Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

Agenda, SIGMA Public procurement review bodies conference, Ohrid 9 June 2016 (Macedonian)

132 views

Published on

Agenda of the regional conference organised by SIGMA on Public procurement review bodies, which took place in Ohrid, the former Yugoslav Republic of Macedonia on 9-10 June 2016.

Published in: Government & Nonprofit
  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

Agenda, SIGMA Public procurement review bodies conference, Ohrid 9 June 2016 (Macedonian)

  1. 1. АГЕНДА
  2. 2. 1 Основа Институционалната рамка на јавните набавки во земјите опфатени со процесот на проширување на Европската унија (ЕУ) (Албанија, Босна и Херцеговина, поранешната југословенска Република Македонија, Црна Гора, Косово , Србија, Турција) е стабилизирана во последните години, а релевантните тела се развија во зрели и проактивни институции коишто сакаат и можат и понатаму да ги развиваат системите. Меѓутоа, како што покажуваат оценувањата1 на основните мерења на СИГМА во 2015 година, релевантните институции, а особено телата за правна заштита при јавните набавки (ТПЗЈН), сè уште имаат потреба од понатамошно зајакнување на нивната независност и професионален капацитет. Функционалниот систем за правна заштита има клучна улога во спроведувањето на правилата за јавните набавки. Едно од трите клучни барања за јавните набавки во Начелата на јавната администрација2 , подготвени од страна на СИГМА, се однесува исклучиво на системот на правна заштита, што покажува колку е важна оваа тема. Клучен механизам за заштита на законитоста и интегритетот на процесот на јавните набавки е гарантирањето на пристап до правда за организациите и претпријатијата кои учествуваат во постапките за јавни набавки. Основните барања за системот на правна заштита се реактивност, ефективност и независност од страна на договорните органи. Транспарентноста и ефикасноста на постапките на правна заштита, институционалниот капацитет и квалитетот на решенијата и начинот на којшто тие се спроведуваат се клучните детерминанти на функционалниот систем за правна заштита. Со цел да се исполнат овие барања, изборот на управните и правните решенија за организирање на системот за правна заштита може да зависи од локалните практики. Регулаторната рамка и институционалната структура за постапување по жалбите се во голем степен воспоставени во сите земји опфатени со процесот на проширување на ЕУ. Меѓутоа, системите на правната заштита во овие земји имаат неколку, многу слични недостатоци. Тие вклучуваат, на пример, недоволен капацитет, тенденција да се фокусираат на чисто формални грешки и пропусти, ненавремено постапување по жалбите и отсуство или недоволни механизми за еднообразна примена на законодавството. Телата за правна заштита во регионот се соочени со сè поголем број на жалби. Од една страна, ова е одраз на довербата на бизнис секторот во институциите за јавните набавки, а особено во телата за правна заштита, но од друга страна, тоа создава сè поголем предизвик за телата за правна заштита. Имајќи го предвид горенаведеното и врз основа на интересот покажан од земјите опфатени со процесот на проширување на ЕУ, СИГМА заедно со Државната комисија за жалби по јавни набавки во Скопје одлучи да организира конференција фокусирана на различните важни аспекти од функционалниот систем за правна заштита при јавните набавки. Цели на конференцијата: Главните цели на конференцијата се:  да се промовира и зголеми знаењето за важноста на функционалните системи за правна заштита кај јавните набавки,  да се сподели практичното искуство во врска во функционирањето на системите за правна заштита кај набавките и  да се поттикне соработка и споделување на знаењето помеѓу институциите од регионот.  Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово. 1 http://www.sigmaweb.org/publications/public-governance-baseline-measurement-reports.htm 2 http://www.sigmaweb.org/publications/Principles-Public-Administration-Nov2014.pdf#page=101
