоците добиле и други улоги, особено во комуникацијата со други припадници од видот.  Активности како заземање на одбанбена положба, израз на лицето и невербални звуци (мрморење, воздишки, ржење) можат да имаат корисна општествена улога.  Особено изразите на лицето играат корисна социјална улога, давајќи до знаење на околината како се чувствуваме и што се подготвуваме да направиме.
  20. 20. 20 Емоционално изразување со мимика (1)  Уште Чарлс Дарвин предложил дека човечкото изразување на емоции еволуирало од слични форми на иразување кои можат да се видат и кај животните.  Според неговата теорија, емоционалното изразување претставува емоцинален израз кој што не се учи и се состои од комплексни движења на мускулатурата, а особено на мускулатурата на лицето.  Дарвин донел заклучок дека ако луѓето ширум светот без оглед колку нивната заедница е изолирана реагираат со исти изрази на лицето на исти стимули, дека тогаш се работи за наследна, а не научена форма на однесување.  Изолирани групи ширум светот развиваат различни форми на говор, но изразите на лицето ги следат исти емоции.
  21. 21. 21 Емоционално изразување со мимика (2)  На домордците од Нова Гвинеја им се следени реакциите на приказни со различна емоционална пребоеност (тажни, непријатни, среќни). Реакциите на нивната мимичка мускулатура биле исти како и на реакциите на луѓето од западните земји.  Испитувањата што се вршени на слепи деца покажале дека и слепите деца покажуваат карактеристични мимички движења на мускулатурата на лицето, како и децата со нормален вид.  Се заклучува дека изразите на лицето кои ги следат емоциите се вродени, а не научени обрасци на однесување.  Не е утврдено дали заземање на став, тоналитет на глас врзани за емоционалната комуникација се научени или се наследни.
  22. 22. 22 Табели за тестирање на препознавање на емоционалниот израз на лицето
  23. 23. 23 Невролошки основи на комуникација со емоциите: препознавање (1)  Секој вид на комуникација за да биде ефикасен мора да биде двонасочен.  Способноста за изразување на емоционалната состојба преку промена на изразот на лицето е корисна само ако другите луѓе можат да го разберат тоа.  Истражувањата покажале дека луѓето кога ќе им се случи радосна ситуација во поголема мера покажуваат знаци на среќа кога се наоѓаат во нечие друштво (социјално опкружување), отколку кога се сами.  Луѓето можат да ги препознаат чувствата на другите луѓе по пат на сетилото за вид и слух. Со набљудување на изразот на лицето, слушање на бојата на гласот и изборот на зборови можеме да ја препознаеме емоционалната состојба на лицето.
  24. 24. 24 Невролошки основи на комуникација со емоциите: препознавање (2)  Испитувањата довеле до заклучок дека десната хемисфера има поголема улога во разбирањетро на емоциите. Секако дека хемисферите разменуваат информации по пат на цорпус цаллосум, но не толку детално и прецизно како кога директно ги примаат.  Врз основа на испитувања во кои што пораките се праќани со различна емотивна содржина, преку визуелен или аудитивен пат, на секоја хемисфера посебно, донесени се судови за нивната улога и способности за разбирање на содржината на пораката.  Левата хемисфера подобро го препознава значењето на зборовите, но десната подобро ги препознава изразите на лицето.
  25. 25. 25 Невролошки основи на комуникација со емоциите: препознавање (3)  Испитаникот полесно ја разбира вербалната содржина што е презентирана во левата хемисфера, но подобро може да го детектира емотивниот тон на гласот што е презентиран во десната хемисфера.  Кога ќе се слушне некоја порака левата хемисфера го проценува значењето, а десната ја проценува емоционалната содржина.  Испитувања на пациенти со оштетена десна хемисфера покажале дека тие можат да носат судови за емоционалните состојби врзани за одредени примери, но сериозно им е оштетено разбирањето на значењето на емоционалните изрази на лицето и знаци направени со рака. Не го разбираат значењето на телесните изразувања на емоции како подигната тупаница, која што претставува претечки знак.
  26. 26. 26 Невролошки основи на комуникација со емоциите: изразување (1)  Изразот на лицето кои искажува емоции е автоматска, неволева активност. Прилично е тешко да се изведе реален емоционален израз на лицето кога конкретни емоции не се присутни.  Познато е дека глумците кога за потребите на улогата мораат со изразот на лицето да искажат некаква емоционална состојба се користат со техника за присетување на вистински доживувња од својот живот во кои што почувствувале таква специфично чувство. Кога ќе ги предизвикаат одредените емоции, адекватен израз на лицето спонтано се јавува.  Невролошко нарушување пареза на н. фациалис е предизвикано со оштетување на делот на кортекс што ги котролира движењата на лицето.
