Successfully reported this slideshow.
Your SlideShare is downloading. ×

Отворен пристап во универзитети и истражувачки институти

Ad
Ad
Ad
Ad
Ad
Ad
Ad
Ad
Ad
Ad
Loading in …3

Check these out next

1 of 27 Ad

Отворен пристап во универзитети и истражувачки институти

Презентација за Отворен пристап наменета за информирање на наставниот и раководниот кадар во високо-образовните и истражувачките институти во Македонија

Презентација за Отворен пристап наменета за информирање на наставниот и раководниот кадар во високо-образовните и истражувачките институти во Македонија

Advertisement
Advertisement

More Related Content

More from Metamorphosis (20)

Recently uploaded (20)

Advertisement

Отворен пристап во универзитети и истражувачки институти

1. 1. Отворен пристап Ирина Шумадиева Фондација Метаморфозис www.metamorphosis.org.mk
2. 2. Што е отворен пристап? www.metamorphosis.org.mk

Спој на една стара традиција и нова технологија – јавно добро

желба за објавување без финансиска надокнада + интернет = електронска дистрибуција на литература од научно-истражувачки списанија, бесплатен и неограничен пристап
3. 3.

Под отворен пристап во литературата се подразбира нејзина трајна , бесплатна достапност на јавниот интернет , со дозвола корисниците да читаат , преземаат , копираат , дистрибуираат , печатат , пребаруваат или да поставуваат врски до целосните текстови на овие написи, истите да бидат индексирани од страна на пребарувачите, да бидат додадени како податоци во софтвер или да се користат за каква било легална намена, без финансиски, законски или технички бариери освен оние кои се неразделни од пристапот до самиот интернет.

Што е отворен пристап? (2) www.metamorphosis.org.mk
4. 4.

Авторот и сопственикот на авторските права дава:

бесплатно, неотповикливо, широко достапно и доживотно право за пристап до трудот

лиценца за копирање, користење, дистрибуција, пренесување и јавно прикажување на трудот

право да се прават и дистрибуираат изведени дела во кој било дигитален медиум за каква било одговорна цел

соодветно да се припишува авторството

право да се прават мал број на печатени копии за лична употреба

Комплетна верзија од трудот и сите дополнителни материјали, заедно со копија од дозволата во погоден стандарден електронски формат се доставува веднаш по првичното публикување во најмалку едно онлајн складиште.

Што е публикација со ОП? www.metamorphosis.org.mk
5. 5. Што не е отворен пристап?

Не е самостојно издаваштво

Не е начин да се заобиколат рецензиите и публикациите

Не е второкласно, евтино издаваштво

Не ја подразбира литературата за која авторите очекуваат да бидат платени

www.metamorphosis.org.mk
6. 6. Почетоци на отворениот пристап

Иницијатива за отворен пристап – конференција во Будимпешта организирана од Институтот отворено општество, декември 2001 г.

 еден од најважните историски и решавачки моменти во историјата на движењето за отворен пристап

До октомври 2006 г. – 375 организации и 4 241 лице

Денес: 512 организации и 5 127 лица

www.metamorphosis.org.mk
7. 7. Која литература треба да биде со отворен пристап?

Од научно-истражувачки списанија

Нерецензирани трудови пред печатење

Резултати од научни истражувања

Необработени податоци и метаподатоци

Изворни материјали

Дигитални претставувања на визуелни графички материјали

Мултимедијални материјали

www.metamorphosis.org.mk
8. 8. 2 стратегии за отворен пристап www.metamorphosis.org.mk Фотографија: Eduardo Muriedas
9. 9. Што е складиште/архива?

Содржи резултати од истражувања

Има протокол за објавување на написите

Институционални

Над 1 400 складишта во светот

Последниве 3 години бројот се зголемува просечно за 1/ден

статистика и локации на:

http://roar.eprints.org и http://www.opendoar.org

Централизирани – базирани на област

www.metamorphosis.org.mk
10. 10. Мапа на сите складишта www.metamorphosis.org.mk http://maps.repository66.org
11. 11. DSpace

Софтвер со отворен код

Над 700 употреби во повеќе од 70 земји

Локализирана виртуелна машина

www.metamorphosis.org.mk http://metamorphosis.mk/dspace
12. 12. Пребарување на содржини со ОП

Google и други пребарувачи

Пребарување на одредено складиште според автор или други параметри

Врски до веб-сајтови и блогови на научниците/истражувачите

www.metamorphosis.org.mk
13. 13. Предности на отворениот пристап

Видливост - влијание

Пребарување

Цитирање

Поголема читаност

Заштеда на време

Заштеда на пари

Помалку шанси за плагирање

Долговечно одржување

Напредок на научната дејност

www.metamorphosis.org.mk
14. 14. Кој има корист од ОП?