  3. 3. 2 Главни теми за дискусија: 1. Имплементација на Директивите за правните лекови во земјите-членки на ЕУ. 2. Независноста на телата за правна заштита и барањето за непристрасност во донесувањето на одлуките. 3. Транспарентност на системот на правна заштита: а. значајноста на сеопфатното објавување на пресудите и нивното образложение, како и податоците за функционирањето на системот на правна заштита, б. транспарентност наспрема заштита на доверливите информации и деловните интереси на економските оператори. 4. Квалитетот на решенијата издадени од телата за правна заштита (вклучувајќи како да се обезбеди внесување на посебна експертиза во постапките за правна заштита и како да се избегне фокусирањето на чисто формални грешки и пропусти). 5. Организација на телата за правна заштита. Место и датум: Конференцијата ќе се одржи во Охрид, на 9-10 јуни 2016 година. Учесници: Учесниците се претседателите на телата за правна заштита при јавните набавки и нивниот клучен персонал. Секоја земја од процесот на проширување на ЕУ ќе има пет официјални делегати на конференцијата (освен земјата-домаќин којашто има право на најмногу 8 учесници). Нивните патни трошоци и трошоците за сместување ќе бидат покриени од страна на СИГМА. Ќе учествуваат околу 40 учесници од регионот. Учество, исто така, ќе земат и претставниците на Европската комисија, РеСПА, Одделот за интегритет во јавниот сектор на ОЕЦД/ГОВ и неколку национални експерти од земји-членки на ЕУ. Претставници на други меѓународни организации и донатори коишто се активни во регионот (како што е Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ), Советот на Европската развојна банка и Светската банка) ќе бидат поканети како набљудувачи. Учеството е само врз основа на покана. Агенда: Деталната агенда е изработена во тесна соработка со Државната комисија за жалби по јавни набавки вклучувајќи ги и другите релевантни тела за правна заштита. СИГМА, исто така, предложи одредени теми да бидат опфатени врз основа на нејзините извештаи за основните мерења од 2015 година и претходните барања од земјите. Форма на конференцијата: Настанот ќе биде интерактивен и врз основа на презентации на студии на случај (каде што ќе бидат претставени искуства од земјите-членки на ЕУ и од земјите опфатени со процесот на проширување на ЕУ). Претставниците на земјите опфатени со процесот на проширување на ЕУ ќе треба да ги претстават најновите случувања и да го споделат искуството од нивните земји. Конференцијата ќе следи формат којшто повеќе се фокусира на учесниците. Различните сесии, посветени на посебни теми, ќе започнат со кратка воведна презентација (од член на персоналот на СИГМА или експерт/претставник од земја-членка на ЕУ или претставниците на Европската комисија), по што ќе следат една или две презентации од земјите за конкретната тема од сесијата. Секоја сесија ќе заврши со дискусија каде што ќе биде обезбедено доволно време за секоја земја да го сподели своето искуство. Во текот на сите закажани сесии ќе биде обезбедено симултано толкување. СИГМА ќе ги достави своите ревидирани резимеа за јавните набавки (на англиски јазик).
  4. 4. 3 Среда, 8 јуни, 2016 година 19.00 - 21.00 Коктел за добредојде организиран од СИГМА (Хотел Инекс Горица) Четврток, 9 јуни, 2016 година 09.00 – 09.30 Пријавување на учесниците и кафе за добредојде 09.30 – 09.55 ДОБРЕДОЈДЕ И ВОВЕДНИ ИЗЛАГАЊА  Г. Владимир ПЕШЕВСКИ, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања  Г-ѓа Маја МАЛАХОВА, Претседател, Државна комисија за жалби по јавни набавки  Г-ѓа Карен ХИЛ, Раководител на програмата, СИГМА  Г. Јаромир ЛЕВИЧЕК, Раководител на Сектор за економски прашања, Делегација на Европската унија  Г. Бернд ВИЛД, Тематска поддршка, евалуација и следење, Генерален директорат за преговори за проширување и соседство (DG NEAR), Европска комисија 09.55 – 10.10 ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ  Тркалезна маса за кратко претставување на секој учесник 10.10 – 10.50 ГЛАВНИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО СИСТЕМОТ НА ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ Евалуација на Директивите за правните лекови спроведена од Европската комисија и новата судска пракса на Судот на правдата на Европската унија во врска со правните лекови кај јавните набавки.  Г-ѓа Марта ЛАШУК, Единица Г/3 - Спроведување и законодавство за набавки, Генерален директорат за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и МСП (DG GROW), Европска комисија 10.50 – 11.10 Прашања и одговори 11.10 – 11.30 Пауза за кафе Сесија 1: 11.30 – 12.10 ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА СИСТЕМОТ НА ПРАВНА ЗАШТИТА КАЈ НАБАВКИТЕ Претседавач: Г-ѓа Ерика БОЗАИ, СИГМА Главната цел на оваа сесија е да се дискутира за:  Важноста и релевантноста на транспарентноста на системот за правна заштита, особено за пристап до решенијата, пресудите на телата за правна заштита при набавките и надлежните судови.  