Successfully reported this slideshow.
We use your LinkedIn profile and activity data to personalize ads and to show you more relevant ads. You can change your ad preferences anytime.

јонизирачко зрачење и заштита

:))

  • Be the first to comment

  • Be the first to like this

јонизирачко зрачење и заштита

  1. 1. Изработи: Весна Карчевска
  2. 2. Радиоактивност (латински : radium,activitas - дејност)е хемиско радиоактивно распаѓање,спонтанопретворање на едни хемиски елементи,односнонуклеарни видови,во други, проследено со емисијана јонизирани атоми на хелиум, електрони иелектромагнетно зрачење (алфа,бета и гама-зраци).
  3. 3. Постојат три вида на радијација што се емитуваат одрадиоактивни супстанции.Алфа честички: не се многу продорни. Тие се апсорбираат однеколку сантиметри воздух или од тенок лист хартија.Бета честички: умерено продорни. Лесно поминуваат низвоздух и хартија, но се апсорбираат од неколку милиметриметал.Гама зраци: мошне продорни електромагнетни бранови. Тиесе апсорбираат од неколку сантиметри олово или од неколкуметри цемент.Радијацијата на својот пат низ некој материјал може да бидеапсорбирана. Колку што материјалот е подебел, толку повеќерадијација се апсорбира во него.
  4. 4. Кога радијацијата од радиоактивните супстанции сесудира со неутрални атоми или молекули, тие можеда станат јонизирани. Ова значи дека тие формираатчестички со електричен полнеж, наречени јони.Ако молекулите на живите клетки се јонизираат, тиеможе да предизвикаат загрозување на здравјето,вклучувајќи рак.Колку што дозата на радијација е поголема, толку епоголема опасноста од добивање рак.
  5. 5. Зголемен ризик за појава на рак на дојка е поврзан исо изложувањето на релативно голема доза најонизирачко зрачење, кое е забележано кајпреживеаните од атомските бомби во Нагасаки иХирошима, како и кај жени кои се лекувани сорадиотерапија при Morbus Hodgkin.Ризикот се зголемува по латентен период од 10 до 15години.
  6. 6. Еден од најзначајните фактори на ризик за развој на рак наштитната жлезда е претходното озрачување (радиотерапија) наштитната жлезда.Кај децата кои биле озрачени во пределот на вратната регијазаради бенигни состојби, како на пример хиперплазија натимусот, туберкулозен аденит (туберкулозно воспаление налимфните јазли) и друго, по подолг латентен период од 10-20години се јавуваат чворчиња (нодулуси) во штитната жлезда (кај25% од озрачените деца), а околу една четвртина од нив семалигни, најчесто папиларни карциноми на штитната жлезда.Исто така, кај озрачените од атомска бомба во Хирошима иНагасаки забележена е зголемена инциденца на тироидниоткарцином.
  7. 7. Ракот на кожата се јавува како доцно соматско оштетувањепредизвикано од изложеност на кожата на јонизирачко зрачење.Имено, во минатото се користело јонизирачко зрачење ( доза>10Gy) за лекување на бенигни состојби на кожата, како акни,псоријатична кератоза, хемангиоми. Таквото јонизирачкозрачење предизвикува радиодерматит (радијациско воспаление).Радиодерматитот се карактеризира со кожна атрофија,депигментација, телеангиектази (проширени капилари),алопеција (испаѓање на влакната) и кератоза. По еден подолгвременски период, кај 20 до 40 % од овие пациенти се јавувапланоцелуларен (или базоцелуларен доколку лезијата е налицето) карцином на кожата.
  8. 8. - Избегнување на подолг престој на отворено место- Почесто туширање заради тргање на радиоктивнитечестички од косата и телото.- Често менување на облеката- Орално земање на таблети со калиум- Хранење со вегетаријанска исхрана и со житарици- Консумирање на зелен чај како превентива одпојачано зрачење.

×