Научниците/истражувачите

Истражувачките институции

Надворешните истражувачки фондови

Науката и студентите

Народот

Општеството

www.metamorphosis.org.mk
15. 15.

„ Како што повеќе трудови се поставуваат и повеќе научници ги користат складиштата, така времето помеѓу поставувањето на написот и цитирањето на написот од други, драматично се намалува од година во година. “

- Тим Броди

Влијание на отворениот пристап www.metamorphosis.org.mk
16. 16. Влијание врз стапката на цитирање

Бесплатниот онлајн пристап за три пати го зголеми степенот на цитирање од трудови од областа на компјутерската наука – Стив Лоренс, 2001

Отворениот пристап може двојно да ја зголеми читаноста – Мајкл Куртс, студија за литература од астрономијата

Зголемен степен на цитирање на дела од повеќе дисциплини ( филозофија , политичка наука, електрично и електронско инженерство, математика, економија , применета математика, социологија, екологија ), разни студии

www.metamorphosis.org.mk
17. 17. www.metamorphosis.org.mk Процентуален пораст на цитирање со отворен пристап Опсег = 36%-200% (Податоци: Стивен Хамад и соработниците) Физика Психологија Образование Бизнис Биологија Социологија Право Менаџмент Економија Здрав. науки Пол. науки
18. 18. Доколку немате институционално складиште... www.metamorphosis.org.mk http://www.depot.edina.ac.uk
19. 19. ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ www.metamorphosis.org.mk ?
20. 20. Што е разликата помеѓу литература со ОП и дигиталната, бесплатно достапна литература?

Дигиталната, бесплатно достапна литература не поставува финансиски пречки, но поставува барања за регистрација, ограничувања со авторски права и со лиценци, немање права за повторна употреба...

Ако од вас се бара да се регистрирате, да дадете IP адреса, или да прифатите лиценца, ова не е отворен пристап .

www.metamorphosis.org.mk
21. 21. Дали отворениот пристап е компатибилен со авторските права ?

Комплетно

Законот за авторски права му го дава на сопственикот на авторското право правото да го направи пристапот отворен или ограничен.

www.metamorphosis.org.mk
22. 22. Ако написите се лесно достапни, нели плагирањето ќе стане поедноставно?

Напротив

Отворениот пристап прави плагирањето да биде поопасно за извршување.

Иако отворениот пристап го олеснува плагирањето, тие плагијати потекнуваат само од извори со отворен пристап.

Плагијатите од другите извори, можеби нема ни да бидат откриени.

Плагирањето од извори со отворен пристап е исто така и најлесно за откривање .

www.metamorphosis.org.mk
23. 23. Дали ОП е компатибилен со печатеното издаваштво ?

Комплетно

Отворениот пристап е онлајн пристап, но тој не го исклучува пристапот до печатените изданија од истите дела.

Отворениот пристап е бесплатен за читателите, но не го исклучува пристапот со плаќање за печатени изданија од истите дела.

За некои издавачи, пристапот преку печатени изданија може да го исклучува отворениот пристап, но за спротивното, никогаш не се јавува потреба.

www.metamorphosis.org.mk
24. 24. Дали ОП е компатибилен со високите стандарди и квалитет ?

Комплетно

Истите фактори кои бараат високи стандарди и висок квалитет за традиционалните научни изданија, можат да се пренесат со истите ефекти во литературата со отворен пристап.

www.metamorphosis.org.mk
25. 25. Дали е тешко да се постави напис во складиште?