  27. 27. 27 Невролошки основи на комуникација со емоциите: изразување (2)  Причина може да биде и оштетување на нервните влакна кои ја поврзуват оваа регија со јадрата на н. фациалис. Последица е дека индивидуата не може волево да ги движи мускулите на лицето. Но, кога се искажуваат емоции, мускулите на лицето спонтано се движат да направат адекватен израз кој ги следи тие емоции.  Невролошко нарушување емоционална фацијална парализа е причинета со повреда на инсуларната регија на префронталниот кортекс, белата маса на фронталниот резен или пак деловите на таламус. Лицата немаат проблем со волево движење на мускулите на лицето, но не можат да ги искажуваат емоционалните изрази на лицето.  Докажано е дека десната хемисфера повеќе учествува во искажување на емоциите. Покажано е дека левата страна на лицето посилно ги прикажува емоциите.
  28. 28. 28 Чувствување на емоциите (1)  Тоа што секојдневно се подразбира под емоции се нашите субјективни чувства кои го следат нашиот емотивен статус.  Кога ќе се најдеме во ситуација која предизвикува појава на емоции, соодветен сет на физиолошки рекации (одговори) ќе започне да се реализира.  Во застрашувачка ситуација ќе дојде до потење, треперење, забрана срцева акција. Ќе се преземат соодветни мускулни активности (форми на однесување): ќе се стегне тупаница, ќе се заземе одбранбена положба. Мозокот добива повратна информација од мускулите и органите кои изведуваат адекватен одговор.  Овие повратни информации од нашето тело ја чинат основата на нашите чувства кои ги следат емоционалните состојби.
  29. 29. 29 Чувствување на емоциите (2) Нашите чувства се базирани на нашите постапки и на сензорни повратни информации кои ги добиваме за активноста на нашите мускули и внатрешни органи. Кога ќе се најдеме во ситуација да трепериме и чувствуваме непријатни сензации, ние доживуваме страв.  Чувствата се наши сопствени согледувања на нашиот емоционален статус и претставуваат последица, а не причина за нашите емоционални реакции.
  30. 30. 30 Теорија за чувствување на емоции
  31. 31. 31 Агресивно однесување (1)  Начинот на кој се изразува агресивното однесување е типично за секој вид.  Агресивно изразување претставува обрасци на движења (заземање положба, стисната тупаница, истурени заби, шиштење) кои се организирани од страна на невронските кругови, чиј развој е програмиран со генетско наследство на видот.  Многу видови агресивно однесување се врзани за репродукција (бранење на територија, одбрана на младенчето), други видови агресивно однесување се поврзани со самоодбрана на единката.  Агресивното однесување може да се состои од вистински напад, или може да вклучува само претечко однесување.
  32. 32. 32 Агресивно однесување (2)  Претечкото однесување се состои од заземање положба и движења со гестови кои го предупредуваат противникот да се тргне или ќе стане мета на нападот.  Животното на кое му се прети може да прикаже одбрамбено однесување кое се состои од претечко однесување или дури напад. Но, може да покаже и субмисивно или покорно однесување.  Претечкото однесување служи за воспоставување на хиерархија во групата за да се предупредат натрапниците.  Предаторство (лов) значи напад на единка од еден вид врз единка од друг вид затоа што таа учествува во синџирот на исхрана на првата. Во тек на лов емоционалната компонента на агресивното однесување е значително помала.
  33. 33. 33 Нервна контрола на агресивно однесување (1)  Нервната котрола на агресивното однесување е хиерархиски организирана. Така специфичните движења на мускулатурата од животното во текот на нападот и одбраната се прогрмаирани од невронските кругови во мозочното стебло.  Дали животното ќе нападне или не зависи од многу фактори, вклучувајќи ја природата на стимулот кој се појавил во опкружувањето, како и претходните искуства на животното.  Активноста на невронските кругови кои се наоѓаат во мозочното стебло е изгледа контролирана до страна на хипоталамус и амигдала кои исто така влијаат на други форми на однесување типични за одреден вид.
  34. 34. 34 Нервна контрола на агресивно однесување (2)  Aktivnosta na hipotalamus i amigdala e kontrolirana od starana na perceptivnite sistemi (setilata) koi gi detektiraat promenite vo opkru`uvaweto (pojavuvawe na drugi `ivotni vo opkru`uvaweto, prete~ki zvuci i dr.).  Ispituvawa vo koi mikroelektrodi se direktno postaveni vo mozo~no tkivo dovele do zaklu~ok deka odbrambenoto odnesuvawe i predacijata mo`at da predizvikaat stimulacija na razli~ni delovi vo periakveduktalnata siva masa, a da hipotalamus i amigdala vlijaat na takvoto odnesuvawe.  Vlijanieto na hipotalamus i amigdala se ostvaruva preku inhibitorni i ekscitatorni vrski so periakveduktalnata siva masa.
