Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

OAWeek_2012_event#1_Macedonia_04_Sead Dzigal_Open Educational Resources

437 views

Published on

Published in: Education
  • Hello there! Get Your Professional Job-Winning Resume Here! http://bit.ly/topresum
       Reply 
    Are you sure you want to  Yes  No
    Your message goes here
  • Be the first to like this

OAWeek_2012_event#1_Macedonia_04_Sead Dzigal_Open Educational Resources

  1. 1. ШТО СЕ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ?Toa се различни средства и материјали коисе употребуваат во образовниот процес иза усвојување на знаења.Тие можат да вклучат учебници, работни вежбанки, прирачници,речници, стручна литература, истражувања, каталози, но икомпјутерски програми, интернет-сервиси и платформи,разновиден софтвер, дигитални бази на содржини и податоци...
  2. 2. ШТО СЕ ОТВОРЕНИ ОБРАЗОВНИРЕСУРСИ?Отворени образовни ресурси (ООР) сеобразовни средства и содржини кои сеслободни за употреба.Тоа се образовни алатки кои се бесплатни и можат безникаков надомест да се користат во едукативни иистражувачки цели.
  3. 3. СО КОИ ПРОБЛЕМИ СЕ СООЧУВАОБРАЗОВАНИЕТО?• Скапи образовни материјали.• Образовни материјали кои не дозволуваат слободно менување или дистрибуција без претходна дозвола.• Ограничен пристап до образовните материјали, дозволен само за ограничен број луѓе кои се запишани или вработени во некоја организација или институција.• Ученици и наставници оставени сами на себе и изолирани од заедниците на кои припаѓаат.
  4. 4. КАКО ПОМАГААТ ООР?• Полесно доаѓаме до знаењето и материјалите кои ни се потребни за едукација.• Помалку средства и време трошиме за да стигнеме до материјалите кои ни требаат за учење и истражување.• Им помага на наставниците да ги создаваат и да ги разделуваат содржините кои се потребни во наставата.• Отвора нови начини за усвојување на знаењата, материјалите ги прави достапни во секое време, ја збогатува нивната форма, лесно се поврзуваат учениците и студентите помеѓу себе, како и наставниците со самите ученици и студенти.• Полесно разменуваме знаења и идеи со други ученици, студенти, наставници, истражувачи.• Се промовира локалната култура и јазиците.
  5. 5. ОТВОРЕНОТО ОБРАЗОВАНИЕКАКО ИДЕЈА БАРА ПОСТАПЕНРАЗВОЈ КОЈ ПОДРАЗБИРА:• создавање учебници и прирачници кои се слободни и бесплатни за користење;• организирање и систематизирање на образовните средства и материјали за да бидат лесни за наоѓање;• олеснување на принципите за умножување на материјалите и регулирање на авторските права врз овие содржини;• создавање онлајн-заедници на едукаторите, наставниците, професорите, истражувачите и др.
  6. 6. ОТВОРЕНИТЕ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИКАКО ДЕЛ ОД ОТВОРЕНОТОДВИЖЕЊЕВо текот на 20-тиот век се појавија многу моделина кои им се заеднички желбата за слободносподелување, избегнувањето строги авторскиправа, промоцијата на ефикасност и слободенпристап до драгоцените образовни содржини...
  7. 7. ОТВОРЕНОТО ДВИЖЕЊЕ...
  8. 8. КРИЕЈТИВ КОМОНСТерминот „Криејтив комонс“ (Creative Commons)се однесува на неколку лиценци објавени на 12декември 2002 година од Криејтив комонс,непрофитна корпорација со седиште во САД.Нивна намена е зголемување на достапноста насодржини кои нивните автори сакаат да гисподелат со светот, како и на содржини кои се војавна сопственост.
  9. 9. ИЗБИРАЊЕ ЛИЦЕНЦААко авторот го лиценцира своето дело подКриејтив комонс тоа не значи дека тој сеоткажува од своите авторски права. Тоазначи дека авторот дава некои од своитеправа на јавноста, но под одредени услови.
  10. 10. ПРИМЕРИ И СВЕТСКИ ИСКУСТВА СО ООРООР во светот се користат на различни начини:• универзитетски мрежи за административни иобразовни цели...• преземање различни материјали: скрипти, белешки,прирачници, учебници• аудио и видео бази со едукативни содржини• социјални мрежи за поврзување на студенти,наставници, професори, истражувачи...• бази на податоци, каталози, онлајн галерии..
  11. 11. OpenCourseWare (http://ocw.mit.edu)Поврзан онлајн-систем, прекукој сите материјали кои сепотребни закурсевите од овој универзитет седостапни за бесплатно преземање.Во нив се наоѓаат материјали,презентации, лекции, белешкиод предавањата и многу другиматеријали кои се потребни заизведување на курсевите иподготовка за нивно полагање.
  12. 12.  MERLOT – Онлајн база на мултимедијални образовниресурси за учење и онлајн предавања (www.merlot.org)Oгромен број информации поделени по научни области,линкови до други содржини и разни други податоци… NROC (National Repository of Online Courses) – Oнлајн база на курсеви иедукативни содржини главно за основните нивоа на образование(www.montereyinstitute.org)Има голема база на мултимедијални содржинидостапни иприлагодени за учење и предавање. Образовен портал – Академија (Education Portal – Academy) -Извонредно сликовит и корисен онлајн ресурс кој нуди содржини воголем број научни области, од алгебра, до психологија.(http://education-portal.com/academy/index.html)Особено се корисни едукативните видеа кои на извонреден начин можат даго олеснат и унапредат усвојувањето и трансферот на знаење.
  13. 13. ВИКИПЕДИЈАОтворената онлајн-енциклопедија„Википедија“ (www.wikipedia.org) е проекткој е дел од идеите и концептите на ООР. Википедија е оформена во 2001 година и за 11 години, на неа корисниците и ентуизијастите создале речиси 4 милиони статии од различни области, со вкупен обем од околу 26 милиони страници.
  14. 14. БЛОГОВИБлогот во праксата се покажувакако најкорисен начин заповрзување на учениците,наставниците и другитезаинтересирани во заедницикои лесно разменуваат пораки,од линкови, до коментари,објавуваат содржини.Блогот е платформа која еотворена во секое време, какоза објавување, така и запрегледување, преземање,споделување инфромации ислично...
  15. 15. КОРИСНИ ЛИНКОВИ:Веб страница на „ОЕR commons“www.oercommons.org Онлајн архива на Отворени образовни ресурси www.archive.org Онлајн база на едукативни алатки http://oedb.org/library/features/80- Онлајн архива на образовни курсеви oer-tools www.montereyinstitute.org/nrocВидео база на едукативни материјалиwww.khanacademy.org/#browse Една од најважните заедници за едукативен софтвер http://sakaiproject.org Онлајн база на едукативни материјали http://catalog.flatworldknowledge.com Проектот „Отворена библиотека“ http://openlibrary.org Мултимедијална база на образовни средства www.merlot.org
  16. 16. oor.mk

×