Воопшто

постапката е многу едноставна

серија чекори: пополнување на податоци за: името на авторот, институцијата, типот на написот, дали е рецензиран и сл. и поставување на документите

истражувачите сметаат дека процесот е релативно лесен

трае неколку минути

www.metamorphosis.org.mk
26. 26. Метаморфозис и ОП

Во минатото:

презентации, иницијативи, водич, настани

Денес:

презентации

превод и адаптација на технички и ресурси за само-едукација на македонски и албански јазик

обуки за користење на софтвер за архивирање на документи со отворен пристап

Цел: конструктивна примена на дигиталните технологии за подигнување на квалитетот и квантитетот на е-содржини во Македонија

www.metamorphosis.org.mk
27. 27. БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО! www.metamorphosis.org.mk [email_address]

Editor's Notes

• Отстранувањето на пречките во пристапот до оваа литература, ќе го забрза истражувачкиот процес, ќе го збогати образованието, ќе овозможи споделување на наученото помеѓу богатите и сиромашните, ќе ја направи оваа литература максимално корисна и ќе ги постави темелите за обединување на човештвото во заедничка интелектуална конверзација и потрага по знаење .
• Примарно, оваа категорија ги опфаќа трудовите кои се објавуваат во научно-истражувачките списанија, но исто така може да вклучува и нерецензирани трудови во фаза пред нивното печатење кои авторите сакаат да ги поставуваат онлајн за да се коментира содржината или за да ги известат колегите за некои важни наоди од истражувањата. Иако литературата од научно-истражувачките списанија треба да биде бесплатно достапна за читателите, тоа не значи дека е бесплатно и нејзиното создавање. Како и да е, експериментите покажуваат дека вкупните трошоци за обезбедување на отворен пристап од овој тип на литература се далеку пониски од трошоците за традиционалниот начин за нејзино распространување . Со таква можност да се заштедат пари и да се прошири опсегот на распространетост истовремено, денес постои силен поттик за професионалните здруженија, универзитети, библиотеки и фондации да го искористат отворениот пристап како средство за поголеми постигнувања во однос на нивните мисии. Групите податоци можат да бидат – работни листови ( Excel), аудио и видео фајлови, репрезентации на уметнички дела, дијаграми, графикони, книги или поглавја од книги, како и комплексни објекти составени од комбинирани типови на податоци. Многу често, авторите на книгите сакаат да постигнат парична добивка од нивната продажба, па според тоа, правејќи ги со отворен пристап не веруваат дека би го постигнале саканиот ефект. Но важно е да се знае дека и во овој случај е важно да се внесат метаподатоците во складиштето , а главната содржина ќе остане скриена за посетителите. Ова ќе овозможи поголема видливост на книгата од страна на пребарувачите, што со време овозможува и нејзина подобра продажба. Институционалните складишта често содржат тези, магистерски трудови, докторски дисертации и други производи поврзани со истражувања како презентации и слики.
• Златниот пат се однесува на објавување на научни написи во списанија со отворен пристап, но опфаќа и оригинални прилози како монографии, колективни книги и др. Зелениот пат до отворен пристап се однесува на само-архивирање на дигитални документи во отворено пристапни институционални или тематски базирани сервери или паралелно со, пред или по објавувањето во списанија кои наплатуваат за пристап. Само-архивирачките текстови најчесто се во верзија пред или по печатење, но архивите се состојат и од монографии, извештаи од истражувања, конференциски материјали и сл. Во фазата пред печатење , написот не е рецензиран и авторските права с è уште ги имаат авторите , така што нема ограничувања околу можноста за само-архивирање. Во фазата по печатењето написот е рецензирана верзија од ракописот кој бил прифатен за објавување. Оваа верзија има повеќе или помалку иста содржина со верзијата на издавачот, но овие 2 сепак не се идентични. Сивата литература се однесува на материјали кои не се дистрибуираат преку конвенционалните канали како издавачи и продавачи на книги . Наспроти златниот и зелениот пат, сивиот пат наложува документите да бидат бесплатно достапни онлајн, без инволвирање на издавачите или списанијата и не е придружена со пропратно или претходно објавување од страна на издавач или списание.