  35. 35. 35 Нервна контрола на агресивно однесување (3)  Зголемена активност на серотонинергичните синапси има инхибиторно влијание на агресивното однесување.  Деструкција на серотонинергичните неврони на предниот мозок доведува до зголемено изразување на агресивно однесување, заради отстранета инхибиторна контрола.  Серотонинот не само што ја инхибира агресијата туку го зголемува и степенот на контрола на единката не дозволувајќи и да се впушта во ризични активности.  Кај луѓето со нарушено однесување и агресивно однесување, постои понизок степен на серотонинергична активност.  Не се знае дали намалената серотонинергична активност е последица на генетско наследство или влијание на средината.
  36. 36. Неврална контрола на агресивно однесување 36
  37. 37. 37 Хормонална контрола на агресијата  Некои форми на агресивно однесување во некој дел се поврзани со репродкцијата.  Може да се работи за одбрана на територијата од страна на мажјакот во сезона на парење или агресија на женката која ги брани своите младенчиња.  Познато е дека репродуктивното однесување е контролирано по пат на активност на ендокриниот систем. Тоа може да не доведе до заклучок дека и формите на агресивно однесување кои што се поврзани со репродукцијата се под влијание на хормоните.
  38. 38. 38 Агресија кај машкиот пол (1)  Раната андрогенизација на мозокот (со тестостерон) има организациски ефект на нервните структури.  Секрецијата на андрогените во раниот развој го модифицира мозочниот развој и ги прави невронските кругови кои го контролираат машкото сексуално однесување да станат чувствителни за тестостерон.  Раната андрогенизација има организациски ефект кој го стимулира развојот на тестостерон-сензитивни невронски кругови кои ја фасцилитираат меѓумашката агресија.  Организацискиот ефект кој го има раната андрогенизација е важен, но не е исклучителен, бидејќи кај експериментални животни на кои им се извадени по раѓањето половите жлезди може со долготрајно давање на тестостерон да се предизвика меѓумашка агресија.
  39. 39. 39 Агресија кај машкиот пол (2)  Докажано е дека колку е порана експозицијата на мозокот со андрогени, толку подоцна во животот е потребна количински помала експозиција на андрогени за да се предизвика агресивно однесување.  Раната андрогенизација ги сензитивизира невронските кругови на влијание на тестостерон.  Андрогените го стимулираат машкото сексуално однесување така што ги активираат андрогените рецептори на невроните во медијалните преоптички јадра.  Администрација на тестостерон во оваа регија кај кастрирани стаорци предизвикува меѓумашко агресивно однесување.  Оваа регија е од значење за сексуалното однесување, родителскиот инстинкт и меѓумашката агресија.
  40. 40. 40 Агресија кај женскиот пол Агресивноста меѓу женски единки од ист вид е значително помала во споредба со мажјаците. Андрогените имаат организациски ефект на агресивноста на женките, а извесен степен на пренатална андрогенизација се одвива природно. Експериментално е покажано дека естрогените имаат знажајно помал ефект врз изразувањето на агресивно однесување. Кај женки со извадени овариуми на една група е даден естроген, на друга група тестостерон, на трета плацебо. Агресивноста била зголемена кај тие со тестостерон. Постои зголемена агресивност во менструалниот циклус, а таа опаѓа во тек на овулација.
  41. 41. Ефекти на андрогените на човечката агресивност (1)  Момчињата глобално се поагресивни од девојчињата.  Нема сомнеж дека социјалните модели на однесување имаат влијание и играат важна улога врз развојот на сексуално одбрамбено односно агресивно однесување.  Не може со сигурност да се тврди дека промените кои настануваат во однесувањето во текот на пубертетот се последица на хормонската активност или последици на матурација на мозокот.  Научно силни докази дека андрогените го зголемуваат агресивното однесување кај луѓето е тешко да се добијат.  Најдена е позитивна корелација меѓу нивоата на тестостерон и агресивност. Но, корелацијата не значи и предизвикување. 41
  42. 42. 42 Ефекти на андрогените на човечката агресивност (2)  Нивото на тестостерон варира во различни ситуации.  Тоа е зголемено по победа во тенис, шах, но тоа не подразбира зголемена агресивност.  Кај одредени спортисти кои земале стероиди докажано е дека постои и зголемена агресивност.  Но, докази дека стероидите се директни предизвикувачи на агресивност не се најдени.  Можно е да дошло до потенцијација на веќе постоечка агресивност.

    Be the first to comment

    Login to see the comments

  • ssuser226e8c

    Jul. 12, 2015

Predavanje nameneto za psiholozi: Fiziologija na emocii

Views

Total views

1,599

On Slideshare

0

From embeds

0

Number of embeds

2

Actions

Downloads

0

Shares

0

Comments

0

Likes

1

×