Важноста на собирањето, анализирањето и објавувањето на податоците за функционирањето на системот за правна заштита.  Транспарентноста и пристапот до информации наспрема заштитата на доверливите информации и деловните интереси на економските оператори: улогата на телата за правна заштита во заштитата на доверливите информации на економските оператори и во заштитата на правото на пристап до сите релевантни информации. Презентации: 1. Транспарентност на системот за правна заштита во јавните набавки – предизвици и добра практика  Г. Борут СМРДЕЛ, Претседател, Државна комисија за правна заштита во постапките за јавна набавка, Словенија 2. Студија на случај од поранешната југословенска Република Македонија  Г. Мишо ВАСИЛЕВСКИ, член на одбор, Државна комисија за жалби по јавни
  5. 5. 4 набавки, Скопје Четврток, 9 јуни, 2016 година – продолжение 12.10 – 12.45 Панел дискусија 12.45 – 13.00 Конференциска фотографија 13.00 – 14.00 Ручек Сесија 2: 14.00 – 15.20 НЕЗАВИСНОСТА НА ТЕЛАТА ЗА ПРАВНА ЗАШТИТА И БАРАЊЕТО ЗА НЕПРИСТРАСНОСТ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА ОДЛУКИТЕ Претседавач: Г. Пјотр Нилс ГОРЕЦКИ, СИГМА Оваа сесија ќе овозможи да се дискутира за:  Барањето за независност на телото за правна заштита, што подразбира дека тоа е одделено од сите договорни субјекти и економски оператори и дека не е под политичко влијание.  Мерки на заштита коишто ја обезбедуваат независноста на механизмот за разгледување на жалбите.  Механизми за идентификување и управување со ситуациите на судир на интереси во рамки на телото за правна заштита при набавките.  Мерки на заштита коишто ја обезбедуваат непристрасноста на постапката за правна заштита и процесот на донесување одлуки. Презентации: 1. Независност на телото за правна заштита како институција и независност на членовите на телото за правна заштита, непристрасност во донесувањето на одлуките – предизвици и добра практика  Г. Ѓелу Казан, експерт на СИГМА, Романија 2. Студија на случај од:  Србија  Босна и Херцеговина 15.20 – 16.15 Панел дискусија 16.15 – 16.45 Неформална дискусија во текот на паузата за кафе 16.45 – 18.00 Пауза 18.00 – 22.30 Крстарење на езерото и вечера организирана од Државната комисија за жалби по јавни набавки
  6. 6. 5 Петок, 10 јуни, 2016 година Сесија 3: 09.00 – 10.15 НАЧИНОТ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ТЕЛАТА ЗА ПРАВНА ЗАШТИТА Претседавач: Г. Маријан Лемке, СИГМА Оваа сесија ќе овозможи да се дискутира за:  Различните начини на организирање на постапката за правна заштита во рамки на телата за правна заштита при набавките.  Предизвикот да се обезбеди брзо, навремено решавање на жалбите.  Практиката на применување времени мерки, запирање на постапките за јавна набавка, применување на дискреционото право.  Распределба на предметите, подготвување на решенијата, организирање панел дискусии, комуникација со договорните органи. Презентации: 1. Начинот на организирање на телата за правна заштита  Г. Горан МАТЕШИЌ, Претседател, Државна комисија за контрола на постапките за јавните набавки, Хрватска 2. Студија на случај од:  Албанија  Црна Гора 10.15 – 11.00 Панел дискусија 11.00 – 11.30 Пауза за кафе Сесија 4: 11.30 – 12.45 КВАЛИТЕТОТ НА РЕШЕНИЈАТА Претседавач: Г. Даниел ИВАРСОН, СИГМА Главната цел на оваа сесија е да се дискутира за тоа:  Како да се обезбеди вклучување на посебна експертиза што го надминува правното образование (како на пример финансии, инженеринг, бизнис администрација и технологија) којашто е потребна за постапките на правна заштита при јавните набавки.  Како истовремено да се обезбеди брзо решавање на жалбите и квалитет на решенијата.  Како да се избегне фокусирањето на чисто формални грешки и пропусти.  Кои се условите за квалитетно донесување одлуки. Презентации: 1. Квалитетот на решенијата  Г. Хуберт РАЈЗНЕР, Судија, Сојузен управен суд, Австрија 2. Студија на случај од:  Турција  Косово 12.45 – 13.45 Панел дискусија 13.45 – 14.20 Идни планови – дејствија што треба да се преземат за да се подобри ефикасноста и ефективноста на системот на правна заштита при набавките – СИГМА и учесниците 14.20 – 14.30 ФИНАЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ 14.30 – 15.30 Ручек Ви благодариме на сите и Ви посакуваме пријатно патување

×