• Институционалните складишта се дигитални колекции од резултатите креирани во рамките на универзитетите или истражувачките институции. Иако целта на складиштата може да биде различна, на пр. некои универзитети имаат ресурси за учење , односно образовни материјали, во повеќето случаи, тие се креирани за да овозможат отворен пристап до резултатите од истражувањата во рамките на институцијата. Складиштата се придржуваат до меѓународно-прифатен сет од технички стандарди кои подразбираат изложување на метаподатоците како што се: името на авторите, институцијалната припадност, датумот, насловите на написите, апстракти и сл. на сите написи на еден стандарден начин. Archives Initiative Protocol for Metadata Harvesting (OAI-PMH ) Содржината потоа се индексира од веб-пребарувачите како Гугл, Гугл Сколар и др. создавајќи датабаза на бесплатно-достапни глобални истражувања. Како што нивото на само-архивирање ќе се зголемува, отворениот пристап ќе претставува се поголем дел од научната литература.
• Од разни причини, литературата со отворен пристап е се уште ограничена на мал дел од онаа која се појавува во научните списанија. Но, дури и во тие ограничени колекции, многу различни иницијативи имаат покажано дека отворениот пристап е економски изводлив , дека им дава на читателите извонредна моќ да најдат и користат релевантна литература и им дава на авторите и нивните трудови огромна нова мерлива видливост, читаност и влијание. Отворениот пристап овозможува споредување на резултати и создавање на нови податоци и ново знаење базирано на резултати од претходни истражувања.
• За истражувачите ОП носи поголема видливост, употребливост и влијание во нивната работа. Тие можат да следат колку нивните трудови биле преземени и цитирани . Истражувачките институции ги имаат истите бенефиции во агрегирана форма. Тие имаат корист од алатката за менаџирање на информациите која им овозможува да ги оценат и надгледуваат истражувачките програми , а имаат и маркетинг алатка која им овозможува да имаат излог за нивните истражувачки напори . Истите полезности важат и за надворешните истражувачки финансиери кои треба да можат да ги оценуваат и следат резултатите од нивните финансирања и да мерат и оценуваат колку ефективно нивните пари се потрошени . Исто така можат да се осигурат дека резултатите од нивните трошоци добиваат најголема можна распространетост . За земјите користа од ОП е во зголемувањето на влијанието од истражувањето во што се инвестираат јавни пари што значи дека има и добар повраток од инвестицијата. Општеството како целина исто така ползува бидејќи истражувањето е поефикасно и поефективно , носејќи подобри и побрзи резултати за сите во него.
• Депот е институционално складиште кое им овозможува на истражувачите и научниците од целиот свет да ги депонираат своите трудови, статии и поглавја од книги. Оваа интернационална локација има за цел, на едно место да ги собере научно-истражувачките документи кои се производ на научници и истражувачи од институции без свое институционално складиште. Со тоа, тој е од полза за целата научно-истражувачка заедница од светот. Истражувањата покажуваат дека стапката на цитирање на материјали кои се ставаат на располагање со отворен пристап, може да се зголеми драматично до дури 400% во некои дисциплини. За да се поставуваат трудови на Депот, корисниците прво треба да се регистрираат , додека постапката за самото поставување на материјалите не одзема повеќе од 10 минути . Корисниците можат да поставуваат документи кои јавно ќе се прикажат по одреден период кој може да го бара издавачот, па дури и да ги направат  материјалите невидливи за посетителите, доколку не им е близок концептот за објавување со отворен пристап. Во овој случај, внесувањето на името на авторот, институцијата која стои зад издавањето на делото и мета податоците за него, ќе ја зголемат неговата видливост и достапност преку пребарувачите, со што ќе се зголеми интересот за нив, додека самата содржина и понатаму ќе остане скриена за посетителите.
• Авторите се грижат дека издавачите кои во најголем број случаи ги имаат авторските права на авторите, нема да дозволат објавување на нивните написи со отворен пристап. Но, податоците зборуваат дека 60% од списанијата , дозволуваат само-архивирање на финалните, рецензирани верзии од написите (односно верзиите после нивното печатење ), и дополнителни 32% дозволуваат авторот да го само-архивира пред-печатеното издание пред истото да биде рецензирано . Издавачите на документи со отворен пристап немаат никакви ограничувања во однос на авторските права. Тие дозволуваат авторските права да останат на авторот на написот и тие дозволуваат авторот да прави што сака со него, вклучително, да прави неограничен број копии за дистрибуција, да ги користи за предавања итн. Ова е сосема различно од ограничувањата кои ги поставуваат традиционалните издавачи кои барат авторот да се одрече од авторските права и поставуваат стриктни правила за тоа како написот ќе биде користен од авторот и од останатите.