Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

Предностите и можностите понудени од страна на Techsoup balkans

263 views

Published on

Адријана Селмани, Програмски Асистент во Фондацијата Метаморфозис

Published in: Technology
  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

Предностите и можностите понудени од страна на Techsoup balkans

  1. 1. www.metamorphosis.org.mk Предностите и можностите понудени од страна на Techsoup Balkans Foundation for Internet and Society Aдријана Селмани Фондација Метаморфозис adrijana@metamorphosis.org.mk
  2. 2. Партнерство меѓу фондацијата Метаморфозис и TechSoup Balkans Techsoup Balkans обезбедува технолошки донации за земјите од Западен Балкан. • Оваа мрежа работи на развивање и споделување иновативни решенија за најголемите општествени предизвици. Фондацијата Метаморфозис е партнерска организација на Techsoup Balkans за Македонија, а фондацијата Мозаик е партнерска организација за Босна и Херцеговина. • Платформата Techsoup Balkans нуди широк опсег софтверски производи за непрофитни организации и јавни библиотеки. • Преку ова партнерство достапни се стотици професионални и корпоративни производи на Microsoft. • Во Фондацијата Метаморфозис веруваме дека технологијата може да биде моќна сила што отвора возбудливи можности за непрофитните организации да ги постигнат своите мисии на подобар начин, како и да се забрза нивното влијание. www.techsoupbalkans.org
  3. 3. Кој може да се квалификува? Донациите од Microsoft се достапни за непрофитни организации со статус Здружение на граѓани или фондација запишани во Регистарот на здруженија и сојузи. Некои типови непрофитни организации не се прифатливи, како што се образовни институции, политички организации, здравствени мрежи и библиотеки што не се јавни.
  4. 4. Како да се регистрирате? • За да ја регистрирате вашата непрофитна организација на TechSoup Balkans, потребно е претходно да регистрирате корисничка сметка на страната https://www.techsoupbalkans.org • При пополнување на формуларот внесете ги потребните информации во сите задолжителни полиња (*). • Користете само англиска поддршка на тастатурата при пополнување на формуларот. • Различни донатори имаат различни критериуми за донации
  5. 5. Процес на аплицирање на Techsoup Balkans • Откако невладините организации ќе ја пополнат апликацијата за грант • Techsoup Balkans ја разгледува апликацијата и ја проценува подобноста и соодветноста на истата (доколку има потреба ја враќа до НВО-то за прецизирање и дополнување на одговорите) и истата ја одобрува или одбива. Одговорот се испраќа на лицето за контакт од НВО-то наведено во апликацијата. • По одобрувањето на барањето се иницира автоматски процес на реализација. НВО-то е известено за добиената награда и добива специфични инструкции за тоа како да преземе и ги регистрира продуктите
  6. 6. Зошто има административен надомест? Програмата за софтверски донации TechSoup Balkans наплаќа административен надомест за секое обработено барање. Надоместокот ги покрива трошоците за администрирање на програмата за донации. Иако административниот надомест варира, организациите во секој случај остваруваат заштеди од 92-96% во споредба со вообичаената малопродажна цена на истиот софтвер. Со помош на наплатениот надомест, програмата TechSoup Balkans ќе може да продолжи со ефикасна понуда на донираните производи, под најдобрите можни услови.
  7. 7. Како да нарачате? Чекор 1. Критериуми за прифатливост Чекор 2. Пријавување Чекор 3. Прелистување на производите Чекор 4. Изберете производи и додадете ги во кошничката Чекор 5. Административен надомест Имајте во предвид: Програмата TechSoup Balkans ги испорачува производите на Регистрираната адреса за испорака на вашата организација.
  8. 8. Отворен ден за сите НВО Метаморфозис организира отворен ден за сите граѓански организации кои се заинтересирани за да добијат софтверска донација можат да се обратат во нашите канцеларии секој втор петок од 14:00 до 16:00 часот, со претходна најава за присуство на е-мејл: donacii@metamorphosis.org.mk Тимот на Метаморфозис ќе Ви помогне да ги идентификувате потребите на Вашата организација и да го изберете и примените соодветниот софтверски пакет во Вашата организација. Доколку имате прашања или Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте не на: donacii@metamorphosis.org.mk
  9. 9. Прашања? www.metamorphosis.org.mk
  10. 10. Ви Благодарам! Aдријана Селмани Фондација Метаморфозис adrijana@metamorphosis.org.mk www.metamorphosis.org.mk

×